Кирил Дојчиновски
Кирил Дојчиновски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Кирил Дојчиновски | ||
Роден на | 14 октомври 1943 | ||
Роден во | Скопје, Југославија | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1963-1967 | Вардар | 106 | (0) |
1967-1974 | Црвена звезда | 190 | (3) |
1974-1975 | Троја | 25 | (3) |
1975-1977 | Париз | 38 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1968-1974 | Југославија | 6 | (0) |
† Учества (Голови). |
Кирил Дојчиновски (роден на 14 јули 1946, Скопје, Југославија) — поранешен југословенски фудбалер.
Кариера[уреди | уреди извор]
Кирил својата кариера ја започнал во ФК Вардар. За првиот тим заигра во сезоната 1963-1964. Дресот на Вардар го носел до јуни 1967, во кој одиграл 106 првенствени натпревари. Потоа тој се приклучил во Црвена звезда, во дресот на Црвена звезда тој првпат се појавил на 22 јули 1967. До 14 мај 1974 тој одигра 420 натпревари за Црвена звезда од кој 189 биле првенствени и постигнал 11 голови. Со Црвена звезда освоил четири титули како Југословенски прваци во 1967-1968, 1968-1969, 1969-1970 и 1972-1973 и два трофеи од Фудбалскиот куп на Југославија 1968 и 1970. Кариерата ја продолжи во Франција, во екипите Троја (1974-1975) и Париз (1975-1977) каде што и ја завршил кариерата.