ФК Вердер Бремен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вердер Бремен
Logo
Целосно име Шпортферајн Вердер Бремен
фон 1899 е. В.
Прекар Die Werderaner (Вердерци)[1]
Die Grün-Weißen (Зелено-бели)[2]
Основан 4 февруари 1899; пред 119 години (1899-02-04)[2]
Локација Бремен, Германија
Стадион Везер[2]
Капацитет 42,100[3][4]
Претседател Германија Марко Боде
Извршен директор Германија Франк Бауман
Тренер Германија Флоријан Кофелт
Лига Бундеслига Бундеслига
2017–18 11.
Мреж. место Официјално мрежно место
Титули
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ФК Вердер Бремен (германски: SV Werder Bremen; или само Вердер Бремен) — германски фудбалски клуб од градот Бремен[2] во северозападната германска град-држава Слободниот Ханзин Град Бремен. Клубот во моментов се натпреварува во Првата Бундеслига, највисокото ниво на германскиот фудбал.

Вердер Бремен бил основан во 1899 година. Клубот е четирикратен шампион на Германија (1964–1965, 1987–1988, 1992–1993, 2003–2004) и шесткратен победник на Купот на Германија (1960–1961, 1990–1991, 1993–1994, 1998–1999, 2003–2004, 2008–2009). Покрај тоа Вердер има освоено и еден Лига куп на Германија (2006) и 3 Суперкупа (1988, 1993, 1994). Освен на домашната тие можат да се пофалат и со успеси на меѓународната фудбалска сцена каде тримуфирале во Купот на победниците на куповите (1991-1992) и Интертото купот (1998). Исто така тие играле и во финалето на Купот на УЕФА во сезоната 2008-2009, во кое биле поразени од украинскиот Шахтар Донецк по продолженија со 2-1. Од формирањето на Бундеслигата во 1963 година, клубот ги поминал сите сезони во Првата Бундеслига со исклучок на сезоната 1980-1981, кога завршиле како први во Втората Бундеслига и експресно се вратиле во елитната дивизија на Германија.

Својте домашни натпревари Вердер ги игра на стадионот Везер уште од 1924 година. Традиционалните бои на клубот се зелената и белата, па најчесто играат во зелени дресови и бели шорцеви. Најголемиот ривал на Вердер му е Хамбургер, со кого играат таканаречено Норддерби (превод на мак. Северно дерби).

Содржина

Историја[уреди | уреди извор]

1899-1933: Основање и првите децении[уреди | уреди извор]

На 4 февруари 1899 година група на 16-годишни студенти од семејства на трговци го основават Фусбалферајн Вердер фон 1899, чист фудбалски клуб, претходник на денешниот Вердер Бремен. Тие освоиле фудбалска топка на натпревар во влечење јаже и за првпат се натпреврувале со неа на речен остров во реката Везер, со што ги поставиле темелите на Вердер Бремен и неговото име (името "Вердер" на германски значи остров).[5] Во декември 1899 година Вердер станал член на Бременскиот фудбалски сојуз. Во првите години, само мажите кои имале завршено високо образование и оние кој добиле двотретинско мнозинство од одборот имале дозвола да станат членови на клубот.[6] Во 1903 година и трите формации на Вердер го освоиле првенството на Бремен во својте возрасни категории, а од 1905 година Вердер бил првиот клуб од градот, кој започнал да собира пари од билети за својте домашни натпревари и имал заграден терен на кој што играле.[7] Во 1913 Вердер Бремен бил единствениот бременски клуб, којшто учествувал во новоформираната Северногерманска Фербандслига. Во тоа време клубот се спротиставувал на националистичките тенденции, особено од движењето Тарнер, кое го сметало фудбалот за "неадекватен спорт", а поради неговото англиско потекло и за "не-германски".[8] И покрај тоа Бременското првенство продолжило да се игра и за време на Првата светска војна и Вердер го освоил одново во 1916 година.

За разлика од некои други клубови, Вердер Бремен преживеал и продолжил да постои и покрај многуте загубени членови во војната, што главно се должело на посветеноста на тогашниот претседател Ханс Јабург.[7] По војната започнало преструктуирањето на клубот, а од 1919 година и на жените им било дозволено да станат членови. Една година подоцна, во согласност со трендот на времето, се одвивало и проширувањето на клубот од чисто фудбалски кон воведување на клубови од останатите спортови, вклучувајќи тенис, шах и потоа бејзбол и крикет.[6][7] Ова кореспондирало со извршување на промена на името на клубот во "Спортинг клуб Вердер Бремен" од 1899 година, со тоа што фудбалот останал најзначаен спорт во клубот. Ако бројот на членови пред Првата светска војна не ја надминал границата од 300, во послевоениот период бројот се зголемил на повеќе од 1.000.

Вердер Бремен бил првиот клуб во Германија кој ангажирал професионален тренер со полно работно време, тоа бил унгарецот Ференц Конја во 1922, кој бил финансиран од фондот за спортски наставници. Сепак, тогашната хиперинфлација и последиците од финансиските проблеми на Вердер довеле до неспособност за навремено исплаќање на примањата на тренерот и тој го напуштил клубот. Во 1924 година Конја одново се вратил.[9] Од 1921 година Вердер играл во Весткрајс лига (првенство на Западниот Округ), која во тоа време била највисоката поделба на германската фудбалска лига. Во првата сезона, во оваа лига клубот завшрил на седмото место во конкуренција на осум екипи. Кога во следната сезона лигата била поделена на две подгрупи по регионален принцип - Јаде и Везер - Вердер ја освоил групата Везер и во финалето го растурил шампионот на групата Јаде Олденбург со 5-0. Така бременскиот клуб станал победник на Весткрајс лигата. Во квалификациската рунда за неофицијалното германско првенство Вердер бил поразен од Арминија Хановер и со тоа ги загубил шансите за титулата. Во 1926 година Вердер загубил со катастрофални 1-6 од Бремер Шпортферајн во првенството на групата Везер и не успеал да се избори за првото место. Вицешампионската титула на дивизијата била повторена и во следната година, кога клубот во финалето заагубил од Комет Бремен. Од 1928 година Вердер бил преместен во групата Јаде, но повторно не успеале да ја освојат Весткрајс лигата. Од сезоната 1928-1929 Веткрајс лигата била преструктурирана во Оберлига Везер/Јаде каде Вердер Бремен завршил на четврто место во неа. Во осминафиналнето од шампионскиот турнир Вердер загубил од Алтона 93, со 2-3 по продлженија, а две години подоцна клубот завршил на последното од четири места.

АБТС Кампфбан (во 1928) игралиштето на кое денес се наоѓа стадионот на Вердер Бремен, Везерштадион.

Две години по освојувањето на Весткрајс лигата Вердер сеуште не располагал со сопствен терен и во 1925 година конкурирале со екипата на Бремен 1860 (во тоа време клубот бил познат како АБТС) за добивање на правото за изградба на игралиште на брегот на реката Везер. АБТС го добил правото и изградил спортско игралиште, на кое поголемиот дел од бременските спортски клубови, влкучувајќи го и Вердер, ги играле својте домашни натпревари. Од 1930 година Вердер Бремен го откупува игралиштето и од тогаш тоа е во сопственост на клубот при што било променето и името од АБТС Кампфбан во Везерштадион.[8][10]

1933-1945: Времето на националсоцијализмот[уреди | уреди извор]

Периодот на националсоцијализмот донесол значителни промени во германската фудбалска лига: била формирана Гаулигата со 16 групи, која од сега била највисока фудбалска лига во Германија. Вердер Бремен бил еден од основачите на Гаулига Долна Саксонија, каде што клубот бил во можност да ги забележи првите национални успеси. Во тоа време Везерштадион често бил користен за политички митинзи и пропагандни настани. Кога во Германија фудбалот добил статус на професионален спорт, дотогаш бил чисто аматерски, Вердер на почетокот на 1930-тите го засилил својот тим со некои играчи кој подоцна заиграле за националниот тим на Германија: во 1933, во Бремен дошле Ханс Тибулски и Матијас Хајдеман, двајца играчи кој го освоиле третот место со Германија на Светското првенство 1934. Хајдеман исто така ќе биде запаметен како првиот играч на Вердер Бремен кој го облекол на националниот дрес. Под раководството на тренерот Валтер Холштајн Вердер ја освоил Гаулигата на Долна Саксонија во 1934, 1936, 1937 и 1942 година. Во 1935 година клубот завршил на второто место, исто како и во 1943 година коха биле втори во Гаулига Везер-Емс. Во 1937 година Карл Мајер станал најдобар стрелец во завршницата на германското првенство со десет гола.

Диктаторското управување во државата се рефлектирало дури и врз клупското раководство на Вердер Бремен: во тоа време, едно лице имало целосна моќ па и клубот бил управуван од еден човек.[7] Вердер Бремен се покажал како клуб на националистичко-социјалистички стил на почетокот, кој се ставил под раководство на лидерот на клубот, Вили Стовер, во служба на политичките цели на националсоцијализмот и мислата на воениот спорт. На почетокот на 1934 година на Евреите повеќе не им било дозволено да бидат членови на Вердер Бремен.[11] Клубот станал се повеќе под контрола на Националниот социјалистички рајх за физичко образование и локалната партија од 1937 година па натаму.[12] Малку пред крајот на Втората светска војна спортските натпреварувања биле прекинати, а на 10 ноември 1945 година Вердер Бремен бил официјално затворен, како и сите други општествени организации во Германија.

Некој од најпознатите играчи во оваа декада од 1930 до почетокот на 1940-тите години покрај Хајдеман и Тибулски биле уште Зиолкевиц, Шарман и Хунт.[13]

1945-1963: Повоениот период и настапите во Оберлига Север[уреди | уреди извор]

Од септември 1945 година, општинските спортски групи биле примени во „ексклавата“ Бремен (дел од американската окупаторска зона); клубовите првично не биле (повторно) воспоставени.[14] На 10 ноември 1945, претставниците и членовите на клубот, заедно со тие на затворените екипи од 1933 година Форвертс Бремен и Фраје Швимер 1910 Бремен се обединуваат и ги поставуваат темелите на новиот клуб ТуШ Вердер Бремен 1945.[15][16] Во 1946 година и Грун-Вајс Бремен 1899 се присоединил кон спортското обединување. Американската окупациска администрација го забранила создавањето на спортски клубови, кој го носеле името на формацијата во предвоениот период и поради тоа клупскиот претседател Ханзи Волф организирал тајна средба, на која главна тема била идното име на обединетиот клуб, како и прашања за брзото продолжување на учеството во првенството.[7] По некои проблеми со регистрацијата, тоа станало реалност на 28 март 1946 година под името "Шпортфераин Вердер Бремен", кое останува до денес.[7] Во истата година спортските натпреварувања во Бремен продолжиле и Вердер го освоил градското првенство, а една година подоцна и долносаксонскиот шампионат.

