Пол Пирс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пол Пирс

Paul Pierce Shooting Basketball.jpg

Лични информации
Роден на 13 октомври 1977 (1977-10-13) (43 г.)
Роден во Оукланд, Калифорнија
Националност САД САД
Висина 2,01 м
Тежина 107 кг
Позиција крило
Информации за кариерата
Колеџ 600px vertical Red HEX-00A1DF.svg Канзас Џејхокс
Драфт 1998 / Рунда: 1 / Пик: 10
Избран од:
Бостон Бостон Селтикс
Проф. кариера 1998—2017
Сениорски клубови
Години: Клубови:
1998–2013
2013–2014
2014–2015
2015–2017
Бостон Бостон Селтикс
Бруклин Бруклин Нетс
Вашингтон Вашингтон Визардс
Л.А. Клиперс Л.А. Клиперс
Репрезентација
2002 САД САД


Пол Ентони Пирс (роден на 13 октомври 1977) — поранешен американски кошаркар, кој играл на позицијата крило, настапувал 19 сезони во НБА-лигата со екипите на Бостон Селтикс, Бруклин Нетс, Вашингтон Визардс и Лос Анџелес Клиперс. Имал прекар the Truth (вистината), кој го добил во 2001 година од Шекил О'Нил.

Важи за еден од најдобрите кошаркари на својата генерација,[1][2] и еден од најдобрите во историјата на Селтикс.[3][4] Во средно училиште тој бил избран да учествува на All-American Game McDonald's, турнирот на кој учествуваат најголемите таленти за средношколска кошарка. Потоа се преселил на Универзитетот во Канзас и бил вклучен во најдобриот американски универзитетски тим. Тој беше избран од Бостон Селтикс како десетти пик во првата рунда на НБА драфтот 1998.

Од своето приклучување на Селтикс, тој бил член на стартната петорка во сите сезони. Тој има просек од близу 20,0 бода по натпревар во текот на своите 19 сезони поминати во НБА. Десет пати на НБА Ол-стар натпреварот, еднаш бил избран во втората најдобра екипа на НБА и три пати во третата најдобра екипа и ги водел Селтикси до НБА финалето во 2008 и во 2010 година, освојувајќи го шампионскиот прстен во 2008 година во која ја заработил и наградата МВП на финалето.

Пирс е еден од тројцата играчи, заедно со Лари Брд и Џон Хавличек, кои постигнале над 20.000 бода во дресот на Селтикс.[5] Тој е трет во историјата на Селтикси по одиграни натпревари, втор по постигнати бодови, седми по бројот на скокови, петти по бројот на асистенции и втор по бројот на украдени топки, а исто така го држи рекордот по бројот на постигнати тројки во историјата на франшизата.

Титули и награди[уреди | уреди извор]

НБА[уреди | уреди извор]

2007-2008.
2007-2008.
2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012.
2010.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „NBA, 19 anni da leggenda: la carriera di Paul Pierce“. 1 мај 2017.
  2. „NBA players tip their caps to Paul Pierce after 19-year career comes to a close“ (англиски). 1 мај 2017.
  3. „Paul Pierce's greatest moments with the Celtics“ (англиски).
  4. Chad Finn (1 мај 2017). „Where does Paul Pierce rank among Celtics greats?“ (англиски).
  5. Boston Celtics Career Leaders | Basketball-Reference.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]