Прејди на содржината

Александар Головин (фудбалер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Головин
Лични податоци
Роден на 30 мај 1996(1996-05-30)(29 г.)[1]
Роден во Калтан, Русија
Држава Русија Русија
Висина &100000000000001800000001,80 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Монако Монако
Број 17
Агент Русија Александар Манјаков[2]
Младинска кариера
ДЈуСш Калтан
Металург Новокузнецк Металург Новокузнецк
ЦСКА Москва ЦСКА Москва
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014–2018 ЦСКА Москва ЦСКА Москва 81 (9)
2018– Монако Монако 25 (2)
Репрезентација
2013 Русија Русија 17 15 (1)
2014 Русија Русија 18 4 (2)
2014-2015 Русија Русија 19 11 (2)
2015 Русија Русија 21 3 (0)
2015- Русија Русија 21 (3)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Александар Сергејевич Головин (роден на 30 мај 1996 во Калтан) е руски фудбалер, играч од средниот ред на Монако и на руската репрезентација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Александар Головин е син на рударот Сергеј Владимирович. Сергеј уште од детството бил пријател со Александар Пљасунов, кој работел како тренер во локалната фудбалска екипа ДЈуСш. Кога Александар имал 6 години, татко му го одвел кај Пљасунов, кој го приклучил во ова спортско училиште за да тренира фудбал. Од таму, во 2009 година се преселил во фудбалското училиште на клубот Металург Новокузнецк.[3] Кога Головин играл во Металург, тој бил поканет да игра за екипата на Сибир, која била домаќин на турнирот во Кримск. Таму играчот од средниот ред го привлекол вниманието на скаутите на московска ЦСКА, кој го поканиле во клубот.[3]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

ЦСКА Москва

[уреди | уреди извор]

Во октомври 2012 година, Головин се преселил во ЦСКА Москва.[4] Дебитирал за првиот тим на 24 септември 2014 година во 1/16 финалето на Купот на Русија против Химик Ѕержинск во победата со 2-1, започнуајќи како стартер и играл сè до 88-мата минута кога бил заменет. На 14 март 2015 година го одигра својот прв натпревар во руското првенство, влегувајќи како замена во 72-рата минута од натпреварот против Мордовија.[5]

Головин во дресот на ЦСКА Москва во март 2016.

Во сезоната 2015-2016 за првпат се појавил на теренот во третото коло од руското првенство играно на 1 август во натпреварот против Анжи (1- 0) заменувајќи го Зоран Тошиќ во 87-мата минута. На 5 август 2015 година, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите во натпреварот против Спарта Прага (3-2), влегувајќи на местото на Алан Ѕагоев.[6] Во пролетниот дел од првенството станал еден од основните играчи на армејците, победувајќи ја конкуренцијата во лицето на Роман Широков.[7] На 9 април 2016, Головин го постигнал својот прв гол за ЦСКА, во победата на домашен терен над Мордовија со 7-1. На 20 април 2016, за првпат во кариерата Головин постигнакл два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над Краснодар во рамките на полуфиналето од Купот на Русија, помагајќи и на ЦСКА да стигне до финалето на турнирот, каде ЦСКА загубиле со 1-4 од Зенит. Во истата сезона со ЦСКА станал шампион на Русија, што бил неговиот прв трофеј со клубот.

Во сезоната 2016-2017 станал еден од водачите на ЦСКА. Во руското првенство ги одиграл сите 30 натпревари, постигнувајќи три гола во нив. Во летото 2017 година, англискиот Арсенал и понудил на ЦСКА 8 милиони фунти за Головин, но бил одбиен.[8]

Во вториот круг од првенството 2017-2018 во тежок судир со Головин, напаѓачот на Локомотив Москва Ари бил сериозно повреден[9] и ова предизвикало негативна реакција од претставниците на засегнатиот клуб. Тренерот Јуриј Семин изјавил за Головин: "не можеш така да му скокнеш на нозе. Ари добро ја затвори топката и беше невозможно да се стигне до неа".[10]

