Единсон Кавани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Уругвај Единсон Кавани
Edinson Cavani URU.jpg
Лични податоци
Роден на 22 мај 1987 (1987-05-22) (воз. 30 г.)
Роден во Салто, Уругвај
Висина &100000000000001840000001,84 м
Клупски податоци
Сегашен клуб Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Број 9
Младинска кариера
Bianco con diagonale Nero.png Данубио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2007 Bianco con diagonale Nero.png Данубио 25 (9)
2007-2010 Палермо Палермо 109 (34)
2010–2013 Наполи Наполи 104 (78)
2013– Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 138 (95)
Репрезентација
2008- Уругвај Уругвај 90 (38)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Единсон Роберто Кавани Гомез[1](роден на 14 февруари, 1987 година) е уругвајски фудбалер кој игра на позицијата напаѓач за Париз Сен Жермен и репрезентацијата на Уругвај. Како многу плоден стрелец, Кавани е добро познат по својата импресивна способност за постигнување голови и неговата неуморна работа на теренот. Во 2012 година, Кавани бил поставен на 10-тото место на листата на The Guardian за 100-те најдобри фудбалери во светот.[2]

Кавани ја започнал својата кариера играјќи за Данубио во Монтевидео, каде што тој играл две години, пред да се пресели во италијанската клуб Палермо во 2007 година. Тој поминал четири сезони во клубот, постигнувајќи 34 гола во 109 лигашки натпревари. Во 2010 година, Кавани потпиша за Наполи, кој го довел во својте редови на првичен заем пред да го откупат неговиот договор за вкупен надомест од 17.000.000 €. Во сезоната 2011-12, тој го освоил својот прв трофеј со клубот, Купот на Италија, во кој тој бил најдобар стрелец со 5 гола. Кавани постигнал по 33 гола во својте две први сезони со Наполи во сите натпреварувања, а во третата го подобрил својот скор за уште четири гола завршувајќи со 37.

Кавани е репрезентативец на Уругвај, а своето деби го направил во натпреварот против Колумбија на 6 февруари 2008 година. Тој оттогаш учествувал на два големи турнири, на Светското првенство 2010 и Копа Америка 2011. Тој постигнал еден гол на на Светско првенство 2010, за да му помогне на Уругвај да дојде до четвртото место на турнирот. Тој потоа победил на Копа Америка 2011 со Уругвај, што била рекордна 15 титула на Копа Америка за Уругвај.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Данубио[уреди | уреди извор]

Кавани се преселил во Монтевидео на возраст од 12 години како би настапувал за Данубио. Во 2006 дебитирал за Данубио и во првиот дел од сезоната т.н. Апертура постигнал девет голови и бил избран за во најдобриот тим на Апертура.

Палермо[уреди | уреди извор]

После неколку брилијантни натпревари на Јужноамериканскиот куп за млади играчи до 20 години, неколку големи клубови покажале интерес за Кавани како што се Јувентус и Милан, но тој сепак се одлучил да потпише за друг клуб од Италија Палермо на 29 јануари 2007. Трансферот бил потвреден два дена подоцна, кога била објавена и сумата што изнесувала нешто помалку од 4.500.000 .

Земајќи го дресот со број 7, Кавани дебитирал за клубот од Сицилија на 11 март против Фјорентина. Во тој натпревар влегол од клупата за резерви и го постигнал изедначувачкиот погодок. По заминувањето на Амаури во Јувентус, Кавани си го осигурал местото во стартната постава како партнер на Фабрицио Миколи и постигнал 14 првенствени голови во сезоната 2008-09. Во 2010 година Кавани го напуштил Палермо.

Наполи[уреди | уреди извор]

Во јуни 2010 година Кавани дошол во екипата на Наполи. Во текот на летото тој постигнал два гола против Елфсборг и му помогнал на клубот да помине во следната фаза на Лига Европа. Од тогаш почнала една одлична сезона на Наполи во Серија А. Во своето лигашко деби против Бари, Кавани истотака постигнал гол. По одличната сезона, благодарејќи најмногу на Кавани, Наполи се пласира во Лигата на шампионите. Кавани го постигнал својот прв гол во ова натпреварување против Манчестер Сити. Четири дена подоцна Кавани постигнал хет-трик во победата над Милан со 3-1. Во сезоната 2012-13, Кавани бил најдобар стрелец во Серија А со постигнати 28 гола. Истата сезона тој го предводел својот тим до второто место во италијанскиот шампионат.

