17 октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Октомври 2016

17 октомври е 290-иот ден во годината според григоријанскиот календар (291-и во престапна година). Остануваат 75 денови до крајот на годината.

Настани:

1878  Започнало Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев - Геровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнале селото Кресна, каде што се наоѓаla османлиска касарна. Притоа ја зазеле касарната и ослободиле неколку места каде што била создадена народна власт. Востанието било задушено дури во јуни идната година.
1907  Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажала многу попрактична од телефонската врска, за која биле потребни скапи подводни кабли.
1912  Почнала Првата балканска војна. Војната завршила со примирје на 3 декември истата година. На конференцијата во Лондон, на 30.05.1913 година. Турција морала да се откаже од територите на Европскиот континент, освен од Едрене, кое сојузниците не успеале да го заземат. Македонскиот народ зел активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделиле Македонија, што пак било причина за почетокот на Втората балканска војна.

Родени:

1760  Клод Анри Сен Симон — француски социјалист, утопист и филозоф.
1917  Мак Диздар — босански и југословенски поет.
1918  Рита Хејворт — американска глумица.
1922  Борислав Михајловиќ - Михиз — српски писател и критичар.
1923  Барни Кесел — американски џез-музичар.
1972  Еминем — американски рапер, музички продуцент и актер.
1979  Кими Раиконен — фински автомобилист во трките на „Формула 1
1983  Александар Дјаченко — казахстански велосипедист.
1984  Готфрид Свартхолм — соосновач на „The Pirate Bay“.

Починале:

1404  Катерина Висконти — Војвотка на Милано.
1849  Фредерик Шопен — полски композитор и пијанист.
1849  Васил Дилев — македонски фудбалски голман.
1938  Карл Кауцки — чешко-австриски марксистички теоретичар.
1962  Наталија Гончарова — руска сликарка.
1973  Ингеборг Бахман — австриска писателка.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември