Горан Пандев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Горан Пандев
Pandev Lazio allenamento.JPG
Лични податоци
Роден на 27 јули 1983 (1983-07-27) (30 г.)
Роден во Струмица, Македонија Македонија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Положба напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Наполи Наполи
Број 19
Младинска кариера
Беласица
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2001 Беласица 18 (6)
2001-2004 Интер 0 (0)
2002–2003 Специја (позајмен) 22 (4)
2003-2006 Анкона (позајмен) 20 (1)
2004-2010 Лацио 159 (48)
2010-2012 Интер 45 (5)
2011-2012 Наполи (позајмен) 30 (6)
2012- Наполи 26 (6)
Репрезентација
2001- Македонија 71 (26)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Горан Пандев (познат и како Гоче) е македонски фудбалер, кој во моментов настапува за Наполи во италијанската Серија А и е моментален капитен на Македонската фудбалска репрезентација. Тој истотака е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија. Роден е на 27 јули 1983 во Струмица и тој е еден од најдобрите фудбалери во Република Македонија. Пандев е двапати избран за најдобар спортист на Македонија: во 2007 година, во изборот на весникот „Дневник“, и во 2010 година, во изборот на весниците „Дневник“ [1] и „Нова Македонија“.[2]

Фудбалска кариера[уреди]

Рана кариера[уреди]

Горан Пандев својата кариера ја започна во Беласица од Струмица.[3][4] Во првиот тим на Беласица, Пандев настапувал само една година во рамките на Првата македонска фудбалска лига. Во летото 2001 година, на само 18 години, Пандев потпиша за Интер од Милано.[4]

По потпишувањето на договорот, во сезоната 2002/2003, Пандев бил позајмен на Специја, кој во тоа време настапувал во Серија Ц1.[5]. Во екипата на Специја, Пандев постигнал 4 гола. Веќе следната сезона, 2003–2004, Пандев бил повторно позајмен, овој пат во Анкона, клуб кој штотуку влегол во најсилната италијанска прва лига. На крајот од сезоната, Анкона била последна, а Пандев одиграл 20 натпревари и постигнал еден гол.[6]

Лацио[уреди]

Во 2004 година, Пандев замина во Лацио (SS Lazio), како дел од трансферот на српскиот фудбалер Дејан Станковиќ. Според договорот, Лацио откупи 50% од неговите права, а додека другите 50% беа откупени од Удинезе. Во 2005 година, сезоната ја започна со гол во првиот натпревар, со кој на Лацио му донесе победа против тимот на Месина (Messina). Во сезоната 2005/2006, Пандев постигна 11 погодоци за тимот од Рим. Најголемиот успех со Лацио, Пандев го постигна во 2009 година, кога го освои Купот на Италија, при што со постигнатите седум голови, Пандев беше најдобар стрелец во ова натпреварување.[7] За Лацио, Пандев има одиграно вкупно 159 натпревари во кои постигна 48 голови. По Дарко Панчев, кој играл во Интер, Пандев е вториот Македонец кој заиграл во Серија А.

Спор со Лацио[уреди]

Во летото 2009 година, помеѓу Пандев и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито избувна скандал, поради искажаната желба од страна на Пандев дека сака да го напушти клубот по крајот на сезоната.[8] По оваа изјава и одбивањето на Пандев да го продолжи договорот, тој бил исфрлен од првата екипа на клубот во следните четири месеци, при што не одигра ниту еден натпревар. Во тој период, за Пандев покажале интерес голем број на клубови, меѓу кои се и Зенит од Санкт Петерсбург со својата понуда од 13 милиони евра. Сепак, претседателот на Лацио ја одбил понудата, барајќи 2 милиона повеќе.[9] На 26 септември 2009 година, Пандев поднесол барање за официјално раскинување на неговиот договор со Лацио. Тој тврдел дека поради неговото изоставување од тимот, Лацио го прекршил договорот, кој претходно бил потпишан со него. На 23 декември 2009 година, официјалниот суд на италијанската фудбалска лига Лега Калчо пресуди во корист на Пандев. Со пресудата, Пандев го раскина договорот со Лацио, а клубот бил обврзан да му плати на Пандев 160 000 евра за покривање на судските трошоци.[10]