Постепено по завршувањето на војната фудбалот се вратил на стадионите низ Германија, а во 1945 година била формирана новата фудбалска лига под називот Оберлига со двете групи Оберлига Југ и Оберлига Југозапад. Две години потоа била создадена и Оберлига Север, каде што до 1963 година Вердер Бремен бил еден од најсилните клубови и редовно се квалификувал за финалното разигрување за титулата во Западна Германија. Главните противници на бременците бил Санкт Паули и Хановер 96, потоа градските ривали Бремер Шпортферајн и Бремерхафен 93, и над сите, апсолутниот доминант во Оберлига Север Хамбургер, кој ја освоил титулата во оваа група 15 пати во нејзините 16 изданија. Во тој период Вердер освоил две трети места во сезоните 1952-1953 под раководството на тренерот Ханс-Јозеф Кречман и во сезоната 1954-1955 кога тренер бил Фред Шулц. Состојбата на "зелените" се подобрила под водството на тренерот Георг Кнепфле, којшто работел во клубот од 1958 до 1963 година. Кнепфле бил поранешен репрезентативец на Германија, кој се здобил со добра репутација со своето учество на Олимписките игри во Берлин во 1936 година. Клубот исто така бил засилен со некој нови фудбалери како Вили Шредер, за кого по долга битка сепак Вердер успеал да го победи Хамбургер и да го доведе во својот тим. Обидот на ХСВ (скратено Хамбургер) да го убеди играчот со забранета парична премија во износ од 15.000 германски марки бил откриен и Шредер бил суспендиран на една година. Подоцна на клубот му се приклучиле и Хелмут Шимечек во 1958 како и двоецот од Шалке 04 Вили Зоја и Хелмут Јагелски во 1961, што се покажало како позитивен знак за клубот. Со овие засилувања Вердер успева да се утврди като вториот најсилен клуб на Северот зад Хамбургер и завршил на второто место во својата група во Оберлигата во секоја сезона во периодот 1959-1963. Со тоа Вердер се изборил да биде еден од трите клуба од Северната Оберлига, заедно со Хамбургер и Ајнтрахт Брауншвајг, кој стекнале право да учествуваат во новоформираната Прва Бундеслига на Германија од 1963 година. Додека градскиот ривал Бремер Шпортферајн бил исфрлен од лигата, Вердер во последната сезона на Оберлига Север завршил на второто место со само два бода помалку од серискиот шампион ХСВ.

Најзначајниот успех на клубот во повоениот период било освојувањето на Купот на Германија во сезоната 1960-1961 со победата со 2-0 во финалето над Казерслаутерн со головите на Шредер и Јагелски. Благодарение на тој успех Вердер стекнал право да учествува во европските натпреварувања, поточно во Купот на победниците на куповите, каде што екипата бременците тргнале успешно елиминирајќи го днаскиот АГФ Орхус со две победи. Сепак, во четвртфиналето германците биле елиминирани од шпанскиот Атлетико Мадрид.

Низ годините на овој период клубот го добил прекарот "Сфингата од Северот", поради непостојаните игри, бидејќи често ги победувале силните противници а губеле од доста послабите од нив.[7] Платите во клубот во ова време биле ограничени до 320 германски марки на месец, што често не било доволно за секојдневните потреби на фудбалерите.[7] Поради тоа многу играчи на Вердер работеле во американската фабрика за тутун, која го подржувала клубот финансиски. Така бил добиен уште еден прекар на клубот познат како "Тексаската единадесеторка".[8]

Меѓу најпознатите фудбалери на Вердер во периодот на Оберлигата биле Арнолд Шутц, Хорст Гернхардт, Рихард Акершот, Хорст Штанге, Макс Лоренц, Вили Шредер, Вили Зоја, Хелмут Јагелски и голманот Драгомир Илиќ..[7]

1963-1971: Успони и падови во Бундеслигата[уреди | уреди извор]

Во 1963 година Вердер Бремен бил еден од основачите на Првата Бундеслига. За првата сезона во Бундеслигата Вердер го купил голманот Клаус Ламберт, кој започнал од првата минута во натпреварот против Борусија Дортмунд, додека Тимо Конецка го постигнал првиот гол за клубот во новоформираната Бундеслига. Иако во оваа сезона веќе не бил активен, поранешниот голман на Вердер Драгомир Илиќ, морал да се реактивира накратко, откако клубот се соочил со големи проблеми на голманската позиција затоа што сите шест голмани му биле повредени. Својата прва сезона Вердер ја завршил на средината на табелата, на 10-тото место во конкуренција на 16 екипи и никој не можел да предвиди што ќе се случи во следната сезона. Во сезоната 1964-1965 Вердер сосема неочекувано станал шампион на Германија, за прв пат во својата историја;[6] истата година градот Бремен прославил 1000 години од своето постоење, така што титулата на клубот им донела на граѓаните уште една причина плус за славје. Вердер се искачил на врвот на табелата во 17-тото коло, и не го испуштил до крајот на сезоната. Како еден клуб "без ѕвезди",[17] овој успех бил постигнат благодарение на помошта на новите фудбалери Хорст-Дитер Хетгес, репрезентативецот Хајнц Штајман и Клаус Матушак.

По сензационалниот триумф, следната година Вердер завршил на четвртото место, а во сезоната 1966-1967 само на 16 место, со четири бода пред местата за испаѓање. Значаен успех клубот постигнал во сезоната 1967-1968 кога од последното место на табелата во првите кола, успеале да се совземат и да завршат на крајот како вицешампиони. И покрај тоа Вердер не успеал да се утврди како еден од силните германски клубови: добрите резултати биле проследени со лоши и средни или ниски крајни пласмани во Првата Бундеслига.

Интересен момент се случил за време на натпреварот меѓу Вердер и лидерот на табелата во првенството 1970-1971 Борусија Менхенгладбах, одигран на 3 април 1971 година. Малку пред крајот на натпреварот, при резултат 1-1 двајца фудбалери, по инерција, паднале во мрежата од голот на Вердер, која се скинала од силата на нивните тела. Напорите на домаќините, Борусија Менхенгладбах, да ја поправат не биле потпомогнати од гостите, кој биле задоволни од резултатот, и по извесно време главниот судија одсвирел крај на натпреварот.[18] Германскиот фудбалски сојуз потоа му ја доделил административно победата на Вердер нагласувајќи како "домаќините не обезбедиле нормални услови за одигрување на натпреварот".

Меѓу најзначајните фудбалери на Вердер во првите години по основањето на Бундеслигата, освен веќе споменатите, биле Арнолд Шутц, Гинтер Бернард, Јозеф Пионтек и Макс Лоренц.

1971-1980: Милионенелф и притаен пад[уреди | уреди извор]

Откако Вердер паднал во криза со серијата просечни пласмани во последните три години во првенството, клубот се обидел за сезоната 1971-1972 да направи нешто да го промени ова како локалната индустрија "Милионенелф" влегла во клубот со цел да го подржи финансиски и да инвестира средства за купување на нови квалитетни фудбалери.[19] Дресовите на Вердер биле променети од традиционалните зелено-бели во цервено-бели, какви што се боите на провинцијата Бремен. Без јасен концепт и без договор помеѓу раководтвото на клубот и тренерот и многу ѕвезди на Бундеслигата од тој период се доведени на Везерштадион, а трошоците за платите на фудбалерите на Вердер се зголемиле неизмерно. Доведувањето на легендарниот плејмејкер Гинтер Нецер се изјаловило само затоа што барањето на фудбалерот да го преземе списанието "Вердер-Ехо" не било исполнето.[20] Позадината на овие неразумни високи трансфери била падот на Вердер во тешка финансиска ситуација и години подоцна страда од недостиг на средства поради многуте долгови. Успехот не е постигнат, а за сметка на тоа парите за нови играчи бил ограничени до 100,000 германски марки веќе од следната сезона. Во сезоната 1971-1972 клубот сменил четири тренери, а "ѕвездената формација" покажала само епизодично добри настапи, завршувајќи ја сезоната на разочарувачкото 11. место.

По оваа сезона Вердер останал клуб од средината на табелата на германското првенство и трајно се сметале за таканаречените "сиви глувци", за подоцна да стане клуб кој постојано е замешан во борбата за опстанок во Првата Бундеслига. Во сезоната 1974-1975 клубот бил многу блиску до испаѓање, завршувајќи на 15-тото место со само еден бод повеќе од првиот клуб под него на табелата, Штутгарт, кој испаднал од лигата. Следната сезона Вердер одново имал потешкотии да обезбеди опстанок и само навремената тренерска промена и назначувањето на Ото Рехагел го спасил клубот од испаѓање во Втора Бундеслига. Сепак, она што долго им висело над глава не успеале да го спречат во сезоната 1979-1980, кога Вердер завршил на претпоследното место во Првата Бундеслига и го загубил прволигашкиот статус. Катастрофалниот биланс на клубот на гостувањата се покажал како фатален каде со само една победа, едно реми и дури шестнаесет порази (од кои дури десет со четири или повеќе примени голови) надвор од својот Везерштадион бременците не можеле да соберат доволно бодови и испаднале во Втората Бундеслига. Од 1971 до 1980 година, одлучувачки за опстанокот на Вердер во Германската прва дивизија биле силните домаќинства на тимот, а во тој период клубот сменил и дури девет тренери, од кои некои се задржале на функцијата само неколку недели или месеци.

Меѓу ретките истакнати играчи на Вердер во 70-те години спаѓаат Пер Ронтвед и Дитер Бурденски, којшто се нашол во составот на германската репрезентација за Светското првенство во 1978 година во Аргентина.

1980-1987: Изградбата на силен тим[уреди | уреди извор]

Ото Рехагел, тренерот на Вердер Бремен во "златните години" на клубот

Во единствената сезона (1980-1981) во второто ниво на германскиот фудбал во клупската историја, Вердер бил воден од тренерите Куно Клотцер и Ото Рехагел и покрај огромниот пад во бројот на гледачи веднаш по само една сезона отсуство клубот се вратил во Првата Бундеслига. Вердер го освоил првото место во крајниот пласман со скор од 30 победи, 8 нерешени и само 4 порази, поставувајќи рекорд за најмногу освоени бодови во историјата на Втората Бундеслига. Покрај тоа, тие го имале и најдобриот стрелец во лигата за оваа сезона откако новодојдениот 35-годишен напаѓач Ервин Костеде постигнал 29 гола. Сепак, тренерот Клотцер ја напуштил функцијата во март 1981 година поради здравствени проблеми и бил заменет од Ото Рехагел, за кого ова бил втор мандат во клубот по краткиот престој во сезоната 1975-1976 во која исто така дошол во вториот дел од сезоната со цел да го спаси клубот од испаѓање но откако го сторил тоа договорот не му бил продложен.

Рехагел, заедно со спортскиот директор на клубот Вили Лемке, постепено изградиле еден цврст и борбен тим во следните сезони кој подоцна ќе се претвори во една од најсилните екипи во Германија во текот на 80-те и почетокот на 90-те години. Како конкурент на Бајерн Минхен Вердер дури бил и поуспешниот клуб во определени периоди и од тоа време датира и ривалството меѓу овие два клуба. Во натпреварот меѓу овие две екипи на 21 август 1982 година, играчот на Вердер Уве Рајндерс постигнал гол со уфрлување од аут, откако пред тоа голманот на баварскиот тим Жан-Мари Пфаф ја допрел топката, така што голот бил признат. Во текот на истата година на Везерштадион дошло и до промена во нападот бидејќи Ервин Костеде го напуштил клубот како негова замена стигнал младиот Руди Фелер, кој бил најдобар стрелец во Втората Бундеслига во претходната сезона. Доаѓањето на Фелер всушност било "резервна" опција на раководството на Вердер, до која се дошло тек откако пропаднал трансферот на посакуваниот напаѓач Дитер Шацшнајдер од Хановер. Фелер му возвратил на раководството на бременскиот клуб со 23 гола во лигата, со што станал првиот фудбалер во германскиот фудбал кој што станал најдобар стрелец во Втората и Првата Бундеслига во две последователни години. Тој исто така бил првиот играч на Вердер кој бил избран за Фудбалер на годината. Истата сезона Вердер завршил како втор во лигата, губејќи ја титулата од Хамбургер само поради послабата гол-разлика.

