Пепе Реина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пепе Реина
Pepe Reina 2017.jpg
Пепе Реина во 2017 година
Лични податоци
Полно име Хозе Мануел Реина Паез[1]
Роден на 31 август 1982 (1982-08-31) (36 г.)
Роден во Мадрид, Шпанија
Висина 1.88 m[2]
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 25
Младинска кариера
ФК Мадрид
1988–1999 600px Catalano azulgrana.png Барселона
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999 600px Catalano azulgrana.png Барселона Ц 3 (0)
1999-2000 Барселона Б Барселона Б 41 (0)
2000-2002 Барселона Барселона 30 (0)
2002-2005 Вилјареал Вилјареал 109 (0)
2005-2014 Ливерпул Ливерпул 285 (0)
2013-2014Наполи Наполи (п) 30 (0)
2014-2015 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 3 (0)
2015-2018 Наполи Наполи 111 (0)
2018– Милан Милан 0 (0)
Репрезентација
1998–1999 Шпанија U16 9 (0)
1999 Шпанија U17 2 (0)
2000 Шпанија U18 2 (0)
2000–2003 Шпанија U21 20 (0)
2005– Шпанија 36 (0)
2000–2002 Каталонија 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 20 мај 2018.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 9 октомври 2017

Пепе Реина (роден на 31 август 1982 во Мадрид, Шпанија) — шпански професионален фудбалер кој настапува за ФК Милан на позиција голман.

Како син на познатиот голман на Барселона и Атлетико Мадрид, Мигел Реина, Пепе Реина ја започнал својата кариера со младинскиот тим во Барселона и го направил своето деби во Ла Лига во сезоната 2000-01. Тој потпишал за Виљареал во 2002 година, освојувајќи го Купот на Интертото на УЕФА двапати. Реина се преселил во ФК Ливерпул и го имал своето деби во УЕФА Суперкупот 2005, што го освоил Ливерпул. Тој веднаш станал прв голман во тимот. Во 2007, тој стигнал до финалето на Лигата на Шампионите со Ливерпул, но Ливерпул загубил од Милан.

После осум последователни сезони како голман на Ливерпул, Реина ја поминал сезоната 2013-14 на позајмица во ФК Наполи, каде што бил повторно со Рафаел Бенитез, тренерот со кој заедно бил и во Ливерпул во 2005 година. За време на неговиот наем во Неапол, Реина бил дел од тимот што го освоил купот на Италија во 2014 година. Во 2018 година потпишал за ФК Милан.

На меѓународно ниво, Реина играл за младинскиот тим на Шпанија, освојувајќи го Европскиот фудбалски шампионат под 17 години во 1999 година. Го имал своето деби во 2005 година, и генерално бил избран како втор голман зад Икер Касиљас. Тој бил дел од шпанската репрезентација за Светското првенство во 2006 година. Тој подоцна бил дел и од репреентацијата која го освоила Светското првенство во 2010 година и Европскиор шампионат во 2012 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup South Africa 2010: List of Players“ (PDF). Fédération Internationale de Football Association (FIFA). 4 јуни 2010. стр. 29. https://www.fifa.com/mm/document/tournament/competition/01/22/85/78/fwc_2010_squadlists.pdf. посет. 13 септември 2013 г. 
  2. „Josè ManuelReina“ (на it). http://www.sscnapoli.it/Team/Jose-Manuel-Reina. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]