Интер[уреди]

Пандев во дресот на Интер во 2010

На 4 јануари 2010 година, Пандев потпиша петгодишен договор со Интер,[11] каде што го носеше дресот со број 27. Своето деби за Интер, Пандев го имаше против Кјево, на 6 јануари истата година, кога Интер победил со 1:0. Својот прв гол за Интер, Пандев го постигна против екипата на Бари. Подоцна, Пандев го освои вниманието на италијанската фудбалска јавност во победата на Интер над градскиот противник Милан, кога му асистирал на Диего Милито при постигнувањето на првиот гол, додека пак вториот гол бил негово дело од слободен удар, како еден од најдобрите на колото.[12] Во 2010 година, Пандев ги оствари најголемите успеси во својата фудбалска кариера, кога со Интер освои дури четири шампионски титули: првак на Италија,[13] освојувач на купот на Италија,[14] победник во Лигата на шампионите,[15] и победник на Светското клупско првенство (постигнувајќи го првиот гол за Интер).[16] Успесите на Пандев продолжија и во 2011 година, кога со Интер повторно го освои Купот на Италија, при што тој непосредно учествуваше во постигнувањето на третиот гол за Интер.[17] Во сезона и половина играње во дресот на Интер, Пандев одиграл 67 натпревар и постигнал 8 голови во сите конкуренции. Неговиот единствен гол во европските натпреварувања за Интер можеби е и неговиот најважен гол кој го постигнал за клубот, погодувајќи ја мрежата на Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2010-11, за победа и пласман понатаму на неговиот тим.

Наполи[уреди]

2011-12[уреди]

Сепак, по заминувањето на тренерот Жозе Мурињо од Интер, Пандев сè поретко беше дел од првиот тим и, како последица на тоа, во сезоната 2011/2012 потпиша за италијанскиот прволигаш Наполи, со статус на позајмен играч. Во Наполи, Пандев го доби дресот со број 29.[18] Првиот настап за својот нов клуб, Пандев го имаше на гостувањето против Чезена, кога Наполи победи со 3:1, при што при крајот на натпреварот пропушти одлична можност да го постигне првиот гол за новиот клуб.[19]

На 29 ноември, Пандев добил шанса во почетниот состав на местото на повредениот Единсон Кавани за натпреварот на домашен терен против ривалот Јувентус. Тој постигнал два гола, од кои првиот беше воедно и негов прв за Наполи, а вториот го постигнал со прекрасен волеј-удар. Двата гола на Пандев му донеле водство на Наполи со 3-1, но Јувентус се вратил и израмнил за конечен резултат 3-3.[20] Пандев потоа го постигнал и својот трет погодок во Серија А за Наполи, во нивното демолирање на Џенова со 6-1 на 21 декември.[21]

По зимската пауза Пандев ја продолжува својата добра голгетерска форма постигнувајќи три гола во месец јануари, од кој два во првенството и еден во Купот на Италија. Својот последен погодок за сезоната 2011-12, Пандев го постигнал на 7 април, во поразот со 3-1 на гостувањето кај неговиот поранешен тим Лацио.[22]

На 20 мај 2012 година, Пандев освојува уште еден трофеј во Купот на Италија и беше на победничката страна во финалето на ова натпреварување во изминатите четири години по ред.[23] Пандев е еден од малкуте фудбалери кој победил во Coppa Italia со 3 ралични клубови (Лацио, Интер и Наполи).

