Стефан Ристовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стефан Ристовски
Ukro-Maki (14).jpg
Лични податоци
Роден на 12 февруари 1992 (1992-02-12) (27 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина 1.80 м
Позиција десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Број 13
Агент Италија Леонардо Корси
Младинска кариера
Вардар Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2010 Вардар Вардар 23 (1)
2010-2015 Парма Парма 6 (0)
2011-2012Кротоне Кротоне 1 (0)
2012Фрозиноне Фрозиноне 12 (0)
2012-2013Бари Бари 18 (0)
2013-2014Латина Латина 33 (2)
2014-2015Латина Латина 19 (0)
2015-2017 Риека Риека 67 (0)
2017- Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 15 (0)
Репрезентација
2008-2009 Македонија Македонија 19 6 (0)
2009–2014 Македонија Македонија 21 20 (1)
2011– Македонија Македонија 44 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 19 август 2018.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 27 март 2018

Стефан Ристовски (роден на 12 февруари 1992 во Скопје, Македонија) е македонски фудбалер, играч од одбраната на Спортинг Лисабон и на македонската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Ристовски ја започнал својата фудбалска кариера во својот роден крај Скопје, во екипата на Вардар за која дебитирал со само 16 години.[1] Во јануари 2010 година, на 17-годишна возраст потпишал петгодишен договор со италијанската Парма, но договорот не бил официјализиран додека играчот не наполнил 18 години.[2][3]

Парма и разни позајмици[уреди | уреди извор]

Ристовски и се прилкучил на Парма во 2010 годинa, каде играл за Примавера тимот.

На 6 јули 2011, Ристовски бил позајмен на второлигашот Кротоне за кој дебитирал во натпревар од Купот на Италија во кој неговиот тим загубил од Болоња со 4-2.[4] Своето деби во Серија Б, Ристовски го направил на 6 јануари 2012 година, влегувајќи во игра на местото на Антонио Мацота во 69-тата минута, во поразот на гостински терен од Бреша со 3-0. Тоа бил неговиот единствен првенствен настап за Кротоне, а кон крајот на истиот месец бил позајмен на Фрозиноне во Лега Про.[5] Во екипата на Фрозиноне, тој бил редовен стартер во пролетниот дел од сезоната, но клубот имал разочарувачка сезона завршувајќи на осмото место и надвор од борбата за влез во Серија Б.

Откако ја завршил сезоната со Фрозиноне, во текот на летото, Стефан бил проследен на нова позајмица овојпат во екипата на Бари. На 25 август 2012 година го направил дебито за Бари во победата со 2-1 на домашен терен против Читадела. Сезоната ја завршил со 20 настапи (15 како стартер), без постигнат гол и заработил три жолти картони.

Следната сезона (2013-2014) ја поминал на заем во новопромовираниот клуб Латина кој бил важна станица за Ристовски бидејќи бил стандарден во почетниот тим и имал можност да игра во континуитет и да се афирмира. Дебито во сино-црниот дрес го направил против Авелино на домашен терен (1-1) на 31 август 2013 година. По доаѓањето во клубот на новиот тренер Роберто Бреда, Ристовски станал стандарден првотимец по десната страна од теренот во формацијата 3-4-1-2, играјќи како бек-крило. Иако одбранбен играч, тој одлично се снашол на новата позиција и бил многу корисен и во нападот на својот тим по десната страна со опасни пробиви и центаршутеви, додека Масахуду Алхасан истото го правел по левата страна, па Латина имала повеќе постигнати голови по нафрлени топки од било кој друг клуб во лигата. На 22 јануари 2014 година, Ристовски го постигнал својот прв гол во Серија Б во својата кариера, носејќи му победа на својот тим против Емполи во третата минута (93) од судиското продолжение со прецизен удар со глава одблиску на втората статива по нафрлената топка на Алхасан.[6] Во следното коло по неговиот корнер во 61. минута, Марсело Котафава го постигнал водечкиот погодок во ремито 1-1 против Авелино.[7] Својот втор гол во сезоната го постигнал во победата со 4-1 над Новара, исто така, на домашен терен. Со добрите игри во текот на оваа сезона, тој дал голем придонес за одличното трето место на Латина, но тимот за малку не успеал да избори влез во Серија А. Во финалето на плејофот, Латина била поразена од Чезена со вкупен резултат од 4-2, а Ристовски играл и во двата натпревари.[8] Сезоната ја завршил со 37 првенствени настапи (вклучувајќи го и плејофот), 3 гола и 3 асистенции и еден настап во Купот на Италија.

Летото 2014 година, Ристовски се вратил во Парма и бил повикан за натпреварите од предсезонската турнеја. На 31 август, тој дебитирал во Серија А во поразот на гостувањето кај Чезена со 1-0, влегувајќи како замена на местото на Матија Касани во 82. минута.[9][3] На тој начин, Ристовски станал четвртиот македонски фудбалер кој заиграл во Серија А, по Дарко Панчев, Горан Пандев и Агим Ибраими.[10] Во следното коло, Ристовки дебитирал на домашен терен како стартер и го одиграл целиот натпревар во кој Парма загубила од Милан со 4-5, но во 79. минута направил груба грешка, враќајќи ја топката назад кон својот голман, со што му дозволил на Жереми Менез да ги доведе росонерите во водство со 5-3.[11][3] Откако не успеал да се избори за место во стартната постава на Парма, во јануари 2015, Ристовски се вратил во Латина на заем до крајот на сезоната 2014-2015.[12] Сезоната ја завршил со 6 настапи за Парма и 19 за Латина.

