Хуан Квадрадо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хуан Квадрадо
FWC 2018 - Round of 16 - COL v ENG - Photo 100 (cropped).jpg
Лични податоци
Полно име Хуан Гилермо Квадрадо Бело[1]
Роден на 26 мај 1988 (1988-05-26) (31 г.)[1]
Роден во Некокли, Колумбија
Држава  Колумбија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 16
Агент Италија Алесандро Лучи
Младинска кариера
Индепендиенте Меделин Инд. Меделјин
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2009 Индепендиенте Меделин Инд. Меделјин 30 (2)
2009-2011 Удинезе Удинезе 20 (0)
2011-2012Лече Лече 35 (17)
2012-2015 Фјорентина Фјорентина 85 (20)
2015 Челси Челси 13 (0)
2015- Јувентус Јувентус 91 (11)
Репрезентација
2010-  Колумбија 78 (8)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Хуан Гилермо Квадрадо Бело (роден на 26 мај 1988, во Некокли) е колумбиски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на колумбиската репрезентација.

Има прекар Веспа заради својата брзина.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Квадрадо е роден во Некокли како син на Марсела Бело Квадрадо и Гилермо Квадрадо,[3] возач на камион. Тој израснал во Тумако. Неговиот татко бил застрелан кога имал 5 години.[4] Во едно интервју неговата мајка изјавила дека Квадрадо морал да биде совршен ученик за да може да игра фудбал.[3] Тој е побожен христијанин.[5]

Во 2016 Квадрадо се оженил со италијанката Мелиса Ботеро со која имаат едно дете, ќерката Лусија.[6]

За време на сезоната 2017-2018, Квадрадо се појавува во документарната серија на Netflix наречена First team: Juventus. Во еден од деловите тој открива детали од својот живот пред фудбалот, сиромаштијата и тешкото детство, изјавувајќи: Денес сите ме знаете како фудбалерот Квадрадо, но малкумина го познаваа малото сиромашно момче Квадрадо од Некокли.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Тој може да игра на сите позиции по десната страна како десен бек, крило во линија со 4 или 5 играчи, а може да игра и како офанзивно крило во напад со 3, каде што, исто така, може да биде користен и на левата страна. Неговите најдобри карактеристики се неговата брзина, дриблинг и продор, благодарение на кои тој е незапирлив кога има простор во отворено поле. Тој, исто така стекнал и добар удар со двете нозе во текот на последните години од неговата кариера, што му овозможило почесто да постигнува голови отколку на почетокот на кариерата. Обожава ситуации еден на еден со противниците каде може да го прикаже одличниот дриблинг кој го поседува.[7]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Индепендиенте Меделјин[уреди | уреди извор]

Играјќи на десната страна во одбраната, тој ги направил првите фудбалски чекори во малку познатата екипа Атлетико Ураба, пред да биде ангажиран од страна на Индепендиенте Меделјин во 2007. Во првите месеци од 2008 е повикан во првиот тим, каде собира 21 настап и 2 гола.

Удинезе[уреди | уреди извор]

Во почетокот на јуни, претседателот на Индепендиенте Меделјин го потврдил интересот на Удинезе за ангажман на играчот.[8] и всушност на 3 јули 2009 тој пристигнал во Удинезе, потпишувајќи постојан петогодишен договор[9][10] и дебитирал во Серија А на 1 ноември.

Лече[уреди | уреди извор]

На 3 август 2011, Квадрадо заминал на заем во Лече.[11] Својот прв гол за Лече, и прв во Серија А, го постигнал на 6 ноември 2011 година, со соло акција на Мануци против Чезена, во натпревар кој Лече го добил со 1-0 благодарение на неговиот погодок.[12]. По завршувањето на сезоната Лече не успеал да избори опстанок и испаднал во Серија Б, па Квадрадо се вратил во Удинезе. Истата година тој исто така ја освоил наградата за играч кој направил највеќе дриблинзи во Серија А.

