Прејди на содржината

Дарко Чурлинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дарко Чурлинов
Лични податоци
Роден на 11 јули 2000(2000-07-11)(26 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Коџаелиспор Коџаелиспор
Број 19
Младинска кариера
2003–2010 Форца
2010–2012 Работнички Работнички
2012–2014 Вардар Вардар
2014–2015 Ханза Росток Ханза Росток
2015–2016 Магдебург Магдебург
2016–2018 Келн Келн
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018-2019 Келн II Келн II 10 (7)
2019-2020 Келн Келн 1 (0)
2020-2022 Штутгарт Штутгарт 21 (1)
2021-2022Шалке 04 Шалке 04 22 (2)
2022-2025 Барнли Барнли 7 (0)
2024Шалке 04 Шалке 04 10 (1)
2024-2025Јагелонија Јагелонија 26 (5)
2025– Коџаелиспор Коџаелиспор 11 (0)
Репрезентација
2015 Македонија Македонија 17 4 (0)
2017–2019 Македонија Македонија 19 14 (3)
2018–2021 Македонија Македонија 21 16 (5)
2017– Македонија Македонија 34 (5)

Дарко Чурлинов (роден на 11 јули 2000 , во Скопје) – македонски фудбалер, играч од средниот ред на Коџаелиспор и на македонската репрезентација.

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Неговата примарна позиција е десно крило.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци и рани години од кариерата

[уреди | уреди извор]

Чурлинов е роден и израснал во Скопје, Македонија, каде ја започнал својата кариера во локалниот клуб Форца. Потоа, тој поминал низ младинските редови на Работнички и Вардар.

На 14-годишна возраст се преселил во Германија каде ја продолжил својата кариера во младинските категории на Ханза Росток, клуб во кој што веќе играл неговиот пријател, македонскиот фудбалер Димитар Митровски.[1] Во Ханза останал една година, потоа следната сезона бил дел од младинскиот сектор на Магдебург, а последните години од младинската кариера пред да стане професионалец ги поминал во екипата на Келн.

Во сезоната 2018-2019, Чурлинов дебитирал за вториот тим на Келн во Регионалната лига - Запад, влегувајќи како замена во поразот со 0-2 на домашен терен од Викторија Келн на 29 септември 2018. Тоа бил неговиот единствен настап за Келн II таа сезона. На почетокот на следната сезона, тој дебитирал за првиот тим во Бундеслигата, во поразот со 2-1 на гостувањето кај Волфсбург влегувајќи како замена на местото на Флоријан Каjнц во 70-тата минута од натпреварот.[2] Иако тој натпревар се покажал неговиот единствен настап за првиот тим на Келн, во продолжение од сезоната тој продолжил да игра во одлична форма за вториот тим забележувајќи 9 настапи во Регионалната лига - Запад на кои постигнал 7 гола, вклучително и првиот хет-трик во кариерата, во победата со 4-1 над Липштат.[3]

Штутгарт и Шалке 04

[уреди | уреди извор]

На 8 јануари 2020 година, Чурлинов потпишал четиригодишен договор со Штутгарт, кој во тоа време се натпреварувал во 2. Бундеслига.[4] Своето деби во дресот на Штутгарт го имал на 22 февруари 2020 година, против Јан Регенсбург, заменувајќи го Силас Катомпа во 71-вата минута, создавајќи притоа и една можност за гол.[5] По продолжувањето на сезоната која била суспендирана поради пандемијата на КОВИД-19, на 31 мај 2020, Чурлинов го пронашол својот прв гол за Штутгарт во победата со 2-0 над Динамо Дрезден. Сезоната ја завршил со 6 настапи и еден постигнат гол во 2. Бундеслига, давајќи некаков придонес за промоцијата на клубот во највисокото ниво на германскиот фудбал по само една година апстиненција.

Следната сезона, во Првата Бундеслига тој забележал 14 настапи во првенството и два во Купот на Германија, главно влегуваќи како замена од клупата.

На 18 август 2021, Чурлинов бил позајмен на Шалке 04 до крајот на сезоната 2021-2022, со цел да добие повеќе простор за игра во 2. Бундеслига. Тој одиграл вкупно 24 натпревари комбинирано во првенството и купот на кои постигнал 3 гола, освојувајќи ја титулата во првенството со Шалке 04 на крајот од сезоната, со што повторно постигнал промоција како и пред две сезони со Штутгарт.

