Фернандо Љоренте

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шпанија Фернандо Љоренте
Sev tren 2016 (8).jpg
Лични податоци
Роден на 26 февруари 1985 (1985-02-26) (воз. 32 г.)
Роден во Памплона, Шпанија
Висина &100000000000001950000001,95 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 9
Младинска кариера
Фунес
Ривер Ебро
Атлетик Билбао Атлетик Билбао
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2004 Giallo e Nero (Strisce).png Басконија 33 (12)
2004-2005 600px Bilbao.png Билбао Атлетик 16 (4)
2005-2013 Атлетик Билбао Атлетик Билбао 265 (85)
2013-2015 Јувентус Јувентус 66 (23)
2015-2016 Севилја Севилја 23 (4)
2016- 2017 Свонзи Сити Свонзи Сити 33 (15)
2017- Тотенхем Тотенхем 0 (0)
Репрезентација
2003 Шпанија Шпанија 17 3 (2)
2005 Шпанија Шпанија 20 4 (5)
2005-2006 Шпанија Шпанија 21 9 (5)
2008- Шпанија Шпанија 24 (7)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Фернандо Хавиер Љоренте Торес (роден на 26 февруари 1985 година) е шпански професионалeн фудбалер, напаѓач на Тотенхем Хотспар. Неговиот прекар е El Rey León (превод на мак. Кралот Лав).[1]

Љоренте ја започнал својата кариера во Атлетик Билбао, клуб до кои го изодел својот пат низ разни младински категории, за да стане еден од најважните офанзивни играчи за клубот во следната деценија. Тој го направил своето деби за првиот тим во 2005 година. Љоренте постигнал 29 гола за клубот во сите натпреварувања во сезоната 2011-12, и бил наречен "Билбао легенда".[2]

Љоренте е шпански репрезентативец од крајот на 2008 година, помагајќи му на својот националниот тим да победи на Светското првенство 2010. Тој, исто така, бил во репрезентацијата која победила и на Евро 2012.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Физички силен напаѓач, со добра техника и моќен и прецизен удар со глава благодарение на неговата висина (195 см)[3][4]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

На возраст од 9 години Љоренте започнал да игра фудбал во младинските категории на слабо познатата екипа - Фунес, а следната година се преместил во екипата на Ривер Ебро, клубот од неговото родно место, Ринкон де Сото. Во 1996 година, на возраст од 11, тој се преселил во Атлетик Билбао, каде влегол во нивното училиште по фудбал во Лезама.

Басконија и Билбао Атлетик[уреди | уреди извор]

По 7 години во младинскиот тим на Атлетик во 2003 се преселил во Басконија, каде што играл во третата лига.[5] Во единствената сезона во клубот, Љоренте постигнал 12 гола во 33 изиграни натпревари, и така тој се вратил во Билбао за да игра во резервниот тим на Атлетик, Билбао Атлетик во Сегунда дивизион Б.[6] По 16 настапи со 4 постигнати голови за Билбао Атлетик во првиот дел од сезоната, Атлетик Билбао му го продолжил договорот до јуни 2008.[7]

Атлетик Билбао[уреди | уреди извор]

Љоренте во акција за Атлетик Билбао во 2010.

На 16 јануари 2005, Љоренте го направил своето деби за првиот тим во натпревар од првенството против Еспањол (1-1).[8] Три дена подоцна, тој го постигнал првиот гол за Атлетик Билбао благодарение на хет-трик постигнат во натпревар од купот против Ланзароте (6-0)[9] и потоа бил користен во 14 од останатите 19 натпревари на клубот во првенството, како и уште во 3 други натпревари во купот и играл во Купот на УЕФА против Австрија Виена.

Сезоната 2005-2006 ја започнал постигнувајќи гол во првиот официјален натпревар на Атлетик Билбао против "лутите" баскиски ривали Реал Сосиедад.[10] Љоренте имал потешкотии да влезе во својата најдобра форма поради некои повреди, вклучувајќи повреда на коленото,[11] гастроентеритис[12] и мусклулен замор. Тоа се чини била главната причина поради која неговите голови биле во многу помал број отколку што навивачите на клубот очекувале од него. Сезоната ја завршил само со 4 постигнати голови, 2 во Примера и исто толку во купот.