Фјорентина[уреди | уреди извор]

На 23 јули 2012, бил купен од страна на Фјорентина[13] на заем од 1 милион евра со право на откуп на половината од договорот за 5 милиони евра.[14][15] Тој го направил своето деби во виолетовиот дрес на 18 август во натпреварот од Купот на Италија Фјорентина- Новара 2-0, влегувајќи од клупата за резерви, на местото на Мануел Пасквал во 58-мата минута.[16] На 4 ноември го постигнал својот прв гол за Виола, во 11-тото коло од шампионатот, победата со 4-1 на домашен терен над Калјари.[17] До крајот на сезоната, постигнал уште 4 гола (сите во првенството), во победите над Џенова (3-2), Торино (4-3) и Сампдорија (0-3), како и во поразот со 2-1 од Калјари. Својата деби сезона во дресот на Фјорентина ја завршил со 36 настапи во Серија А и 4 во Купот на Италија. Исто така бил избран во идеалниот тим на Серија А сезоната 2012-2013.

На 17 јуни 2013, Фјорентина ја искористила опцијата за откуп на половина од договорот, со што тој станал играч во ко-сопственост помеѓу Фјоренитина и Удинезе.[18] Својата втора сезона во клубот, Квадрадо ја започнал со гол во првиот натпревар од плејофот на Лигата на Европа против Грасхопер, помагајќи му на својот тим да победи со 2-1 на гости. На 27 октомври 2013, за прв пат во својата кариера постигнал два гола на еден натпревар, во мечот Кјево-Фјорентина 1-2, со кој ја анулирал негативата на својот тим и со пресврт го донел до конечна победа.[19] Сезоната ја затворил со вкупно 43 настапи во сите натпреварувања (Серија А, Купот на Италија и Лигата на Европа), постигнувајќи 15 гола од кој 11 биле во лигата. По завршувањето на сезоната одново бил избран во идеалниот тим на првенството.

На 19 јуни 2014, Фјорентина целосно го откупила договорот на Квадрадо за 14,5 милиони евра.[20] Со тоа тој станал најскапиот трансфер на Фјорентина откако сопственик на клубот е Дела Вале, платен вкупно 21 милион (еден милиони евра за заем во првата година, 5,5 милиони евра за првата половина од договорот и 14,5 за конечната отплата).[21] На 18 септември, го постигнал својот прв гол во неговата трета сезона против Генгамп (во Лига Европа) во победата со 3-0.[22] На 24 октомври потпишал нов договор со виола во трајност до 30 јуни, 2019, со вметната клаузула за престанок од 35 милиони евра.[23] На 11 декември, во натпреварот Фјорентина-Динамо Минск 1-2 во Лигата на Европа, го направил 100-тиот настап во дресот на Фјорентина. Во својата последна сезона постигнал 6 гола на 23 натпревари, пред да го напушти клубот во февруари 2015, после две ипол години поминати на Артемио Франки.

Вкупно за Фјорентина одиграл 106 натпревари и постигнал 26 гола.

Челси[уреди | уреди извор]

Квадрадо во дресот на Челси.
Квадрадо (лево) слави со соиграчите од Челси по освојувањето на Лига купот 2014-2015.

На 2 февруари 2015 година, Квадрадо потпишал четири ипол годишен договор со Челси[24] за сума од 33 милиони евра плус позајмица на Мохамед Салах во Фјорентина.[25] По потпишувањето, Квадрадо изјавил: "Јас сум многу задоволен и благодарен за укажаната прилика. Ова е голем клуб и искрено тоа е како сон да станеш дел од семејството на Челзи и да знаеш дека менаџерот (Жозе Мурињо) верува во мене. Јас сум среќен".[24]

