Херенфен

Координати: 52°58′N 5°55′E / 52.967° СГШ; 5.917° ИГД / 52.967; 5.917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Херенфен
Позицијата на Херенфен на општинската карта на Фризија
Местоположба во Фризија
ЗемјаХоландија
ПокраинаФризија
Управа[1]
 • ОрганОпштински совет
 • ГрадоначалникТјерд ван дер Звам (ПВДА)
Површина[2]
 • Вкупна187,76 км2 (7,249 ми2)
 • Земјишна180,86 км2 (6,983 ми2)
 • Вода6,90 км2 (270 ми2)
Надм. вис.[3]&100000000000000010000001 м
Население (август 2017)[4]
 • Вкупно50.230
 • Густина278/км2 (720/ми2)
ДемонимHeerenvener
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.8410–8459
Повик. бр.0513, 0516
Мреж. местоheerenveen.nl

Херенфен (холандски: Heerenveen, западнофризиски: It Hearrenfean) — град и општина во Фризија на северот на Холандија.

Topographic map of Heerenveen, March 2014

Црквата во Херенфен (де Хелихе Хесткерк)
Велгелеген или ветерницата Тјепкемас

Историја[уреди | уреди извор]

Градот е основан во 1551 од страна на три лордови како локација за ископување на тресет кој се користи за произвдство на гориво, па оттука и името ( Heer е "Господ", Veen е "тресет "). Херенфен бил еден од традиционалните единаесет градови во Фризија кој не ги имал добиено т.н. градски права. Сепак тој е еден од наголемите градови во покраината. Ветерницата Велхелген, Херенфен или Tjepkema е Molen е единствената преживеана од седумдесеттите која постоела во Херенфен.[5]

Населени места[уреди | уреди извор]

Население заклучно од 1 јануари 2014:

Херенфен (29,750), Бонтебуккo (440), Де Книпеe (1470),Херслот (290), Хорнстерзвах (890), Јубеха (3270) Катлајк, (630), Лаунјеберд (450), Милдам (740), Ниувехорн (1500), Ниувесхот (140), Орањњвуд (1030), Аудхорне (850) Аудсхот (1480), Рерванд, (290) и Тјалеберд (730).

Музеј[уреди | уреди извор]

  • Музеј Белведере - модерна и современа уметност

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Железничка станица Херенфен

Локална влада[уреди | уреди извор]

Локалната влада се состои од 27 пратенички места.

Спорт[уреди | уреди извор]

Херенфен е познат по своите спортски достигнувања и спортските објекти на светско ниво. Тоа се однесува на Абе Ленста фудбалскиот стадионот и Тиалф арената за брзо лизгање, која била една од првите затворени 400 лизгалишта во светот, и каде што на годишно ниво се одржувале многу меѓународни настани кој привекувале голем број луѓе. Тиалф е исто така дом на тимот на Херенфен Флаери во хокеј на мраз . Фудбалскиот тим на, Херенфен е редовен учесник во Холандска прва лига, како и во Лига Европа, а едно неговите најголеми достигнувања на тимот, е нивното квалификување за Лигата на шампионите во 2000 година. Во 2006 година, проектот "Sportstad" (Спорт Сити) бил завршен, во кој биле вклучени сала за гимнастика, базен и продолжување на фудбалскииот стадион. Стадионот Абе Ленстра е невообичен наспрема бројот на жителите на градот, бидејќи градот има помалце жители од капацитетот на стадионот.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Mayor Tjeerd van der Zwan“ (холандски). Gemeente Heerenveen. Архивирано од изворникот на 2019-01-03. Посетено на 11 September 2013.
  2. „Клучни бројки за соседствата“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. Посетено на 12 март 2014.
  3. Actueel Hoogtebestand Nederland (холандски). Het Waterschapshuis https://web.archive.org/web/20130921053543/http://www.ahn.nl/postcodetool. Архивирано од изворникот на 21 September 2013. Посетено на 11 September 2013. Отсутно или празно |title= (help)
  4. „Прираст на населението; региони по месеци“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 27 октомври 2017. Посетено на 27 октомври 2017.
  5. „Geschiedenis“ (холандски). De Hollandsche Molen. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 20 March 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]