Стефан Спировски
Стефан Спировски | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 23 август 1990 | ||
Роден во | Битола, Македонија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 4 | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2007–2010 |
![]() | 42 | (2) |
2010-2013 |
![]() | 53 | (3) |
2012 |
→![]() | 9 | (1) |
2014 |
![]() | 19 | (2) |
2015-2017 |
![]() | 56 | (6) |
2017- |
![]() | 12 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2006 |
![]() | 2 | (0) |
2008-2009 |
![]() | 3 | (0) |
2009-2012 |
![]() | 21 | (2) |
2011- |
![]() | 20 | (1) |
† Учества (Голови). |
Стефан Спировски (роден на 23 август 1990 во Битола) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Ференцварош и на македонската репрезентација.
Клупска кариера[уреди | уреди извор]
Спировски ја започнал својата кариера во екипата на Пелистер, во која го имал своето деби за првиот тим во 2007 година. За Пелистер настапувал две и пол сезони, а во зимскиот трансферен прозорец 2010 година му се приклучил на српскиот клуб Борац Чачак.[1] Своето деби во Српската Супер лига го имал на 20 март 2010, против Јагодина во победата со 1-0 и токму тој бил стрелец на единствениот погодок.[2] На 16 мај 2012, Спировски бил во почетниот состав на Борац во финалето на Купот на Србија, во кое неговиот тим загубил со 2-0 од Црвена Ѕвезда. По завршувањето на сезоната 2011-12 сезона, кога Борац неочекувано испаднал од Суперлигата, Спировски заминал на позјамица во Работнички. До зимската пауза во првенството одиграл 9 натпревари и постигнал еден гол, во победата со 3-1 над Брегалница. Потоа, тој се вратил во Борац за вториот дел од сезоната, играјќи 6 натпревари во кој постигнал еден гол во Српската Прва лига (втора лига по ранг во Србија). За четири години во Борац, вкупно во сите натпреварувања одиграл 60 натпревари и постигнал 2 гола.
На 26 јануари 2014, Спировски потпишал за бугарскиот прволигаш Берое, откако две недели претходно дошол на проби и успеал да го импресионира тренерот Петар Хубчев.[3][4] По потпишувањето на договорот му бил доделен дресот со број 92. Своето деби за старозагорци го направил на 23 февруари во поразот со 3-0 на гостувањето против Литекс. Својот прв гол за Берое го постигнал на 7 мај 2014, во победата над Љубимец со 4-0, со прекрасно изведен слободен удар од голема далечина.[5] Првата сезона во клубот ја завршил со 10 настапи и еден гол. Следната сезона одиграл 9 натпревари во А група и еден во Купот на Бугарија до зимската пауза, во која му бил раскинат договорот.[6]
На 23 декември 2015, потпишал двегодишен договор со екипата на Вардар и избрал да го носи дресот со бројот 8.[7] Својот прв погодок во црвено-црниот дрес го постигнал на 16 мај 2015, во победата на домашен терен над Ренова со 4-1, со која екипата на Вардар станала шампион на Македонија.[8]
На 28 август 2017, Спировски потпишал тригодишен договор со унгарскиот Ференцварош.[9]
Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]
Тој е поранешен репрезентативец на Македонија во репрезентациите под под 19 и под 17 години. Тој исто така има 21 настап за репрезентацијата под 21 година со што се наоѓа на делба на 6. место по бројот на настапи во оваа категорија.[10]
На 10 август 2011 тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во пријателски натпревар против Азербејџан.[11] Својот прв гол за македонската репрезентација Спировски го постигнал на 28 март 2017, во победата со 3-0 над Белорусија во пријателски натпревар одигран на Филип II арената во Скопје.[12]
Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]
Титули[уреди | уреди извор]
Вардар[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Спировски продолжува во Борац Чачак
- ↑ 19.kolo JAGODINA - BORAC 0-1
- ↑ „Стефан Спировски на проба во бугарскиот Берое“. Архивирано од изворникот на 2017-08-28. Посетено на 2015-02-10.
- ↑ Македонски национал подписа с Берое
- ↑ „Ефектен првенец на Спировски за Берое“. Архивирано од изворникот на 2017-08-28. Посетено на 2015-02-10.
- ↑ Освободеният от Берое Спировски подписа с Вардар
- ↑ Репрезентативецот Стефан Спировски – најново засилување на Вардар
- ↑ 16.05.2015 Осма шампионска титула за фудбалерите на Вардар во Македонија[мртва врска] vesti.mk
- ↑ Спировски официјално претставен во Ференцварош sport1.mk
- ↑ Stefan Spirovski[мртва врска] at UEFA.com
- ↑ Damjanović i Spirovski na spisku A reprezentacija Архивирано на 1 октомври 2019 г. at Borac official website
- ↑ По четири години Македонија врза две победи: Падна и Белорусија со 3-0 (ФОТО+ВИДЕО) ekipa.mk
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Стефан Спировски на soccerway
- Стефан Спировски на transfermarkt
|
|