Пет дена по потпишувањето, Квадрадо го направил своето деби за Челси, влегувајќи на местото на Вилијан за последните десет минути од победата со 2-1 на гостувањето кај Астон Вила.[26] На 11 февруари го направил својот прв старт во својот прв настап на Стемфорд Бриџ, играјќи до 70-тата минута пред да биде заменет од страна на Сеск Фабрегас во победата со 1-0 над Евертон.[27] На 1 март го освоил својот прв трофеј со Челзи, после подбедата со 2-0 над Тотенхем во финалето на Лига купот; Квадрадо влегол во игра во 76-тата минута на местото на Вилијан.[28] Како одговор кон критиките упатени на адреса на менаџерот заради малата минутажа на Квадрадо, Мурињо во едно интервју изјавил: "Сите сметаат дека тој треба да игра во секое време или барем секој натпревар, но како и секој играч кој ќе се приклучи на нов клуб, тој треба време. Јас верувам дека тој ќе биде неверојатен во следната сезона".[29] На 3 мај, Квадрадо го направил својот трет старт за Челзи, во натпреварот против Кристал Палас, меѓутоа веќе на полувремето бил заменет со Џон Оби Микел; Челзи победил со 1-0 и математички ја заверил титулата во Премиер лигата.[30] Три недели подоцна, во последниот натпревар од сезоната против Сандерленд, тој заработил пенал по фаулот што врз него го извршил Џон О'Шеи, од кој Диего Коста го изедначил резултатот а потоа Челси победил со 3-1.[31]

Јувентус[уреди | уреди извор]

Квадрадо во дресот на Јувентус во 2017

На 25 август 2015 година, Квадрадо му се приклучил на Јувентус на заем до 30 јуни 2016.[32][33] На презентацијата го избрал дресот со број 16.[34] На 30 август, го направил своето деби за Јувентус, влегувајќи како замена во 72-та минута на местото на Симоне Падоин во поразот со 2-1 од Рома.[35] На 31 октомври го постигнал својот прв гол во новиот дрес во градското дерби против Торино и тоа за победа на неговиот тим со 2-1 во третата минута од судиско продолжение.[36] Својот втор гол за сезоната го постигнал на 13 декември, во победата на домашен терен над неговиот поранешен клуб Фјорентина со 3-1.[37] На 16 март го постигнал својот прв погодок во Лигата на шампионите на Алијанц Арена против Бајерн Минхен, во поразот по продолженија со 4-2 во осминафиналето.[38] На 25 април, Квадрадо со екипата на Јувентус го освојува италијанскиот шампионат, неговото прво лично скудето во кариерата.[39][40] На 21 мај му помогнал на својот Јувентус да го освои Купот на Италија, асистирајќи му на Алваро Мората за единствениот гол во финалето против Милан.

Во летото 2016 Квадрадо се вратил во Челси но побарал од клубот трансфер назад во Италија каде покрај Јувентус, кој сакал да го задржи се појавиле уште неколку заинтерсирани клубови меѓу кои Интер и Милан. Сепак, по долги преговори на 31 август во последниот ден од трансферниот прозорец Квадрадо се вратил во Јувентус со договор за тригодишен заем за 5 милиони евра по сезона, плус обврска за откуп на играчот за дополнителни 20 милиони евра. По враќањето во клубот Квадрадо го зел дресот со број 7. На 18 октомври, Квадрадо постигнал ретко видлив гол со удар од косо во победата со 1-0 на гостувањето кај Олимпик Лион во Лигата на шампионите.[41] На 5 февруари 2017, во првенството, колумбиецот го одлучил Дербито на Италија со уште еден прекрасен погодок со удар од далечина во победата со 1-0 на домашен терен против Интер.[42] Откако освоил нова домашна двојна круна со Јувентус во сезоната 2016-2017, на 22 мај тој бил откупен од страна на бјанконерите за 20 милиони евра.[43] Квадрадо играл и во финалето на Лигата на шампионите каде се појавил како замена на местото на Андреа Барцалји во второто полувреме, но неговиот настап завршил неславно, откако бил контроверзно исклучен по добивање на втор жолт картон за наводно згазнување врз ногата на Серхио Рамос (што не се случило) во 84-тата минута; Јувентус го загубил финалето со 1-4.[44][45][46]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Квадрадо против Бразил на Светското првенство 2014.

