Прејди на содржината

Серхио Рамос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Серхио Рамос
Лични податоци
Полно име Серхио Рамос Гарсија[1]
Роден на 30 март 1986(1986-03-30)(40 г.)
Роден во Камас, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Слободен играч Слободен играч
Младинска кариера
1996–2003 Севиља Севиља
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2004 Севиља Атлетико Севиља Атлетико 26 (2)
2004-2005 Севиља Севиља 39 (2)
2005-2021 Реал Мадрид Реал Мадрид 469 (72)
2021-2023 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 45 (4)
2023-2024 Севиља Севиља 28 (3)
2025 Монтереј Монтереј 27 (6)
Репрезентација
2002 Шпанија Шпанија 17 1 (0)
2004 Шпанија Шпанија 19 6 (0)
2004 Шпанија Шпанија 21 6 (0)
2005–2021 Шпанија Шпанија 180 (23)

Серхио Рамос (роден на 30 март 1986 , во Камас) — шпански фудбалер, играч од одбраната на Монтереј и поранешен репрезентативец на Шпанија. Со шпанската репрезентација, чиј е рекордер по бројот на настапи (180), бил Светски шампион во 2010 и Европски шампион во 2008 и 2012.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Рамос започнал да тренира фудбал во екипата на Севиља. Откако ги поминал сите млади селекции, го направил своето професионално деби со Б тимот на Севиља, во сезоната 2003-2004. За првиот тим дебитирал на 1 февруари 2004, во натпреварот од Примера Дивисион 2004-2005 против Депортиво ла Коруња; неговиот тим, тогаш бил поразен со 1-0, а тој во игра влегол како резерва во второто полувреме. Во следната сезона, тој одиграл 31 натпревар во првенството за Севиља и бил стрелец на два гола, против Реал Сосиедад (2-1) и Реал Мадрид (2-2).

Рамос со Реал Мадрид против Селта Виго во сезоната 2016-2017

Во текот на летото 2005 година, тогаш деветнаесетгодишниот Рамос преминал во Реал Мадрид за обесштетување од 27 милиони евра. Првиот гол во дресот на Реал, го постигнал на 6 декември 2005, против Олимпијакос, во поразот со 3-2 во групната фаза на Лигата на шампионите. Тој го носел дресот на Реал Мадрид во следните 16 години, забележувајќи 671 настап и постигнувајќи 101 гол, носејќи ја и капитенската лента на клубот по заминувањето на Икер Касиљас. Со Кралевите ги освоил сите можни трофеи вклучувајќи: пет титули во шпанското првенство (2006-2007, 2007-2008, 2011-2012, 2016-2017, 2019-2020), два Купа на Шпанија (2010-2011, 2013-2014), четири Суперкупа на Шпанија (2008, 2012, 2017, 2020), четири Лига на шампиони (2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018) три Суперкупа на УЕФА (2014, 2016, 2017) и четири Светски клупски првенства (2014, 2016, 2017, 2018). Со сите овие успеси, тој е третиот најуспешен играч во историјата на Реал Мадрид, зад Франциско Хенто и Марсело.

По истекот на неговиот договор со Реал Мадрид во летото 2021, на 8 јули, тој потпишал двегодишен договор со францускиот клуб Париз Сен Жермен.[2] Поради проблеми со повреди, своето деби во Лига 1 го направил дури во ноември 2021, во натпреварот против Сент Етјен.[3] Во двете години со Парижаните тој освоил три трофеи, две француски првенства (2021–2022 и 2022–2023) и Суперкупот на Франција 2022.

На 4 септември 2023, Рамос се вратил во Севиља после 18 години, потпишувајќи едногодишен договор.[4] Во декември 2023, со голот постигнат против Ланс во Лигата на шампионите, тој станал одбранбен играч со најмногу постигнати голови (17) во историјата на натпреварувањето, престигнувајќи ги Роберто Карлос и Жерар Пике.[5] Во текот на сезоната 2023-2024, тој одиграл 37 натпревари и постигнал 7 гола за Севиља, но по завршувањето на истата не му бил продолжен договорот.[6] Откако останал слободен играч во летото 2024, тој бил поврзуван со многу клубови, но не потпишал со ниту една екипа до крајот на годината.

