Николче Новески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Николче Новески
Лични податоци
Роден на 28 април 1979(1979-04-28)(44 г.)
Роден во Битола, Југославија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција центар бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Мајнц 05
Број 4
Младинска кариера
Пелистер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997–1998 Пелистер 12 (1)
1998-1999 Ханза Росток 1 (0)
2001-2004 Ерцгебирге Ауе 92 (10)
2004- ФК Мајнц 05 241 (10)
Репрезентација
2004- Македонија 48 (3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Николче Новески (Битола, 28 април 1979) — македонски професионален фудбалер. Новески бил одбранбен играч, а најчесто играл на позициите централен или лев бек.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1998 година, Новески како анонимен фудбалер на „ФК Пелистер“ заминал во Германија, каде самостојно си го пробивал патот, завршувајќи во ФК Мајнц за кој потпишал во 2004 година. Во 2005 година, Новески го добил признанието на Фудбалската федерација на Македонија за најдобар македонски фудбалер кој настапува во странство, додека на 26 декември 2013 година, Фудбалската федерација на Македонија го прогласила за најдобар македонски фудбалер.[1] Во сезоната 2014-2015, според анкетата на весникот „Алгемајне цајтунг“, Новески бил прогласен за најдобар играч на „Мајнц“, со освоени 35,7% од гласовите. По завршувањето на сезоната, тој се простил од екипата на „Мајнц“ за која настапувал цели 11 сезони, а ја носел и капитенската лента. За „Мајнц“, Новески одиграл над 300 натпревари на кои постигнал и 12 гола.[2] Новевски има постигнато 6 автоголови во натпреварите од Бундеслигата, со што е играчот кој постигнал најмногу автоголови во историјата на Бундеслигата.

Од 2004 до 2013 година, заклучно со квалификациониот циклус за СП во Бразил, Новески одиграл 64 натпревари за македонската фудбалска репрезентација при што постигнал пет гола.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Новески: Повеќе ќе се гордеев ако не бевме последни во групата", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 26-27.
  2. 2,0 2,1 „Новески избран за играч на сезоната во Мајнц“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26.
  3. „Новески: Повеќе ќе се гордеев ако не бевме последни во групата“, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 26-27.