И покрај овој непријатен инцидент, Александар импресивно ја започнал новата сезона, постигнувајќи го првиот свој погодок за сезоната во третото коло на руското првенство на гостувањето кај Анжи (3-1), а две недели подоцна го отворил резултатот во победата над СКА-Хабаровск (2-0). На 1 декември 2017, учествувал во високата победа на ЦСКА на домашен терен над Тосно (6:0), постигнувајќи притоа и погодок во 58-мата минута, но исто така промашил и пенал во 78-мата минута.[11] На 15 март 2018 година, го постигнал својот деби погодок во европските натпреварувања на гостувањето кај францускиот Лион (3-2), во 1/8 финалето од Лигата на Европа. На 5 април во натпреварот против Арсенал (1-4) во 1/4 финалето од Лигата на Европа Головин постигнал прекрасен погодок од слободен удар, но тоа не и помогнало на ЦСКА да се пласира во полуфиналето (загубиле со вкупен резултат 6-3 по двата натпревари).

На 27 јули 2018, Головин потпишал петгодишен договор со Монако.[12][13]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Головин играјќи за Русија на Купот на конфедерациите 2017.

Првиот натпревар во репрезентативниот дрес го имал во квалификациите Европското првенство за играчи под 17 години против Словенија, одигран на 23 март 2013 година. На завршниот турнир, Европското првенство, ги одиграл сите натпревари, а Русија на тоа првенство станала шампион на Европа. Истата година со репрезентацијата играл и на светското првенство каде постигнал и еден погодок во натпреварот против Венецуела. Подоцна настапувал и за репезентациите под 19 и под 21 година.

Во дресот на сениорската репрезентација дебитирал во пријателски натпревар против Белорусија игран на 7 јуни 2015, каде влегол во игра како замена за Роман Широков во второто полувреме, и веќе на своето деби го постигнал својот прв гол во националниот дрес.

Во мај 2016, бил повикан да учествува на Европското првенство 2016, каде ги одиграл сите три натпревари во групната фаза по која "Зборнаја" била елиминирана. Следната година учествувал и на Купот на конфедерации 2017.

На 3 јуни 2018, Головин се нашол на списокот на селекторот Станислав Черчесов за Светското првенство 2018 чиј домаќин била токму Русија.[14] Во натпреварот со кој било отворено првенството, Головин одиграл клучна улога во победата со 5-0 над Саудиска Арабија, со две асистенции и прекрасен гол од слободен удар во последните секунди од натпреварот.[15]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Русија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-6-2015ХимкиРусија Русија4 – 2Белорусија БелорусијаПријателска1влегол во игра 62'
26-3-2016МоскваРусија Русија3 – 0Литванија ЛитванијаПријателска'1влегол во игра 45'
29-3-2016Сен ДениФранција Франција4 – 2Русија РусијаПријателска-заменет 79'
1-6-2016ИнсбрукРусија Русија1 – 2Чешка ЧешкаПријателска-влегол во игра 64'
5-6-2016МонакоСрбија Србија1 – 1Русија РусијаПријателска-заменет 60'
11-6-2016МарсејАнглија Англија1 – 1Русија РусијаЕвро 2016 - Прва фаза-заменет 77'дет.
15-6-2016ЛилРусија Русија1 – 2Словачка СловачкаЕвро 2016 - Прва фаза-заменет 46'дет.
20-6-2016ТулусРусија Русија0 – 3Велс ВелсЕвро 2016 - Прва фаза-влегол во игра 52'дет.
24-3-2017КраснодарРусија Русија1 – 2Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата КоскаПријателска-заменет 78'
28-3-2017СочиРусија Русија3 – 3Белгија БелгијаПријателска-влегол во игра 62'
5-6-2017БудимпештаУнгарија Унгарија0 – 3Русија РусијаПријателска-
9-6-2017МоскваРусија Русија1 – 1Чиле ЧилеПријателска-
17-6-2017Санкт ПетербургРусија Русија2 – 0Нов Зеланд Нов ЗеландКуп на конф. 2017 - Прва фаза-
21-6-2017МоскваРусија Русија0 – 1Португалија ПортугалијаКуп на конф. 2017 - Прва фаза-
24-6-2017КазањМексико Мексико2 – 1Русија РусијаКуп на конф. 2017 - Прва фаза-добил жолт картон во 88-мата минута 88'
23-3-2018МоскваРусија Русија0 – 3Бразил БразилПријателска-
27-3-2018Санкт ПетербургРусија Русија1 – 3Франција ФранцијаПријателска-
30-5-2018ИнсбрукАвстрија Австрија1 – 0Русија РусијаПријателска-заменет 76'
5-6-2018МоскваРусија Русија1 – 3Турција ТурцијаПријателска-
14-6-2018МоскваРусија Русија5 – 0Саудиска Арабија Саудиска АрабијаСП 2018 - Прва фаза'1добил жолт картон во 88-мата минута 88'дет.
19-6-2018Санкт ПетербургРусија Русија3 – 1Египет ЕгипетСП 2018 - Прва фаза-дет.
Вкупно Настапи 21 Голови 3

