Митко Стојковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Митко Стојковски
Стојковски со трофејот на Купот на Македонија 2000/01 после победата од 2–1 над Слога Југомагнат во финалето.
Лични податоци
Роден на 18 декември 1972(1972-12-18)(51 г.)
Роден во Битола, СР Македонија, СФРЈ
Висина 1.83 m
Позиција Лев одбранбен играч
Младинска кариера
Пелистер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989–1991 Пелистер 54 (1)
1991–1995 Црвена ѕвезда 123 (2)
1995–1997 Реал Овиедо 63 (1)
1998–2000 Штутгарт 20 (0)
2000–2001 Пелистер 34 (2)
Репрезентација
1994–2002 Македонија 28 (5)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Митко Стојковски (роден на 18 декември 1972 година) ― македонски поранешен професионален фудбалер кој играл како одбранбен играч.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Стојковски својата кариера ја започнал играјќи во неговиот матичен клуб Пелистер, тогаш играјќи во Втората југословенска лига. Во 1991 година неговите вештини биле забележани и тој се преселил во европскиот првак од 1991 година, Црвена звезда каде што останал четири сезони и одиграл преку 120 натпревари. Во легендарното 100-то вечно дерби против нивниот најголем ривал Партизан, тој постигнал гол и бил прогласен за играч на натпреварот. Во 1995 година, тој потпишал со шпанскиот лалигашки клуб Реал Овиедо каде одиграл 67 првенствени натпревари во две сезони со екипата. Во 1998 година, Штутгарт потпишал со него и тој бил дел од екипата што стигна до финалето на Купот на победниците на Куповите во 1998 година, каде што загубиле од Челси. По две и пол години минати во Германија, тој се вратил во Пелистер каде се пензионирал во 2001 година со освојување на Купот на Македонија истата година.[1]

По пензионирањето, еден период бил спортски директор во ФК Пелистер.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Стојковски за репрезентацијата на Македонија дебитирал на пријателскиот натпревар против Словенија во март 1994 година. На 9 ноември 1996 година, Стојковски и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Митко Стојковски бил во почетната единаесетка и постигнал два гола во 30. и 43. минута.[2][3] Има забележано 28 натпревари, постигнувајќи вкупно 5 гола.[4] Неговиот последен меѓународен натпревар бил пријателскиот натпревар против Израел во ноември 2002 година.[5]

Почести[уреди | уреди извор]

Црвена ѕвезда

Штутгарт

Пелистер

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mitko Stojkovski at FFM
  2. Здравески, Филип (10 јануари 2009). „LIE – MKD match report“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2019-06-29. Посетено на 3 август 2023.
  3. „Пред 26 години, Македонија ја оствари најубедливата победа, 11-1 во Лихтенштајн!“. sport1.mk. 9 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 3 август 2023.
  4. RSSSF. „Republic of Macedonia - Record International Players“.
  5. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 27 јули 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]