На 6 февруари 2025, на 38-годишна возраст Рамос потпишал со мексиканската екипа, Монтереј.[7][8] На 18 јуни, тој го постигнал првиот гол во ремито 1–1 против Интер за време на Светското клупско првенство 2025, а бил прогласен и за играч на натпреварот.[9] Со тоа на возраст од 39 години и 80 дена, тој станал најстариот играч во историјата кој постигнал гол на Светското клупско првенство, соборувајќи го претходниот рекорд поставен од Хавиер Санети на изданието 2010 на возраст од 37 години.[9] Во декемвери 2025, тој го напуштил Монтереј по истекот на неговиот договор.[10]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

За шпанската репрезентација дебитирал на 26 март 2005 година, во пријателскиот натпревар против Кина (3-0) одигран во Саламанка. На своето деби имал само 18 години и 361 ден, со што станал најмладиот играч во историјата на шпанската репрезентација. Подоцна, тој негов рекорд бил соборен од Сеск Фабрегас. Првите два гола за репрезентацијата ги постигнал во натпреварот против Сан Марино во квалификациите за Светското првенство 2006 што завршил со резултат 6-0 за Ла Роха.

Рамос играјќи за Шпанија на Европското првенство 2012.

Откако се нашол на списокот со повикани играчи за Светското првенство 2006, тој одиграл три натпревари на Мундијалот кој за шпанците завршил со пораз во осминафиналето од Франција (1-3). На Европското првенство 2008, Рамос ги провел во игра сите 90 минути на секој натпревар, освен во натпреварот против Грција (2-1) во групната фаза. Шпанија го освоила првенството со победа над Германија (1-0) во финалето. Во текот на славењето кое било после натпреварот, Рамос ја носел маицата во чест на неговиот починат пријател и соиграч од Севиља, Антонио Пуерта.

Наредната година, со репрезентацијата го освоил и третото место на Купот на конфедерации 2009. На Светското првенство 2010, како и на Европското пред две години, тој бил стартер на сите натпревари на позицијата десен бек, а Шпанија го освоила ова првенство со победа над Холандија по продолженија (1-0) во финалето.

На Европското првенство 2012, тој добил нова улога играјќи во срцето на одбраната на Шпанија, позиција на која тој самиот рекол дека се чувствува удобно иако станал Светски и Европски шампион играјќи како десен бек.[11] Тој ги одиграл сите натпревари на првенството одржано во Полска и Украина, реализирајќи важен пенал во пресметката против Португалија во полуфиналето одлучена токму по изведување пенали.[12] Во финалето, Шпанија со убедливи 4-0 ја победила Италија и ја одбранила титулата од пред четири години, а Рамос се нашол во Тимот на првенството.[13]

Од 2015 година, Рамос станал капитен на репрезентацијата, наследувајќи го исто како и во Реал Мадрид, Икер Касиљас. На 7 јуни 2019, играјќи во победата со 4-1 против Фарски Острови во квалификациите за Европското првенство 2020, тој го забележал својот 122 настап за репрезентацијата, со што станал рекордер по бројот на настапи престигнувајќи го Касиљас.[14]