Откако потпишал за Удинезе, Квадрадо го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Колумбија, и започнал во стартниот состав на натпреварот против Венецуела одигран на 3 септември 2010 во Пуерто Ла Круз, притоа постигнувајќи го првиот гол во победата со 2-0.[47]

Квадрадо бил дел од колумбиската репрезентација која се пласирала во четврт-финалето на Копа Америка 2011 во Аргентина; правејќи го eдинствениот настап на турнирот во нивниот последен натпревар од групната фаза, победата со 2-0 победа над Боливија во Санта Фе, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Фреди Гуарин во 50-тата минута.[48]

Во мај 2014 бил избран во 23-члениот состав на Колумбија за Светското првенство 2014 во Бразил.[49] Во третиот натпревар од групата, победата со 4-1 над Јапонија, тој го постигнал првиот гол на натпреварот од пенал.[50] Тој го завршил натпреварувањето со 4 асистенции, колку што имал и Тони Крос од Германија со што тие двајца биле водечки играчи во оваа категорија.[51]

Квадрадо ги одиграл сите минути на патот на Колумбија до четвртфиналето на Копа Америка 2015 во Чиле, и постигнал гол во натпреварот против Аргентина кој неговата репрезентација го загубила на пенали.[52]

На 13 октомври 2015, бил исклучен на крајот од натпреварот на Колумбија против Уругвај во поразот со 3–0 во квалификациите за Светското првенство 2018, за удирање со лакт во лицето на Диего Ролан.[53]

Тој бил вклучен во составот на Колумбија за Копа Америка Сентенарио,[54] каде стигнале до третото место а Квадрадо играл во сите шест натпревари.

На Светското првенство 2018, Квадрадо ги одиграл сите 4 натпревари на неговата земја, а Колумбија била елиминирана во осминафиналето од Англија на пенали.[55] Тој постигнал еден гол на турнирот, последниот во победата со 3–0 над Полска во второто коло од групата Х.[55][56]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 16 август 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008 Колумбија Индепендиенте Меделјин КПА 21 2 - - - - - - - - - 21 2
2009 КПА 9 0 - - - КЛ 2 0 - - - 11 0
Вкупно Инд. Меделјин 30 2 2 0 32 2
2009-2010 Италија Удинезе А 11 0 КИ 1 0 - - - - - - 12 0
2010-2011 А 9 0 КИ 3 0 - - - - - - 12 0
Вкупно Удинезе 20 0 4 0 - - - - 24 0
2011-2012 Италија Лече А 33 3 КИ 0 0 - - - - - - 33 3
2012-2013 Италија Фјорентина А 36 5 КИ 4 0 - - - - - - 40 5
2013-2014 А 32 11 КИ 3 1 ЛЕ 8[57] 3[58] - - - 43 15
2014-јан. 2015 А 17 4 КИ 1 1 ЛЕ 5 1 - - - 23 6
Вкупно Фјорентина 85 20 8 2 13 4 - - 106 26
јан.-јун. 2015 Англија Челси ПЛ 12 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ 1 0 - - - 14 0
авг. 2015 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК - - ЛШ - - КШ 0 0 1 0
Вкупно Челси 13 0 1 0 1 0 0 0 15 0
авг. 2015-2016 Италија Јувентус A 28 4 КИ 4 0 ЛШ 8 1 СИ - - 40 5
2016-2017 А 30 2 КИ 3 0 ЛШ 12 1 СИ 0 0 45 3
2017-2018 А 21 4 КИ 1 0 ЛШ 6 1 СИ 1 0 29 5
2018-2019 А 11 1 КИ 0 0 ЛШ 5 0 СИ 0 0 16 1
Вкупно Јувентус 90 11 8 0 31 3 1 0 130 14
Вкупно во кариерата 271 36 21 2 47 7 1 0 340 45

