Прејди на содржината

Ферхан Хасани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ферхан Хасани
Хасани во дресот на Шкендија во 2017 година
Лични податоци
Роден на 18 јуни 1990(1990-06-18)(34 г.)
Роден во Тетово, СР Македонија, СФРЈ
Држава Македонија Македонија
Висина 1.85 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Слободен играч Слободен играч
Младинска кариера
1998–2007 Шкендија Шкендија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2011 Шкендија Шкендија 35 (12)
2012–2013 Волфсбург Волфсбург 4 (0)
2013–2015 Брондби Брондби 35 (7)
2015–2018 Шкендија Шкендија 64 (46)
2018–2019 Ал-Раед Ал-Раед 24 (2)
2020 ХЈК Хелсинки ХЈК Хелсинки 9 (5)
2021 Партизани Тирана Партизани Тирана 12 (0)
2022–2023 Шкендија Шкендија 38 (4)
2023–2024 Хелсингер Хелсингер 15 (2)
Репрезентација
2006 Македонија Македонија 17 ? (?)
2010–2012 Македонија Македонија 21 13 (3)
2010–2021 Македонија Македонија 43 (2)

Ферхан Хасани (албански: Ferhan Hasani; роден на 18 јуни 1990 година, во Тетово) ― македонски фудбалер од албанско потекло, напаѓач, кој моментално е без клуб.

Кариерата ја започнал во Шкендија Тетово, во која се враќал уште двапати во својата кариера. Освен за Шкендија, тој играл и за клубови надвор од Македонија во неколку различни држави како Германија, Данска, Саудиска Арабија, Финска и Албанија.

Своето деби за репрезентацијата на Македонија го имал на 22 декември 2010 година, во пријателски натпревар против Кина.[1] Подоцна, тој ја претставувал земјата на Европското првенство 2020.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Хасани е роден во Тетово, СР Македонија, од семејство на етнички албанци. Како дете, Хасани пораснал со прекарот Буба затоа што бил побрз со топката за разлика од неговите врсници.[2]

Својте први фудбалски чекори, Хасани ги направил во екипата на Шкендија на која и се приклучил на 8-годишна возраст во 1998 година.[2]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Шкендија

[уреди | уреди извор]

Кога Шкендија била во Втората лига, Хасани добила шанса да игра за сениорската екипа на 17 години. Во втората од неговите две сезони со сениорската екипа, Хасани постигнал 13 гола на 27 натпревари, со што се наметнал како најдобар напаѓач во екипата и дал важен придонес во сезоната 2009-2010, за тоа Шкендија да избори промоција во Првата македонска лига.[2]

Тој станал миленик на навивачите постигнувајќи гол од слободен удар против ривалот Вардар[2] во последниот натпревар од сезоната 2010-2011. На полувремето од натпреварот против Металург, Хасани бил претставен како најдобар играч за сезоната.[2]

По добрата сезона се појавиле шпекулации дека хрватскиот клуб Хајдук Сплит и германскиот клуб Волфсбург,[3] биле заинтересирани за потписот на напаѓачот, како и холандскиот Гронинген и Гент од Белгија. Сепак, тој останал во Шкендија и во првата половина од следната сезона 2011-2012. Сезоната за него започнала добро сè додека не заработил повреда, која го оддалечила од терените до втората половина од годината. Хасани дал пет гола и осум асистенции до зимската пауза.[4]

Волфсбург

[уреди | уреди извор]

На 16 декември 2011 година, Хасани потпишал тригодишен договор со Волфсбург, приклучувајќи му се на германскиот клуб од Првата Бундеслига на почетокот на 2012 година.[4][5][6] Тренерот на Волфсбург, Феликс Магат, изјавил дека новите аквизиции Хасани и Слободан Медојевиќ се „двајца млади играчи кои одиграа исклучително добро во нивните лиги и се таленти од кои очекуваме да бидат големи играчи“.[7]

На 30 септември 2012 година, Хасани го направил своето деби за Волфсбург, влегувајќи во игра во 45-тата минута против Мајнц 05.

За време на зимскиот трансфер период од сезоната 2012-2013, Хасани привлекол интерес од хрватскиот клуб Динамо Загреб. Било објавено дека Волфсбург и Динамо ги договориле условите и останувале да се извршат само медицинските тестови на 25 јануари.[8][9] Тренерот на Динамо, Круно Јурчиќ изјавил: „Тој е крилен напаѓач кој може да игра на двете страни и тој е играч кој ни треба. Сум го видел кога работев за репрезентацијата на Хрватска и ја скаутирав Македонија, па кога дојде прилика да го ангажираме, не се двоумевме“.[9] Но, сепак трансферот пропаднал.

