ФК Шалке 04

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шалке 04
Целосно име ФК Шалке 04
Прекар(и) Die Königsblauen и Die Knappen
Основан 4 мај 1904
Стадион Велтинс-Арена
(Капацитет: 61,673)
Претседател ГерманијаХорст Хелд
Тренер ГерманијаЈенс Келер
Лига Бундеслига
2011–12 Бундеслига, 3-ти
Мреж. место Официјално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Фудбалsски клуб Гелзенкирхен-Шалке 04, попознат само како ФК Шалке 04 или Шалке е фудбалски клуб со потекло од областа Шалке во градот Гелзенкирхен, Северна Рајна-Вестфалија. Шалке веќе долго време е еден од најпопуларните фудбалски клубови во Германија, иако големите успеси за клубот се ретки бидејќи најславните денови на клубот се во 1930-тите и раните 1940-ти. Шалке се натпреварува во Бундеслигата, на највисокото ниво во германската фудбалска лига. Фудбалски тим на Шалке е најголемиот спортски клуб со повеќе од 100.000 членови (од август 2011) што го прави втор најголем спортски клуб во Германија. Други спортски активности кој се понудени од страна на клубот се кошарката, ракометот и атлетиката. Клубот е рангиран на четиринаесеттото место меѓу фудбалските клубови во однос на годишниот приход, заработка од € 174.5 милиони во 2012 година.

Шалке го освоил својот прв голем европски трофеј во 1997 година со победата над Интер на пенали во финалето на Купот на УЕФА. Од 2001 година, Шалке настапува на стадионот, Велтинс-Арена. Шалке има долгогодишно ривалство со Борусија Дортмунд, веројатно најмногу распространето и добро познато ривалство во германскиот фудбал, и натпреварите помеѓу двата тима се наведени како Revierderby. Маскотата на клубот се вика Ервин (на герм. Ährwin).

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 5 јануари 2018 [1]
Бр. Позиција Играч
1 Германија ГМ Ралф Ферман (Капитен)
2 САД СР Вестон Меккени
3 Шпанија ОД Пабло Инсуа
5 Србија ОД Матија Настасиќ
7 Германија СР Макс Мејер
8 Германија СР Леон Горецка (вице-капитен)
9 Аргентина НП Франко Ди Санто
10 Алжир СР Набил Бенталеб
11 Украина СР Евгениј Конопјанка
16 Германија НП Фабијан Резе
17 Франција СР Бенџамин Стамбули
18 Германија СР Даниел Калигиури
19 Австрија НП Гвидо Бургшталлер
Бр. Позиција Играч
20 Германија ОД Тило Керер
21 Германија ОД Саша Ритер
22 Хрватска НП Марко Пјаца (на позајмица од Јувентус)
23 Германија НП Седрик Тухерт
24 Германија ОД Бастијан Очипка
25 Мароко СР Амин Арит
28 Австрија СР Алесандро Шепф
29 Бразил ОД Налдо
32 Гана НП Бернард Тепкетеј
33 НП Донис Авдијај
34 Австрија ГМ Михаил Лангер
35 Германија ГМ Александар Нјубел
36 Швајцарија НП Брел Емболо

Титули[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „Squad Overview“. FC Schalke 04. https://schalke04.de/funktion/kader/.