Париз Сен-Жермен[уреди | уреди извор]

Кавани се подготвува да изведе слободен удар во натпревар од Лигата на шампионите 2014

На 16 јули 2013, Кавани му се приклучил на францускиот шампион Париз Сен Жермен потпишувајќи петгодишен договор,[3] за сума која се верува дека изнесува околу 64.5 милиони евра,[4] што го прави шести најскап играч во историјата на фудбалот. Со овој трансфер Кавани станал најскапиот фудбалер во француското првенство, надминувајќи го трансферот од 60 милиони евра на Радамел Фалкао во Монако претходно во летото.[5]

Кавани првиот настап за ПСЖ го забележал на 9 август 2013, влегувајќи од клупата во 72. минута од лигашкиот натпревар против Монпелје.[6] На следниот натпревар кој се одиграл на 18 август, Кавани бил дел од стартниот тим на Монако и го постигнал својот прв гол за клубот, во победата од 4–1 против Ајачио.[7]

Тој го постигнал првиот гол во Лигата на шампионите за клубот уште во првиот натпревар од групната фаза против Олимпијакос на 17 септември.[8] Тој ја завршил групната фаза со четири голови на пет натпревари.[8]

На 22 јануари 2014, Кавани го постигнал 20. гол во сезоната во поразот на ПСЖ во Купот на Франција од Монпелје.[9] На 2 март, откако бил надвор од терените еден месец поради повреда на бутот, Кавани постигнал гол во победата од 2–0 против најголемиот ривал Олимпик Марсеј на Паркот на принцовите.[10]

На 19 април 2014, Кавани бил стрелец на двата гола во победата над Олимпик Лион од 2–1 во финалето на Лига купот на Франција.[11] Тој ја завршил првата сезона со постигнати 25 голови на 43 натпревари во сите конкуренции, вклучувајќи 16 голови на 30 натпревари во француското првенство.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Кавани во дресот на Уругвај

Во јануари 2007, Кавани добил повик во фудбалската репрезентација на Уругвај до 20 години за јужноамериканското младинско првенство во Парагвај. Кавани го завршил првенството како најдобар стрелец со постигнати седум голови во девет натпревари, и му помогнал на Уругвај да го освои третото место.

На 6 февруари 2008, Кавани го одиграл својот прв натпревар за националниот тим на Уругвај, и постигнал гол во ремито 2–2 против Колумбија. На 10 јули 2010, тој постигнал гол во натпреварот за третото место на Светското првенство 2010 против Германија и го израмнил резултатот на 1–1, натпревар кој завршил 3–2 во полза на Германија.[12] На 8 октомври 2010, тој го постигнал својот прв хет-трик во дресот на Уругвај во пријателскиот натпревар против Индонезија.[13]

Кавани бил дел од уругвајскиот тим за Копа Америка 2011 во Аргентина. Тој бил дел од стартниот тим на Уругвај во првите два натпревари од групната фаза, но на вториот натпревар против Чиле заработил повреда на коленото која го оддалечила од првенството се до финалето. Во финалето, тој го заменил Алавро Переира во 63. минута од натпреварот, а Уругвај го победил Парагвај со 3–0 и стигнал до титулата по рекорден 15. пат.[14]

На Купот на конфедерации 2013, Кавани бил стрелец на израмнувачкиот гол во полуфиналето против домаќинот Бразил, кој на крајот победил со 2–1.[15] Во натпреварот за третото место, Кавани два пати го израмнувал резултатот против Италија, носејќи го натпреварот во изведување пенали. Иако Кавани го постигнал својот удар од пенал, Уругвај на крајот бил поразен во пенал рулетот.[16]

На 13 ноември 2013, Кавани бил стрелец на последниот гол за Уругвај во победата од 5–0 против Јордан во плеј-офот за Светското првенство 2014.[17] Во првиот натпревар на Светското првенство во Бразил, Кавани од пенал го постигнал водечкиот гол против Костарика, натпревар кој Уругвај на крајот го загубил со 3–1.[18]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Кавани е роден во Салто, вториот најголен град во Уругвај, на 14 февруари 1987. Неговиот постар брат Валтер Гуглимоне е напаѓач[19] а исто така и неговиот помлад брат, Кристијан е фудбалер.[20] Кавани бил оженет за Марија Соледад Кабрис со која има два сина, Баутиста (роден на 22 март 2011) и Лукас (роден на 8 март 2013)[21] Тој е побожен евангелистички христијанин.[22] Додека бил дете, негов идол бил арегентинскиот напаѓач Габриел Батистута.[23] Во 2014, Кавани објавил дека тој и неговата сопруга ке се разведат.[24]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Единсон Роберто Кавани Гомез“. http://www.sscnapoli.it/client/render.aspx?content=1&root=3459. конс. 14 февруари 2013 г. 
  2. The 100 best footballers in the world – interactive“, 20 декември 2012 (конс. 14 февруари 2013 г).
  3. EDINSON CAVANI SIGNS 5 YEAR DEAL WITH PARIS SAINT-GERMAIN“, Paris Saint-Germain, 16 јули 2013 (конс. 16 јули 2013 г).
  4. Paris Saint-Germain seal Cavani signing“, Goal.com, 16 јули 2013 (конс. 16 јули 2013 г).
  5. „Cavani joins PSG in record French transfer“. FIFA. 16 јули 2013. http://www.fifa.com/worldfootball/clubfootball/news/newsid=2137104.html. конс. 16 јули 2013 г. 
  6. „Cavani debuts as PSG held“. ESPN. 8 август 2013. http://espnfc.com/us/en/report/369581/report.html?soccernet=true&cc=5901. конс. 18 август 2013 г. 
  7. „Cavani nets late leveller“. ESPN. 18 август 2013. http://espnfc.com/us/en/report/369562/report.html?soccernet=true&cc=5901. конс. 18 август 2013 г. 
  8. 8,0 8,1 Edison Cavani“, „UEFA“ (конс. 20 април 2014 г).
  9. PSG falls to Montpellier, crashes out of French Cup“, „Sports Illustrated“, 22 јануари 2014 (конс. 20 април 2014 г).
  10. Paris St-Germain“, „BBC“, 2 март 2014 (конс. 20 април 2014 г).
  11. „Paris St-Germain beat Lyon in French League Cup final“. BBC Sport. http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/27091829. 
  12. „Uruguay 2 – 3 Germany“. ESPN Soccernet. 10 јули 2010. http://soccernet.espn.go.com/gamecast?id=264122&cc=5739&ver=global. конс. 30 септември 2010 г. 
  13. „Uruguay 7 Indonesia 1“. Goal.com. 8 октомври 2010. http://www.goal.com/en/match/52583/indonesia-vs-uruguay/report?. конс. 18 јуни 2013 г. 
  14. Copa América 2011: Uruguay v Paraguay - as it happened“, „The Guardian“, 24 јули 2011 (конс. 16 јуни 2014 г).
  15. Paulinho header edges Brazil past Uruguay into Confederations Cup final“, „The Guardian“, 27 јуни 2013 (конс. 16 јуни 2014 г).
  16. Buffon stars as Italy win shootout & bronze“, FIFA, 30 јуни 2014 (конс. 16 јуни 2014 г).
  17. FIFA World Cup Play-Off: Jordan 0 Uruguay 5“, Four Four Two, 13 ноември 2013 (конс. 31 мај 2014 г).
  18. Costa Rica 3-1 Uruguay“, „BBC Sport“, 14 јуни 2014 (конс. 15 јуни 2014 г).
  19. „Amauri mi considera suo erede“ (на italian). La Gazzetta dello Sport. 28 јануари 2009. http://archiviostorico.gazzetta.it/2009/gennaio/28/Amauri_considera_suo_erede__ga_10_090128026.shtml. конс. 9 октомври 2009 г. 
  20. „Christian Cavani in prova al Benevento“ (на italian). Tutto Napoli. 24 јануари 2012. http://www.tuttonapoli.net/?action=read&idnotizia=80799. конс. 24 јануари 2012 г. 
  21. „Mugging could push Cavani towards Chelsea“. GiveMeFootball. 26 јули 2012. http://www.givemefootball.com/premier-league/mugging-could-push-cavani-towards-chelsea?state=00cae4ebd79540569b31a9952e36dbe0. 
  22. Chelsea beware – Edinson Cavani has faith in Napoli's success“, The Guardian's The Sport Blog, 20 февруари 2012 (конс. 11 јануари 2013 г).
  23. „Cavani the Master of his own Destiny“. Back Page Football. 17 февруари 2012. http://backpagefootball.com/edinson-cavani-the-master-of-his-own-destiny/33437/. 
  24. „Cavani confirms divorce“. Football Italia. 11 мај 2014. http://www.football-italia.net/34068/cavani-confirms-divorce.