Радамел Фалкао

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Радамел Фалкао
Radamel Falcao 2013-06-06 001.jpg
Фалкао за Пума во 2013
Лични податоци
Полно име Радамел Фалкао Гарсиа Зарате[1]
Роден на 10 февруари 1986 (1986-02-10) (воз. 31 г.)
Роден во Санта Марта, Колумбија
Висина &100000000000001770000001,77 м[2]
Клупски податоци
Сегашен клуб Монако
Број 9
Младинска кариера
1999–2001 Ланцерос Бојака
2001–2005 Ривер Плата
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2001 Ланцерос Бојака 8 (1)
2005–2009 Ривер Плата 90 (34)
2009–2011 Порто 51 (41)
2011–2013 Атлетико Мадрид 68 (52)
2013– Монако 44 (29)
2014–2015 Манчестер Јунајтед (позајмица) 26 (4)
2015–2016 Челзи (позајмица) 10 (1)
Репрезентација
2001–2005 Колумбија U17 4 (1)
2005–2007 Колумбија 20 3 (2)
2007– Колумбија 64 (25)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 April 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 15 November 2016

Радамел Фалкао Гарсија Зарате (шпански изговор: [raðaˈmel falˈkao]; роден на 10 дебруари 1986 година, познат како Радамел Фалкао, или едноставно Фалкао, е професионален колумбиски фудбалер кој настапува како напаѓач за францускиот клуб Монако, и како капитен на фудбалската репрезентација на Колумбија. Неговиот прекар понекогаш е "El Tigre" Тигар или "Кралот на Уефа Лига Европа".[3][4]

Фалкао ја започна својата кариера во Ланцерос Бојака, пред да се пресели во арегнтинскиот Ривер Плата каде што ја освои аргентинската лига во сезоната 2007–08. Во 2009 година, тој се приклучи на португалскиот Порто каде што тој освои неколку трофеи, вклучувајќи ја Европска лига и португалската Примеира, двете со Порто во сезоната 2010–11 година. Фалкао стана нивниот најдобар стрелец на сите времиња според листата на евиденцијата на Порто и статистиката најдобар стрелец во меѓународни натпревари и постави рекорд во Лига Европа, според евиденцијата и статистиките, постигнал најмногу голови во една сезона во Европските натпревари. Тој, исто така, стана првиот колумбиец кој ја добил Португалсксата Златна топка.[5] Во Август 2011 година, Фалкао направи трансфер во Атлетико Мадрид за рекордни клупски €40 милиони евра, водејќи го клубот до победа во Уефа Лига Европа и Уефа Супер Куп во 2012 година.Фалкао заврши како најдобар стрелец втора година по ред и стана единствениот играч кој освоил титули во низа во Лига Европа со два различни тимови.[6]

Во мај 2013 година, Фалкао беше промовиран како големо засилување на Монако за рекордна сума од € 60 милиони евра; но како и да е, повредата на лигаментите го одалечија неколку месеци од теренот.[7] Фалкао следната сезона ја помина како позајмен играч во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед и Челзи, но се мачеше да ја поврати неговата претходна стара форма.

Фалкао се врати во Монако во 2016 година откако Челзи ја отфрли опцијата да го откупи договорот на Фалкао од Монако. [8] само за да стане еден од најефикасните напаѓачи во Европа [9]. Со неговото враќање во Монако, тимот продолжи со успешните игри.

Фалкао го направи своето деби за Колумбија во 2007 година и оттогаш има над 60 настапи и постигнато 25 гола, што го прави нивниот најдобар стрелц на сите времиња. Тој ја претставуваше земјата во 2011 година на Копа Америка и на Копа Америка во 2015 година, но го пропушти ФИФА Светско Првенство 2014 година поради повреда.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Premier League Clubs submit Squad Lists“ (PDF), Premier League, 3 септември 2014, стр. 26.
  2. „Radamel Falcao“. Chelsea FC Official website. http://www.chelseafc.com/teams/first-team/radamel-falcao.html. конс. 28 август 2015 г. 
  3. MacAree, Graham. „On Radamel Falcao, King Of The Europa League“, Sbnation.com, 5 ноември 2012 (конс. 2 јануари 2013 г).
  4. „Magazine: Where next for Europa League king Radamel Falcao? | Radio talkSPORT“. Talksport.co.uk. http://www.talksport.co.uk/magazine/features/120510/where-next-europa-league-king-radamel-falcao-171739. конс. 2 јануари 2013 г. 
  5. http://www.atleticofans.com/11854/falcao-awarded-the-portuguese-golden-ball/
  6. Falcao shines again as Atletico rule Europa. FIFA.com. Retrieved 10 May 2012.
  7. „Leon Mead MD“. http://www.leonmeadmd.com/an_acl_injury_the_falcao_case/. конс. 1 септември 2014 г. 
  8. Radamel Falcao returns to Monaco after Chelsea decline purchase option“, „mid-day“. (на en)
  9. Monaco striker Radamel Falcao is Europe's most efficient scorer“, www.espnfc.com, 20 април 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]