ФК Тетекс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК Тетекс Тетово)
Не го мешајте со сегашниот клуб Тетекс 1953 кој му е духовен наследник на првичниот ФК Тетекс. Доколку сакате да прочитате за кошаркарскиот клуб, видете КК Тетекс.
ФК Тетекс
Амблемот на ФК Тетекс
Целосно име ФК Тетекс Тетово
Прекар(и) Текстилци, Белите
Основан 1953; пред 71 година (1953)
Распаднат јули 2020; пред 3 години (2020-07)
Стадион АМС кај Спортски центар Тетово
Капацитет 1.000
Претседател Стево Алампиоски
Тренер Мирослав Јаковљевиќ
2019/20
(недовршена)
Трета лига - Запад, 2. од 12 места
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Тетекс — поранешен фудбалски клуб од Тетово, Македонија. Тетекс бил двократен шампион во Купот на Македонија. Во последните сезони, Тетекс своите натпревари ги играл на АМС спортскиот центар во Тетово. Духовен наследник на клубот е ФК Тетекс 1953.

Историја[уреди | уреди извор]

ФК Тетекс бил оформен во 1953 под името ФК Текстилец. Основач на ФК Тетекс бил комбинатот Тетекс, па затоа уште се познати под името „Текстилци“. Во почеток ФК Тетекс бил во сенка на ФК Љуботен (оформен во 1919), но со својот успех брзо се искачил на врвот на македонскиот фудбал. Составот на Љуботен претежно бил составен од играчи со потекло од Тетово, додека составот на Тетекс бил составен од играчи од Македонија и од просторите од Југославија. Од септември 2008 година ФК Тетекс е со ново раководство откако беше откупен од UFA Media Group предводена од Слободан Вујчиќ - Брацо. Клубот игра на градскиот статион во Тетово (капацитет 15.000). Прекарот на овој клуб е „бели“ поради боите на клубот. На 26 мај 2010 година Тетекс за првпат станал шампион на Купот на Македонија. Исто така, и во 2013 година пак го освоил Купот.[1]

На крајот на јули 2020 година, управата на Тетекс и го презела второлигашот клубот Лабуништа 2011 и го преселила клубот во Тетово. Според преселбата, клубот во сезоната 2020/21 треба да го носи името Лабуништа 2011 во првата полусезона, а Тетекс 1953 во втората полусезона.[2][3]

Навивачи[уреди | уреди извор]

Навивачите на ФК Тетекс се познати под името Војводи и групата е создадена во 1988. Тие уште се познати како Војводи Југ бидејќи тие се присутни на јужната трибина на натпреварите каде игра клубот. Боите на оваа навивачка група се бела и сина.

Состав[уреди | уреди извор]

Моменталниот состав на ФК Тетекс за сезоната 2009/2010 во првата македонска фудбалска лига е:

Име Позиција Роден Држава
Љупчо Кметовски голман 8 јули 1972 (37 години) Македонија Македонија
Марко Јованоски голман 24 јули 1988 (22 години) Македонија Македонија
Димитар Петровски голман 23 мај 1990 (19 години) Македонија Македонија
Даниел Јовановски Шиш одбрана Македонија Македонија
Марјан Белчев
Ненад Мишковски одбрана 26 декември 1986 (22 години) Македонија Македонија
Сашко Ристов одбрана Македонија Македонија
Драган Наумовски среден ред 19 јули 1984 (25 години) Македонија Македонија
Мирослав Јовановски среден ред 13 мај 1991 (18 години) Македонија Македонија
Александар Урошевиќ среден ред 14 септември 1990 (18 години) Македонија Македонија
Дарко Савевски среден ред 21 јуни 1971 (38 години) Македонија Македонија
Димче Ристевски среден ред 6 ноември 1982 (26 години) Македонија Македонија
Срѓан Захариевски среден ред 12 септември 1973 (35 години) Македонија Македонија
Оливер Пеев среден ред 6 август 1987 (23 години) Македонија Македонија
Ивица Глигоровски напад 15 април 1981 (29 години) Македонија Македонија
Живорад Радониќ напад 2 октомври 1984 (24 години) Македонија Македонија
Александар Стојановски напад 4 април 1984 (25 години) Македонија Македонија
Генц Исени напад 28 март 1984 (26 години)  Косово

Стручен штаб[уреди | уреди извор]

Име Функција
Горазд Цветковски шеф на стручен штаб
Борче Мирчевски тренер
Жарко Стојановски тренер
Дарко Марковиќ лекар
Јовица Илиевски физиотерапевт
Дончо Николовски физиотерапевт

Собрание на ФК Тетекс[уреди | уреди извор]

ФК Тетекс е регистран како здружение на граѓани со кое управува собрание. Собранието на ФК Тетекс го сочинуваат 11 члена меѓу кои: Стислав Симоски, Ѓоко Серафимоски, Љупчо Апостоловски, Бранко Кузманоски, Мирко Јовчевски, Ацо Заковски, Надица Ребула, Васе Спасовски, Драган Живковиќ, Стеван Алампиоски, Јорданчо Сребренов.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тетекс го освои Купот на Македонија.[мртва врска]
  2. „Тетекс се фузираше со Лабуништа, се враќа во Втора лига“. ekipa.mk преку web.archive.org. 22 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-28. Посетено на 28 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Тетекс се враќа во ВМФЛ, договори соединување со Лабуништа". gol.mk преку web.archive.org. 22 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-28. Посетено на 28 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]