Во периодот меѓу 1982 и 1987 година Вердер играл атрактивен и напаѓачки фудбал завршувајќи шест пати во првата петка на првенството, а со тоа се квалификувале и за европските клупски натпреварувања, но сепак не успеале да освојат трофеј. Во сезоната 1985-1986, како и три години претходно Вердер одново ја загубил титулата само поради полошата гол-разлика, овојпат од Бајерн Минхен. Да биде маката поголема, во претпоследното коло Вердер го пречекал на домашен терен директниот претендент за титулата - Бајерн Минхен, и во 88-мата минута од натпреварот Михаел Куцоп промашил пенал чие реализирање би значело титула за зелено-белите на коло пред крајот на сезоната.[21] [22] Наместо тоа, четири дена подоцна Вердер ја пропуштил и втората шанса да стане шампион: иако дури и нерешено му било доволно на клубот од Бремен да го подигне шампионскиот пехар, сепак тие загубиле со 2-1 на гостувањето кај Шутгарт и така Бајерн Минхен стигнал до својата 9-та титула. За трагичарот во натпреварот против "баварците" Куцоп, тоа бил и останал единствениот промашен удар од белата точка во кариерата на фудбалерот, откако реализирал над 40 пенали.

Од овој период меѓу фудбалерите кој го носеле дресот на Вердер се издвојуваат Руди Фелер (најдобар стрелец во Бундеслигата во сезоната 1982-1983), Клаус Фихтел, Бруно Пецеј, Џони Отен, Томас Шаф, Волфганг Зидка, Бено Мелман, Норберт Мајер, Франк Орденвиц и Уве Рајндерс.

1987-1995: Титули и успеси[уреди | уреди извор]

Оливер Рек бил голманот на "златната генерација" на Вердер

Откако во претходните сезони Вердер се утврдил како еден од водечките германски клубови, но и покрај тоа не успеал да освои трофеј, во периодот меѓу 1987 и 1995 година бременците, одново под раководството на Ото Рехагел кој останал на тренерската функција, освојуваат многу трофеи и достигнуваат нови врвови.[23] Во сезоната 1987-1988 Вердер го подобрил рекордот во Првата Бундеслига за најмалку примени голови (примиле само 22) и благодарение на железната одбрана триумфира со шампионската титула со 4 бода повеќе од второплсираниот Бајерн Минхен и третопласираниот Келн. Дефанзивната линија, составена од Руне Братсет, Улрих Боровка, Гунар Зауер, Џони Отен и Томас Шаф, подкрепена од голманот Оливер Рек играла фантастично, а нападот бил предводен од Карл-Хајнц Ридле, коjшто постигнал 14 гола во 17 натпревари во пролетниот дел од првенството. Вердер бил лидер на табелата по изигрувањето на 27 од вкупно 34 кола, а титулата теоретски била осигурена во 31-вото коло.

Франк Нојбарт (бел дрес) во натпревар од Купот на УЕФА 1987-1988

Во сезоната по освојувањето на титулата, клубот завршил како трет и си обезбедил ново европско учество во Купот на УЕФА. Во третиот круг од ова натпреварување Вердер се сретнал со италијанскиот Наполи, кадешто во тоа време играле едни од најдобрите фудбалери во светот како Џанфранко Ѕола, Карека, Алемао и Диего Марадона. Германците го добиле првиот натпревар на гости во Италија со 3-2, а во реваншот ги растуриле наполитанците со 5-1 и тој успех и денес се смета за еден од најзначајните во клупската историја на бременскиот клуб. Во 1989, 1990 и 1991 година Вердер бил финалист во Купот на Германија, но успеале да ја освојат титулата само во 1991 година и тоа по изведување на пенали против Келн.

Во сезоната 1991-1992 клубот завршил на разочарувачкото девето место во Првата Бундеслига, каде веќе учествувале и екипите од бившата ГДР, но овој осреден пласман е засенет од освојувањето на Купот на победниците на куповите, кој до денес е најзначајниот европски успех во историјата на Вердер. На патот до финалето биле отстранети клубови како Галатасарај (д. 2-1, г. 0-0) и Клуб Бриж (д. 2-0, г. 0-1), а во финалето го совладале францускиот Монако (2-0). Клаус Алофс, подоцна спортски директор на клубот, го постигнал првиот гол малку пред крајот на првото полувреме, а во второто полувреме новозеладнецот Винтон Руфер ги оформил конечните 2-0.

Нова титула во Германија била освоена во сезоната 1992-1993, кога Вердер за први пат се искачил на врвот на табелата пред самиот крај на првенството и на крајот завршува на првото место со еден бод повеќе од Бајерн Минхен. Во текот на сезоната се раѓаат нови ѕвезди на клубот како напаѓачот Руфер (постигнал 17 гола во првенството) и австрискиот плејмејкер Андреас Херцог. Титулата му донела шанса на клубот да учестува во првото издание на Лигата на шампионите на Европа, каде во квалификациите бременците го отстраниле бугарскиот шампион Левски Софија. Во групната фаза германците се паднале во група со италијанскиот Милан (д. 1-1, г. 1-2), португалскиот Порто (д. 0-5, г. 2-3) и белгискиот Андерлехт (д. 5-3, г. 2-1) во која не успеале да минат натаму заземајќи го третото место во групата зад Милан и Порто.

Во 1994 година Вердер одново го освоил Купот на Германија, откако во финалето го совладале второлигашот Рот-Вајс Есен со 3-1, со головите на Бајерсдорфер, Херцог и Руфер.

Сезоната 1994-1995 била последна под раководството на Ото Рехагел, а титулата била испуштена со поразите од Шалке 04 со 2-4 и од Бајерн Минхен со 1-3 во последните три кола, па Вердер морал да се задоволи само со второто место со бод помалку од шампионот Борусија Дортмунд.

Во овој период Вердер имал многу квалитетни фудбалери од кој меѓу најистакнатите освен веќе споменатите се истакнуваат Дитер Ајлтс, Томас Волтер, Мирослав Вотава, Гинтер Херман, Франк Нојбарт и Марко Боде.

1995-1999: Крајот на една епоха[уреди | уреди извор]

Томас Шаф бил тренер на Вердер Бремен од 1999 до 2013, носејќи му многубројни успеси на клубот.

После вицешампионската титула во 1995 година, Ото Рехагел ја напуштил тренерската функиција во Вердер Бремен по 14 години на чело на тимот и се преселил во Бајерн Минхен, а без него успешниот период на клубот од Бремен многу скоро бил завршен. Заедно со Рехагел, од Вердер во Бајерн преминал и еден од најдобрите играчи на клубот во тој период Андреас Херцог, но за разлика од тренерот Херцог се вратил на Везерштадион по една сезона во Минхен. Во втората половина на 90-те години клубот главно се движел во средината на табелата и често ги менувал својте тренери: Аaд де Мос, Ханс-Јирген Дорнер и Волфганг Зидка биле тренерите којшто се менувале на клупата на Вердер во период од три години. Најлоша за клубот била сезоната 1998-1999, кога по слабиот почеток на кампањата Вердер се закотвил на дното на табелата и останал таму во поголемиот дел од годината. Со доаѓањето на тренерот Феликс Магат тимот ја подобрил играта и во конечност успеал да ја напушти зоната за испаѓање. Кризата во перформансите на клубот е претпоставка за заминувањето на клупското раководство на чело со претседателот Франц Бомерт (работел во клубот околу 30 години), вицепретседателот Клаус-Дитер Фишер, спортскиот директор Вили Лемке и финансискиот директор Манфред Милер. Со тоа им бил отворен патот на новите луѓе во управата на Вердер, коишто стојат во основата на идниот развој на клубот.

Заминувањето на раководството довело и до отпуштање на тренерот Феликс Магат, под чије што водство Вердер загубил на домашен терен од директниот конкурент за опстанок во лигата Ајнтрахт Франкфурт. Во услови на остра борба за опстанок за тренер до крајот на сезоната бил назначен успешниот тренер на аматерската формација (Вердер Бремен II) Томас Шаф. Шаф одлично го познавал клубот со оглед на тоа што целата своја кариера како фудбалер а потоа и како тренер во младинските категории ја поминал токму во Вердер во кој бил од 1972 година и бил дел од успешниот тим во 80-тите и почетокот на 90-тите години. Иако бил претставен како привремено решение на тренерското место, Шаф го одвел тимот до 3 победи во последните 4 натпревари во лигата и обезбедил опстанок во Првата Бундеслига, а со тоа и финансиска стабилност на клубот. Малку по освоената битка за опстанок Вердер Бремен сосема неочекувано го освоил Купот на Германија откако по нерешениот резултат во редовното време биле подобри од Бајерн Минхен по изведувањето на пенали.

Добрите резултати на Томас Шаф му донеле долгорочен договор со Вердер и токму тој во иднина ќе биде основата на Новиот Вердер кој ќе игра атрактивен напаѓачки фудбал и ќе реди успеси на фудбалските терени.

Во овој период меѓу најдобрите играчи биле ветераните Андреас Херцог, Дитер Ајлтс, Мирослав Вотава и Марко Боде, како и помладите фудбалери како Франк Рост, Рафаел Вики, Торстен Фрингс, Хани Рамзи, Јури Максимов, Марио Баслер, Владимир Бесчастних и Раде Богдановиќ.

1999-2004: Нов почеток и освојување на двојната круна во 2004[уреди | уреди извор]

Под раководството на дуото Томас Шаф (тренер) и Клаус Алофс (спортски директор) Вердер се повеќе и повеќе се дига кон врвот на германскиот клупски фудбал. Меѓу 1999 и 2003 година биле поставени основите на силен офанзивен тим, кој играл атрактивен фудбал со директни додавања. За потенцијалот на клубот од Бремен говорат пласманот во финалето на Купот на Германија во 2000 година и освојувањето на најголем број на бодови во календарската 2001 година. На 31 март 2002 година во натпреварот против Ханза Росток, која завршила со резултат 3-3, голманот на Вердер Франк Рост станал еден од само двајцата голмани (другиот е Јенс Леман) кој постигнале гол во судиското продолжение во натпревар од Првата Бундеслига. Клубот се пласирал за Купот на УЕФА во сезоната 2002-2003, без да постигне нешто значајно откако биле елиминирани во втората рунда од холандскиот Витесе. Во германското првенство серијата од добри резултати била задушена со лошите игри на самиот крај од сезоната и недостатокот на континуитет довел до паѓање од првите места на табелата. Младите и перспективни играчи на Вердер во овој период го напуштиле клубот за значајни трансфер суми, со што била осигурена стабилна финансиска ситуација. Особено профитабилни биле трансферите на Рафаел Вики во 2000, како и на Франк Рост, Торстен Фрингс и Клаудио Писаро во 2002 година. Откако клубот го напуштиле и Андреас Херцог и Андре Виденер во 2001 година, Марко Боде останал последниот фудбалер во клубот од "златната ера" под раководството на Ото Рехагел. Во сезоната 2002-2003 Вердер го освоил шестото место како и една година претходно, но овојпат за разлика од минатата сезона не успеал да избори пласман во некој од елитните европските клупски турнири. Сепак, во текот на летото клубот направил важен потег на трансферниот пазар доведувајќи го францускиот плејмејкер Јоан Мику, кој набргу потоа се претворил во клучната фигура во играта на Вердер.