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Челси[1][уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[1][уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Juan Guillermo Cuadrado Bello“. Soccerway. Global Sports Media. конс. 3 August 2011. 
  2. Cuadrado e la Vespa: "Il soprannome me l'ha dato Toni" violachannel.tv
  3. 3,0 3,1 Borgi, Stefano. „MAMMA CUADRADO A FV, VI RACCONTO MIO FIGLIO JUAN...“, „firenzeviola.it“, 4 април 2013 (посет. 10 јули 2014 г). (на Italian)
  4. McCafferty, Hugo (1 јули 2014 г). Juan Cuadrado: Colombia’s World Cup revelation. „Swide Magazine“. http://www.swide.com/sport-man/who-is-juan-cuadrado-biography-of-the-colombian-football-player/2014/07/01. посет. 10 јули 2014 г. 
  5. Baines, Ollie (6 June 2018). „5 Christian footballers to keep your eye on at the World Cup this summer“. X the Line. конс. 14 December 2018. 
  6. Juan Cuadrado Biography playerswiki.com
  7. Juan "Splinter" Cuadrado: scheda tecnica e video brividosportivo.it
  8. Udinese, interesse per Cuadrado“.
  9. Juan Guillermo Cuadrado in bianconero, udinese.it
  10. Cuadrado: "Udine è l'occasione della mia vita"“.
  11. Definita l'acquisizione di Obodo e Cuadrado“, uslecce.it.
  12. agi.it (уред.). „Cesena lecce 0-1, Gol di cuadrado“.  Unknown parameter |accesso= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  13. LA FIORENTINA UFFICIALIZZA CUADRADO violachannel.tv
  14. Pedullà: Cuadrado in prestito oneroso (1 Mln) e riscatto della metà a 5 Mln fiorentina.it
  15. Mercato Cuadrado: piccolo giallo sul trasferimento...tutto risolto fiorentina.it
  16. Coppa Italia / Fiorentina- Novara violachannel.tv
  17. legaseriea.it (уред.). „Fiorentina 4-1 Cagliari“. конс. 18 maggio 2014.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  18. Esercitato il riscatto per Cuadrado violachannel.tv
  19. Legaseriea.it (уред.). „ChievoVerona 1-2 Fiorentina“. конс. 28 ottobre 2013.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  20. Cuadrado: 14,5 milioni all'Udinese e diritto di prelazione su.. Babacar fiorentina.it
  21. fiorentina.it. „Mercato Fiorentina: Cuadrado tutto viola, finalmente si...“. 
  22. „Fiorentina-Guingamp 3-0: Vargas, Cuadrado e Bernardeschi,“. 
  23. Rinnovo Cuadrado, ingaggio intorno ai 3 milioni di euro. Clausola fissata a 35 fiorentina.it
  24. 24,0 24,1 Cuadrado signs“, „Chelseafc.com“, 2 февруари 2015 (посет. 2 февруари 2015 г).
  25. Juan Cuadrado: Chelsea sign Fiorentina winger for £23.3m“, „BBC Sport“, 2 февруари 2015 (посет. 2 февруари 2015 г).
  26. Aston Villa 1–2 Chelsea“, „BBC Sport“, 7 февруари 2015 (посет. 7 февруари 2015 г).
  27. Chelsea 1–0 Everton“, „BBC Sport“, 11 февруари 2015 (посет. 11 февруари 2015 г).
  28. Chelsea 2-0 Tottenham“, „BBC Sport“, 1 март 2015 (посет. 2 март 2015 г).
  29. „Jose Mourinho on Juan Cuadrado: 'He'll have his time'. Mail Online. 
  30. Jacob Steinberg. „Chelsea crowned Premier League champions after Crystal Palace win – as it happened“. the Guardian. 
  31. Chelsea 3–1 Sunderland“, „BBC Sport“, 24 мај 2015 (посет. 24 мај 2015 г).
  32. Cuadrado in Juventus loan“, „Chelsea F.C.“, 25 август 2015 (посет. 25 август 2015 г).
