ФК Пелистер

Од Википедија — слободната енциклопедија
ФК Пелистер
Амблемот на ФК Пелистер
Целосно име ФК Пелистер Битола
Основан 1945; пред 79 години (1945)
Распаднат
Стадион Стадион Петар Милошевски
Капацитет 8,000
Претседател Митко Стојковски
Тренер Бобан Бабунски
Лига 2. македонска лига
2022/23 Втора македонска лига, 4.
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Пелистерфудбалски клуб од Битола, Македонија, кој моментално настапува во Втора македонска фудбалска лига. Клубот е формиран по ослободувањето во 1945 година, иако негови претходници во Битола егзистираат од 1924 година. Клупските бои на Пелистер се зелената и белата. Клубот игра на градскиот стадион Тумбе кафе.

Историја[уреди | уреди извор]

ФК Пелистер е формиран во 1924 година, најпрво под името „Омладина“, кое подоцна било сменето во „Пелистер“, а подоцна во „СК Битола“. Клубот повторно се појавил под старото име „Пелистер“ по ослободувањето во 1945 година, а веќе во 1946 година станал првак во битолскиот фискултурен округ. Истата година, клубот се споил со "ФК Работник", но го задржал името Пелистер. Некои од попознатите играчи од тоа време биле: Ѓеоргиевски, Димитровски, Мицевски, Петровски, Наумовски, Лазаревски, Шекерџиевски, Аврамовски, Несторов и Ефтимовски.

Пелистер за првпат во својата историја влегол во втората југословенска лига во сезоната 1974/1975. Пелистер не успеал да се задржи подолго време во втората лига, но подоцна се вратил во лигата во 1982 година, кога на чело на клубот биле Митко Бутлевски и тренерот Иван Чабриновиќ. Пред распаѓањето на СФР Југославија, Пелистер настапувал и во Првата сојузна лига.

Натпревари во фудбалското првенство на Македонија[уреди | уреди извор]

По осамостојувањето на Република Македонија, Пелистер континуирано се натпреваруваше во првата македонска фудбалска лига сѐ до сезоната 2002/2003, кога клубот испаѓа од највисокото натпреварување во Македонија.

Пелистер нема освоено шампионска титула во првенството на Македонија, но двапати е освојувач на Купот на Македонија во 2001 и во 2017 година.

Сезона 2014-2015[уреди | уреди извор]

Летото 2014 година, ФК Пелистер, кој бил во целосна сопственост на Општина Битола, добил нов спонзор - претпријатието Цермат". Истовремено, клубот добил нов претседател (Димче Шеровски), а за нов тренер бил назначен поранешниот тренер на клубот, Марјан Секуловски.[1]

Пелистер во Европа[уреди | уреди извор]

Резултати[уреди | уреди извор]

Сезона Натпреварување Коло Клуб Дома Гости Вкупен резултат
2000 Интертото куп Луксембург Хобшаид 3–1 1–0 4–1
Шведска Вестра Фрелунда 3–1 0–0 3–1
Шпанија Селта Виго 1–2 0–3 1–5
2001–02 Куп на УЕФА Швајцарија Санкт Гален 0–2 3–2 3–4
2008–09 Куп на УЕФА 1K Кипар АПОЕЛ 0–0 0–1 0–1
2017–18 Лига Европа Полска Лех Познањ 0–3 0–4 0–7

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Од сезона 2022/23


Бр. Позиција Играч
3 Македонија Томе Китановски
8 Македонија Наумче Бакрачески
10 Македонија НП Борче Маневски
11 Македонија ОД Христијан Гроздановски
12 Македонија ГМ Андреј Јовчевски
14 Македонија СР Марио Наумоски
15 Македонија НП Никола Наумоски
16 Македонија НП Бобан Здравевски
22 Македонија СР Бојан Спиркоски
Бр. Позиција Играч
25 Македонија ОД Христијан Драгарски
26 Македонија СР Бурхан Мустафов
29 Македонија НП Ерен Парталко
1 Македонија ГМ Илче Петровски
13 Македонија ОД Стефан Ивановски
4 Македонија ОД Mihail Milevski
26 Македонија ОД Бојан Стефановски
23 Македонија СР Петар Љамчевски
28 Македонија НП Христијан Торнески


Стручен штаб :Бобан Бабунски шеф на стручен штаб, Горан Ганчев,Саше Велјановски и Горан Пашовски

Титули[уреди | уреди извор]

СР Македонија Македонска републичка лига:

  • Победник (7): 1949–50, 1950–51, 1956–57, 1959–60, 1960–61, 1974–75, 1981–82

Македонија Втора македонска лига:

СР Македонија Македонски републички куп:

  • Победник (4): 1959, 1962, 1985, 1991

Македонија Куп на Македонија:

Навивачка поддршка[уреди | уреди извор]

Навивачите на Пелистер се викаат „Чкембари“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Секуловски пак на клупата кај Пелистер", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр, 25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]