На 13 јули, 2006 Љоренте потпишал нов договор со Атлетик Билбао во трајност до јуни 2011 во кој била вметната клаузула помеѓу 30 и 50 милиони евра.[13] Сезоната 2006-2007 ја почнал како резерва на Ариц Адуриз, Хосеба Ечеберија и Исмаел Урзаиз, но малиот број на постигнати голови од споменатите напаѓачи на Атлетик значеше дека тренерот Сариугарте мора нешто да ротира, дозволувајќи му на Љоренте да се врати во игра и да одигра вкупно 23 натпревари во кои тој постигнал 2 гола.

Љоренте одиграл одлично во пред-сезонската кампања (лето 2007) во која постигнал 6 гола и оставил многу силен впечаток. Тоа подоцна ќе му помогне да во поголемиот дел од натпреварите тој биде носител на нападот на Атлетик Билбао во сезоната 2007-2008 сезона. Сезоната ја завршил со 12 постигнати голови (11 првенствени и еден во купот), а серијата ја отворил со два гола на гостувањето на Месталја против Валенсија во победата со 3-0 на 2 декември 2007.[14] Тоа се неговите последни голови во 2007 година, но и добра најава за почетокот на 2008 кога тој ќе експлодира. Љоренте постигнал уште 9 гола во вториот дел од сезоната, од кој за издвојување се повторно два против Валенсија во победата со 5-1, но сега во Билбао.[15] На крајот на сезоната Љоренте бил најдобар стрелец на Атлетик Билбао.

Следната сезона тој бил вклучени во игра во 43 наврати и постигнал 18 голови (14 во Ла Лига и 4 во Копа дел Реј), и е повторно најдобар клупски стрелец.

Љоренте продолжува да биде најдобар стрелец на Атлетик Билбао и во сезоните 2009-2010 и 2010-2011: во сезоната 2009-2010 со 23 постигнати голови во 51 натпревар од кои 14 во првенство еден во купот и 8 во Лига Европа (2 во квалификациите и 6 во регуларната фаза); во сезоната 2010-2011 со 19 постигнати голови во 41 натпревар, вклучувајќи 18 во првенство (што е негов личен рекорд) и еден во купот.

На 28 јануари 2012, Љоренте го постигнал првиот хет-трик во Примера помагајќи му на Атлетик да дојде до победа над Рајо Валјекано со 3-2 на гостински терен.[16] Три дена подоцна го одбележал 100-тиот гол за Атлетик Билбао благодарение на вториот од двата гола кој ги постигнал во текот на полу-финалето на купот против Мирандес во победата со 2-1.[17] Во наредните два натпревари, двата на домашен терен, тој додал уште три гола од кој еден против Еспањол во првенството и два во реваншот против Мирандес. Својата добра форма ја продолжил и во осминафиналето од Лига Европа каде Љоренте постигнал гол и во двата натпревари против Манчестер Јунајтед, помагајќи му на Атлетик да победи во двата натпревари и да помине понатаму со вкупен резултат 5-3.[18]Во следната фаза тој постигнал два гола и против Шалке во победата со 4-2 на патот на неговиот клуб се до финалето. Таму Атлетик е поразен со убедливи 3-0 од Атлетико Мадрид во шпанското финале.[19] Љоренте постигнал 7 гола во Лига Европа и бил еден од најзаслужните за овој успех на клобот, а истотака бил најдобар клупски стрелец и во Примера со постигнати 16 гола.

Во август 2012 ја објавил својата намера дека нема да го обнови договорот со баскискиот тим, кој истекувал во јуни 2013.[20] Тоа било повод да биде бојкотиран од страна на некои фанови[21] и често осуден да седи на клупата така што во сезоната 2012-2013, последна во дресот на Атлетик Билбао, тој постигнал само 5 гола во 36 натпревари во првенството и купот, играјќи главно како резерва на Адуриз.[22][23]

Јувентус[уреди | уреди извор]

Љоренте во дресот на Јувентус во 2013.

