Стадион Луј Втори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стадион Луј Втори
Panoramio - V&A Dudush - stade Louis II.jpg
Место Фонвјеј, Монако, Фонвјеј, Монако
Изграден раните 1980-ти (до денес)
Отворен 1939 (оргиналниот)
25 јануари 1985[1] (моментално)
Сопственик
Игра
Гледачи 18.523 (all-seater)
Поглед над стадионот

Стадион Луј Втори (француски изговор: [stad(ə) lwi ˈdø]) - стадион кој сe наоѓа во областа Фонвјеј во Монако. Тој примарно служи како место за фудбалски натпревари, а исто така е дом на ФК Монако и фудбалската репрезентација на Монако. Од 1998 до 2012 година, на стадионот биле одржувани годишните натпревари на Суперкуп на УЕФА натпревар.[2]

Стадионот исто така се користи за атлетски митинзи кои се дел од Дијамантската лига на ИААФ. Од 2003 до 2005 година беше домаќин на Светското атлетско финале на ИААФ, но само со неколку дисциплини, па поради малиот капацитет на стадионот, финалето мораше да се одржи на друго место.

Оригиналниот стадион Луј Втори бил отворен во 1939 година како дом на ФК Монако. Новиот стадион е изграден во почетокот на 1980-тите години, во близина на местото на стариот стадион на земјиште одземено од морето, а целосно бил отворен во 1985 година. Капацитетот бил околу 18.500 седишта, отприлика колку половина од населението на Монако (36.371 жители), а повеќе од кој било друг стадион во земјата. Најголемиот дел од објектите на стадионот се наоѓаат под земја, со голем паркинг директно под висината на теренот (нешто што предизвикува одреден степен на критики од страна на менаџерите на противниците на Монако во минатото во врска со состојбата на теренот).

Стадионот бил наречен по Луј Втори, принцот од Монако, кој бил суверен принц на Монако кога оригиналниот стадион бил изграден.[се бара извор]

Настани[уреди | уреди извор]

На 29 јули 2008 година, Елена Исинбаева го постави женскиот рекорд во скок со стап од 5,04 метри.[3]

На 1 јули 2011 година американскиот рок бенд Иглс, (The Eagles) настапи на свадбата на Алберт II, принцот од Монако, и Шарлен Витсток.[4]

Внатрешен поглед на теренот на стадионот Луј Втори

Експлозија[уреди | уреди извор]

На 31 мај 2004 година, се случи експлозија, која очигледно намерно предизвика штета на Стадионот Луј Втори и соседната зграда, Ла Риш, Фонвјеј (La Ruche, Fontvieille). Нема извештаи за повредени и одговорноста за нападот остана нејасна. Штетата, била релативно висока, а делови од структурата на градбите, било потврдено дека нема да влијаат на соодветните структури на зградите. Владата на Монако, ја презеде одговорноста за поправка на штетите предизвикани од експлозијата. Оваа експлозија претставува редок исклучок на одамна воспоставениот углед на кнежевството во доменот на безбедноста и животот без насилство.

Објекти[уреди | уреди извор]

Сал Гастон Медесен Арената, користена од КК Монако.

Сал Гастон Медесен е затворена арена која се наоѓа под трибините на фудбалскиот стадион. Сал Гастон Медесен е во можност да биде домаќин на спортови како кошарка, одбојка, ракомет, џудо и мечување, во дигање тегови и гимнастика.

На стадонот Луј Втори, кој содржи голем деловен комплекс, исто така сместен е Меѓународниот универзитет на Монако (IUM), на кој се специјализира бизнис-образование.

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Два натпревари
Суперкуп на УЕФА
Еден натпревар

19982012
Наследник
Еден Арена
Прага