8 октомври
Изглед
8 октомври — 281-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (282-и во престапна година). Остануваат 84 денови до крајот на годината. Предлошка:Октомври 2026
Настани:
| 451 | Во Калцедонија започнал Четвртиот вселенски собор. |
| 1600 | Сан Марино го усвоил привиот пишан устав во историјата со што станал првата уставна република. |
| 1793 | Во Париз за јавноста бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец. |
| 1893 | Вилхелм Конрад Рентген ги открил таканаречените рендгенски зраци. |
| 1942 | Втора светска војна: Почнало големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата бил генералот Двајт Ајзенхауер. |
| 1944 | На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на село Орман - село Бразда, кои се обидуваа да ја заземат комуникацијата Скопје - Качаник и да го овозможат сообраќајот на германските сили. |
| 1967 | Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во Кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки. |
| 1979 | Основана Галеријата на икони во Прилеп — една од најзначајните збирки на духовна уметност во Македонија. |
| 1991 | Собранието на Хрватска донело одлука за раскинување на државно-правните врски со СФРЈ со која Хрватска станала независна држава. Ден на независноста на Хрватска. |
| 1995 | Руската врховна воена команда најави дека ќе ги насочи своите јадрени ракети кон Полска и Чешка доколку овие две земји му се приклучат на НАТО. |
| 2005 | Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000. |
Родени:
| 1789 | Џон Раглс — американски политичар. |
| 1864 | Бранислав Нушиќ — српски комедиограф, сатиричар и критичар. |
| 1892 | Марина Цветаева — руска и советска поетеса. |
| 1917 | Валтер Лорд — американски писател. |
| 1922 | Нилс Лидолм — шведски фудбалер. |
| 1928 | Диди — бразилски фудбалер. |
| 1939 | Пол Хоган — австралиски глумец. |
| 1949 | Сигурни Вивер — американскаглумица. |
| 1965 | Мат Бјонди — американски пливач. |
| 1965 | Питер Грин — американски глумец. |
| 1968 | Звонимир Бобан — хрватски фудбалер. |
| 1970 | Мет Дејмон — американски глумец. |
| 1978 | Дарко Станиќ — српски ракометар. |
| 1980 | Роберт Вречер — словенечки велосипедист. |
| 1980 | Ник Канон — американски глумец. |
| 1985 | Бруно Марс — американски пејач. |
| 1993 | Габриње Мугуруса — шпанско-венецуелска тенисерка. |
| 1993 | Барбара Палвин — унгарски модел. |
| 1997 | Бен Вајт — англиски фудбалер. |
| 1999 | Ѓорѓе Петровиќ — српски фудбалски голман. |
Починале:
| 1652 | Џон Грејвс — англиски математичар. |
| 1754 | Хенри Филдинг — англиски писател. |
| 1897 | Алексеј Саврасов — руски уметник. |
| 1967 | Ернесто Че Гевара — јужноамерикански комунистички револуционер. |
| 1970 | Жан Жионо — француски писател. |
| 1992 | Вили Брант — западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на Германија. |
| 2004 | Жак Дерида — француски филозоф. |
| 2024 | Михаил Ренџов — македонски поет. |
| 2025 | Здравко Шотра — спрски и југословенски режисер. |
Празници:
| * | Јом Кипур започнува на зајдисонце (јудаизам). |