Серж Гнабри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Германија Серж Гнабри
Serge Gnabry Arsenal Members' Day 2015 (cropped).jpg
Лични податоци
Полно име Серж Давид Гнабри
Роден на 14 јули 1995 (1995-07-14) (воз. 22 г.)
Роден во Штутгарт, Германија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Број 31
Младинска кариера
Flag of None.svg Вајсбах
Flag of None.svg Хеминген
Дицинген Дицинген
Flag of None.svg Фјуербах
Штутгарт Кикерс Штутгарт Кикерс
Штутгарт Штутгарт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2016 Арсенал Арсенал 10 (1)
2015-2016 Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 1 (0)
2016-2017 Вердер Бремен Вердер Бремен 27 (11)
2017- Бајерн Минхен Бајерн Минхен 0 (0)
Репрезентација
2010-2011 Германија Германија 16 5 (1)
2011-2012 Германија Германија 17 12 (3)
2013 Германија Германија 18 2 (3)
2013 Германија Германија 19 5 (3)
2015- Германија Германија 21 15 (4)
2016 Германија Германија 23 6 (6)
2016- Германија Германија 2 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Серж Давид Гнабри (роден на 14 јули 1995) е германски фудбалер, крило на Бајерн Минхен и на германската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Серж е роден во Штутгарт, Германија, од татко од Брегот на Слоновата Коска и мајка германка. Како дете тој бил талентиран спринтер, но сепак, избрал да се посвети на играњето фудбал, пред атлетиката.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Најчесто игра како лево крило, но исто така, може да дејствува и како втор напаѓач. Се работи за физички цврст и силен фудбалер кој има добра основна техника. Меѓу најголемите квалитети во играта му се дриблингот и брзината што му овозможува често да пробива по страничните позиции и да асистира за својте соиграчи но и сам да ги завршува акциите.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Арсенал[уреди | уреди извор]

Откако во младоста Гнабри сменил повеќе екипи во кој тренирал и растел, во 2010 година екипата на Штутгарт се согласила да го продаде тогаш 15-годишниот Гнабри на Арсенал за 100.000 фунти.[1] Сепак, тој морал да почека се до летото 2011 за да се пресели во лондонскиот клуб затоа што се уште немал 16 години.[2] Тој официјално му се приклучил на Арсенал за сезоната 2011-2012 и најпрво бил регистриран со право за настап за екипата под 18 години, но подоцна бил промовиран во резервниот тим на топџиите после серијата на импресивни перформанси.[3]

Гнабри во дресот на Арсенал во 2012

Пред почетокот на сезоната 2012-2013 Гнабри бил повикан од менаџерот на првиот тим на Арсенал Арсен Венгер за предсезонските подготовки. Своето деби во официјален натпревар за клубот го направил на 26 септември 2012 против Ковентри Сити во победата со 6-1 во Лига купот, заменувајќи го Алекс Окслејд-Чемберлејн во 72-рата минута од натпреварот.[4] На 20 октомври 2012, го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 1-0 од Норич Сити на Кароу Роуд. На возраст од 17 години и 98 дена, тој станал вториот најмлад дебитант на Арсенал во лигата во историјата на клубот зад Џек Вилшер.[5] Четири дена подоцна тој дебитирал и во Лигата на шампионите, влегувајќи како замена во поразот на Арсенал со 2-0 од Шалке 04.[6] Својата прва сезона во Арсенал ја завршил со вкупно 4 настапи (1 во Премиер лигата, 2 во Лига купот и 1 во Лигата на шампионите).

Следната сезона Гнабри бил вклучен во составот на Арсенал за првиот сезонски натпревар против Астон Вила, започнувајќи го натпреварот на клупата за резерви. На 22 септември 2013 тој го направил својот прв старт за Арсенал во натпреварот од Премиер лигата против Стоук Сити, откако Тио Волкот се повредил непосредно пред почетокот на натпреварот. Тој одиграл 73 минути пред да биде заменет од Рио Мијаичи во победата на Арсенал со 3-1.[7] Тој го постигнал својот прв професионален гол во следниот лигашки натпревар против Свонзи Сити со кој го предводи Арсенал до победа од 2-1 и ги оставил на врвот на табелата во Премиер лигата. На 26 октомври тој изборил пенал за Арсенал во победата со 2-0 над Кристал Палас. Добрите перформанси на почетокот од сезоната му донеле на Гнабри номинација за наградата Голден Бој, но и нов петгодишен договор со Арсенал.[8]

Поради тешка повреда Гнабри го пропуштил поголемиот дел од сезоната 2014-2015 и не одиграл ниту еден натпревар за првиот тим на Арсенал во ниту едно натпреварување.[9] На 7 август 2015, Гнабри бил позајмен на Вест Бромвич Албион до крајот на сезоната. Своето деби за Вест Бром го направил на 23 август 2015 во поразот со 3-2 од Челси.[10] Во јануари тој се вратил во Арсенал поради тоа што немал многу шанси за настап во првиот тим во клубот од Бирмингем.[11]

Вердер Бремен[уреди | уреди извор]

На 31 август 2016 година, Гнабри потпишал за екипата од Бундеслига, Вердер Бремен, за пријавена трансфер сума од 5 милиони фунти.[12][13] Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер сакал да го продолжи договорот со Гнабри во Арсенал пред неговото заминување, но недостатокот на можности за играње во првиот тим било пресудно играчот од средниот ред да побара трансфер во друг клуб.[14][15]

Својот прв гол за Вердер го постигнал на 17 септември 2016 во поразот на гости со 4–1 од Борусија Менхенгладбах.[16] На 8 јуни 2017 година, од Вердер Бремен објавиле дека Гнабри ја активирал клаузулата за ослободување од неговиот договор и дека ќе замине на крајот од месецот. Во својата единствена сезона во клубот, тој направил 27 настапи во лигата, постигнувајќи 8 гола, додека Вердер Бремен го освоил 8-мото место во Бундеслигата.

Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

На 11 јуни 2017, Бајерн Минхен го купува Гнабри потпишувајќи тригодишен договор со играчот откако ја активирале клаузулата во неговиот договор со Вердер Бремен.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Гнабри ја претставувал Германија во разни младински нивоа, вклучувајќи ги и оние под 16 години, под 17 години и под 18 години. Во летото 2017 година тој бил дел од германскате репрезентација под 21 година кој го освоила Европското првенство за играчи под 21 година во Полска, постигнувајќи еден гол на турнирот во 5 натпревари.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 20 мај 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013 Англија Арсенал ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 ЛШ 1 0 - - - 4 0
2013-2014 ПЛ 9 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 ЛШ 2 0 - - - 14 1
2014-2015 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 ЛШ 0 0 - - - 0 0
2015-2016 Англија Вест Бромвич ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 3 0
Вкупно Арсенал 10 1 5 0 3 0 - - 18 1
2016-2017 Германија Вердер Бремен БЛ 27 11 КГ 0 0 - - - - - - 27 11
2017-2018 Германија Бајерн Минхен БЛ - - КГ - - ЛШ - - - - - - -
Вкупно во кариерата 38 12 7 0 3 0 - - 48 12

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Арсенал[уреди | уреди извор]

Германија Германија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Olley, James. „Serge Gnabry the latest Arsenal young gun who has a chance to fire“, „London Evening Standard“, 26 септември 2012 (посет. 28 септември 2012 г).
  2. Sanderson, Jamie. „Arsenal Agree Deal With Stuttgart For Gnabry“. Young Guns Blog. http://younggunsblog.co.uk/2010/08/arsenal-agree-deal-with-stuttgart-for-gnabry/#.UGOCLqSXSMU. посет. 26 септември 2012 г. 
  3. „2011/12 Player Review: Serge Gnabry“. Arsenal F.C.. http://www.arsenal.com/news/news-archive/2011/12-player-review-serge-gnabry. посет. 26 септември 2012 г. 
  4. Clarke, Richard. „Arsenal 6–1 Coventry City“. Arsenal F.C.. http://www.arsenal.com/match-menu/173382/first-team/arsenal-v-coventry-city?tab=report. посет. 26 септември 2012 г. 
  5. Sanghera, Mandeep (20 октомври 2012). „Norwich 1–0 Arsenal“. BBC Sport. http://www.bbc.com/sport/football/19939648. посет. 12 ноември 2016 г. 
  6. „Man of the Match v Schalke - Coquelin“. Arsenal F.C.. 25 октомври 2012. http://www.arsenal.com/news/news-archive/man-of-the-match-v-schalke-coquelin. посет. 12 ноември 2016 г. 
  7. Magowan, Alistair (22 септември 2013). „Arsenal 3–1 Stoke City“. BBC Sport. http://www.bbc.co.uk/sport/football/24098512. посет. 28 септември 2013 г. 
  8. „Gnabry agrees new long-term contract“. Arsenal F.C.. 28 октомври 2013. http://www.arsenal.com/news/news-archive/gnabry-agrees-new-long-term-contract. посет. 28 октомври 2013 г. 
  9. „Albion seal Gnabry loan deal“. West Bromwich Albion F.C.. 7 август 2015. http://www.wba.co.uk/news/article/albion-west-brom-loan-serge-gnabry-arsenal-2597009.aspx. посет. 7 август 2015 г. 
  10. Magowan, Alistair (23 август 2015). „West Bromwich Albion 2–3 Chelsea“. BBC Sport. http://www.bbc.co.uk/sport/football/33950789. посет. 9 ноември 2015 г. 
  11. O'Callaghan, Rory (31 јануари 2016). „Arsenal to recall Serge Gnabry from West Brom loan spell“. Sky Sports. http://www.skysports.com/football/news/11670/10150226/arsenal-to-recall-serge-gnabry-from-west-brom-loan-spell. посет. 12 ноември 2016 г. 
  12. Gnabry-Wechsel perfekt!“, „Kreiszeitung“, 31 август 2016 (посет. 31 август 2016 г). (на German)
  13. Uersfeld, Stephan (31 август 2016). „Werder Bremen sign Arsenal winger Serge Gnabry on permanent deal“. ESPN FC. http://www.espnfc.com/story/2941237/werder-bremen-sign-arsenal-winger-serge-gnabry-on-permanent-deal. посет. 31 август 2016 г. 
  14. „Arsenal to offer Gnabry new contract“. FourFourTwo. 18 август 2016. http://www.fourfourtwo.com/news/arsenal-offer-gnabry-new-contract-wenger. посет. 31 август 2016 г. 
  15. „@SergeGnabry: "I've come to Bremen to get playing time, to develop further and to help the team." #werder“. SV Werder Bremen English Twitter Account. 31 август 2016. https://twitter.com/werderbremen_en/status/770988205416079360. посет. 12 ноември 2016 г. 
  16. „Clinical Gladbach crush Bremen“. Bundesliga. 17 септември 2016. http://www.bundesliga.com/en/news/Bundesliga/blmd3n-borussia-moenchengladbach-4-1-werder-bremen-match-report.jsp. посет. 12 ноември 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]