Жемерсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жемерсон
399036 sPICT.jpg
Лични податоци
Полно име Жемерсон де Хесус Насименто
Роден на 24 август 1992 (1992-08-24) (26 г.)
Роден во Жеремоабо, Бразил
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција централен одбранбен играч
Клупски податоци
Сегашен клуб Монако
Број 5
Младинска кариера
2009–2010 Конфианса
2010–2012 Атлетико Миниеро
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012–2016 Атлетико Миниеро 62 (4)
2012Демократа (позајмен) 12 (0)
2016 Монако II 1 (0)
2016– Монако 30 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 19 март 2017.
† Учества (Голови).

Жемерсон де Хесус Насименто (роден на 24 август 1992 година), познат како Жемерсон, е бразилски професионален фудбалер кој настапува како одбранбен играч во француската Лига 1 за Монако.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Жеремоабо, Бахиа, Жемерсон одигра само како аматер до 2009 година, потпишувајќи подоцна за Депортива. Тој се приклучи на Атлетико Минеиро следната година, откако не успеа на пробата во Палмеирас, Сантос и ФК Васко де Гама.[2]

Атлетико Миниеро[уреди | уреди извор]

Жемерсон го оствари своето деби во 2012 година, додека беше на позајмица во Демократа, и настапи на 12 натпревари. Тој потоа се врати на Гало во август, и дефинитивно беше унапреден во сениорскиот тим во декември.[3]

Жемерсон го имаше своето деби – Шампионатот на Бразил, Campeonato Brasileiro Série A – на 7 јули 2013 година, започнувајќи го натпреварот со направен пенал и добиен жолт картон. Но неговиот тим сепак победи со 3 : 2 на домашен терен против Крициума.[4] Со враќањето на Леонардо да Силва и Ревер, тој се појави само на пет натпревари во текот на шампионатот.

Во 2014 година, Жемерсон профитира од сериозната повреда на глуждот на неговиот соиграч Ревер, и поради тоа беше стартер за поголемиот дел од натпреварите во 2014 година во Бразилската Серија А.[5]

Монако[уреди | уреди извор]

На 31 јануари 2016 година, Жемерсон потпиша петгодишен договор со Монако, клубот од Лига 1.[6]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Жемерсон го оствари својот прв меѓународен повик за за фудбалската репрезентација на Бразил во квалификации за Светското првенство 2018 на (CONMEBOL) за натпреварот против Перу на 17 ноември 2015 година.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]