На 19 август 2022 година, Чурлинов се преселил во англискиот клуб Барнли за неоткриена сума, потпишувајќи четиригодишен договор.[6] Своето деби за клубот го направил веќе следниот ден во натпреварот од првенството против Блекпул, во кој влегол како замена на местото на Витињо во 71-вата минута.[7] Престојот во Барнли не се покажал како успешен за него; македонскиот играч одиграл само 7 натпревари во Чемпионшип за целата сезона, а на крајот на истата го снашла и неволја надвор од теренот, откако бил хоспитализиран под сомнение за труење со крв во Србија, поради што ги пропуштил квалификациските натпревари на репрезентацијата против Украина и Англија во јуни 2023 година.[8]

Враќање во Шалке 04 и Јагелонија

[уреди | уреди извор]

На 23 јануари 2024 година, Чурлинов се вратил во Шалке 04 повторно на позајмица до крајот на сезоната, при што клубот имал опција и да го откупи играчот на крајот од сезоната.[9]

На 7 август 2024 година, тој се приклучил на полскиот шампион Јагелонија Бјалисток на позајмица до крајот на сезоната 2024-2025.[10]

Коџаелиспор

[уреди | уреди извор]

На 1 септември 2025, Чурлинов потпишал за новопромовираниот клуб во Суперлигата на Турција, Коџаелиспор.[11] Својте први голови (два) за клубот ги постигнал на 23 декември 2025, во победата со 3-1 над Ерзурумспор во Купот на Турција.[12]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Чурлинов играл за младинските репрезентации на Македонија, под 17, под 19 и под 21 година. На 28 март 2017 година, на возраст од само 16 години и 8 месеци, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во пријателскиот натпревар против Белорусија добиен со 3-0 во Скопје,[13] со што станал најмладиот играч кој дебитирал за репрезентацијата.[14]

По неколку години пауза после дебитантскиот настап, од 2021 година Чурлинов станува редовен член на репрезентацијата и во истата година учествувал со неа на Европското првенство 2020, каде одиграл два натпревари во групната фаза, после која Македонија била елиминирана од турнирот. Малку пред Европското првенство, на 4 јуни 2021, тој го постигнал својот прв гол за „црвено-жолтите“ во победата со 4-0 над Казахстан во пријателски натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
28-3-2017СкопјеМакедонија Македонија3 – 0Белорусија БелорусијаПријателска-влегол во игра 82'
1-6-2021СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Словенија СловенијаПријателска-влегол во игра 82'
4-6-2021СкопјеМакедонија Македонија4 – 0Казахстан КазахстанПријателска1влегол во игра 73'
17-6-2021БукурештУкраина Украина2 – 1Македонија МакедонијаЕвро 2020 - Прва фаза-влегол во игра 46'
21-6-2021АмстердамМакедонија Македонија0 – 3Холандија ХоландијаЕвро 2020 - Прва фаза-влегол во игра 56'
2-9-2021СкопјеМакедонија Македонија0 – 0Ерменија ЕрменијаКвал. за СП 2022-
5-9-2021РејкјавикИсланд Исланд2 – 2Македонија МакедонијаКвал. за СП 2022-
8-9-2021СкопјеМакедонија Македонија0 – 0Романија РоманијаКвал. за СП 2022-заменет 78'
8-10-2021ВадуцЛихтенштајн Лихтенштајн0 – 4Македонија МакедонијаКвал. за СП 20221
11-10-2021СкопјеМакедонија Македонија0 – 4Германија ГерманијаКвал. за СП 2022-
11-11-2021ЕреванЕрменија Ерменија0 – 5Македонија МакедонијаКвал. за СП 2022-заменет 77'
14-11-2021СкопјеМакедонија Македонија3 – 1Исланд ИсландКвал. за СП 2022-заменет 63'
24-3-2022ПалермоИталија Италија0 – 1Македонија МакедонијаКвал. за СП 2022-
29-3-2022ПортоПортугалија Португалија2 – 0Македонија МакедонијаКвал. за СП 2022-влегол во игра 59'
2-6-2022СофијаБугарија Бугарија1 – 1Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-заменет 46'
9-6-2022СкопјеМакедонија Македонија0 – 3Грузија ГрузијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-
12-6-2022СкопјеМакедонија Македонија4 – 0Гибралтар ГибралтарУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза1заменет 46'
23-3-2023СкопјеМакедонија Македонија2 – 1Малта МалтаКвал. за ЕП 20241влегол во игра 58'
27-3-2023СкопјеМакедонија Македонија1 – 0Фарски Острови Фарски ОстровиПријателска-заменет 79'
14-10-2023ПрагаУкраина Украина2 – 0Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2024-влегол во игра 46'
17-10-2023СтрумицаМакедонија Македонија3 – 1Ерменија ЕрменијаПријателска-влегол во игра 55'
17-11-2023РимИталија Италија5 – 2Македонија МакедонијаКвал. за СП 2024-влегол во игра 72' добил жолт картон во 79-тата минута 79'
22-3-2024БозтепеМакедонија Македонија1 – 1Молдавија МолдавијаПријателска-заменет 63'
25-3-2024БозтепеЦрна Гора Црна Гора1 – 0Македонија МакедонијаПријателска-заменет 51'
3-6-2024РиекаХрватска Хрватска3 – 0Македонија МакедонијаПријателска-влегол во игра 66'
7-9-2024ТоршавнФарски Острови Фарски Острови1 – 1Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-заменет 77'
10-9-2024СкопјеМакедонија Македонија2 – 0Ерменија ЕрменијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-заменет 4'
14-11-2024СкопјеМакедонија Македонија1 – 0Латвија ЛатвијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-заменет 58'
17-11-2024СкопјеМакедонија Македонија1 – 0Фарски Острови Фарски ОстровиУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-заменет 54'
22-3-2025ВадуцЛихтенштајн Лихтенштајн0 – 3Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2026-заменет 80'
25-3-2025СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Велс ВелсКвал. за ЕП 2026-влегол во игра 61'
6-6-2025СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Белгија БелгијаКвал. за ЕП 2026-влегол во игра 57'
9-6-2025АстанаКазахстан Казахстан0 – 1Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2026-заменет 53'
7-9-2025СкопјеМакедонија Македонија5 – 0Лихтенштајн ЛихтенштајнКвал. за ЕП 20261заменет 59'
Вкупно Настапи 34 Голови 5

