13 октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

13 октомври — 286-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (287-и во престапна година). Остануваат 79 денови до крајот на годината.

Настани:

1307  Стотици витези Темплари биле уапсени во Франција по наредба на Филип Добриот и подоцна измачувани за да признаат дека се кривоверци.
1792  Поставен е камен-темелникот на Белата куќа во Вашингтон.
1884  Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзален (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата.
1943  Под притисок на сојузничките водачи, италијанскиот крал Виктор Емануел III и неговиот премиер Бадољо ѝ објавиле војна на Германија, на тој начин Италија, барем оној дел кој бил под сојузничка контрола, се придружила на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дошло дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија.
1952  Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески.
1972  Над Андите се урнал авионот во кој се наоѓала репрезентацијата на Уругвај во рагби.
2016  По смртта на татка си, Маха Вачиралонгкорн е прогласен за крал на Тајланд (со владетелско име Рама X).

Родени:

1474  Мариото Арбертинелииталијански сликар, претставник на француската школа на високата ренесанса.
1911  Андре Навара, француски виолончелист.
1923  Драга Чаловска - Секуловска — македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје.
1925  Маргарет Тачер — првата жена премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“.
1927  Ли Кониц — американски џез-музичар.
1931  Рејмон Копа — француски фудбалер.
1932  Душан Макавеев — српски и југословенски режисер.
1941  Пол Сајмон — американски поп-музичар.
1948  Нусрет Фатех Али Кан — пакистански музичар.
1941  Нана Александрија — грузиска шахистка.
1956  Синан Сакиќ — српски и југословенски фолк-пејач.
1967  Хавиер Стомајор — кубански атлетичар.
1971  Саша Барон Коен — британски глумец и комичар.
1977  Пол Пирс — американски кошаркар.
1989  Карлос Бетанкур — колумбиски велосипедист.
1990  Милица Тодоровиќ — српска пејачка.

Починале:

1822  Антонио Канова — италијански неокласицистички вајар (р. 1757)
1984  Илија Зафировски — македонски новинар.
2003  Ѓорѓи Колозов — македонски глумец, прочуен по улогите во ТВ-серијалите „Македонски народни приказни“.
2016  Пумипон Адунљадеткрал на Тајланд.