ФК Херенфен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Холандија Херенфен
Целосно имеСпорт Клуб Херенфен
Основан1920
СтадионАбе Ленстра
Херенфен, Холандија
(Капацитет: 26,800)
СопственикХоландија Гастон Споре
ТренерХоландија Двајт Лодевегес
ЛигаЕредивизи
2021/228-ти
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

ФК Херенфен или Спортски клуб (СК) Херенфен е холандски професионален фудбалски клуб и во моментов се натпреварува во Ередивизи, највисокото ниво во холандскиот фудбал. Базата на клубот е во градот Херенфен, Фризија.

Клубот е основан во 1920 година. Херенфен досега нема ниту една титула првак на Холандија, но во сезоната 1999-2000 го освоил второто место зад шампионот ПСВ Ајндховен и настапувал во Лигата на шампионите следната сезона. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојувањето на Купот на Холандија во сезоната 2008-09, кога Фризијскиот клуб бил подобар од Твенте на пенали. Интересно е тоа што во тоа финале, првиот гол на натпреварот го постигнал поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов, доведувајќи го Херенфен во водство во 27-мата минута.

Боите и амблемот на Херенфен го претставуваат симболот на Фризија, покраината од која доаѓа клубот. Својте домашни натпревари Херенфен ги игра на Стадионот Абе Ленстра кој има капацитет од 26,800 седечки места.

Историја[уреди | уреди извор]

СК Херенфен е основан на 20 јули 1920 година во градот Херенфен, Фризија како Атлета.[1] Тие го промениле своето име двапати, прво во Спартан, а потоа во ВВ Херенфен во 1922 година.[1] Додека Холандија е окупирана од Германија Херенфен освоил три последователни првенства на Северна Холандија, а по завршувањето на Втората светска војна го освоиле истиот наслов шест пати по ред; доминација на клубот делумно се припишува на присуството на Абе Ленстра.[1] Во овој период Ленстра го водел Херенфен до познатата победа над Ајакс во една од најпознатите и најзпомнетите натпревари во историјата на холандскиот фудбал.[2] Херенфен губел со 1-5 на 25 минути до крајот, но фризискиот тим необјасниво го свртел натпреварот и дошол до победа со 6-5.[2]

Соперништва[уреди | уреди извор]

Најголеми соперници на Херенфен се Камбур од Леуварден и ФК Гронинген од градот Гронинген.

Титули[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Холандија ГМ Ервин Мулдер
2 Унгарија ОД Кени Отигба
5 Холандија ОД Пеле ван Анхолт
6 Белгија ОД Стефано Марцо
8 Норвешка СР Мортен Торсби
9 Данска НП Томас Далгард
10 Шведска СР Симон Терн
11 Шведска НП Сам Ларсон
12 Холандија ОД Доке Шмидт
14 Холандија ОД Јост ван Анкен
15 Холандија СР Мартен де Рун (капитен)
16 Холандија СР Дели Синкгравен
17 Холандија НП Лучано Слагвер
18 Холандија ОД Јенс Јурн Струткер
19 Германија НП Марк Ут
Бр. Позиција Играч
20 Финска ОД Јука Раитала
21 Холандија СР Џои ван ден Берг
22 Холандија ОД Стивен Вармолтс
23 Холандија ОД Јорди Буијс
24 Унгарија СР Шаблокс Варга
25 Холандија ОД Вилем Хуизинг
26 Холандија СР Јанио Бикел
27 Холандија СР Михаел Чакон
28 Холандија НП Паскал Хусер
30 Холандија ГМ Робин Кист
31 Шведска ГМ Виктор Норинг
32 Холандија ОД Јорис Вест
33 Холандија ГМ Мартен де Фокерт
40 Холандија НП Пеле ван Амерсфурт

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „The history of Heerenveen“. www.sc-heerenveen.nl. Архивирано од изворникот на 2008-12-10. Посетено на 2008-12-01.
  2. 2,0 2,1 „sc Heerenveen: EVERY DUTCHMAN'S SECOND FAVORITE TEAM“. www.ajax-usa.com. Архивирано од изворникот на 2009-08-12. Посетено на 2008-12-01.