Горан Попов
Горан Попов | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 2 октомври 1984 | ||
Роден во | Струмица, Југославија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,89||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2002–2003 |
![]() | 6 | (0) |
2003 | Продефтики | 0 | (0) |
2004 |
![]() | 8 | (0) |
2004 |
![]() | 0 | (0) |
2004–2005 | Одра | 11 | (0) |
2005–2007 | Егалео | 44 | (1) |
2007–2008 | Левадијакос | 20 | (0) |
2008–2010 |
![]() | 51 | (2) |
2010–2014 |
![]() | 48 | (2) |
2012–2014 |
→![]() | 18 | (0) |
2014- |
![]() | 59 | (6) |
Репрезентација ‡ | |||
2004–2014 |
![]() | 46 | (2) |
† Учества (Голови). |
Горан Попов (Струмица, 2 октомври 1984) — македонски фудбалер, играч од одбраната на Вардар
Животопис[уреди | уреди извор]
Горан Попов е помлад брат на Роберт Попов кој, исто така, е професионален фудбалер.
Кариера[уреди | уреди извор]
Попов ја започнал својата кариера во Беласица, а оттаму преминал во грчкиот клуб Продефтики, каде играл една сезона како позајмен играч, а потоа потпишал за Атински АЕК. Истата 2004 година, Попов се преселил во редовите на Црвена Ѕвезда, но поради серијата на повреди, тој не одиграл ниту еден натпревар. Поради тоа, Попов се вратил во грчкиот фудбал, овојпат во редовите на Егалео, откако поминал сезона во Полска, играјќи како позајмен играч во Одра Водзислав. Кога Егалео испаднал од лигата во 2007 година, Попов му се приклучил на Левадијакос, пред да потпише со холандскиот прволигаш Херенвен во 2008 година. Во неговата прва сезона во клубот, тој го освоил КНВБ купот, постигнувајќи и еден погодок во финалето против Твенте. По две добри сезони во Херенвен, во 2010 година, Попов потпишал за Динамо Киев, со кого освоил уште еден трофеј, украинскиот Супер куп. Во Киев, Попов останал до 2012 година.[1]
Вест Бромвич Албион[уреди | уреди извор]
На 10 август 2012 година, Попов потпишал најпрво за Стоук Сити, но трансферот пропаднал откако не му била издадена работна дозвола за играње во Англија. Сепак, во последниот ден од трансферниот прозорец, тој се преселил во Премиер лигата, потпишувајќи за Вест Бромвич Албион каде играл како позајмен играч. Своето деби во Премиер лигата, Попов го направил на 30 септември 2012 година, во шестото коло од сезоната, започнувајќи како стартер против Астон Вила во дербито на Бирмингем. Во следните два месеци од сезоната, Попов бил главно на клупата за резерви, бидејќи менаџерот на тимот Стив Кларк повеќе верувал во Лајам Риџвел кој играл на позицијата лев бек. Во текот на декември 2012 година, Попов бил во првиот тим во 4 од 6 натпревари, колку што одиграл неговиот клуб во тој месец. На 3 февруари 2013 година, Попов бил исклучен од страна на судијата Марк Клатенбург за плукање кон десниот бек на Тотенхем Кајл Вокер, во натпреварот кој завршил 1-0 за петлите.
Натамошна кариера[уреди | уреди извор]
На 18 септември 2014 година, Попов потпишал тригодишен договор со ФК „Вардар“, со право да настапува од 1 јануари 2015 година. Претходно, Попов предвремено го раскинал договорот со „Динамо Киев“, кој имал важност до 2016 година.[1]
Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]
Попов бил член на македонската фудбалска репрезентација за која одиграл 44 натпревари и постигнал два гола. Својот прв погодок за Македонија, Попов го постигнал на 30 мај 2004, во победата над Естонија со 4-2.
Статистики[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Профил на Горан Попов на soccerway
Наводи[уреди | уреди извор]
|
- Луѓе од Струмица
- Родени во 1984 година
- Македонски фудбалери
- Фудбалери со потекло од Струмица
- Фудбалери на ФК Беласица (Струмица)
- Фудбалери на ФК Силекс
- Фудбалери на ФК АЕК Атина
- Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда
- Фудбалери на ФК Левадијакос
- Фудбалери на ФК Егалео
- Фудбалери на ФК Херенвен
- Фудбалери на ФК Динамо Киев
- Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион
- Фудбалери на ФК Вардар