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 6 април 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2002-2003Шпанија Севиља АтлетикоСДБ10---------10
2003-2004СДБ25+5[15]2+0[15]---------302
Вкупно Севиља Атлетико26+52------312
2003-2004Шпанија СевиљаПД70КШ00КУ00---70
2004-2005ПД312КШ50КУ61---423
јул.-авг. 2005ПД10КШ00КУ00---10
авг. 2005-2006Шпанија Реал МадридПД334КШ61ЛШ71---466
2006-2007ПД335КШ30ЛШ61---426
2007-2008ПД335КШ30ЛШ70СШ21456
2008-2009ПД324КШ00ЛШ81СШ21426
2009-2010ПД334КШ00ЛШ70---404
2010-2011ПД313КШ71ЛШ80---464
2011-2012ПД343КШ40ЛШ111СШ20514
2012-2013ПД264КШ30ЛШ91СШ20405
2013-2014ПД324КШ80ЛШ113---517
2014-2015ПД274КШ21ЛШ80СУ+СШ+Скп1+2+20+0+2427
2015-2016ПД232КШ00ЛШ101---333
2016-2017ПД287КШ31ЛШ111СУ+Скп1+11+04410
2017-2018ПД264КШ10ЛШ111СУ+СШ+Скп1+2+10425
2018-2019ПД286КШ63ЛШ50СУ+Скп1+21+14211
2019-2020ПД3511КШ20ЛШ52СШ204413
2020-2021ПД152КШ00ЛШ52СШ10214
Вкупно Реал Мадрид469724871291525767171
2021-2022Франција Париз Сен ЖерменЛ1122КФ10ЛШ00СФ--132
2022-2023Л1332КФ31ЛШ80СФ11454
Вкупно Париз Сен Жермен454418011586
сеп. 2023-2024Шпанија СевиљаПД283КШ42ЛШ52СУ--377
Вкупно Севиља67592113--8710
фев.-јун. 2025Мексико МонтерејПД83---ККШ11КЛ+Скп0+4-0+1135
2025- јан. 2026ПД193------КЛ20213
Вкупно Монтереј276--1161348
Вкупно во кариерата63989611014919329881127
Рамос, како капитен на Реал Мадрид, го подига трофејот освоен во Суперкупот на УЕФА 2017 игран во Скопје.

Реал Мадрид

[уреди | уреди извор]
2006-2007, 2007-2008, 2011-2012, 2016-2017, 2019-2020
2010-2011, 2013-2014
2008, 2012, 2017, 2020
2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018
2014, 2016, 2017
2014, 2016, 2017, 2018
Фернандо Торес (лево), Хуан Мата (во средина) и Рамос (десно) слават со трофејот освоен на Европското првенство 2012.

Париз Сен Жермен

[уреди | уреди извор]
2021–2022, 2022-2023
2022

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
Шпанија У19
2004
Шпанија
2010
2008, 2012
  1. „FIFA World Cup South Africa 2010: List of players“ (PDF). FIFA. 4 June 2010. стр. 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 13 September 2013.
  2. „Sergio Ramos signs with Paris Saint-Germain“. psg.fr. 8 July 2021. Архивирано од изворникот 11 July 2021. Посетено на 8 July 2021.
  3. „Sergio Ramos coloca fim ao seu calvário e estreia pelo PSG“. Goal. 28 November 2021. Архивирано од изворникот 28 November 2021. Посетено на 28 November 2021.
  4. „Sergio Ramos returns to Sevilla FC after 18 years“. Sevilla FC (англиски). 4 September 2023. Архивирано од изворникот 4 September 2023. Посетено на 4 September 2023.
  5. „Sergio Ramos makes Champions League history in some style“. OneFootball. 12 December 2023.
  6. „Sergio Ramos no seguirá en el Sevilla“. Sevilla FC (шпански). 17 June 2024. Посетено на 17 June 2024.
  7. „WELCOME TO RAYADOS, SERGIO RAMOS!“ (англиски). Club de Fútbol Monterrey Rayados. 2025-02-06. Посетено на 2025-02-13.
  8. „Real Madrid legend Sergio Ramos signs for Liga MX's Monterrey“ (English). ESPN. 6 February 2025. Посетено на 6 February 2025.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. 1 2 „Ramos makes Club World Cup history“. tembah.net. 18 June 2025. Посетено на 22 June 2025.
  10. „Sergio Ramos confirms he will not renew with Liga MX's Monterrey“. ESPN. 9 December 2025.
  11. „Sergio Ramos: I have adapted to play as a centre-back for Spain“. Goal. 28 February 2012. Архивирано од изворникот 21 October 2020. Посетено на 1 June 2012.
  12. „Spain survive test of nerve to reach final“. UEFA. 27 June 2012. Архивирано од изворникот 28 September 2019. Посетено на 28 June 2012.
  13. „UEFA EURO 2016 – History“. UEFA (англиски). 23 May 2016. Архивирано од изворникот 3 March 2018. Посетено на 1 March 2019.
  14. „Sergio Ramos breaks international win record“. Football España. 7 June 2019. Архивирано од изворникот 7 June 2019. Посетено на 7 June 2019.
  15. 1 2 Регуларна сезона+Плејоф

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]