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 29 октомври 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-2019Германија Келн IIРЛ10---------10
2019-јан. 2020РЛ96---------96
Вкупно Келн II106------106
2019-јан. 2020Германија КелнБЛ10---------10
јан.-јун. 2020Германија Штутгарт61КГ00------61
2020-2021БЛ140КГ20------160
јул.-авг. 2021БЛ00КГ11------11
авг. 2021-2022Германија Шалке 04222КГ10------232
јул.-авг. 2022Германија ШтутгартБЛ10КГ11------21
Вкупно Штутгарт21142----253
ago. 2022-2023Англија БарнлиФЛЧ70ФАКуп+ЛК4+20------130
јан.-јун. 2024Германија Шалке 04101КГ00------101
Вкупно Шалке 0432310----333
2024-2025Полска ЈагелонијаЕК265КП20ЛЕ+ЛК2[15]+120+2СП10437
2025-2026Турција КоџаелиспорТСЛ110КТ12------122
Вкупно во кариерата108151441421013721
2021-2022
2022-2023

Јагелонија

[уреди | уреди извор]
2024
  1. „Talent mit Kämpferherz“ [A Talent With a Fighter`s Heart] (германски). vfb.de. 11 July 2020. Архивирано од изворникот на 12 June 2021.
  2. „Macedonian internationals performances (16-19.08.2019)“. macedonianfootball.com. 2019-08-19. Посетено на 2023-10-14.
  3. „Дарко Чурлинов даде хет-трик за вториот тим на Келн“. gol.mk. 26 октомври 2019. Посетено на 12 септември 2025.
  4. „VfB sign Darko Churlinov“. vfb.de. VfB Stuttgart. 8 January 2020. Посетено на 8 January 2020.
  5. Hinrichsen, Heiko (2020-02-23). „Darko Churlinov und Lilian Egloff schnuppern Zweitligaluft“. stuttgarter-nachrichten.de (German). Архивирано од изворникот на 2024-06-14. Посетено на 2023-10-14.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Churlinov is a Claret“. Burnley Football Club (англиски). 19 August 2022. Архивирано од изворникот на 2022-08-19. Посетено на 19 August 2022.
  7. K., F. (2022-08-20). „Churlinov made his debut for Burnley in a tense game with six goals“. Sloboden Pečat. Посетено на 2023-10-14.
  8. Scrafton, Matt (2023-06-19). 'Toughest month in my life': Burnley's Darko Churlinov provides positive update on his health scare“. Burnley Express. Посетено на 2023-10-14.
  9. „Darko Churlinov returns to FC Schalke 04“. Schalke 04. 23 January 2024.
  10. „Darko Churlinov piłkarzem Jagiellonii“ (полски). Jagiellonia Białystok. 7 August 2024. Посетено на 7 August 2024.
  11. „Churlinov leaves for Turkish side Kocaelispor“. bbc.com (англиски). 1 September 2025. Посетено на 4 September 2025.
  12. „Чурлинов „експлодира" во Купот на Турција – два гола и асистенција за 61 минута (ВИДЕО)“. expres.mk. 23 декември 2025. Посетено на 23 декември 2025.
  13. „FFM.mk“. Архивирано од изворникот на 2020-01-13. Посетено на 2020-01-13.
  14. gol.mk
  15. Во квалификациските кола

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]