На 24 јануари, 2013 екипата на Јувентус објави дека постигнале договор за доведување на Љоренте откако играчот ќе стане слободен, потпишувајќи договор во времетраење од четири години почнувајќи од 1 јули истата година.[24] Тој избрал да го носи дресот со број 14. за својата прва сезона во клубот (2013-2014).[25]

На 24 август 2013 тој го направил своето деби во италијанската лига, заменувајќи го Мирко Вучиниќ во последните минути од натпреварот против Сампдорија, кој завршил со победа на Јувентус 0-1.[26] На 22 септември, на првиот натпревар како стартер, тој го постигнал првиот гол за Јувентус реализирајќи го последниот гол во натпреварот за победа со 2-1 над Верона. Неговиот гол дошол во последните секунди од првото полувреме откако испратил прецизен удар со глава кој заврши во десната статива од каде топката се одби во мрежата на асистенција на Артуро Видал.[27] На 2 октомври, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите, заменувајќи го Леонардо Бонучи во натпреварот против Галатасарај. Во следната коло, кое се одигра на 23 октомври 2013 година, тој го постигнал својот прв гол во врвната европска клупска конкуренција против Реал Мадрид во натпреварот кој завршил 2-1 за шпанскиот тим.[28] Во меѓувреме, шпанскиот напаѓач исто така го надмина тешкиот почеток и започна да добива се поголема минутажа во Серија А, па и да биде стартер во повеќето натпревари правејќи му друштво во нападот на Карлос Тевез. Против Удинезе на 1 декември, Љоренте постигнал еден од најважните голови за Јувентус во сезоната, носејќи им ја победата на бјанконерите во првата минута од судиското продолжение (1-0).[29] На 12 јануари, 2014 бил двоен стрелец за Јувентус, во победата со 4-1 во гости против Калјари.[30] На 16 февруари, со погодокот против Кјево во победата со 3-1, достигнува до бројката од 10 постигнати гола.[31]

Севилја[уреди | уреди извор]

На 27 август 2015, како слободен играч потпишал договор со Севилја.

Свонзи[уреди | уреди извор]

На 4 август 2016, Љоренте потпишал двегодишен договор со Свонзи Сити.[32][33] Своето деби во Премиер лигата го направил девет дена подоцна, играјќи ги сите 90 минути во победата со 1-0 на гости против Барнли.[34]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Љоренте (десно, со број 16, чуван од Питер Крауч) - момент пред неговиот прв гол за шпанската репрезентација.

Љоренте ја претставувал Шпанија на Светското првенство за играчи до 20 години 2005, каде со неговите пет гола бил сребрен на листата н стрелеците; еден гол повеќе од него имал Лионел Меси од Аргентина.[35] Тој исто така, има забележано настапи и во категориите под 18 и под 19 години.

На 14 ноември 2008 година, селекторот на сениорската репрезентација на Шпанија Висенте дел Боске го повикал Љоренте за пријателскиот натпревар против сениорската репрезентација на Чиле.[36] Тој се влегол како замена во 72-ата минута во победата со 3-0.[37] Тој го постигнал својот прв гол во победата со 2-0 во пријателски натпревар против Англија на 11 февруари 2009 година, влегувајќи претходно од клупата за да реализира во 64-тата минута.[38] После 14 постигнати гола за Атлетик во сезоната 2008-09, дел Боске го повикал Љоренте во неговиот список со 23 играчи за Купот на конфедерации 2009: тој бил искористен како замена во натпреварот против домаќинот Јужна Африка и постигнал гол во победата со 2-0.[39]

За време на сезоната 2009-10, Љоренте не одиграл ниту еден натпревар, бидејќи дел Боске му давал предност на Алваро Негредо. Тој, сепак, ќе биде избран за Светското првенство 2010, исто така во Јужна Африка, како трет избор напаѓач, каде што тој играл во еден натпревар за подонежните шампиони, појавувајќи се во последните 30 минути од победата со 1-0 против сениорската репрезентација на Португалија во осминафиналето.

На 8 октомври 2010 година, како корист од повредата на Фернандо Торес, Љоренте го започнал натпреварот од квалификациите за Евро 2012 против Литванија, во Саламанка. Со два гола со глава - неговиот најсилен адут - тој придонесол за убедлива победа со 3-1. Четири дена подоцна, како замена, тој го постигнал победничкиот гол против Шкотска во успехот со 3-2 на Хемпден Парк. Тој беше избран и за финална фаза во Полска и Украина, но бил неискористен член на тимот на Шпанија кој освоил уште еден турнир.