2012-13[уреди]

На 6 јуни 2012 година, Пандев направил постојан трансфер од Интер во Наполи.[24] Подоцна, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис истакнал на едно интервју на радио дека Пандев се одрекол од дел од платата која ја примал во Интер за да им се приклучи на Наполитанците, истакнувајќи го ова како знак на посветеноста кон клубот и навивачите.[25]

За разлика од претходната сезона, во оваа Пандев има статус на редовен стартер во 3-4-1-2 формацијата на Валтер Мацари. Тој ја заземал позицијата во нападот до Кавани на која претходно играл аргентинецот Езекиел Лавеци, кој во текот на летото бил продаден на ПСЖ. Пандев ја започнал новата сезона со погодок во Суперкупот на Италија против Јувентус, но подоцна во 85-тата минута бил исклучен поради приговор кон главниот судија Паоло Мацолени.[26] По две продолженија од по 15 мин., Наполи бил поразен со 4-2. На 16 септември 2012, Пандев го постигнал својот прв гол во новото првенството, во победата против Парма со 3-1.[27]

Тимови[уреди]

  • 2000-01 : Беласица (Струмица) (24 натпревари/6 голови)
  • 2001-02 : Интер (-)
  • 2002-03 : Специа (22 натпревари/4 голови)
  • 2003-04 : АЦ Анкона (20 натпревари/1 гол)
  • 2004-05 : Лацио, Италија во заемна сопственост со Интер (25 натпревари/3 голови)
  • 2005-06 : Лацио во заемна сопственост со Удинезе (35 натпревари/11 голови)
  • 2006-07 : Лацио (36 натпревари/11 голови)
  • 2010-11 : Интер, Италија
  • 2011- : Наполи, Италија

Репрезентативна кариера[уреди]

Пандев го направил своето деби за националната репрезентација на Македонија на 21 август 2002 во натпреварот Македонија- Малта 5-0, во кој тој постигнал гол. Со оглед на тоа што е технички најнадарен играч во нашата репрезентација, тој станал капитен и неприкосновен лидер, а со 26 постигнати голови е и најдобриот стрелец во историјата на Македонската селекција.

На 12 август 2009 тој постигнал два гола во првото полувреме на пријателскиот натпревар против тогашниот европски шампиони Шпанија во кој Македонија водела со 2-0, но во второто полувреме Шпанците успеале да постигнат три гола за да го свртат резултатот во своја полза и да победат со 3-2.[28] За време на периодот во кој претседателот Лотито го изостави надвор од тимот на Лацио, тој одиграл четири натпревари за националниот тим и постигнал седум гола (два гола против Шпанија, Канада и Катар и еден гол против Иран).

Репрезентативни голови[уреди]

датум место противник резултат голови натпреварување
21 август, 2002 Скопје, Република Македонија  Малта 5-0 5" Пријателски натпревар
20 август, 2003 Прилеп, Република Македонија  Албанија [29] 3-1 36" Пријателски натпревар
18 февруари, 2004 Скопје, Република Македонија  Босна и Херцеговина [30] 1-0 22" Пријателски натпревар
11 јуни, 2004 Талин, Естонија  Естонија [31] 4-2 31" Пријателски натпревар
18 август, 2004 Скопје, Република Македонија  Ерменија [32] 3-0 5" Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006
9 октомври, 2004 Скопје, Република Македонија  Холандија [33] 2-2 45" Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006
4 јуни, 2005 Ерменија  Ерменија [34] 2-1 29", 46" Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006
8 јуни, 2005 Теплице,Чешка  Чешка [35] 1-6 pen 14" Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006
11 октомври, 2006 Андора Ла Велја, Андора  Андора 3-0 13" Квалификации за Европско првенство во фудбал 2008
17 октомври, 2007 Скопје, Република Македонија  Андора 3-0 59" Квалификации за Европско првенство во фудбал 2008
20 август, 2008 Луксембург  Луксембург 4-1 6", 45" Пријателски натпревар
10 септември, 2008 Скопје, Република Македонија  Холандија 1-2 77" (пен.) Квалификации за Светско првенство во фудбал 2010
11 февруари, 2009 Анталија, Турција  Молдавија 1-1 53" Пријателски натпревар
12 август, 2009 Скопје, Република Македонија  Шпанија 2-3 8", 36" Пријателски натпревар
11 октомври 2009 Скопје, Република Македонија  Катар [36] 2–1 25", 40" Пријателски натпревар
14 ноември 2009 Струмица, Република Македонија  Канада 3–0 59", 90" Пријателски натпревар
18 ноември 2009 Техеран, Иран  Иран 1–1 48" Пријателски натпревар
3 март 2010 Скопје, Република Македонија  Црна Гора 2–1 31" Пријателски натпревар

