Давид Бабунски
Изглед
| Давид Бабунски | |||
|---|---|---|---|
|
Бабунски во дресот на Барселона Б во 2012 година | |||
| Лични податоци | |||
| Полно име | Давид Бабунски | ||
| Роден на | 1 март 1994 | ||
| Роден во | Скопје, Македонија | ||
| Висина | 1.74 м (5 ст 9 ин) | ||
| Позиција | Крило | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Јокохама Ф. Маринос | ||
| Број | 33 | ||
| Младинска кариера | |||
| 2006–2013 | Барселона | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
| 2013–2016 | Барселона Б | 48 | (1) |
| 2016 | Црвена Ѕвезда | 11 | (0) |
| 2017– | Јокохама Ф. Маринос | 3 | (2) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2010–2011 | Македонија до 17 години | 4 | (0) |
| 2011–2012 | Македонија до 19 години | 3 | (1) |
| 2012– | Македонија до 21 година | 23 | (5) |
| 2013– | Македонија | 8 | (0) |
|
* Ажурирано на: 27 март 2017 ** Ажурирано на: 11 октомври 2016 | |||
Давид Бабунски (1 март 1994 ) — македонски фудбалер кој игра на позицијата лево крило. Покрај македонското, тој поседува и шпанско државјанство. Моментално тој игра за јапонскиот клуб Јокохама Ф. Маринос.
Животопис
[уреди | уреди извор]Професионална кариера
[уреди | уреди извор]Бабунски настапувал за екипата на „Барселона Б“, за која одиграл 16 натпревари во сезоната 2014-2015. Во јуни 2015 година, италијанскиот портал „Туто меркато“ објавил дека Бабунски потпишал за „Сампдорија“.[1] Сепак, оваа најава не се остварила и Бабунски останал во Б-екипата на „Барселона“, која го пријавила на потенцијалниот список за настап во Лигата на шампионите во сезоната 2015-2016.[2] Во февруари 2016 година, Бабунски станал член на ФК „Црвена ѕвезда“ од Белград.[3]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Давид Бабунски ќе настапува за Сампдорија“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26.
- ↑ „Барселона го пријави и Бабунски за настапите во ЛШ“, Дневник, година XIX, број 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 23.
- ↑ Дневник, година XX, број 5989, понеделник, 15 февруари 2016, стр. 25.