Хронологија на настапи и голови за репрезентација[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Шпанија Атлетик Билбао[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Хет-трикови[уреди | уреди извор]

Фернандо Љоренте има два хет-трика во својата кариера во периодот додека беше фудбалер на Атлетик Билбао; едниот е во Примера, а другиот во Купот на Шпанија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Un 'rey león' en el área“ (на spanish). Diario AS. 26 мај 2010. http://www.as.com/futbol/articulo/rey-leon-area/dasftb/20100526dasdaiftb_40/Tes. конс. 12 септември 2010 г. 
  2. Chelsea on high alert after striker Fernando Llorente rejects new deal with Athletic Bilbao“, Evening Standard, 9 август 2012 (конс. 10 август 2012 г).
  3. Garazi Barriuso (6 giugno 2012). „Llorente: remate, regate y corpulencia física para conseguir la Euro de cabeza“. rfef.es (на es). http://www.rfef.es/index.jsp?nodo=39&ID=5199. конс. 26 agosto 2012 г. 
  4. Luciano Luca Grassi (24 marzo 2011). „Calciomercato Inter/ Llorente obbiettivo di Leonardo“. calciomercatoweb.it. http://www.calciomercatoweb.it/notizie-calcio/2011/03/24/calciomercato-inter-llorente-obbiettivo-di-leonardo/. конс. 16 agosto 2012 г. 
  5. athletic-club.net, уред. „Staff restructuring“ (на es). http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=1056&idi=2. 
  6. athletic-club.net, уред (1 јуни 2004). „Incorporations of Bilbao Athletic“ (на es). http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=1956&idi=2. конс. 15 јуни 2010 г. 
  7. athletic-club.net, уред (11 декември 2004). „Fernando Llorente’s contract extension“. http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=2523&idi=2. конс. 15 јули 2010 г. 
  8. athletic-club.net, уред (16 јануари 2005). „Athletic Club 1-Espanyol 1: No luck“ (на es). http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=2648&idi=2. конс. 15 јули 2010 г. 
  9. athletic-club.net, уред. „Athletic Club 6-Lanzarote 0: It advanced“ (на es). http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=2664&idi=2. конс. 15 јули 2010 г. 
  10. athletic-club.net, уред (28 август 2005). „Athletic Club 3 Real Sociedad 0: An excellent start to the season“ (на es). http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=3466&idi=2. конс. 15 јули 2010 г. 
  11. athletic-club.net, уред (19 октомври 2005). „Urzaiz fit to play, Prieto, Guerrero and Llorente sidelined“. http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=3639&idi=2. конс. 15 јули 2010 г. 
  12. athletic-club.net, уред (8 јануари 2006). „Several players injured as a result of the match“ (на es). http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=3905&idi=2. конс. 15 јули 2010 г. 
  13. athletic-club.net, уред. „Llorente's renewal: press conference“ (на es). http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=4416&idi=2. конс. 15 јули 2010 г. 
  14. athletic-club.net, уред. „Valencia 0 – Athletic Club 3: A perfect match“ (на es). http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=6217&idi=2. конс. 15 јули 2010 г. 
  15. athletic-club.net, уред (20 април 2008). „Athletic Club 5 Valencia 1: A perfect night“ (на es). http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=2&d=1000&berria=6731&idi=2. конс. 15 јули 2010 г. 
  16. Llorente hits hat-trick in Athletic win“, ESPN Soccernet, 28 јануари 2012 (конс. 1 февруари 2012 г).