Со намалувањето на составот на Волфсбург и недостиг на голема минутажа, Хасани побарал да си замине за време на летото, а интерес за него пројавиле Динамо Дрезден и Брондби.[10]

На 2 септември 2013 година, Хасани одлучил да се приклучи на Брондби. Според данските медиуми, сумата на трансферот изнесувала 260 илјади евра. Тој потпишал двегодишен договор и бил претставен со дресот со број 22.[11] Хасани дебитирал на 15 септември 2013 година и го постигнал својот прв гол по само две минути игра, победничкиот во успехот против Оденсе.[12] На 1 декември 2013 година, постигнал гол од слободен удар од 25 метри против градскиот ривал ФК Копенгхаген.[13]

Во 23-тото коло во Суперлигата на Данска, Хасани заработил повреда на коленото, поради која бил надвор од акција за следните три натпревари. На 18 април, тој добил дозвола да се врати за натпреварот против Сендерјиске. Ферхан влегол од клупата за резерви во 70-тата минута, а во 88-мата минута го постигнал третиот гол за Брондби во натпреварот, со удар со десната нога во десниот агол покрај голман на Сендерјиске.[14]

По успешната претсезона, во која постигнал гол против Ливерпул,[15] Хасани претрпел нова повреда, пропуштајќи го почетокот на сезоната. На 7 декември, Хасани се вратил кога Брондби го победил Силкеборг со 1–0. Хасани го постигнал голот на 50-годишнината од постоењето на Брондби и имал успешна сезона со клубот кој завршил на третото место во Суперлигата.

Враќање во Шкендија

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на неговиот двегодишен договор со Брондби, агентот на Хасани, Фали Рамадани и клубот не можеле да се договорат за нов договор што резултирало со заминување на Хасани во текот на летниот трансферен период.[16] На Ферхан му било подарено цвеќе од страна на клубот кога Брондби биле домаќини на Есбјерг во последното коло од данската сезона.[16]

Хасани потпишал тригодишен договор со Шкендија, во која се вратил по повеќе од три години.

Во сезоната 2017-2018, Хасани ја предводел Шкендија до освојување на лигата и купот. На 27 натпревари постигнал 22 гола и забележал 15 додавања. По завршувањето на договорот, било најавено дека Хасани ќе си замине од Шкендија, а најголем интерес за него постоел од Галатасарај.[17]

На 17 август 2018 година, Хасани ги договорил личните услови и потпишал за клубот од Саудиска Арабија, Ал-Раед.[18] Во клубот поминал една сезона во која вкупно во првенството и купот забележал 26 настапи и 3 гола.

Хелсинки и Партизани

[уреди | уреди извор]

На 18 октомври 2019 година, ХЈК Хелсинки го објавил потпишувањето на Хасани на едногодишен договор.[19]

На 26 јануари 2021 година потпишал за албанскиот клуб Партизани Тирана.

Второ враќање во Шкендија

[уреди | уреди извор]

На 6 јануари 2022 година повторно се вратил во Шкендија.[20]

Хелсингер

[уреди | уреди извор]

На 2 јуни 2023 година, Хасани потпишал двегодишен договор со Хелсингер, клуб од данската прва дивизија.[21] Откако клубот испаднал на крајот од сезоната, во август 2024 година Хасани го напуштил клубот.[22]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Хасани (лево) со македонската репрезентација во дуел со Јуриј Жирков од Русија во 2011 година.

Хасани го направил своето целосно меѓународно деби на 22 декември 2010 година против Кина во пријателски натпревар.[23] На крајот од фудбалската сезона, Хасани бил повикан во македонскиот состав за претстојниот натпревар со Ирска за квалификациите за Европското првенство 2012. Тој влегол како замена во десеттата минута, а Македонија загубила со 0–2 од Ирска.[24] Откако Македонија во квалификациите теоретски изгубила пласман за Европското првенство 2012, Хасани бил повикан да игра за селекцијата до 21 година против Србија за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Хасани бил клучен бидејќи постигнал гол за Македонија, што резултирало со нерешено 1-1.[25]

