Источен Кејп
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Источен Кејп Oos-Kaap Mpuma-Koloni | |
|---|---|
| Површина | 169,580 км2 |
| Население | 6,436,761 |
| Јазици: | Ксхоза (83%) Африканс (9.6%) Англиски (3.7%) |
| Раси: | Црнци (87.6%) Обоени (7.4%) Кавкази (4.7%) Азијатци (0.3%) |
| Главен град: | Бишо |
| Најголем град: | Порт Елизабет |
| Премиер: | Носимо Балиндлела |
![]() | |
Источен Кејп е покраина во Јужноафриканската Република. Нејзин главен град е Бишо. Оваа покраина беше формирана во 1994 година, надвор од Транскеј и Цискеј, како и од источните делови на покраината Кејп. Источен Кејп е традиционалниот дом на Ксхозите и родното место на многу истакнати Јужноафриканци, како Нелсон Мендела и Табо Мбеки.
Географија
[уреди | уреди извор]Источниот Кејп постанува постепено повлажен од запад кон исток. Западот е главно претставен со полусувиот Кару, со исклучок на крајниот југ во кој се наоѓа дождовната шума во регионот Цицикама. Брегот е повеќе нерамен со големи плажи. Поголем дел од покраината е ридест до многу планинест помеѓу Граф-Рејнет и Родс, вклучувајќи го тука и Снојберге („Снежни Планини“ на африканс), Стормберге, Винтерберге и Змејските Планини (Дракенсберг). Највисоката точка на покраината е врвот Бен Мекдуи, висок 3001 метар. Источно од Ист Лондон, кон покраината Натал, се наоѓаат тревести површини.