  17. „Buen primer paso a la espera de San Mamés“ (на eu). 31 јануари 2012. http://www.athletic-club.net/web/main.asp?a=0&b=1&c=1&d=1000&berria=11631&idi=1. конс. 1 февруари 2012 г. 
  18. Атлетик го шокира Јунајтед
  19. Фалкао му донесе титула на Атлетико Мадрид
  20. „Llaman 'mercenarios' a Llorente y Martínez“ (на es). 17 август 2012. http://www.vanguardia.com.mx/llamanmercenariosallorenteymartinez-1353464.html. конс. 16 март 2014 г. 
  21. Adnkronos, уред. „Calcio: Athletic Bilbao, Llorente rifiuta rinnovo contratto“. http://www.adnkronos.com/IGN/News/Sport/Calcio-Athletic-Bilbao-Llorente-rifiuta-rinnovo-contratto_313596292996.html. конс. 16 март 2014 г. 
  22. Aduriz eclipsa a Llorente“, 27 декември 2012 (конс. 20 јули 2013 г). (на es)
  23. Llorente unveiled as a Juve player“, 2 јули 2013 (конс. 20 јули 2013 г). (на en)
  24. juventus.com, уред. „Llorente, un futuro in bianconero“. http://www.juventus.com/juve/it/news/Llorente+un+futuro+in+bianconero. конс. 24 јануари 2013 г. 
  25. Corriere dello Sport, уред. „Juve, il giorno di Llorente: «Prenderò il numero 14»“. http://www.corrieredellosport.it/calcio/serie_a/juve/2013/07/01-326817/Juve,+il+giorno+di+Llorente%3A+%C2%ABSono+molto+contento%C2%BB. конс. 1 јули 2013 г. 
  26. legaseriea.it, уред. „Sampdoria-Juventus 0-1“. http://www.legaseriea.it/it/serie-a-tim/match-report/-/match-report/Sampdoria-Juventus/66180. конс. 25 август 2013 г. 
  27. Mirko Graziano (22 септември 2013). „Juve, 2-1 al Verona: reti di Tevez e Llorente“. La Gazzetta dello Sport. http://www.gazzetta.it/Calcio/Squadre/Juventus/22-09-2013/serie-a-tevezllorente-rimonta-juve-2-1-verona-2-posto-201211372245.shtml. конс. 22 септември 2013 г. 
  28. Filippo Maria Ricci (23 октомври 2013). „Real Madrid-Juventus 2-1: doppietta di Ronaldo e gol di Llorente. Espulso Chiellini“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Squadre/Juventus/23-10-2013/real-madrid-juventus-2-1-doppietta-ronaldo-gol-llorente-espulso-chiellini-201421727959.shtml. конс. 25 октомври 2013 г. 
  29. „Last-gasp Llorente winner“. ESPN FC. 1 декември 2013. http://espnfc.com/uk/en/report/377178/report.html?soccernet=true&cc=5739. конс. 2 декември 2013 г. 
  30. Elvira Erbì (12 јануари 2014). „La Juve vince l'undicesima. Il Cagliari sconfitto 4-1“. Tuttosport. http://www.tuttosport.com/calcio/serie_a/juventus/2014/01/12-282360/La+Juve+vince+l%26apos%3Bundicesima.+Il+Cagliari+sconfitto+4-1+FOTO. конс. 12 јануари 2014 г. 
  31. G.B. Olivero. „Juventus-Chievo 3-1. Gol di Asamoah, Marchisio e Llorente, autorete Caceres“, 16 февруари 2014.
  32. „Swansea agree terms to sign Fernando Llorente from Sevilla on two-year deal“. 4 август 2016. https://www.theguardian.com/football/2016/aug/04/swansea-agree-sign-fernando-llorente-sevilla. конс. 4 август 2016 г. 
  33. „World Cup winner Llorente joins Swans“. Swansea City A.F.C. 5 август 2016. http://www.swanseacity.net/news/article/2016-17/spain-fernando-llorente-joins-swansea-city-sevilla-3227792.aspx. 
  34. „Burnley 0–1 Swansea City“. BBC Sport. 13 август 2016. http://www.bbc.com/sport/football/36994442. конс. 13 август 2016 г. 
  35. Silver Boot“, Athletic Bilbao, 2 март 2006 (конс. 14 декември 2008 г).
  36. The Spanish national team: Call up“, Athletic Bilbao, 14 ноември 2008 (конс. 14 декември 2008 г).
  37. Spain beats Chile 3–0 to cap historic season“, IHT, 19 ноември 2008 (конс. 14 декември 2008 г).
  38. Spain 2–0 England“, BBC Sport, 11 февруари 2009 (конс. 20 јуни 2009 г).
  39. Spain – South Africa“, FIFA.com, 20 јуни 2009 (конс. 20 јуни 2009 г).