Сезоната 2003-2004 започнала со шокирачко испаѓање од Интертото купот од австрискиот клуб Пашинг, но на крајот сезоната се претворила во најуспешната во клупската историја на Вердер во домашни рамки. Покрај Мику Вердер го засилил својот состав и со искусниот голман Андреас Рајнке, турскиот бек Умит Давала (бронзен со својата репрезентација на Светското првенство 2002) и централниот дефанзивец Валериен Исмаел. Вердер добро го започнал првенството, движејќи се во групата на екипите од врвот на табелата. Од 16-тото коло па се до самиот крај на првенството бременците биле лидери на табелата, а на крајот нивната предност пред второпласираниот тим изнесувала цели 11 бодови, изградена благодарение на серијата од 23 натпревари без пораз. Победата со 3-1 во гости над вицешампионот Бајерн Минхен во 32-рото коло ги прави и најдобриот гостински тим во историјата на Бундеслигата во рамките на една сезона. Бразилскиот напаѓач на Вердер Аилтон бил најдобар стрелец во лигата за таа сезона со својте 28 голови. Подоцна истиот фудбалер бил избран и за Фудбалер на годината во Германија, како тек вториот играч на Вердер кој го добил ова признание по Руди Фелер.

На самиот крај на сезоната, откако Вердер го освоил првенството зелено-белите се закитиле со уште еден трофеј освојувајќи го Купот на Германија со победата со 3-2 над Алеманија Ахен, стигајќи на тој начин до историската двојна круна за клубот, со која во Германија дотогаш можеле да се пофалат само екипите на Келн и Бајерн Минхен (подоцна и Борусија Дортмунд).

2004-2010; Утврдување како врвен тим[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2004-2005 Вердер го довел напаѓачот Мирослав Клозе, за да го замени Аилтон кој го напуштил клубот. Сезоната на Вердер завршила со освојување на третото место во Првата Бундеслига и полуфинале во Купот на Германија, резултато кој го утврдуваат клубот во врвот на германскиот фудбал. Во групите на Лигата на шампионите Вердер завршил на второто место (зад Интер) и така го исфрлил актуелниот шампион на Купот на УЕФА Валенсија од ова натпреварување, но во осминафиналето биле прегазени од францускиот гигант Олимпик Лион со вкупни 2-10 (0-3 во Бремен и 2-7 во Лион).

Франк Бауман со пехарот од Лига купот во 2006.

Успешниот развивачки тренд продолжил и во следната кампањата 2005-2006, кога искусниот Торстен Фрингс се вратил на Везерштадион, а клубот од Бремен го ангажирал и одличниот бразилски централен дефанзивец Налдо. Клубот станал вицешампион на Германија, а Мирослав Клозе - најдобар стрелец во првенството. Во Купот на Германија Вердер бил елиминиран од Санкт Паули во четвртфиналето играно во тешки зимски услови за игра на Милернтор. Во Лигата на шампионите тимот бил блиску до сензација и елиминирање на италианскиот великан Јувентус. Откако го добиле првиот натпревар во Германија со 3-2, во реваншот на Деле Алпи при резултат 1-1 голманот на бременците Тим Визе направил катастрофална грешка во 88-мата минута кога по еден центаршут ја фатил па ја испуштил топката од раце, момент што го искористил Емерсон за да го доведе Јувентус во водство од 2-1 и кога тој се покажал како конечен резултат да го елиминира Вердер од турнирот.

По заминувањето на францускиот плејмејкер Јоан Мику пред сезоната 2006-2007 како негов заменик бил доведен младиот бразилец Диего, а покрај него на Везер дошле и Уго Алмеида, Клеменс Фриц, Пер Мертезакер, Пјер Воме и Маркус Росенберг. Сумата која ја платил Вердер за новите фудбалери изнесувала околу 17 милиони евра - нешто, кое што јасно ја демонстрирало финансиската сила на клубот во овој период. Во есенската полусезона Вердер играл одлично и го освоил Лига купот на Германија за прв пат во својата историја, како и првиот дел од првенството. Меѓутоа, на почетокот на пролетниот дел од сезоната клубот паднал во криза, Клозе не бил на препознатливото ниво за него, а други важни фудбалери страдале од повреди. Така на крајот бременците завршуваат како трети, откако биле престигнати од Шалке 04 и шампионот Штутгарт. Во "групата на смртта"[24] на Лигата на шампионите германците се соочил со актуалниот бранител на трофејот Барселона, англискиот шампион Челси и бугарскиот првак Левски Софија. Десетте бода од 6 натпревари не биле доволни за Вердер да продолжи понатаму, но клубот станал најдобриот трет тим во историјата на турнирот. Како третопласиран тим во групите од Лигата на шампионите, Вердер продолжил со учество во Купот на УЕФА, каде биле сопрени во полуфиналето од шпанскиот Еспањол.

Мирослав Клозе го напуштил Вердер во летото 2007 година и заминал во Бајерн Минхен, а како нови играчи во нападот на бременците стигнале Бубакар Саного од Хамбургер како и купен за 7,8 милиони евра бразилецот Карлос Алберто - најскапо платениот играч во историјата на "зелено-белите", кој всушност не ги оправдал очекувањата и вложени средства во него. Покрај постојаните отсуства на важни играчи поради повреди, кој го следат тимот[25] Вердер го завршвил есенскиот дел на сезоната 2007-2008 во Бундеслигата со еднаков број на бодови со првиот Бајерн, а во 8-мото коло на шампионатот била постигната историска победа со 8-1 над Арминија Билефелд. Лошите резултати на клубот во почетокот на пролетната полусезона ги прокоцкале шансите за титулата, но серијата од осум натпревари без пораз на крајот на првенството му го носи на клубот заслуженото второ место. Доказ за офанзивниот фудбал, демонстриран од Вердер е фактот, дека 20 различни играчи со зелено-белиот дрес постигнале барем еден гол во првенството - рекорд за Првата Бундеслига. Бременците отпаднале во третиот квалификациски круг за Лигата на шампионите, а во Купот на УЕФА и во Купот на Германија биле отстранети во осминафиналето.

Составот за сезоната 2008-2009 претрпел неколку промени, како единствено Тим Боровски од поважните играчи го напуштил клубот и преминал во Бајерн Минхен со слободен трансфер. Нападот бил значајно засилен со враќањето на некогашниот напаѓач на Вердер Клаудио Писаро, земен на позајмица од лондонскиот Челси, а покрај него клубот го ангажирал и младиот Месут Езил од Шалке 04 еден од најталентираните германски фудбалери во тоа време и подоцна клучен играч на германската репрезентација. Сепак, резултатите во првенство биле доста послаби во споредба со претходните години и клубот завршил тек на десеттото место, но и покрај тоа продолжил да играат напаѓачки фудбал како во пет од својте натпревари постигнале по пет гола - нешто, што не му успеало на ниту еден друг клуб во Бундслигата. Бременскиот тим испаднал во групите на Лигата на шампионите, но сепак продолжил да участвува во Купот на УЕФА. Во осминафиналето на Купот на УЕФА, Вердер се сретнал со италијанскиот Милан, кој важел за фаворит во двомечот со бременците. По 1-1 во Германија, Вердер губел со 2-0 на полувремето во реваншот во Италија, но во второто полувреме со двата гола на Клаудио Писаро го израмниле резултатот и со вкупни 3-3 поминале понатаму благодарение на правилото за повеќе голови во гости. Натаму Вердер ги елиминирал Сент Етјен и Удинезе, а во полуфиналето се сретнале со нивниот најголем ривал во германскиот фудбал Хамбургер. По поразот со 1-0 на Везер, Вердер победил во Хамбург со 3-2 и така се пласирал во финалето кое се играло во Истанбул. Сепак, со отсуството на важен играч како Диего во финалето против украинскиот Шахтар Донецк, Вердер потклекнал во продолженијата и бил поразен со 2-1. Вердер се реванширал на својте приврзаници со освојувањето на Купот на Германија со победа од 1-0 над Бајер Леверкузен. Во летната пауза средниот ред на тимот претрпел радикална промяна откако долгогодишниот капитен на тимот Франк Бауман ја завршил кариерата, а бразилецот Диего бил продаден на Јувентус. Торстен Фрингс ја превземал капитенската лента[26], а на Везер стигнале перспективни играчи како Марко Марин од Борусија Менхенгладбах и Марсело Морено од Шахтар Донецк. Во клубот се вратил и Тим Боровски, а Клаудио Писаро бил откупен трајно од Челси по одличната претходна сезона. По една сезона отсуство, Вердер се вратил во врвот на германскиот фудбал завршувајќи на третото место во Првата Бундеслига, зад шампионот Бајерн Минхен и вицешампионот Шалке 04. Исто така клубот бил финалист во Купот на Германија каде сепак не бил во можност да му се спротистави на силниот Бајерн Минхен кој ги победил со убедливи 0-4. Во новоформираната Лига на Европа (уведена на местото на Купот на УЕФА), во походот кон ново финале Вердер бил сопрен од шпанската Валенсија во осминафиналето. Во текот на оваа сезона посебно се истакнал Месут Езил кој постигнал 10 гола и имал фантастични 29 асистенции во сите натпреварувања, по што веќе во летото 2010 тој бил продаден на шпанскиот гигант Реал Мадрид. Клаудио Писаро бил најдобар стрелец на Вердер во сезоната 2009-2010 со 29 гола во сите натпреварувања.

2010-денес; Пад и нов почеток со нови тренери[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2010-2011 во Бундеслигата, Вердер се борел против испаѓање и завршил на 13-тото место, кое дотогаш била најлошата позиција под водството на Томас Шаф. Во Купот на Германија клубот од Бремен немал среќа и веќе бил елиминиран во вториот круг откако за нивен противник бил извлечен Бајерн. Во Лигата на шампионите, Вердер се паднал во група со Интер, Твенте и Тотенхем. Со само пет бодови во шест натпревари, Вердер бил елиминиран како последен во групата.

Хронологија[уреди | уреди извор]

Хронологија на ФК Вердер Бремен
  • 1899: Основање на клубот
  • 1902-03 ·
  • 1903-04 ·
  • 1904-05 ·
  • 1905-06 ·
  • 1906-07 ·
  • 1907-08 ·
  • 1908-09 ·
  • 1909-10 ·

  • 1910-11 ·
  • 1911-12 ·
  • 1912-13 ·
  • 1913-14 ·
  • 1915-16
  • 1916-17
  • 1917-18
  • 1918-19
  • 1919-20 ·

  • 1920-21 ·
  • 1921-22 ·
  • 1922-23 ·
  • 1923-24 ·
  • 1924-25 ·
  • 1925-26 ·
  • 1926-27 ·
  • 1927-28 ·
  • 1928-29 ·
  • 1929-30 ·

3. место во групата Б.
  • 1934-35 · 2. место во Гаулига Долна Саксонија.
  • 1935-36 Победник на Гаулига Долна Саксонија.
2. место во групата Б.
  • 1936-37 Победник на Гаулига Долна Саксонија.
2. место во групата Б.
  • 1937-38 · 3. место во Гаулига Долна Саксонија.
  • 1938-39 · 4. место во Гаулига Долна Саксонија.
  • 1939-40 · 2. место во Гаулига Долна Саксонија - Север.

  • 1940-41 · 2. место во Гаулига Долна Саксонија - Север.
  • 1941-42 Гаулига Долна Саксонија - Север..
елиминирани во четвртфиналето на финалниот турнир.
  • 1942-43 · 2. место во Гаулига Везер-Емс.
  • 1943-44 · 4. место во Гаулига Везер-Емс група Бремен.
  • 1944-45
  • 1945-46
елиминирани во четвртфиналето на финалниот турнир.
  • 1948-49 · 8. место во Оберлига Север.
  • 1949-50 · 4. место во Оберлига Север.

  • 1950-51 · 6. место во Оберлига Север.
  • 1951-52 · 7. место во Оберлига Север.
  • 1952-53 · 3. место во Оберлига Север.
  • 1953-54 · 5. место во Оберлига Север.
  • 1954-55 · 4. место во Оберлига Север.
  • 1955-56 · 6. место во Оберлига Север.
  • 1956-57 · 5. место во Оберлига Север.
  • 1957-58 · 7. место во Оберлига Север.
  • 1958-59 · 2. место во Оберлига Север.
4. место во групата 1.
  • 1959-60 · 2. место во Оберлига Север.
2. место во групата 2.

  • 1960-61 · 2. место во Оберлига Север.
2. место во групата 2.
Куп на Германија Победник на Купот на Германија (1. титула).
  • 1961-62 · 2. место во Оберлига Север.
Елиминирани во натпреварот за квалификување на националното првенство.
Четвртфинале во Купот на победниците на куповите.
  • 1962-63 · 2. место во Оберлига Север.
Елиминирани во натпреварот за квалификување на националното првенство.
  • 1963-64 · 10. место во Бундеслигата.
  • 1964-65 Бундеслига Шампиони на Германија (1. титула).
  • 1965-66 · 4. место во Бундеслигата.
Осминафинале во Купот на победниците на куповите.
  • 1966-67 · 16. место во Бундеслигата.
  • 1967-68 · 2. место во Бундеслигата.
  • 1968-69 · 9. место во Бундеслигата.
  • 1969-70 · 11. место во Бундеслигата.

  • 1970-71 · 10. место во Бундеслигата.
  • 1971-72 · 11. место во Бундеслигата.
  • 1972-73 · 11. место во Бундеслигата.
  • 1973-74 · 11. место во Бундеслигата.
  • 1974-75 · 15. место во Бундеслигата.
  • 1975-76 · 13. место во Бундеслигата.
  • 1976-77 · 11. место во Бундеслигата.
  • 1977-78 · 15. место во Бундеслигата.
  • 1978-79 · 11. место во Бундеслигата.
  • 1979-80 Fall 17. место во Бундеслигата. Испаѓање во
    2. Бундеслига

  • 1981-82 · 5. место во Бундеслигата.
  • 1982-83 · 2. место во Бундеслигата.
Осминафинале во Купот на УЕФА.
  • 1983-84 · 5. место во Бундеслигата.
Второ коло во Купот на УЕФА.
  • 1984-85 · 2. место во Бундеслигата.
Прво коло во Купот на УЕФА.
  • 1985-86 · 2. место во Бундеслигата.
Прво коло во Купот на УЕФА.
  • 1986-87 · 5. место во Бундеслигата.
Прво коло во Купот на УЕФА.
  • 1987-88 Бундеслига Шампиони на Германија (2. титула).
Полуфинале во Купот на УЕФА.
  • 1988-89 · 3. место во Бундеслигата.
Суперкуп на Германија Победник на Суперкупот на Германија (1. титула).
Четвртфинале во Куп на шампиони.
Финалист во Купот на Германија.
  • 1989-90 · 7. место во Бундеслигата.
Полуфинале во Купот на УЕФА.
Финалист во Купот на Германија.

  • 1990-91 · 3. место во Бундеслигата.
Куп на Германија Победник на Купот на Германија (2. титула).
  • 1991-92 · 9. место во Бундеслигата.
Куп на победниците на куповите Победник на УЕФА Купот на победниците на куповите.
  • 1992-93 Бундеслига Шампиони на Германија (3. титула).
Пораз во Суперкупот на УЕФА
Осминафинале во УЕФА Купот на победниците на куповите.
  • 1993-94 · 8. место во Бундеслигата.
Суперкуп на Германија Победник на Суперкупот на Германија (2. титула).
Групна фаза во Лигата на шампионите.
Куп на Германија Победник на Купот на Германија (3. место).
  • 1994-95 · 2. место во Бундеслигата.
Суперкуп на Германија Победник на Суперкупот на Германија (3. титула).
Осминафинале во УЕФА Куп на победниците на куповите.
  • 1995-96 · 9. место во Бундеслигата.
Осминафинале во Купот на УЕФА.
  • 1996-97 · 8. место во Бундеслигата.
  • 1997-98 · 7. место во Бундеслигата.
  • 1998-99 · 13. место во Бундеслигата.
Куп на победниците на куповите Победник на Интертото купот (1. титула)
Второ коло во Купот на УЕФА
Куп на Германија Победник на Купот на Германија (4. титула).
  • 1999-00 · 9. место во Бундеслигата.
Четвртфинале во Купот на УЕФА.
Финалист во Купот на Германија.

  • 2000-01 · 7. место во Бундеслигата.
Второ коло во Купот на УЕФА.
  • 2001-02 · 6. место во Бунделсигата.
  • 2002-03 · 6. место во Бунделсигата.
Второ коло во Купот на УЕФА.
  • 2003-04 Бундеслига Шампиони на Германија (4. титула).
Куп на Германија Победник на Купот на Германија (5. титула).
  • 2004-05 · 3. место во Бундеслигата.
Осминафинале во Лигата на шампионите.
  • 2005-06 · 2. место во Бундеслигата.
Осминафинале во Лигата на шампионите.
  • 2006-07 · 3. место во Бундеслигата.
Лига куп на Германија Победник на Лига купот на Германија (1. титула)
Групна фаза во Лигата на шампионите.
Полуфинале во Куп на УЕФА.
  • 2007-08 · 2. место во Бундеслига.
Групна фаза во Лигата на шампионите.
Осминафинале во Куп на УЕФА.
  • 2008-09 · 10. место во Бунделсига.
Групна фаза во Лигата на шампионите.
Финалист во Купот на УЕФА.
Куп на Германија Победник на Купот на Германија (6. титула).
  • 2009-10 · 3. место во Бундеслигата.
Осминафинале во Лига Европа.
Финалист во Купот на Германија.

  • 2010-11 · 13. место во Бундеслигата.
Групна фаза во Лигата на шампионите.
  • 2011-12 · 9. место во Бундеслигата.
  • 2012-13 · 14. место во Бундеслигата.
  • 2013-14 · 12. место во Бундеслигата.
  • 2014-15 · 10. место во Бундеслигата.
  • 2015-16 · 13. место во Бундеслигата.
  • 2016-17 · 8. место во Бундеслигата.
  • 2017-18 · 11. место во Бундеслигата.

Бои, амблеми и дресови[уреди | уреди извор]

Бои[уреди | уреди извор]

Боите на Вердер Бремен се зелена и бела, а во минатото често на дресовите на Вердер покрај овие две бои се наоѓала и портокаловата боја. Моменталните дресови на Вердер се составени од зелена боја, како главна, и бела боја која се појавува на рамениците и на ракавите; во горниот лев агол е сместен амблемот на клубот. Шорцевите и чорапите исто така секогаш се во зелена или бела боја.[27]

Амблеми[уреди | уреди извор]

Досега во клупската историја Вердер Бремен променил 4 амблема. Моменталниот амблем на клубот бил создаден уште од далечната 1929 година.

Амблемот е составен од дијамант во зелена боја, со граница во бела боја, а во внатрешноста се наоѓа буквата W исто така во бела боја.

Еволуција на дресовите[уреди | уреди извор]

2003-2004
2005-2006
2008-2009
2009-2010
2010-2011
2011-2012
2012-2013
2013-2014
2014-2015
2015-2016
2016-2017
2017-2018

Стадион[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Везер (стадион).
Внатрешноста на Везер.

Од 1930 година фудбалерите на Вердер Бремен ги играат својте домашни натпревари на стадионот Везер (или уште наречен Везерштадион) кој бил изграден уште во 1909 година. По својата прва реконструкција тој бил преименуван во името на своите реконструктори од Алгемајнен Турн унд Шпортферајн во АБТС-Кампфбан. Стадионот го носи името "Везер" или "Везерштадион" од 1930 година, бидејќи се наоѓа на брегот на реката Везер, по која го добил името.

По многуте проширувања денес стадионот има капацитет од 42,500 гледачи. Во близина на стадионот Везер се наоѓаат магистралните патишта А1 и А27, но достапот до него се остварува само од една улица. Поради многобројните протести на жителите во реонот автомобилското движење во близината на стадионот е запрено во деновите кога се играат натпреварите, а местата за паркирање се само за граѓаните кој живеат до него. Поради ограничувања, на стадионот има многу автобуси и трамваи, специјално посветени за оваа прилика и бесплатни за оние лица кој ќе покажат билети за натпреварот. Овие потешкотии во инфраструктурата се најважната причина поради која Везерштадион се избегнува да биде домаќин кога се во прашање официјалните натпревари на германската репрезентација како и Светското првенство 2006, на кое Бремен и стадион Везер не биле домаќини.

Северната страна на стадионот со клупскиот музеј

Во близина на стадионот се наоѓаат и игралишта за тренинг на професионалните и аматерските фудбалери на Вердер, како и базен. Тука е сместен и помалиот стадион Везерштадион Плац 11, кој собира 5.500 гледачи и на него својте натпревари ги игра вториот тим Вердер Бремен II како и женскиот тим на Вердер. Администрацијата на клубот исто така е сместена на стадионот, како и фаншоп, ресторани и други канцеларии.

Во декември 2004 година, под трибините на Везерштадион бил отворен "Вузеум", музеј, во кој се наоѓаат сите успеси и титули на клубот како и слики и постери од некој од најзначајните играчи или членови на клубот низ историјата.[28]

Низ годините стадионот повеќе пати бил реновиран, а последен пат во периодот 2008-2011 година, кога на стадионот биле извршени бројни работи за модернизација; под ова се вклучени реконструкција на покривот и поставување на соларни панели, како и реконструкција на трибините, кои ја прават моменталната правоаголна форма на Везер.[29] Исто така, со последната реконструкција стадионот бил претворен во чисто фудбалска арена без атлетската патеката која претходно се наоѓала околу фудбалското игралиште. На тој начин бил зголемен капацитетот, а северната и јужната трибина биле доближени до теренот со што е подобрена атмосферата и врската на навивачите со фудбалерите. Местата на западната и источната трибина сега започнуваат директно од крајот на теренот.

