Клубот е основан во 1924 година, а во 1948 станал професионален фудбалски клуб. Иако седиштето на клубот е во Монако, тој се приклучил на францускиот лигашки систем набргу по основањето во 1924 година играјќи најпрво во регионалните лиги. Денес Монако е еден од најуспешните клубови во Франција, со седум лигашки титули и пет трофеи во Купот на Франција. Исто така клубот има и забележителни резултати во европските натпреварувања каде бил финалист во Лигата на шампионите во 2004 година (поразен од Порто) и финалист во Купот на победниците на куповите во 1992 година (поразен од Вердер Бремен).
Традиционалните бои на дресовите на Монако се црвената и белата, па оттаму доаѓа и прекарот на клубот Les Rouges et Blancs (црвено-белите). Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Луј II сместен во Фонтвил, кој е со капацитет од 18,523 седечки места. Во декември 2011, две третини од акциите на клубот биле продадени на рускиот билјардер Дмитри Риболовлев, кој со совојата финансиска поддршка му помогнал на клубот брзо да се врати во Лига 1.