Нури Шахин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нури Шахин
AUT vs. TUR 2016-03-29 (232).jpg
Лични податоци
Роден на 5 септември 1988 (1988-09-05) (30 г.)
Роден во Лиденшајд, Германија
Држава  Турција
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вердер Бремен Вердер Бремен
Број 17
Младинска кариера
Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2008 Борусија Дортмунд II Борусија Дортмунд II 5 (1)
2005-2011 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 135 (3)
2007-2008Фејенорд Фејенорд 29 (6)
2011-2014 Реал Мадрид Реал Мадрид 4 (0)
2012-2013Ливерпул Ливерпул 7 (1)
2013-2018 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 88 (8)
2018- Вердер Бремен Вердер Бремен 4 (0)
Репрезентација
2003 Турција Турција 16 2 (0)
2004–2005 Турција Турција 17 21 (5)
2004–2005 Турција Турција 19 6 (0)
2007–2008 Турција Турција 21 11 (4)
2005–2017 Турција Турција 51 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Нури Шахин (турски: Nuri Şahin; Лиденшајд, 5 септември 1988) е турски фудбалер, играч од средниот ред на Вердер Бремен и на турската репрезентација.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Шахин ја започнал својата фудбалска кариера на возраст од 6 години во малку познатата екипа РШФ Мајнерцхаген. Откако поминал седум години во овој клуб, во 2001 година рој потпишал професионален договор со Борусија Дортмунд во 2001.[2]

Борусија Дортмунд[уреди | уреди извор]

На 6 август 2005, со 16 години и 335 дена тој станал најмладиот играч кој заиграл во Бундеслигата, а на 26 ноември истата година станал најмлад играч кој постигнал гол во натпревар од Бундеслигата, во победата на својот тим над Нирнберг.[3]

На 5 јули 2007, Шахин заминал во Фејенорд на едногодишна позајмица, каде повторно соработувал со Берт ван Марвајк својот поранешен тренер во Борусија.[4]

По враќањето во Борусија, под водството на Јирген Клоп, Шахин станал важен играч на тимот. Тој одиграл 33 од 34 натпревари во Бундеслигата во сезоната 2009-2010, со учинок од 4 гола и 8 асистенции[5] Следната сезона, тој бил една од клучните фигури во тимот на Борусија Дортмунд кој ја освоил Бундеслигата. Својата одлична сезона како на клупски така и на индивидуален план, во која постигнал 7 голови и имал 8 асистенции, Шахин ја крунисал со освојувањето на наградата за најдобар играч на Бундеслигата во 2011.[6]

Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

На 9 мај 2011 после повеќенеделни шпекулации, Шахин го најавил своето заминување од Дортмунд на прес-конференција на Сигнал Идуна парк. Тој потпишал шестогодишен договор со Реал Мадрид.[7] Тој изјавил дека главната причина за заминување од клубот бил Жозе Морињо како и шансата да игра за таков голем клуб како што е Реал. Своето официјално деби го имал на 6 ноември 2011, влегувајќи како замена во победата на својот тим од 7-1 над Осасуна. [8] На 20 декември 2011 го постигнал својот прв гол во дресот на Реал, во победата над Понферадина со 5-1 во Купот на Шпанија.[9] На 27 март 2012, тој започнал во стартните единаесет против АПОЕЛ во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а неговиот перформанс подоцна после натпреварот бил пофален од Мурињо и разни спортски весници. Сепак, тој не успеал да се наметне во Реал Мадрид во својата прва, а ќе се покаже и единствена сезона забележувајќи само 10 натпревари и 1 гол.

Ливерпул[уреди | уреди извор]

Шахин во Ливерпул

На 25 август 2012, Шахин заминал на едногодишна позајмица во Ливерпул.[10] Шахин го добил дресот со број 4. На 2 септември 2011 го имал своето деби во Премиер лигата, во победата на својот тим со 2-0 над Арсенал. На 26 септември 2011 ги постигнал својте први голови (два) во дресот на Ливерпул, во победата со 2-1 над Вест Бромвич Албион во третото коло на Лига купот.[11] Свој први гол во Премиер лигата го постигнал три дена подоцна во победата на својот тим со 5-2 над Норич Сити.[12] Во својата петмесечна епизода во дресот на Ливерпул, Шахин забележал 3 гола и 3 асистенции во 12 натпревари. На заминувањето од Ливерпул, Шахин изјавил дека не бил среќен ниту во Ливерпул ниту во Реал,[13] и дека среќен е единствено што добил шанса во својата кариера да игра во исти клуб со Стивен Џерард.[14]

Враќање во Борусија Дортмунд[уреди | уреди извор]

Шахин во Борусија Дортмунд во 2014.

На 14 јануари 2013, Ливерпул објавил дека го раскинале договорот за заем на Шахин со Реал Мадрид, и дека Шахин бил слободен да се врати во Борусија Дортмунд на заем до крајот сезона 2013-2014.[15] Тренерот Клоп исто така бил воодушевен со неговото враќање во клубот.[16] Своето деби во Бундеслигата по враќањето го имал, на 19 јануари 2013 влегувајќи како замена во 84-тата минута, во победата на својот тим со 5-0 над Вердер Бремен.[17] На 16 март 2013 Шахин постигнал два гола во победата на својот тим со 5-1 над Фрајбург.[18] Првата полусезона по враќањето кај милионерите ја завршил со 18 натпревари и 3 гола во сите натпреварувања.

На почетокот на сезоната 2013-2014, на 27 јули 2013 Шахин го освоил Суперкупот на Германија, откако Борусија го победила Бајерн Минхен со 4-2;[19] Шахин го одиграл целиот натпревар. На 26 октомври 2013, Шахин постигнал гол во победата над големиот ривал Шалке 04 со 3–1.[20]

На 10 април 2014, Борусија Дортмунд ја активарала клаузулата во договорот на Шахин со која им било дозволено перманетно да потпишат договор со играчот за сума од 7 милиони евра.[21]

Вердер Бремен[уреди | уреди извор]

На 31 август 2018, во последниот ден од летниот трансферен прозорец 2018, Шахин потшишал за Вердер Бремен.[22] Според извештаите на медиумите, тој потпишал двегодишен договор со клубот како слободен играч.[23] Своето деби за зелено-белите го имал на 16 септември 2018 во ремито 1-1 против Нирнберг на Везерштадион, влегувајќи во игра во 71-вата минута на местото на Филип Баргфреде.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Шахин е најмладиот фудбалер кој заиграл и постигнал гол за турската сениорска репрезентација. Тој постигнал гол на своето деби на 8 октомври 2005 во победата на турците со 2-1 над Германија.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Холандија Фејенорд[уреди | уреди извор]

Германија Борусија Дортмунд[уреди | уреди извор]

Шпанија Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Турција

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nuri Sahin“. whoscored.com. конс. 23 May 2016. 
  2. „Nuri Sahin: 100 balls and 10 million euro“. 7 April 2011. конс. 19 January 2015. 
  3. Richardson, Keith (30 December 2005). „Nuri Sahin: "2005 Was My Year!". Borussia Dortmund. конс. 26 May 2010. 
  4. „Nuri Sahin Joins Feyenoord Rotterdam For One Season“. Borussia Dortmund. 6 July 2007. конс. 26 May 2010. 
  5. „Nuri Sahin profile“. ESPN Soccernet. конс. 25 May 2010. 
  6. „New Real Madrid signing Nuri Sahin named Bundesliga Player of the Season for performance with Borussia Dortmund“. Goal.com. конс. 23 May 2011. 
  7. „Nuri Sahin, new Real Madrid player“. Real Madrid. 9 May 2011. Архивирано од изворникот на 12 May 2011. конс. 12 May 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  8. „Cristiano Ronaldo scores hat-trick as Real Madrid demolish Osasuna“. Guardian. 6 November 2011. конс. 10 November 2011. 
  9. „Real Madrid 5-1 Ponferradina (7-1 Agg): Sahin nets first goal for club as Jose Mourinho's men stroll into next round of Copa del Rey“. goal.com. 20. 12. 2011. конс. 11. 12. 2013.. 
  10. „LFC complete Sahin loan“. liverpoolfc.com. 25. 8. 2011. Архивирано од изворникот на 27. 08. 2012. конс. 11. 12. 2013.. 
  11. „West Brom 1–2 Liverpool“. BBC Sport. 26. 9. 2012. конс. 11. 12. 2013.. 
  12. „Norwich 2-5 Liverpool“. BBC Sport. 29. 9. 2012. конс. 11. 12. 2013.. 
  13. Sahin: I wasn't happy at Real Madrid or Liverpool“, Goal.com, 29. 1. 2013. (посет. 11. 12. 2013. г).
  14. Sahin pleased with experience of playing with Gerrard at Liverpool“, Goal.com, 12. 1. 2013. (посет. 11. 12. 2013. г).
  15. Liverpool confirm Sahin departure“, Liverpool FC Official Website, 11. 1. 2013. (посет. 11. 12. 2013. г).
  16. Klopp delighted with Sahin arrival“, Goal.com, 12. 1. 2013. (посет. 11. 12. 2013. г).
  17. Werder Bremen vs. Borussia Dortmund: Final score 0-5, DORTMUND SMASH!“, sbnation.com, 19. 1. 2013. (посет. 11. 12. 2013. г).
  18. „Borussia Dortmund 5 - 1 SC Freiburg“. ESPN FC. 16. 3. 2013. конс. 11. 12. 2013.. 
  19. „Dortmund prevail over Bayern in Supercup thriller“. bundesliga.com. 27. 7. 2013. Архивирано од изворникот на 06. 11. 2013. конс. 11. 12. 2013.. 
  20. „Dortmund trump Schalke in Ruhr derby“. bundesliga.com. 26 October 2013. Архивирано од изворникот на 29 October 2013. конс. 30 October 2013.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  21. „Sahin Makes BVB Switch Permanent“. Bundesliga.com. 10 April 2014. Архивирано од изворникот на 13 April 2014. конс. 13 April 2014.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  22. „Nuri Sahin signs for Werder Bremen“. SV Werder Bremen. 31 August 2018. конс. 31 August 2018. 
  23. Sahin joins Werder Bremen after Dortmund cancel contract“, „FourFourTwo“, 31 август 2018 (посет. 31 август 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]