Иако клубот размислувал и за продажба на името на стадионот за да се остварат средства со кој би се помагнало во реконструкцијата, сепак такво нешто не се случило и стадион го задржал името.

Навивачи[уреди | уреди извор]

Сезона Гледачи Продадени карти Членови
1999-2000 29.834 20.125 2.980
2003-2004 37.666 20.000 5.700
2004-2005 39.579 25.000 15.000
2005-2006 36.928 25.000 21.000
2006-2007 39.715 25.000 23.500
2007-2008 40.267 25.000 30.266
2008-2009 40.375 25.000 34.047
2009-2010 36.015 25.000
2010-2011 37.620 25.000 40.000
2011-2012 40.808 25.000 40.400
2012-2013 40.639 25.000
2013-2014 40.657 25.000
2014-2015 40.906 25.000
2015-2016 40.402 25.000 36.500
2016-2017 40.881 25.000
2017-2018 40.823 25.000

Почнувајќи од сезоната 1999-2000, бројот на гледачи во домашните натпревари на Вердер Бремен постојано се зголемува, со исклучок само на сезоната 2005-2006 година, кога била извршена реконструкцијата на стадионот. Во сезоната 1999-2000 домашните натпревари на Вердер ги следеле во просек околу 29,834 гледачи, а во годината кога била освоена "двојната круна" бројот на гледачи во просек бил зголемен на 37,666. Речиси двојно зголемување во однос на последната сезона од ХХ век е забележано во сезоната 2006-2007, кога средната посетеност достигнала до 39,715. Освен тоа бројот на продадени сезонски карти исто така се зголемил - од 20,000 во сезоната 2003-2004 на 25,000 во следните четири години.[30] Бројот на членови, кои претходно биле помеѓу 2,000 и 3,000 со децении, остро се зголемил со враќањето кон успехот под водството на тренерот Томас Шаф зголемувајќи се од 2.980 членови пред сезоната 1999-2000 на над 15,000 во шампионската година, па се до 30,266 во 2007 година. Во 2003 година започнала силна кампања низ целиот град Бремен за зголемување на бројот на членови во Вердер, со плакати и реклами во градскиот транспорт, во кој биле прикажани слики од тренерот со слогани "Те сакам!" и "Членувај во Вердер!".[31][32]

Навивачите на Вердер на источната трибина

Постојат седум, претежно мали фан-групи "ултраси" и се одговорни за разни кореографии на стадионот. Тие се "Wanderers-Bremen", "The Infamous Youth", "Caillera", "L'Intesa Verde", "HB Crew", "Ultra Boys" и "UltrA-Team Bremen". Овие поддржувачи во принцип се сместени на источната трибина на Везерштадион. Исто така, постојат и некои проблеми со хулиганството меѓу навивачите од Бремен, како што се оние на навивачката група "Стандард", чии членови припаѓале на поранешниот сенатор за внатрешни работи од Бремен Томас Ревекамп кои се сметаат за екстремно десничарски по политичка позадина.[33] На 20 јануари 2007 година, на прославата на едногодишното постоење на самопрогласената "антирасистичка" и аполитичка индикативна ултрагрупа Расајл Верте ("Зелена толпа") биле уапсени создавачите кои според извештаите на очевидци, би требало да се членови на оваа група.[34]

Можат да се посочат два примера за организаторскиот талент на приврзаниците на Вердер. Тие успеале да ја создат песната која подоцна станала клупска химна "Lebenslang Grün-Weiß" (во превод "Зелено-бело за цел живот") која се нашла на 29-тото место во рангирањето на германската телевизија ZDF за најдобри германски песни на ХХ век. Песната ги оставила зад себе официјалната химна на најголемиот ривал од северот Хамбургер "Хамбург, моја перла", како и песните на едни од најпопуларните поп-изведувачи во земјата. Оваа песна се слуша пред почетокот на секој домашен натпревар на Вердер Бремен, додека после секој гол на Вердер, на стадионот се пушта песната I'm Gonna Be (500 Miles) од шкотското дуо The Proclaimers.

Во последните години на спортски неуспех, навивачите на Вердер постојано обезбедувале извонредна атмосфера во битката за опстанок. Така, за време на битката за опстанок во 2013 година, била започната кампањата "ALLEz Grün" од најстрасните навивачи на Вердер, кои ги повикале сите подржувачи на клубот да ги покажат своите бои и да дојдат на Везерштадион со зелена облека за поддршка на тимот. Покрај тоа, тимскиот автобус на влезот на стадионот пред натпреварот бил поздравен од многу фанови кои пееле гласно. Кога работите станале уште полоши во 2016 година, а позицијата на клубот од Бремен му се заканила дека ќе испадне во понизок ранг за прв пат по долги години, кампањата "#greenwhitewonderwall" започнала со работа кај фан-клубовите. Како и во 2013, тимските автобуси биле примени како и претходно на стадиониот а во последните три домашни натпревари навивачите повторно биле огромна поддршка на тимот преку оваа кампања. Како резултат на тоа, ниту еден од последните три домашни натпревари не бил загубен, а победничкиот гол постигнат пред самиот крај во последниот домашен натпревар против Ајнтрахт Франкфурт му донел опстанок на тимот, за потоа навивачите да слават на тревата на Везерштадион во Бремен како да била освоена титулата во шампионатот. Навивачите на Вердер ја добиле наградата „Фанатици на годинат“ од фудбалскиот магазин 11 Freunde за ова движење на навивачите.[35]

Интерсна случка во врска со навивачите на Вердер се случува во сезоната 2005-2006. На официјалниот вебсајт на екипата на Хамбургер била извршена анкета со која требало да се избере најдобриот играч на клубот за годината. Фановите на Вердер успеале да го саботираат изборот со многубројни учества на сајтот, јавувања по телефон и електронски писма, посочувајќи го за победник поранешниот фудбалер на Вердер Аилтон. Бразилецот се преселил во Хамбург на позајмица за време на зимската пауза од првенството и по доаѓањето во клубот не играл посебно успешно, а неговото невероватно промашување на празен гол во директниот дуел со "зелено-белите" го симнало Хамбургер на третото место на табелата и така тие го пропуштиле директното квалификување во групите од Лигата на шампионите. На крајот организаторите го ресетирале очигледниот неадекватен поредок во анкетата, но откако одново Аилтон убедливо победил, тие објавиле, дека "сите фудбалери на Хамбургер се победници".

Ривали[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Норддерби.
Елјеро Елија од Вердер (зелен дрес) и Сон Хеунг-мин од Хамбургер (бел дрес) во натпревар меѓу двете екипи во 2012 година.

Главниот ривал на Вердер гледано низ историјата на клубот е, северногерманскиот конкурент Хамбургер, со кој се натпреавруваат во таканареченото Норддерби (во превод Северно дерби). Нивното ривалство започнало уште пред формирањето на Бундеслигата во годините на Оберлигата Север во која Хамбургер дефинитивно преовладувал во директните дуели, а Вердер успеал едвај во последните години пред воведувањето на Првата Бундеслига да се утврди како втора најсилна екипа во регионот по нив. Омразата меѓу приврзаниците на двата тима ескалирала по 17 октомври 1982 година, кога навивачот на бременците Адриан Малајка бил убиен во близина до стадионот на Хамбургер по фрлен камен од членовите на ултра-групата "Лавови". Малајка умрел на патот кон стадионот, за да го гледа гостувањето на својот омилен фудбалски клуб, кога каменот смртоносно го удрил по тилот. Хамбургските "Лавови" се една од најопасните организации, а во тоа време дури биле вооружени со гасни пиштоли и халоси.[36] Во декември 1982 година по околу 200 членови на двата клуба од северот се сретнале во градчето Шеесел, оддалечено на еднакво растојание од Бремен и Хамбург, и се договориле да склучат примирје познато како "Примирјето од Шеесел", за кое иницијатори и присутни на настанот биле двајцата спортски директори на клубовите Гинтер Нецер и Вили Лемке.[36] Последователно, насилството се трга на страна и се отвора посебна атмосфера која што ги придружува натпреварите на двата тима од пристанишните градови. Синонимот "Број 1 на северот" се носи со гордост и од "зелено-белите" навивачи и од "бело-црвените".

Меѓу 22 април и 10 мај 2009 година се случило нешто невообичаено - во период од 19 дена двата противника се сретнале цели 4 пати. Неубедиливиот во таа сезона во Првата Бундеслига, Вердер, излегол како поуспешен во овие натпревари, успевајќи да го елиминира Хамбургер од Купот на Германија (победа од 4-2 во Хамбург по изведување на пенали) и Купот на УЕФА (0-1 во Бремен, 3-2 во Хамбург), како и да ги исклучи хамбургерци од борбата за титулата во германското првенство (победа 2-0 во Бремен).

Ривалството меѓу Вердер Бремен и Бајерн Мюнхен постои многу долго време. Во половината од својте шест втори места Вердер завршил само зад баварците, кој пак во три од вкупно четирите титули на бременците завршувале како вицешампиони. Во кон крајот на 1980-те и првата половина на 1990-те години, кога двете екипи редовно се бореле помеѓу себе за првото место, взаемните антипатии се интензивирале и поради личната нетолеранција меѓу директорите Ули Хенес и Вили Лемке. Лемке го дефинирал Хенес како "гробокопачот на германскиот фудбал" и додал, дека никој друг човек на светот не се изјаснува толку "негативно".[37] Почетокот на ривалството, според некои, започнало на 23 ноември 1985 година,[38] кога лидерот на табелата Вердер Бремен му гостувал на Бајерн во Минхен. Тогаш напаѓачот на Вердер Руди Фелер бил фаулиран застрашувачки грубо од Клаус Аугенталер и му била скршена ногата, а дефанзивецот на Бајерн добил "само" жолт картон.[38] Самиот Ули Хенес јавно ја оспорил одлуката за картонот на Аугенталер, а тренерот на "баварците" Удо Латек се изразил иронично за баварско радио, откако за повредениот Фелер кој за рехабилитација од повредата морал да пропушти пет месеци, рекол дека "не знаел како да падне".[39] Од ова време датираат и првите препукувања во медиумите меѓу Хенес и Лемке.

Освен тоа приврзаници на Вердер низ историјата често останувале разочарани од трансферите на некој од најдобрите фудбалери на Вердер во Бајерн Минхен како Андреас Херцог, Марио Баслер, Клаудио Писаро, Валериен Исмаел, Мирослав Клозе, Тим Боровски, Серж Гнабри, како и тренерот Ото Рехагел, кој седнал на клупата на баварците во 1995 година. Кога односите меѓу Ули Хенес и Кристоф Даум биле оптегнати до максимум во 2000 година директорот на минхенскиот клуб бил насилно исвиркан и навредуван за време на гостувањето на неговиот клуб на Везерштадион. По новите взаемни провокации по медиумите во 2004 година, односите меѓу двата тима се вратиле во професионална насока.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 31 август 2018 [40][41]
Бр. Позиција Играч
1 Чешка ГМ Јиржи Павленка
2 Шведска ОД Феликс Бејмо
4 Перу НП Клаудио Писаро
5 Шведска ОД Лудвиг Аугустинсон
6 Германија СР Кевин Мехвалд
7 Австрија СР Флоријан Кајнц
8 Јапонија НП Јуја Осако
9 Австрија НП Мартин Харник
10 Германија НП Макс Крузе Captain sports.svg
11 Косово СР Милот Рашица
13 Србија ОД Милош Вељковиќ
14 Германија СР Оле Каупер
15 Германија ОД Себастијан Лангкамп
16 Германија ГМ Михаел Зетерер
17 Турција СР Нури Шахин
18 Финска ОД Никлас Моисандер
Бр. Позиција Играч
19 САД НП Џош Сарџент
20 САД НП Арон Јохансон
22 Германија СР Фин Бартелс
23 Чешка ОД Теодор Гебре Селасие
24 Германија НП Јоханес Егештајн
27 Грција ГМ Стефанос Капино
30 Холандија СР Дави Класен
32 Австрија ОД Марко Фридл
33 Чешка ГМ Јарослав Дробни
34 Германија СР Жан-Мануел Мбом
35 Германија СР Максимилијан Егештајн
36 Германија ОД Торе Јакобсен
39 Германија ОД Јан-Никлас Бесте
40 Германија ГМ Лука Плогман
44 Германија СР Филип Баргфреде

Клаудио Писаро, најдобар стрлец во историјата на Вердер Бремен со 147 гола.

Играчи рекордери[уреди | уреди извор]

Играчи со најмногу настапи за клубот[уреди | уреди извор]

М. Играч Во клубот Натпревари
1 Германија Дитер Бурденски 1972–1988 616
2 Германија Карл-Хајнц Камп 1970–1984 535
3 Германија Дитер Ајлтс 1985-2002 516
4 Германија Марко Боде 1989-2002 495
5 Германија Џони Отен 1979-1993 493
6 Германија Хорст Дитер Хетгес 1964-1978 485
7 Германија Мирослав Вотава 1985-1996 481
8 Германија Оливер Рек 1985-1998 454
9 Германија Торстен Фрингс 1996-2002 и 2005-2011 449
10 Германија Вернер Гертс 1966-1978 427

Играчи со најмногу постигнати голови за клубот[уреди | уреди извор]

М. Играч Во клубот Број на голови
1 Перу Клаудио Писаро 1999–2001, 2008-2012,
2015-2017 и 2018-денес
147
2 Германија Франк Нојбарт 1982-1996 141
3 Германија Уве Рајндерс 1977–1985 135
4 Германија Марко Боде 1989-2002 135
5 Германија Норберт Мајер 1980–1989 129
6 Германија Руди Фелер 1982-1987 119
7 Бразил Аилтон 1998-2004 106
8 Австралија Винтон Руфер 1989-1995 104
9 Германија Арнолд Шутц 1960-1972 102
10 Германија Вернер Гертс 1966-1978 92

Најдобри стрелци во Првата Бундеслига[уреди | уреди извор]

Аилтон, најдобар стрлец на Бундеслигата во сезоната 2003-2004.

Следниве фудбалери биле најдобри стрелци во Првата Бундеслига во некоја сезона носејќи го дресот на Вердер Бремен.

Фудбалер Сезона Број на голови
Руди Фелер 1982-1983
23
Марио Баслер* 1994-1995
20
Аилтон 2003-2004
28
Мирослав Клозе 2005-2006
25

*заедно со Хајко Херлих, Борусија Менхенгладбах

Освојувачи на титули[уреди | уреди извор]

Светски шампиони[уреди | уреди извор]

Европски шампиони[уреди | уреди извор]

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Моментален тренерски штаб[уреди | уреди извор]

Флоријан Кофелдт, моментален тренер на клубот

Тренерски штаб за сезоната 2018-2019:

Име Функција
Германија Флоријан Кофелдт Главен тренер
Германија Томас Хорш,
Германија Тим Боровски
Помошник тренер
Германија Кристијан Вандер Тренер на голманите
Германија Аксел Дорфус Атлетски тренер
Германија Гинтер Стоксрајтер Атлетски тренер
Германија Јенс Беулке Рехабилитациски тренер
Германија Др. Филип Хајтман Клупски доктор
Германија Холгер Бергер Физиотерапевт

Тренери[уреди | уреди извор]

Име Период Важни пласмани
Германија Вили Мултхауп 1 јули 1963 – 30 јуни 1965 Шампион во Бундеслига 1964-1965.
Германија Гинтер Брокер 1 јули 1965 – 4 септември 1967
Германија Фриц Лангнер 9 септември 1967 – 30 јуни 1969 Второ место во Бундеслига 1967-1968.
Германија Фриц Ребел 1 јули 1969 – 16 март 1970
Германија Ханс Тилковски 17 март 1970 – 30 јуни 1970
Германија Роберт Гебхардт 1 јули 1970 – 26 септември 1971
Германија Вили Мултхауп 27 септември 1971 – 24 октомври 1971
Германија Јозеф Пионтек 25 октомври 1971 – 30 јуни 1975
Германија Фриц Лангнер 8 мај 1972 – 30 јуни 1972
Германија Херберт Бурденски 1 јули 1975 – 28 февруари 1976
Германија Ото Рехагел 29 февруари 1976 – 30 јуни 1976
Германија Ханс Тилковски 1 јули 1976 – 22 декември 1977
Германија Фред Шулц 2 јануари 1978 – 30 јуни 1978
Германија Волфганг Вебер 1 јули 1978 – 29 јануари 1980
Германија Фриц Лангнер 20 февруари 1980 – 30 јуни 1980
Германија Куно Клетцер 1 јули 1980 – 1 април 1981
Германија Ото Рехагел 1 април 1981 – 30 јуни 1995 Шампион во Будеслигата во сезоните 1987-1988 и 1992-1993;
Победник на Купот на победниците на куповите 1991-1992;
Победник на Купот на Германија 1990-1991 и Купот на Германија 1993-1994;
Полуфиналист во Куп на УЕФА 1987-1988 и Куп на УЕФА 1989-1990;
Второ место во Бундеслигата во 1982-1983, 1984-1985,
1985-1986 и 1994-1995;
Финалист на Купот на Германија во 1988-1989 и 1989-1990.
Холандија Ад де Мос 1 јули 1995 – 9 јануари 1996
Германија Ханс-Јирген Дорнер 14 јануари 1996 – 20 август 1997
Германија Волфганг Зидка 1 септември 1997 – 22 октомври 1998 Интертото куп 1998.
Германија Феликс Магат 22 октомври 1998 – 8 мај 1999
Германија Томас Шаф 10 мај 1999 – 15 мај 2013 Шампион во Бундеслига 2003-2004;
Победник на Купот на Германија во 1998-1999, 2003-2004 и 2008-2009;
Финалист во Куп на УЕФА 2008-2009;
Полуфиналист во Куп на УЕФА 2006-2007;
Второ место во Бундеслигата во сезоните 2005-2006 и 2007-2008;
Финалист на Купот на Германија 1999-2000.
Германија Робин Дут 1 јуни 2013 – 25 октомври 2014
Украина Виктор Скрипник 25 октомври 2014 – 18 септември 2016
Германија Александер Нури 18 септември 2016 - 30 октомври 2017
Германија Флоријан Кофелдт 30 октомври 2017 - денес

Титули[уреди | уреди извор]

Сребрената салатиера, освоена во 1965, 1988, 1993 и 2004 година
Пехарот во Купот на Германија, освоен во 1961, 1991, 1994, 1999, 2004, 2009 година

Германија Домашни[уреди | уреди извор]

1964–1965, 1987–1988, 1992–1993, 2003–2004
Второ место (7) : 1967–1968, 1982–1983, 1984–1985, 1985–1986, 1994–1995, 2005–2006, 2007–2008
Тресто место (5) : 1988-1989, 1990-1991, 2004-2005, 2006-2007, 2009-2010
1960–1961, 1990–1991, 1993–1994, 1998–1999, 2003–2004, 2008–2009
Финалист (5) : 1988–1989, 1989–1990, 1999–2000, 2009–2010
2006
Финалист (2) : 1999, 2004
1988, 1993, 1994
Финалист (1) : 1991
1980-1981

УЕФА Европски[уреди | уреди извор]

1991-1992.
1998

останати пласмани

Финалист (1) : 2008-2009
Финалист (1) : 1992

Статистика и рекорди[уреди | уреди извор]

Фудбалерите на Вердер Бремен слават гол во натпревар против Херта Берлин во 2007 година.

Пласмани[уреди | уреди извор]

Сите пласмани на клубот во Бундеслигата од 1963 наваму:

Учество во првенството по нивоа[уреди | уреди извор]

Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Гаулига Долна Саксонија 11 1933-1934 1943-1944 81
Оберлига Север 16 1945-1946 1962-1963
Бундеслига 55 1963-1964 2018-2019
2. Бундеслига 1 1980-1981 1

Историски натпревари[уреди | уреди извор]

Дополнителни податоци[уреди | уреди извор]

  • Вердер Бремен бил лидер во Бундеслигата 130 пати и на тој начин е четврти по Бајерн Минхен, Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах (по крајот на сезоната 2015/16)
  • После сезоната 2017-2018, Вердер е на второто место на Вечната табела на Бундеслигата со 2771 поен. Заостанува само зад Бајерн Минхен.
  • Со шест титули, клубот исто така е на второто место по успешност во Купот на Германија, повторно зад Бајерн Минхен.
  • На почетокот на сезоната 2018-2019, Вердер станал тимот со најмногу примени голови во историјата на Бундеслигата, надминувајќи го во оваа негативна статистика Хамбургер.

„Чудата на Везер“[уреди | уреди извор]

Вердер Бремен е познат по таканаречените „Чуда на Везер“, враќајќи се на својот стадион резултатски во игра и правејќи пресврти во натпревари кој изгледале изгубени. Ова најчесто важи за дуелите од европските натпреварувања кој се играле во два натпревари (дома-гости), во кој Вердер на својот Везер стадион знаел да надополни негатива која по одигрувањето на гостинскиот натпревар изгледала нереална за достигнување. Овие пресврти му носат голема слава на Вердер во целата Германија. Еве некој од незаборавните пресврти на клубот на својот стадион.

  • Во сезоната 1987-1988 Вердер Бремен го загубил првиот натпревар од Спартак Москва во Русија со 1-4, но на Везер победил со истиот резултат и на крајот се пласирале понатаму по продолженијата победувајќи со 6-2.
  • Во сезоната 1988-1989 Вердер загубил од Динамо Берлин со 0-3 во првиот натпревар од Купот на Европските шампиони, но откако на домашен терен ги згазиле источногерманците со 5-0 се пласирале понатаму прикажувајќи напаѓачки и ефикасен фудбал.
  • Во сезоната 1993-1994 бременскиот клуб бил во негатива од белгискиот првак Андерлехт со 0-3 до 66-тата минута во натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. На крајот Вердер победил со 5-3.
  • Во сезоната 1999-2000 Вердер го загубил првиот натпревар од Олимпик Лион со 0-3, но во реваншот на домашен терен победил со 4-0.
  • Во осминафиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2005-2006 Вердер губел од Јувентус на три минути преди крајот на натпреварот со 1-2, но со головите во 87-мата и 92-рата минута германците дошле до победата.

