Прејди на содржината

Порт Елизабет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Порт Елизабет

Порт Елизабет (африканс: Port Elizabeth; коса: Ibhayi) — град во Јужноафриканската Република, сместен во провинцијата Источен Кејп, на 33°58′Ј, 25°36′И . Градот се наоѓа на брегот Алгоа и е еден од главните пристаништа во ЈАР.

Порт Елизабет е местото каде се наоѓа познатиот и успешен ниверзитет „Нелсон Мандела“, основан во 2005 година.

Од 1998, Порт Елизабет бил во пријателство со шведскиот град Гетеборг, притоа развивајќи заеднички полиња на интерес како менаџмент на цврст отпад, јавни библиотеки, спорт и туризам.

Во 2000, Порт Елизабет постана шестиот сестрински град со Џексонвил од Флорида.

Од февруари 2021 година, името на Гкеберха, од името Хоса на населбата Валмер, е формализирано од јужноафриканската влада за да го назначи градот Порт Елизабета.

Историја

[уреди | уреди извор]

Порт Елизабет, често нарекуван само "ПЕ" или според својот прекар "пријателскиот град" или "ветровитиот град", бил основан во 1820 година од страна на Сер Руфан Донкин, гувернерот на ’Ртската Колонија. Тогаш градот бил населен со 4,000 британски колонисти. Новото пристаниште тие го именувале по жената на Донкин - Елизабет. Британците изградиле концентрационен логор на ова место за време на Втората бурска војна за да ги чуваат бурските жени и деца.