ФК Виљареал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виљареал
Целосно имеФудбалски Клуб Виљареал
ДржаваШпанија Шпанија
ПрекарЖолтата подморница
Основан10 март 1942; пред 82 години (1942-03-10)
ЛокацијаВиљареал, Шпанија
СтадионСтадион де ла Керамика
Капацитет23,500[1]
ПретседателШпанија Фернандо Роиг
МенаџерШпанија Унаи Емери
ЛигаПримера Дивисион
2020–21Примера Дивисион, 7. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Виљареалшпански фудбалски клуб од Виљареал, областа Валенсија. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, првото ниво на шпанскиот фудбал.

Основан во 1942 година, клубот поминал голем дел од својата историја во пониските дивизии на шпанскиот фудбал, а своето деби во Примера Дивисон го имал дури во 1998 година. Во 21 век, Виљареал стекнал стабилност на стандарден прволигаш, задржувајќи се во најсилната шпанска лига во 21 од 22 сезони почнувајќи од 2000 година.

На почетокот од 2000-тите, клубот дебитирал во европските натпреварувања, играјќи во Интертото купот во 2002 година, а својот прв настап во Лигата на шампионите го имал во 2005 година. Во истиот период клубот учествувал и во Лига Европа, но испаѓањето во 2012 година, ставило крај на нивната серија на редовни учества во Европа. Својот најголем успех во клупската историја, Виљареал го остварил во 2021 година со освојувањето на Лига Европа совладувајќи го Манчестер Јунајтед во финалето.

Своите домашни натпревари Виљареал ги игра на Стадион де ла Керамика, кој има капацитет од 23,500 седечки места.[2] Традиционалната опрема е во целосно жолта боја (жолти дресови и шорцеви), а оттаму доаѓа и прекарот на клубот Жолта Подморница.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 1 февруари 2022[3]
Бр. Позиција Играч
1 Шпанија ГМ Серхио Асенхо
2 Шпанија ОД Марио Гаспар
3 Шпанија ОД Раул Албиол
4 Шпанија ОД Пау Торес
5 Шпанија СР Дани Парехо
6 Франција СР Етјен Капу
7 Шпанија НП Жерар Морено
8 Аргентина ОД Хуан Фојт
9 Шпанија НП Пако Алкасер
10 Шпанија СР Висенте Ибора
11 Нигерија НП Самуел Чуквуезе
12 Еквадор ОД Первис Еступињан
13 Аргентина ГМ Херонимо Рули
Бр. Позиција Играч
14 Шпанија СР Ману Тригерос
15 Холандија НП Арно Данџума
16 Сенегал НП Булаје Диа
17 Аргентина СР Џовани Ло Селсо
18 Шпанија ОД Алберто Морено
19 Франција СР Франсис Коклен
20 Шпанија ОД Рубен Пења
21 Шпанија СР Ереми Пино
22 Алжир ОД Аиса Манди
23 Шпанија СР Мои Гомес
24 Шпанија ОД Алфонсо Педраса
25 Брег на Слоновата Коска ОД Серж Орие

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни[уреди | уреди извор]

1969-1970

Меѓународни[уреди | уреди извор]

2003, 2004
2020-2021

Останати пласмани[уреди | уреди извор]

Второ место: 2007-2008
Трето место: 2004-2005
Второ место: 2012-2013
Трето место: 1999-2000
Второ место: 1987-1988 (група IV), 1991-1992 (група III)
Второ место: 1990-1991
Трето место: 1967-1968, 1986-1987
Полуфиналист: 2014-2015
Полуфиналист: 2005-2006
Полуфиналист: 2003-2004, 2010-2011, 2015-2016
Финалист: 2002, 2006
Финалист: 2021

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Premier League Handbook 2020/21“ (PDF). Premier League. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 12 April 2021. Посетено на 12 April 2021.
  2. Jones, Rich (9 February 2019). „We ranked the top 10 stadium in La Liga – with a surprise No. 1“. mirror. Посетено на 24 January 2020.
  3. „Primer equipo“ [First team] (шпански). Villarreal CF. Посетено на 27 August 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]