ФК Беласица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на поимот Беласица, видете Беласица (појаснување).
ФК Беласица
Амблемот на ФК Беласица
Целосно име Фудбалски клуб Беласица
Прекар(и) Кенгури
Основан 22 април 1922; пред 94 години (1922-04-22)
Стадион Стадион Младост
Капацитет 6,500
Претседател Славчо Васков - Пинда
Тренер Раде Цицмиловиќ
Лига Трета македонска лига - Исток
2015-16 3ти
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Kit body shouldersonwhite.png
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Беласица е македонски фудбалски клуб од Струмица. Клубот настапува во Третата фудбалска лига - Исток.

Историја[уреди | уреди извор]

Иницијатива[уреди | уреди извор]

Пред основањето на Беласица, една поголема група другари, главно занаетчиска младина, имале фудбалски клуб. Секој од нив бил задолжен сам да си обезбеди спортска опрема. Натпреварите што ги огранизирале меѓу кубовите почнале да го привлекуваат вниманието на граѓаните, кои преку тоа имаа своевидна спортска разонода. По неколку години дознале дека во Скопје и во другите градови исто така, постојат фудбалски клубови кои се регистрирани и се натпреваруваат организирано во рамките на „ Лоптачки сојуз“.

Основање[уреди | уреди извор]

Со тоа се родила идејата за формирање на фудбалски клуб, кој ќе биде регистриран. Така во август 1922 година во кафеаната на Ташо Тодоров, се собрале педесетина иницијатори на основачкото собрание, и така фудбалскиот клуб Беласица од Струмица официјално бил основан на 22 април 1922 година. Според зачуваните документи, основачкото собрание на Беласица било одржано на 13 август 1922 година во кафеаната на Ташо Тодоров. За прв претседател бил избран Ѓорѓи Москов, за секретар Томе Кујунџиев, за благајник Росто Перов.

Први години[уреди | уреди извор]

Првата кожна топка била купена од еден селанец во Баница за три лири, останата од англиските војници по завршувањето на Првата светска војна. Малку подоцна игралиштето било поместено, на просторот каде што денес се наоѓа модерниот стадион „Младост“. Во почетокот не било оградено, подоцна, кога за претседател бил избран Милутин Кажиќ, тогашен управник на монополот, за потребите на монополот биле донесени поголемо количество штици, дел од нив биле употребени за ограда на игралиштето.

Првиот натпревар која го одиграла Беласица бил против Победа од Скопје, на кој натпревар Беласица била поразена со резултат од 1:0.

Една година по формирањето, Беласица како клуб била регистрирана во Белградскиот лоптачки потсојуз, биле прифатени нејзините правила на играта, тоа било задолжително во тоа време. Сè до 1927 година Беласица играла пријателски натпревари, првенствено со клубови од Струмица (Тиверија), Велес, Штип, Скопје, но кога таа година бил формиран Скопскиот фудбалски потсојуз, почнале да се играат официјални натпревари, клубовите од Македонија биле поделени по региони: скопски, велешки, битолски, сè до завршувањето на Втората светска војна, кога во 1946 година е одржано првото првенство на Македонија[1].

Во составот на Македонија[уреди | уреди извор]

Во годините од основањето па сè до почетокот на Втората светска војна, фудбалскиот клуб Беласица во своите редови опфаќал голем дел од занаетчиската младина и бил главен и речиси единствен организатор на спортскиот и културно-забавниот живот во градот. Клубот имал свој оркестар и дилетантска група.

21-ви век[уреди | уреди извор]

Во февруари 2015 година, ФК Беласица добила нов сопственик - Славчо Васков, кој воедно станал и концесионер на стадионот Младост.[2] Во март 2015 година, ФК Беласица си го сменила своето лого.[3]

Успеси[уреди | уреди извор]

ФК Беласица има забележителни успеси и настапи во втората лига на СФРЈ, два пати вице-шампион на Македонија, освојувачи на младинскиот куп 1993 година, и 2006 година (4 пати во Финале). Во сезоната 2009-2010 настапува во втората македонска фудбалска лига.

Иако моментално настапува во втора лига истиот игра важна улога во македонскиот фудбал и претставува непресушен извор на фудбалски таленти. Во моментов во сениорската репрезентација на Македонија играат 4-5 играчи кои потекнуваат од школата на ФК. "Беласица". Би ги спомнале следните играчи (Репрезентативци): Горан Пандев, Ацо Стојков, Игор Ѓузелов, Роберт Попов, Горан Попов, Зоран Балдовалиев, Данчо Масев, Горан Мазнов и др.

Најпознат фудбалер кој играл во ФК Беласица е македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој моментално настапува за италијанскиот фудбалски тим Наполи, како и легендата на клубот, Благој Истатов.

Навивачи[уреди | уреди извор]

Во текот на историјата, во 1987-1988 година, во периодот кога Беласица влегла во Втората фудбалска лига на Југославија, биле формирани две навивачки групи: Блу Драгонс и Крв и Месо. Во почетокот, нивниот број бил околу 300 навивачи. По ова следувало обединување на двете навивачки групи под името Ајдуци.

Во европски натпревари[уреди | уреди извор]

Сезона Куп Коло Држава Клуб Резултат
2002/03 УЕФА куп 1 коло кв.  Португалија Леишеш 2-2, 1-2
2003/04 УЕФА куп 1 коло кв.  Словенија Цеље 2-7, 0-5

Состав[уреди | уреди извор]

Бр. Нац. Позиција Играч
Македонија ГМ Костадин Захов
Македонија ГМ Ристе Митев
Македонија ОД Majkl Cvetkovski
Македонија ОД Саше Вељановски
Македонија ОД Гуцев Благој
Македонија ОД Божинов Дарко
Македонија ОД Јанев Томе
Македонија СР Пасков Методија
Македонија СР Лиманов Гарип
Бр. Нац. Позиција Играч
Македонија СР Јурчевски Живко
Македонија СР Танушев Ѓорги
Македонија СР Мишевски Марио
Македонија СР Ристовски Панче
Македонија СР Стојанов Александар
Македонија НП Ѓоргиев Васко
Македонија НП Стојановски Александар
Македонија НП Атанасов Славе
Македонија НП Мишкоски Александар

Наводи[уреди | уреди извор]