  33. August 2015 Juan Cuadrado: Chelsea winger signs loan deal with Juventus“, „BBC Sport“, 25 август 2015.
  34. Juventus, ecco Cuadrado: "Qui per restare a lungo"
  35. S.r.l. „Calendario e Risultati | Stagione 2015-16 | 2^ Giornata | Lega Serie A“. конс. 2015-08-31.  Unknown parameter |name= ignored (помош); Unknown parameter |sito= ignored (помош)
  36. Guido Vaciago. „Juventus-Torino 2-1: Cuadrado decide il derby al 93'. конс. 4 febbraio 2016.  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош);
  37. „Juve-Fiorentina, Cuadrado: "Gol fortunato, volevo servire Mandzukic". конс. 4 febbraio 2016.  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош);
  38. „Calciomercato Juventus, la doppia 'beffa': Cuadrado e Morata, dall'azione-gol all'addio?“. 17 marzo 2016.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  39. Timothy Ormezzano (25 aprile 2016). „Dall'imbattibilità alla rimonta: una stagione da record“.  Unknown parameter |sito= ignored (помош);
  40. Alberto Mauro. „Juventus, uno scudetto thrilling: dalla crisi iniziale al record di vittorie“.  Unknown parameter |sito= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  41. Fabiana Della Valle (18 октомври 2016). „Champions, Lione-Juventus 0-1: decide Cuadrado, eroico Buffon“. 
  42. Alessandro Bocci (5 febbraio 2017). „Juventus-Inter 1-0: Cuadrado da fuori decide la battaglia“. 
  43. „Cuadrado, riscatto!“. 22 maggio 2017. 
  44. Andrew Das and Rory Smith (3 June 2017). „Champions League Final: Real Madrid Confirms Its Spot as World’s Best“. nytimes.com. конс. 3 June 2017. 
  45. Jonathan Wilson (3 June 2017). „Champions League final collapse suggests Juventus' issues run far deeper than mere fortune“. The Independent. конс. 15 July 2017. 
  46. „Cuadrado receives harsh red for alleged foul on Ramos“. As.com. 3 June 2017. конс. 15 July 2017. 
  47. Colombia derrotó 0-2 a Venezuela, en amistoso jugado en Puerto La Cruz“, „Fútbol Red“, 3 септември 2010 (посет. 13 април 2015 г). (на Spanish)
  48. Colombia 2-0 Bolivia: Radamel Falcao double sends Hernan Gomez's men into quarter-finals as Group A winners“, „Goal.com“, 10 јули 2011 (посет. 13 април 2015 г).
  49. Recovering Falcao left off Colombia's final 23-player World Cup roster“, „Fox Sports“, 2 јуни 2014 (посет. 26 јуни 2014 г).
  50. Japan 1-4 Colombia“, „BBC“, 24 јуни 2014 (посет. 26 јуни 2014 г).
  51. „Players - Top goals“. FIFA.com. конс. 14 July 2014. 
  52. Copa América quarter-final: Argentina beat Colombia 5-4 on penalties – as it happened“, „The Guardian“, 27 јуни 2015.
  53. Uruguay 3–0 Colombia: Godin on song as hosts stay perfect“, Goal.com, 14 октомври 2015 (посет. 14 октомври 2015 г).
  54. Doug McIntyre (2 June 2016). „Colombia 'can go far' at Copa America Centenario - Jose Pekerman“. ESPN FC. конс. 7 June 2016. 
  55. 55,0 55,1 FIFA.com. „2018 FIFA World Cup Russia™ - Players - Juan CUADRADO - Juan Cuadrado - FIFA.com“, „www.fifa.com“. (на en-GB)
  56. FIFA.com. „2018 FIFA World Cup Russia™ - Matches - Poland - Colombia - FIFA.com“. www.fifa.com (en-GB). конс. 11 July 2018. 
  57. 3 настапи во квалификациските рунди.
  58. 1 гол во квалификациските рунди.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]