Енис Барди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Енис Барди
Лични податоци
Полно име Енис Барди
Роден на 2 јули 1995 (1995-07-02) (24 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001720000001,72 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Леванте Леванте
Број 10
Младинска кариера
Шкупи Шкупи
2013 Брондби Брондби
2014 Flag of None.svg Преспа Бирлик
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014 Flag of None.svg Преспа Бирлик 10 (5)
2014–2017 Ујпешт Ујпешт 79 (19)
2017– Леванте Леванте 24 (7)
Репрезентација
2013 Македонија Македонија 18 1 (0)
2013–2014 Македонија Македонија 19 4 (0)
2014–2017 Македонија Македонија 21 14 (4)
2015– Македонија Македонија 13 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 27 август 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 25 јуни 2017

Енис Барди (роден на 2 јули 1995 во Скопје) — македонски фудбалер со албанско потекло, играч од средниот ред на Леванте и на македонската фудбалска репрезентација.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Енис Барди е роден во Скопје. Своите фудбалски почетоци ги имал за екипата на ФК Шкупи. Во 2013 година заминал во младинската школа на ФК Брондби, но истата година потпишал едногодишен договор со шведскиот второлигаш ФК Преспа Бирлик[1]. За екипата на Преспа одиграл десет натпревари и постигнал пет погодоци, помагајќи екипата да се спаси од испаѓање[2].

ФК Ујпешт[уреди | уреди извор]

Во август 2014 година, Барди се преселил во редовите на унгарскиот клуб ФК Ујпешт,[3] потпишувајќи тригодишен договор кон крајот на месецот[4]. За клубот дебитирал на 14 септември, започнувајќи со загуба од 2-0 против ФК Видеотон.

Барди го постигнал својот прв гол за Ујпешт на 24 октомври 2014 година во домашната победа од 3-2 против ФК Њиреѓхаза Спартак. Тој станал клучен играч во сезоната 2016-17, постигнувајќи 12 гола и станал најдобар стрелец во клубот.

Леванте[уреди | уреди извор]

На 17 јули 2017 година, Барди се согласил на тригодишен договор со шпанскиот клуб од ФК Леванте[5]. За новиот тим дебитирал на 21 август во домашната победа со 1-0 против ФК Виљареал.[6].

На 26 август 2017 година, Барди го постигнал својот прв гол во новиот клуб преку директен слободен удар во домашниот натпревар против Депортиво Ла Коруња кој завршил со резултат од 2-2[7]. На 23 април 2018, во победата со 3-1 на гостувањето кај Атлетик Билбао Барди постигнал два гола од слободен удар од речиси иста позиција во период од само две минути со кој му донел пресврт и водство на Леванте од 2-1, по почетната негатива на неговиот тим.[8]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Барди ја претставувал Македонската фудбалска репрезентација под 18 години, до 19 години и 21 година пред да го има своето деби за сениуорската репрезентрација на 27 март 2015 година во квалификациската домашна загуба од 1-2 против Белорусија[9].

Со Фудбалската репрезентација на Македонија под 21 година учествувал на Европското првенство во фудбал за играчи под 21 година во Полска.

Статистички податоци[уреди | уреди извор]

Клубски податоци[уреди | уреди извор]

Обновено на 25 август 2017[10]
Клуб Сезона Лига Куп Лига куп Останато Вкупно
Лига Натпревари Погодоци Натпревари Погодоци Натпревари Погодоци Натпревари Погодоци Натпревари Погодоци
ФК Преспа Бирлик 2014 Втора лига 10 5 10 5
ФК Ујпешт 2014–15 Прва лига 21 2 5 0 3 0 29 2
2015–16 29 5 5 1 34 6
2016–17 29 12 2 1 31 13
Вкупно 79 19 12 2 3 0 94 21
ФК Леванте 2017–18 Ла Лига 1 0 0 0 1 0
Вкупно 90 24 12 2 0 0 3 0 105 26

Репрезентативни податоци[уреди | уреди извор]

Обновено на 12 ноември 2016[11]
Македонија
Година Натпревари Погодоци
2015 4 0
2016 2 0
Вкупно 6 0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ekskluzive: Bardhi prej sot te KSF Prespa në Suedi“ [Exclusive: Bardhi from today of KSF Prespa from Sweden] (Macedonian). PortAlb. 15 November 2013. конс. 16 August 2017. 
  2. „Grattis Enis!“ [Thanks Enis!] (Swedish). KSF Prespa. 17 July 2017. конс. 16 August 2017. 
  3. „Leigazoljuk Enis Bardhi-t“ [Enis Bardhi on trial] (Hungarian). Újpest FC. 29 August 2014. конс. 16 August 2017. 
  4. „Ekskluzive: Enis Bardhi te Ujpesti i Hungarisë“ [Exclusive: Enis Bardhi to Újpest in Hungary] (Macedonian). PortAlb. 30 August 2014. конс. 16 August 2017. 
  5. „Bardhi se compromete con el Levante UD por las próximas tres temporadas“ [Bardhi signs with Levante UD for the following three seasons] (Spanish). Levante UD. 17 July 2017. конс. 16 August 2017. 
  6. „La Liga echaba de menos a Morales“ [La Liga was missing Morales] (Spanish). Marca. 21 August 2017. конс. 21 August 2017. 
  7. „El Levante rescata un punto con polémica“ [Levante rescue a point with controversy] (Spanish). Marca. 26 August 2017. конс. 27 August 2017. 
  8. Маестро Барди – два гола од слободен удар за три минути (видео) ekipa.mk
  9. „Belarus get the better of FYR Macedonia“. UEFA.com. 27 March 2015. конс. 16 August 2017. 
  10. Енис Барди на soccerway . Retrieved 16 August 2017.
  11. „Енис Барди“. National Football Teams. конс. 16 August 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]