Вториот тим[уреди | уреди извор]

Вердер Бремен II
Локација Бремен, Германија
Стадион Везерштадион Плац 11
Капацитет 5,500
Тренер Германија Свен Хубшер
Лига Регионална лига Север
2017–18 18-ти, Fall испаѓање
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Вториот тим на Вердер моментално се натпреварува во Регионалната лига Север, а своите домашни натпревари главно ги играат на Везерштадион Плац 11. Од февруари 2018 тренер на тимот е Свен Хубшер и тренерот на голманот Мануел Клон.

Најголемите успеси на вториот тим на Вердер Бремен се освојувањето на аматерските првенства во 1966, 1985 и 1991 година. Од 1969 до 2007 година (од тогаш повеќе не учествувале) екипата на Вердер под 23 години 20 пати го освојувала Купот на Бремен и така се квалификувала за првиот круг на Националниот куп на Германија. Во сезоната 2007-2008 Вердер Бремен II приредиле голема сензација кога во првото коло од Купот на Германија го елиминрале Келн со 4-2 по продолженија, откако на полувремето заостанувале со 0-2. Потоа во вториот круг тие го совладале и Сент Паули, уште еден клуб од Втората Бундеслига (каков што бил и Келн во тоа време) со што успеале да стигнат до осминафиналето на купот, во кое тие тесно биле поразени со 2-3 од тогашниот актуелен шампион на Германија Штутгарт. За време на сезоната 2007-2008, тие го освоиле петтото место во Регионалната лига, со кое избориле промоција како еден од трите втори тимови (покрај Бајерн Минхен II и Штутгарт II) во новата 3. лига.[42]

Во сезоната 2010-2011 Вердер Бремен II завршил претпоследен во 3. лига и требало да испадне во четвртото ниво на германскиот фубдал. Сепак, бидејќи подобро пласираните клубови од неги Кобленц и Рот Вајс Ален не добиле лиценца, Вердер II останал во третата лига. Во следната сезона, клубот го освоил последното место и на тој начин по цели 36 години испаднал од третото ниво на германскиот фудбал во четвртото ниво Регионалната лига Север. Во сезоната 2014-2015 клубот завршил на првото место и во плејофот за промоција го совладале вториот тим на Борусија Менхенгладбах и се вратиле во 3. лига.[43] Во првата сезона по враќањето, клубот едвај изборил опстанок со победа на гости кај Ален во последното коло од сезоната. Исто така, една година подоцна повторно со победа над Ален во последниот натпревар од сезоната, овојпат на домашен терен, Вердер Бремен II повторно избегнал испаѓање. Во сезоната 2017/18 Вердер Бремен бил единствениот професионален клуб чиј втор тим играл во третата лига. Сепак, на крајот од сезоната клубот го освоил 18-тото место во 3. лига и испаднал во Регионалната лига.

Низ историјата, Вердер Бремен II дал мноу млади играчи кој играјќи за вториот тим подоцна направиле скок и во првиот тим, како што се Томас Шаф или подоцнежните европски шампиони со германската репрезентација како Дитер Ајлтс и Марко Боде. И во моменталниот состав на Вердер Бремен кој се натпреварува во Бундеслигата има играчи кој поникнале од младинската школа на клубот и играле за вториот тим како, Филип Баргфреде, браќата Максимилијан Егештајн и Јоханес Егештајн, Мартин Харник и Никлас Шмид.

Мартин Харник играч кој поникнал во клубот и играл и за првиот и вториот тим на Вердер Бремен.

Успеси[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 4 септември 2018 [44]
Бр. Позиција Играч
1 Германија ГМ Едуардо дос Сантос Хеслер
2 Германија ОД Џошуа Битер
3 Германија ОД Франк Ронштадт
4 Германија ОД Малте Карбштајн
5 Германија ОД Марко Кафенбергер
6 Германија СР Кристијан Грос
8 Германија НП Кевин Шумахер
9 Холандија НП Бенет ван дер Берг
11 Германија НП Флоријан Диц
14 Германија СР Оле Каупер
15 Германија СР Јан-Пеле Хопе
16 Германија ОД Џастин Плауц
19 САД НП Џош Сарџент1
20 Германија ОД Ларс Бунинг
Бр. Позиција Играч
21 Германија ОД Јулијан Рикман
22 Германија ГМ Тобијас Дуфнер
23 Германија СР Бубакар Бари
25 Германија СР Фридолин Вагнер
26 Германија ОД Јанес Волерт
29 САД НП Ајзеа Јанг
33 Германија СР Леандер Васмус
34 Германија СР Жан-Мануел Мбом1
35 Нов Зеланд СР Тревор Зведслот
37 Гана НП Џона Озабути
39 Германија ОД Јан-Никлас Бесте1
40 Германија ГМ Лука Плогман1
47 Гамбија НП Усман Мане

1 имаат право да играат и за првиот тим исто така

Вердер Бремен како спортско друштво[уреди | уреди извор]

Спортскиот клуб Вердер Бремен покрај машкиот фудбал, развива и многу други спортови како што се женски фудбал, ракомет, атлетика, пинг-понг, гимнастика и шах.

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „ФК Вердер Бремен (жени).

Веќе во раните 1970-ти години Вердер Бремен, имал и свој женски фудбалски клуб, кој учествувал во финалето на германското првенство во 1974 година. Откако клубот во меѓувреме бил распуштен, во 2007 година спортското друштво одново основало женски фудбалски тим, на барање на Бременската фудбалска асоцијација. Откако минал низ пониските лиги во сезоната 2016-2017, женскиот тим на Вердер Бремен го освоил првото место во во втората лига и изборил промоција во Првата Бундеслига каде се натпреварува и денес.

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „ЖРК Вердер Бремен.

Вердер Бремен исто така поседува женски ракометен клуб, кој во моментов се натпреварува во 2. Бундеслига во ракомет за жени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. SV Werder Bremen“, UEFA, 10 јуни 2010 (посет. 7 декември 2010 г).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Werder Bremen .:. Steckbrief“, Weltfussball (посет. 7 декември 2010 г).
  3. „The Weser-Stadion“ (на german). SV Werder Breme. http://www.werder.de/en/stadium/weser-stadium/the-weser-stadion/. 
  4. Die Kapazität der 18 Bundesliga-Stadien“. (на German)
  5. Wallenhorst 1998, S. 103.
  6. 6,0 6,1 6,2 Zeit.de: Fussball: Lebenslang Grün-Weiß
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 7,7 7,8 Werder.de: Die Vereinshistorie
  8. 8,0 8,1 8,2 Weltfussball.de: Überblick über die Vereinshistorie
  9. Wallenhorst 1998, 154 f.
  10. Werder.de: Historie des Weserstadions
  11. Werder.de: Juden im deutschen Fußball und bei Werder Bremen (Toter Link)
  12. Nils Havemann: Fußball unterm Hakenkreuz: der DFB zwischen Sport, Politik und Kommerz. Campus-Verlag, Frankfurt am Main / New York 2005, S. 213 ff.
  13. Werder.de: Der Mann, der Schalke die Spieler wegholte (Toter Link)
  14. vgl. Weser-Kurier vom 29. September 1945, S. 4: „Der Sportaufbau in Bremen“, und folgende Ausgaben.
  15. eMedienservice Nord.de: Kurzer Überblick über die Geschichte Werder Bremens
  16. weltfussballarchiv.de: Grundsätzliche Angaben über Werder
  17. Zeigler 2006, S. 25.
  18. Zeigler 2006, S. 108 u. 109.
  19. Zeigler 2006, S. 118.
  20. Zeigler 2006, S. 119
  21. berlinonline: Bericht der Berliner Zeitung über die Spielzeiten 1986 und 2004.
  22. Zeigler 2006, 313
  23. Johannes Freytag (9 јули 2015). „Otto Rehhagel: Modern ist, wer gewinnt“. ndr.de. Norddeutscher Rundfunk. https://www.ndr.de/sport/legenden/rehhagel129_page-2.html. посет. 10 октомври 2016 г. 
  24. spiegel.de: Gelassenheit in der Todesgruppe
  25. „Werder funkt SOS“, kicker, Bundesliga, Seite 8., Hans-Günter Klemm, 26. Juli 2007 Nr. 61
  26. Werders neuer Mannschaftskapitän heißt Torsten Frings vom 6. Juli 2009 auf bild.de
  27. „Ufficializzata la nuova maglia Nike 15-16 del Werder Brema. Torna il verde acqua“. http://overpress.it/2015/05/13/ufficializzata-nuova-maglia-15-16-werder-brema/. посет. 8 март 2016 г. 
  28. „WUSEUM - THE WERDER BREMEN MUSEUM“ (на en). 6 октомври 2018. http://www.weserstadion.de/en/service/wuseum-the-werder-bremen-museum/. посет. 6 октомври 2018 г. 
  29. „Weserstadion“ (на de). http://www.stadiumguide.com/weserstadion/. посет. 8 март 2016 г. 
  30. dpa. „Werder Bremen setzt 24 000 Dauerkarten ab“, „fussball24.de“, 20 јуни 2005 (посет. 6 октомври 2013 г).
  31. werder-blitz.de: Bild aus der Werbekampagne für neue Mitglieder mit Thomas Schaaf
  32. Thorsten Waterkamp. „Werder Bremen Schaaf will mit Pizarro verlängern“, „weser-kurier.de“, Bremer Tageszeitungen AG, 8 декември 2011 (посет. 21 октомври 2012 г).
  33. Die Bremer Bürgerschaft befasst sich mit dem Überfall auf Racaille Verte (Sitzungsprotokoll)“ (PDF; 24 kB), „gruene-fraktion-bremen.de“, Bündnis 90/Die Grünen in der Bremischen Bürgerschaft, 2 февруари 2007 (посет. 6 октомври 2013 г).
  34. Weser-Kurier. „Siegt die Angst im Weserstadion?“, „werderfans-gegen-rassismus.de“, AntiDiskriminierungs AG, Fan-Projekt Bremen e. V., 9 февруари 2007 (посет. 4 мај 2018 г).
  35. Unsere Fanaktion des Jahres: #greenwhitewonderwall“, „11Freunde.de“, 14 август 2016 (посет. 1 март 2017 г).
  36. 36,0 36,1 Zeigler 2006, S. 269
  37. stern.de: Willi Lemke attackiert Hoeneß „Bayern sind doch Pappnasen“
  38. 38,0 38,1 abendblatt.de: Hoeneß vor Bayerns Spiel gegen Werder: "Wir müssen die niedermachen!"
  39. Zeigler 2006, стр. 311
  40. „Spieler“ (на german). SV Werder Bremen. https://www.werder.de/de/teams/profis/spieler/. 
  41. „Squad“. Bundesliga. https://www.bundesliga.com/en/clubs/werder-bremen/kader/. 
  42. 3. Liga – Spielplan 2008/2009“, „dfb.de“, Deutscher Fußball-Bund (посет. 4 септември 2014 г).
  43. Werder Bremen II setzt sich gegen Gladbach II durch und steigt auf“, „sport1.de“, Sport1, 31 мај 2015 (посет. 3 јуни 2015 г).
  44. „Die U23 Mannschaft“ (на german). https://www.werder.de/teams/u23/mannschaft/. посет. 3 септември 2018 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „ФК Вердер Бремен“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).