Даниел Аврамовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Даниел Аврамовски
Лични податоци
Полно име Даниел Аврамовски
Роден на 20 февруари 1995(1995-02-20)(29 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Сараево Сараево
Број 27
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2014 Работнички Работнички 8 (0)
2013–2014Македонија Ѓорче Петров Македонија Ѓ.П. 29 (1)
2014–2016 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 12 (1)
2015–2016ОФК Белград ОФК Белград 22 (0)
2017–2019 Олимпија Љубљана Олимпија Љубљана 7 (0)
2017–2018Војводина Војводина 17 (1)
2019–2020 Вардар Вардар 38 (12)
2020–2022 Кајсериспор Кајсериспор 25 (2)
2022– Сараево Сараево 21 (2)
Репрезентација
2011 Македонија Македонија под 17 г. 3 (2)
2014–2017 Македонија Македонија под 21 г. 12 (0)
2014– Македонија Македонија 8 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јуни 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 5 септември 2021

Даниел Аврамовски (роден на 20 февруари 1995 година, во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Сараево и на македонската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Скопје,[1] Аврамовски ја започнал својата кариера во Рабнотнички, со кој дебитирал како професионален фудбалер на возраст од само 16 години, појавувајќи се во игра од клупата за резерви во натпреварот Силекс-Работнички (2-0) од Првата македонска фудбалска лига одигран на 28 мај 2011. Следната сезона, дебитирал во европските натпреварувања, играјќи ги последните 30 минути од победата на Работнички над претставникот од Сан Марино, Јувенес/Догана, со 3-0 во натпревар од второто квалификациско коло од УЕФА Лига Европа. Играјќи за Работнички, Аврамовски развил репутација на голем талент која го привлекла вниманието на неколку европски клубови, а во февруари 2012 година бил поканет на десетдневна проба во Ливерпул.[2] Во сезоната 2013-2014, тој бил позајмен на Македонија Ѓорче Петров, каде забележал 29 настапи и 1 гол во македонското првенство; својот прв професионален погодок во кариерата го постигнал на 9 март 2014, во победата со 3-1 на домашен терен над Напредок.

Во јули 2014 година, тој потпишал тригодишен договор со српскиот гигант Црвена Ѕвезда.[3] Дебитирал за црвено-белите на 30 август, во четвртото коло од српското првенство против Спартак Суботица; во истиот тој натпревар, само десет минути по влегувањето во игра како замена, го постигнал единствениот гол во мечот со кој Црвена Ѕвезда победила со 1-0. Не можејќи да најде доволно простор за игра на стадионот Рајко Митиќ,[4] Аврамовски заминал на позајмица во ОФК Белград,[5] каде забележал 22 настапи во првенството и 2 во купот за време на сезоната 2015–2016.

На 20 декември 2016, се преселил во Словенија, каде потпишал три и пол годишен договор со Олимпија Љубљана.[6] Таму одиграл само 9 натпревари во вториот дел од сезоната 2016-2017, по што се вратил во Србија играјќи на позајмица за екипата на Војводина за време на сезоната 2017-2018, забележувајќи 19 настапи комбинирано во првенството и купот и еден гол постигнат уште на дебито против Вождовац (1-1). На 6 февруари 2019, Аврамовски се вратил во Македонија, по речиси пет години играње во странство, потпишувајќи договор со екипата на Вардар.[7] Својот прв гол за црвено-црните го постигнал на 7 април 2019, во ремито 1-1 против Академија Пандев. Следната сезона, тој постигнал 10 гола за Вардар во првенството, придонесувајќи за освојувањето на титулата иако сезоната не била завршена поради пандемијата на КОВИД-19. Со своите 10 гола, исто така, тој бил на врвот на листата на стрелците во лигата до прекинот и бил прогласен за најдобар стрелец по одлуката првенството да не биде продолжено.

На 15 август 2020, Аврамовски како слободен играч потпишал за турскиот клуб Кајсериспор. Поради повреда и проблеми со лиценцата,[8] на своето деби во Суперлигата на Турција чекал дури до 6 јануари 2021, кога одиграл 76 минути во победата со 1-0 на гости против Денизлиспор. Својте први два гола за Кајсериспор, ги постигнал на 28 април 2021 во победата со 6-3 над истиот противник.[9] Сезоната 2020-2021 ја завршил со 24 настапи и 2 постигнати гола.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Аврамовски ја претставувал Македонија во младинските селекции под 17 и под 21 година. Со втората репрезентација, настапил на Европското првенство под 21 година во Полска, каде одиграл само 45 минути во натпреварот против Србија (2-2) во групната фаза по која Македонија била елиминирана.

Своето деби за сениорската репрезентација, го направил на 18 јуни 2014 на возраст од 19 години, во поразот со 2-0 од Кина во пријателски натпревар.

Во јуни 2021 година, Аврамовски бил повикан од селекторот Игор Ангеловски во составот на македонската репрезентација за Европското првенство 2020. Дебитирал на турнирот во вториот натпревар од групната фаза, поразот со 2-1 од Украина, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Енис Барди.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
18-6-2014 Шенјанг Кина Кина 2 – 0 Македонија Македонија Пријателска - заменет 69'
22-6-2014 Џинан Кина Кина 0 – 0 Македонија Македонија Пријателска -
9-10-2017 Виена Австрија Австрија 2 – 1 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - влегол во игра 62'
6-9-2018 Скопје Македонија Македонија 1 – 0 Израел Израел Квал. за Евро 2020 - влегол во игра 79'
1-6-2021 Скопје Македонија Македонија 1 – 1 Словенија Словенија Пријателска - влегол во игра 70'
1-6-2021 Скопје Македонија Македонија 4 – 0 Казахстан Казахстан Пријателска - влегол во игра 62'
17-6-2021 Букурешт Украина Украина 2 – 1 Македонија Македонија Евро 2020 - Прва фаза - влегол во игра 77' добил жолт картон во 83-тата минута 83'
5-9-2021 Рејкјавик Исланд Исланд 2 – 2 Македонија Македонија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 80'
Вкупно Настапи 8 Голови 0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Daniel Avramovski profile Архивирано на 3 септември 2014 г. at Red Star Belgrade official website
  2. „Уместо Звезде – Ливерпул“ (српски). Mojacrvenazvezda.net. 28 јануари 2012. Посетено на 12 јули 2021.
  3. Bosančić i Avramovski potpisali za Zvezdu! објавено од: Večernje novosti, 25-7-2014 (српски)
  4. Avramovski objasnio šta ga je sputalo u Zvezdi објавено од: sportske.net, 20-12-2016 (српски)
  5. Zvezdina "desetka" u OFK Beogradu Архивирано на 15 август 2015 г. објавено од: mondo.rs, 12-7-2015 (српски)
  6. „Daniel Avramovski med zmaji“ [Daniel Avramovski among "The Dragons"] (словенечки). NK Olimpija Ljubljana official website. 20 December 2016. Архивирано од изворникот на 2021-06-12. Посетено на 21 December 2016.
  7. „Даниел Аврамовски нов играч на Вардар“. ФК Вардар. 6 февруари 2019. Посетено на 12 јуни 2021.
  8. „Турција: Суспендирана лиценцата на фудбалерот Даниел Аврамовски“. aa.com. 8.10.2020. Посетено на 12.6.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  9. „Два гола на Аврамовски, еден на Јаховиќ во турското првенство (ВИДЕО)“. mkd.mk. 28.4.2021. Посетено на 12.6.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]