Титули[уреди]

Италија Лацио[уреди]

Италија Интер[уреди]

Италија Наполи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Интервју со Горан Пандев - Синот Филипо е мојот најголем трофеј“, Дневник, 31 декември 2010.
  2. „Пандев - најдобар македонски спортист за 2010 година“, Нова Македонија, бр. 22173, понеделник, 3 јануари 2011.
  3. Belasica Official Site“, FK Belasica (конс. 27 јуни 2009).
  4. 4,0 4,1 Oliver Pickup. „Goran Pandev profile: 10 things you need to know about the Tottenham target“, Daily Mirror, 19 мај 2009 (конс. 27 јуни 2009).
  5. Hard to forget your first love, Pandev tied to Inter“, Macedonia Online, 8 април 2009 (конс. 27 јуни 2009).
  6. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=26837
  7. „Лацио го освои Купот на Италија, Пандев прв стрелец“, TIME.mk, 13 мај 2009.
  8. http://www.time.mk/story_d1751f31bf_article_d438dc9b5f.html
  9. http://www.goal.com/en/news/11/transfer-zone/2009/07/07/1368029/lazio-star-goran-pandev-nearing-zenit-switch-report
  10. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/fudbal/goran-pandev-go-dobi-sudskiot-spor-so-lacio
  11. Goran Pandev signs a contract with Inter until 30 June 2014 - Report“.
  12. http://www.a1.com.mk/vesti/ispisi.asp?VestID=119060
  13. „Интер ја освои титулата првак на Италија“, Daily Macedonia, 16 мај, 2010.
  14. „Интер победник во Купот на Италија“, Сител, 6 мај 2010.
  15. „Интер се новите шампиони на Европа“, Сител, 23 мај 2010.
  16. „Горан Пандев стана третиот македонец кој ја освои светската клупска титула“, Канал 5, 18 декември 2010.
  17. „Пандев трета година по ред победник во Купот“, Австралиско-македонски неделник, бр. 1176, 31 мај 2011.
  18. „Горан Пандев во новата сезона ќе го носи дресот на Наполи“,Мак Фудбал, сабота, 27 август 2011.
  19. „Наполи победи, Пандев промаши празен гол“, Дневник, 10.9.2011.
  20. http://soccernet.espn.go.com/report?id=327100&cc=5901
  21. http://www.goal.com/en-gb/match/63849/napoli-vs-genoa/report
  22. Лацио 3-1 Наполи
  23. Filip Zdraveski. „Goran Pandev: My most beautiful Coppa Italia“, MacedonianFootball.com, 20 мај 2012 (конс. 21 мај 2012).
  24. Http://football-italia.net/19652/napoli-sign-pandev-inter
  25. http://football-italia.net/19654/pandev-cut- плати-придружат-Наполи
  26. Јувентус - Наполи 4-2 a.e.t.
  27. Наполи ја победи Парма со 3-1
  28. „Фудбал, Пријателска: Македонија-Шпанија 2-3“. la Repubblica.it. 12 август 2009. http://sport.repubblica.it/news/sport/calcio-amichevole-macedonia-spagna-2-3%3Cbr-%3E/3706019. 
  29. FYR Macedonia 3-1 Albania ESPNsoccernet, Wednesday, August 20, 2003
  30. FYR Macedonia 1-0 Bosnia Herzegovina ESPNsoccernet, Wednesday, February 18, 2004
  31. Estonia 2-4 FYR Macedonia ESPNsoccernet, Friday, June 11, 2004
  32. FYR Macedonia 3-0 Armenia ESPNsoccernet, Wednesday, August 18, 2004
  33. FYR Macedonia 2-2 Netherlands ESPNsoccernet, Saturday, October 9, 2004
  34. Armenia 1-2 FYR Macedonia ESPNsoccernet, Saturday, June 4, 2005
  35. Czech Republic 6-1 FYR Macedonia ESPNsoccernet, Wednesday, June 8, 2005
  36. Filip Zdraveski. „MKD - QAT match report“, Macedonian Football, 11 октомври 2009 (конс. 11 октомври 2009).