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 14 јуни 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-2015Русија ЦСКА МоскваРПЛ70КР30ЛШ00СР00100
2015-2016РПЛ171КР42ЛШ20---233
2016-2017РПЛ303КР00ЛШ60СР10373
2017-2018РПЛ275КР10ЛШ+ЛЕ10+50+2---437
Вкупно во кариерата819822321011313

Русија ЦСКА Москва

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 en.pfc-cska.com (уред.). „Александар Головин“ (англиски). Посетено на 14 јуни 2018.
  2. (шпански) „Агент: Александар Манјаков“. football-agent.ru.
  3. 1 2 Никто не верит, что тут начинала главная звезда русского футбола
  4. Александр Головин стал чемпионом Европы по футболу в составе юношеской сборной России
  5. „Протокол матча ЦСКА-Мордовия. rfpl.org“. Архивирано од изворникот на 2018-06-14. Посетено на 2018-06-15.
  6. „Спарта П — ЦСКА. 3-й отборочный. Турнир 15. ЛИГА ЧЕМПИОНОВ УЕФА 2015—2016. СПОРТ-ЭКСПРЕСС“. Архивирано од изворникот на 2016-04-14. Посетено на 2018-06-15.
  7. https://matchtv.ru/football/matchtvnews_NI709098_Aleksandr_Golovin_Odnazhdy_nadev_futbolku_CSKA_nadet_spartakovskuju_uzhe_ne_smogu
  8. Нобель Арустамян: «Арсенал» предлагал за Головина 8-10 млн фунтов, «Челси» тоже хотел его приобрести»
  9. ЦСКА - Локомотив - 1:3 (1:1)
  10. Юрий Семин о травме Ари: «Сказал Головину, что нельзя так прыгать в ноги»
  11. „ЦСКА – Тосно 6 : 0 2017-12-01 текстовая онлайн трансляция - Футбол. Россия - Премьер-Лига“. www.championat.com. Архивирано од изворникот на 2017-11-20. Посетено на 2017-12-17.
  12. „Aleksandr Golovin joins AS Monaco“. asmonaco.com/. AS Monaco FC. 27 July 2018. Архивирано од изворникот на 2019-08-07. Посетено на 27 July 2018.
  13. „Aleksandr Golovin moves to AS Monaco“. pfc-cska.com/. PFC CSKA Moscow. 27 July 2018. Посетено на 27 July 2018.
  14. „Заявка сборной России на Чемпионат мира FIFA 2018“ (руски). Russian Football Union. 3 јуни 2018.
  15. „Russia coast past Saudi Arabia and leave them all smiling in Putin's place“. Guardian. 14 јуни 2018. Посетено на 15 јуни 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]