На 29 февруари 2012 година, Хасани го постигнал својот прв гол на гостински пријателски натпревар против Луксембург кога Македонија претрпела пораз од 1–2.[26]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
22-12-2010 Бишофсхофен Кина Кина 1 – 0 Македонија Македонија Пријателска - влегол во игра 46'
4-6-2011 Скопје Македонија Македонија 0 – 2 Ирска Ирска Квал. за Евро 2012 - влегол во игра 10'
10-8-2011 Баку Азербејџан Азербејџан 0 – 1 Македонија Македонија Пријателска - заменет 85'
2-9-2011 Москва Русија Русија 1 – 0 Македонија Македонија Квал. за Евро 2012 - влегол во игра 66'
6-9-2011 Скопје Македонија Македонија 1 – 0 Андора Андора Квал. за Евро 2012 - заменет 68'
15-11-2011 Прилеп Македонија Македонија 0 – 0 Албанија Албанија Пријателска - заменет 68'
29-2-2012 Луксембург Луксембург Луксембург 2 – 1 Македонија Македонија Пријателска 1
26-5-2012 Леирија Португалија Португалија 0 – 0 Македонија Македонија Пријателска - влегол во игра 68'
29-5-2012 Ешторил Ангола Ангола 0 – 0 Македонија Македонија Пријателска - влегол во игра 58'
15-8-2012 Скопје Македонија Македонија 1 – 0 Литванија Литванија Пријателска - влегол во игра 46'
11-9-2012 Глазгов Шкотска Шкотска 1 – 1 Македонија Македонија Квал. за СП 2014 - влегол во игра 38'
12-10-2012 Скопје Македонија Македонија 1 – 2 Хрватска Хрватска Квал. за СП 2014 - влегол во игра 82'
16-10-2012 Скопје Македонија Македонија 1 – 0 Србија Србија Квал. за СП 2014 -
14-11-2012 Скопје Македонија Македонија 3 – 2 Словенија Словенија Пријателска - заменет 87'
22-3-2013 Скопје Македонија Македонија 0 – 2 Белгија Белгија Квал. за СП 2014 - заменет 82'
26-3-2013 Брисел Белгија Белгија 1 – 0 Македонија Македонија Квал. за СП 2014 - влегол во игра 46'
3-6-2013 Малме Шведска Шведска 1 – 0 Македонија Македонија Пријателска - влегол во игра 46'
11-6-2013 Осло Норвешка Норвешка 2 – 0 Македонија Македонија Пријателска - заменет 83'
5-3-2014 Скопје Македонија Македонија 2 – 1 Латвија Латвија Пријателска -
27-3-2015 Скопје Македонија Македонија 1 – 2 Белорусија Белорусија Квал. за Евро 2016 -
14-6-2015 Жилина Словачка Словачка 2 – 1 Македонија Македонија Квал. за Евро 2016 - Yellow cardRed card 23', 84'
8-9-2015 Скопје Македонија Македонија 0 – 1 Шпанија Шпанија Квал. за Евро 2016 -
9-10-2015 Скопје Македонија Македонија 0 – 2 Украина Украина Квал. за Евро 2016 - заменет 22'
5-9-2016 Скадар Албанија Албанија 2 – 1 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 - заменет 74'
6-10-2016 Скопје Македонија Македонија 1 – 2 Израел Израел Квал. за СП 2018 -
9-10-2016 Скопје Македонија Македонија 2 – 3 Италија Италија Квал. за СП 2018 1 заменет 84'
12-11-2016 Гранада Шпанија Шпанија 4 – 0 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 - заменет 87'
5-6-2017 Скопје Македонија Македонија 0 – 0 Турција Турција Пријателска - заменет 63'
6-10-2017 Торино Италија Италија 1 – 1 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 - добил жолт картон во 61-вата минута 61' заменет 64'
9-10-2017 Струмица Македонија Македонија 4 – 0 Лихтенштајн Лихтенштајн Квал. за СП 2018 - заменет 46'
11-11-2017 Скопје Македонија Македонија 2 – 0 Норвешка Норвешка Пријателска - влегол во игра 58'
13-10-2018 Скопје Македонија Македонија 4 – 1 Лихтенштајн Лихтенштајн УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
16-10-2018 Ереван Ерменија Ерменија 4 – 0 Македонија Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - влегол во игра 76'
16-11-2018 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 2 Македонија Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - заменет 77'
19-11-2018 Скопје Македонија Македонија 4 – 0 Гибралтар Гибралтар УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - влегол во игра 59'
21-3-2019 Скопје Македонија Македонија 3 – 1 Латвија Латвија Квал. за Евро 2020 - заменет 23'
7-6-2019 Скопје Македонија Македонија 0 – 1 Полска Полска Квал. за Евро 2020 - влегол во игра 85'
10-6-2019 Скопје Македонија Македонија 1 – 4 Австрија Австрија Квал. за Евро 2020 - влегол во игра 67'
11-10-2020 Талин Естонија Естонија 3 – 3 Македонија Македонија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - заменет 46'
28-3-2021 Скопје Македонија Македонија 5 – 0 Лихтенштајн Лихтенштајн Квал. за СП 2022 - влегол во игра 66'
1-6-2021 Скопје Македонија Македонија 1 – 1 Словенија Словенија Пријателска - заменет 81'
21-6-2021 Амстердам Македонија Македонија 0 – 3 Холандија Холандија Евро 2020 - Прва фаза - влегол во игра 68' дет.
22-10-2022 Абу Даби Саудиска Арабија Саудиска Арабија 1 – 0 Македонија Македонија Пријателска - заменет 58'
Вкупно Настапи 43 Голови 2