Риека[уреди | уреди извор]

На 7 јули, 2015 потпишал за екипата на Специја, но веднаш бил позајмен на хрватската Риека до крајот на сезоната, како резултат на партнерските односи меѓу двата клуба и честата размена на играчи. Ристовски дебитирал за Риека на 19 јули 2015 во натпреварот против Славен Белупо (3-3), a својот прв гол за клубот го постигнал на 29 ноември 2016 во победата со 3-1 на гостувањето кај Локомотива Загреб во Купот на Хрватска.[13]

Во сезоната 2016-2017, со клубот ги освоил хрватското првенство и Купот на Хрватска.[14]

Спортинг Лисабон[уреди | уреди извор]

На 7 август 2017, Ристовски потпишал за Спортинг Лисабон.[15] Дебитирал во новиот дрес на 12 септември, во победата со 2-3 на гостувањето кај Олимпијакос во натпрвар од Лигата на шампионите, влегувајќи од клупата за резерви во завршните минути од средбата.[16] Во првенството дебитирал на 5 ноември, играјќи како стартер во ремито 2-2 против Брага.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Своето деби за Македонската фудбалска репрезентација Ристовски го направил на 10 август 2011 година, на натрпеварот против Азербејџан. Својот прв погодок за националниот тим го постигнал на 11 јуни 2017, против Шпанија, во поразот со 1-2 во Скопје во квалификациите за Светското првенство 2018.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 25 февруари 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-јан. 2012 Италија Кротоне Б 1 0 КИ 1 0 - - - - - - 2 0
јан.-јун. 2012 Италија Фрозиноне 12 0 КИ+КИ-ЛП - - - - - - - - 12 0
2012-2013 Италија Бари Б 20 0 КИ 1 0 - - - - - 21 0
2013-2014 Италија Латина Б 33+4[17] 2+1[17] КИ 1 0 - - - - - - 38 3
2014-јан. 2015 Италија Парма А 6 0 КИ 0 0 - - - - - - 2 0
јан.-јун. 2015 Италија Латина Б 19 0 КИ - - - - - - - - 14 0
Вкупно Латина 56 3 1 0 - - - - 57 3
2015-2016 Хрватска Риека 1.ХНЛ 32 0 КХ 5 0 ЛЕ 1[18] 0 - - - 38 0
2016-2017 1.ХНЛ 32 0 КХ 6 1 ЛЕ 2[18] 0 - - - 40 1
2017-2018 1.ХНЛ 3 0 - - - ЛШ 4[18] 1 7 1
Вкупно Риека 67 0 11 1 7 1 - - 85 2
2017-2018 Португалија Спортинг Лисабон ПЛ 8 0 КП+ЛКП 7+1 0 ЛШ+ЛЕ 4+3 0 - - - 23 0
2018-2019 ПЛ 10 0 КП+ЛКП 2+3 0 ЛЕ 3 0 - - - 18 0
Вкупно Спортинг Лисабон 18 0 13 0 10 0 - - 41 0
Вкупно во кариерата 189+4 3+1 22 1 14 1 - - 229 6

Титули[уреди | уреди извор]

Хрватска Риека[уреди | уреди извор]

Португалија Спортинг Лисабон[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тикет на колото од Стефан Ристовски“, Macedonian Football, 28 октомври 2010 (посет. 28 октомври 2010 г).
  2. Ristovski: Macedonia has many future football stars“, off.net.mk, 12 мај 2012 (посет. 15 октомври 2014 г).
  3. 3,0 3,1 3,2 "Интервју со фудбалерот на Парма - Ристовски: Првиот совет по грешката со Милан ми го даде Креспо". off.net.mk. 14 ноември 2014. конс. 25 февруари 2019. 
  4. Стефан Ристовски дебитираше за Кротоне
  5. Стефан Ристовски на позајмица во Фрозиноне
  6. Serie B: Latina-Empoli 2-1, gol e highlights. La squadra di Breda vince 2-1 al Francioni:Jefferson e Ristovski replicano al vantaggio dei toscani firmato da Tavano.“, datasport.it, 26 јануари 2014 (посет. 16 октомври 2014 г).
  7. Serie B: Avelino-Latina 1-1, gol e highlights. Termina 1-1 l'anticipo della 23esima giornata:a Cottafava risponde Ciano nel finale“, datasport.it, 2 февруари 2014 (посет. 16 октомври 2014 г).
  8. Lorenzo Vendemiale. „Il Cesena torna in Serie A dopo due anni. Si infrange in finale il sogno del Latina“, ilfattoquotidiano.it, 19 јуни 2014 (посет. 17 октомври 2014 г).
  9. Стефан Ристовски дебитираше во Серија А, Парма загуби“, http://ekipa.mk, 31 август 2014 (посет. 16 октомври 2014 г).
  10. Историски момент за репрезентативецот:Стефан Ристовски дебитираше во Серија А“, sportmedia.mk, 31 август 2014 (посет. 15 октомври 2014 г).
  11. Парма-Милан 4-5; 90 минути за Ристовски“, 15 септември 2014 (посет. 16 октомври 2014 г).
  12. Ristovski e Shekiladze sono nerazzurri Архивирано 2015-01-11 во Wayback Machine. uslatinacalcio.it
  13. ВИДЕО: Ристовски со гол во победата на Ријека за пласман во полуфиналето од Купот gol.mk
  14. Il Rijeka mette fine all'era della Dinamo Zagabria: ecco gli uomini mercato“ (посет. 1º giugno 2017 г).
  15. Sporting CP (7 август 2017). "Comunicado por Stefan Ristovski" (на pt). Соопштение за печат.
  16. UEFA.com. "UEFA Champions League - Olympiacos-Sporting CP". UEFA.com. конс. 13 септември 2017. 
  17. 17,0 17,1 Плејоф.
  18. 18,0 18,1 18,2 Во преелиминарните кола

Надворешни врски[уреди | уреди извор]