Статистика на кариерата

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
Обновено на 9 октомври 2016[27]
Репрезентација Година Наст. Гол.
Македонија Македонија
2010 1 0
2011 5 0
2012 8 1
2013 4 0
2014 1 0
2015 4 0
2016 3 1
Вкупно 26 2

Шкендија

2010-2011, 2017-2018
2015-2016, 2017-2018
2010-2011

Поединечни

  1. „Ferhan Hasani expected to join Gent“. Macedonianfootball.com. 29 јули 2010. Посетено на 3 мај 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Ferhan Hasani – best player in 2010/11“. Посетено на 3 мај 2023.
  3. „Шкендија стартуваше некомплетна“. 12 јуни 2011. Посетено на 3 мај 2023.
  4. 4,0 4,1 Mau, Daniel; Ehlert, Felix (16 декември 2011). „Mazedonier Hasani bringt sich beim VfL ins Gespräch“ [Македонецот Хасани се внесува во разговор во Вфл] (германски). Архивирано од изворникот на 5 септември 2012. Посетено на 3 март 2023.
  5. „Ferhan Hasani reaches agreement with Wolfsburg“. 16 декември 2011. Посетено на 3 мај 2023.
  6. „Tričkovski, Hasani honoured in FYROM“. UEFA.com. 24 декември 2011. Посетено на 3 мај 2023.
  7. „Wolfsburg signs prospects from Serbia, Macedonia“. CNN. 2 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 3 мај 2023.
  8. Majdak, Matij (20 јануари 2013). „Dolazi iz Wolfsburga: Ferhan Hasani novi je igrač Dinama...“ (хрватски). Посетено на 3 мај 2023.
  9. 9,0 9,1 „Hasani inches from signing for Dinamo, only medical left“. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2013. Посетено на 3 мај 2023.
  10. Zlateski, Aleksandar (2 септември 2013). „Hasani in talks with Brøndby, Dynamo Dresden“. MacedonianFootball.com. Посетено на 3 мај 2023.
  11. „Ferhan Hasani signs with Brøndby IF“ (дански). www.brondby.com. 4 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2013-09-06. Посетено на 3 мај 2023.
  12. Pedersen, Kim Damsgaard (16 септември 2013). „Debutant bag Brøndbys første sæsonsejr“ (дански). tipsbladet. Посетено на 3 мај 2023.
  13. Nielsen, Allan (1 декември 2013). „FCK slår Brøndby med tre mål på ni minutter“. Politiken (дански). Denmark: politiken.dk. Посетено на 3 мај 2023.
  14. „Brøndby sænker Sønderjyske med Makienok“ (дански). 18 април 2014. Посетено на 3 мај 2023.
  15. „Ferhan Hasani scores superb solo goal to hand Brøndby pre-season friendly victory over Liverpool“. 16 јули 2014. Посетено на 3 мај 2023.
  16. 16,0 16,1 „Ferhan Hasani will leave Brøndby this summer“. Посетено на 2 јули 2015.
  17. „Ferhan Hasani Galatasaray için mi geldi?“. Посетено на 3 мај 2023.
  18. „Hasani continues in Saudi Arabia“. Посетено на 3 мај 2023.
  19. „Ferhan Hasani Klubiin“. hjk.fi/ (фински). Helsingin Jalkapalloklubi. 18 октомври 2019. Посетено на 3 мај 2023.
  20. „YRTARE: FERHAN HASANI RIKTHEHET NË KLUBIN E TIJ TË ZEMRËS“ (албански). Шкендија. 6 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2023-05-03. Посетено на 3 мај 2023.
  21. „FC Helsingør henter stærk midtbanegeneral fra Nordmakedonien - FC Helsingør“. 2 June 2023. Архивирано од изворникот на 2023-06-07. Посетено на 2024-11-23.
  22. Afslører: Ferhan Hasani er færdig i dansk klub, tipsbladet.dk, 26 August 2024
  23. Zdraveski, Filip (5 јуни 2011). „CHN – MKD match report“. MacedonianFootball.com. Посетено на 3 мај 2023.
  24. Zlateski, Aleksandar (5 јуни 2011). „Player Ratings: Macedonia – Ireland 0:2“. Посетено на 3 мај 2023.
  25. Zlateski, Aleksandar (8 октомври 2011). „Macedonia U21 – Serbia U21 1:1“. Посетено на 3 мај 2023.
  26. „Maurice Deville fait couler la Macédoine“. Luxemburger Wort (француски). 29 февруари 2012. Посетено на 3 мај 2023.
  27. „Hasani, Ferhan“. National Football Teams. Посетено на 3 мај 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Профил во Macedonian Football (на англиски)