Карлос Бетанкур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карлос Бетанкур
Бетанкур на Џиро д’Италија 2011
Лични податоци
Цело име Карлос Алберто Бетанкур Гомез
Роден 13 октомври 1989 (1989-10-13) (воз. 28 г.)
Боливар,  Колумбија
Висина 1,67 м
Маса 60 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Мовистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2011–2012
2013–2015
2016-
Аква & Сапоне
Аг2р-Ла Мондијал
Мовистар Тим
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2013)

Етапни трки

Париз-Ница (2014)

Еднодневни трки и класици

Џиро дел’Емилија (2011)
Последна промена
28 јануари 2018

Карлос Алберто Бетанкур Гомез (шпански: Carlos Alberto Betancur Gómez; р. 13 октомври 1989) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2010 година ја освоил етапната трка Џиробио; аматерска верзија на Џиро д’Италија, а во 2011 година победил на Џиро дел’Емилија, негова прва освоена професионална трка.

Бетанкур требало да се приклучи на екипата Ликвигас-Канондејл во 2012,[1] но останал со екипата Аква & Сапоне.[2] Бетанкур го напуштил Аква & Сапоне на крајот на сезоната 2012 и преминал во Аг2р-Ла Мондијал со двегодишен договор од сезоната 2013.[3]

Ја започнал сезоната во 2013 со седмо место на Трката околу Баскија, вклучувајќи го второто место на третата етапа.[4] Потоа продолжил да вози на арденските класици, завршувајќи трет на Флеш Валон по раниот напад на само 500 метри пред целта[5] и четвртото место на Лиеж-Бастон-Лиеж, каде со неговиот напад била создадена избрана група од шесторица кои се бореле за победа.[6]

По 12. место на Тур де Романди, Бетанкур заминал на Џиро д’Италија. Отпрвин имал лоши резултати, откако изгубил време на спустот на третата етапа и на долгиот хронометар на осмата етапа, по кој бил на 28. место и 6 минути и осум секунди зад предводникот и крајниот победник Винченцо Нибали.[7] Меѓутоа, по вторите места на деветтата етапа,[8] десеттата,[9] и петнаесеттата,[10] и неколку други одлични резултати на други планински етапи, успеал да се искачи до седмото место и бил на само две секунди до носителот на белата маичка за најдобар млад возач (која всушност успеал да ја преземе на петнаесеттата етапа, но ја загубил на хронометарот на етапата 18) до претпоследната етапа. На последната планинска етапа, иако му се дупнала гума на последното искачување, успеал да ги достигне и да ги претекне повеќето ривали во генералниот пласман, завршувајќи четврти. Ја завршил трката како најдобар млад возач и петти во генералниот пласман.[11]

Во декември 2013, Бетанкур потврдил дека ќе се насочи на Тур де Франс за 2014 година. Меѓутоа, пропуштил да дојде во Франција на 3 јуни, соопштувајќи дека има вирусна инфекција и ја променил неговата цел на Вуелта а Еспања.[12]

Во август 2015 година, Аг2р-Ла Мондијал објавиле дека го ослободуваат од договорот со екипата, кој требало да трае до крајот на 2016 година. Подоцна, во октомври Мовистар Тим објавиле дека потпишале двегодишен договор со Бетанкур од 2016 година.[13] Бетанкур ја освоил својата прва трка за екипата - првата етапа на Вуелта а Кастилја и Леон - завршувајќи го 760-дневното чекање за победа. Последна трка која ја освоил била Париз-Ница 2014.[14]

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[15]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2009
2. Светско друмско првенство под 23 години
2010
1. Краен пласман Џиро д’Италија под 27 години (Џиробио)
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 1 Вуелта а Колумбија
2011
1. Џиро дел’Емилија
9. Џиро ди Ломбардија
2012
1. Трофео Мелинда
1. Етапа 5 Трка околу Белгија
1. Етапа 5 Џиро ди Паданија
4. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Четири дена Денкерк
2013
3. Флеш Валон
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
7. Краен пласман Трка околу Баскија
2014
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур ди От Вар
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
2016
1. Етапа 2 Вуелта а Астурија
9. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
1. Етапа 1

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 59 5 20 СО
Jersey yellow.svg Тур 18
Jersey red.svg Вуелта 126 158 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Други поголеми етапни трки[уреди | уреди извор]

Race 2013 2014 2015 2016 2017
Париз-Ница 1
Тирено-Адријатико 116
Волта а Каталуња 46 СО СО
Трка околу Баскија 7 СО 98
Тур де Романди 13 СО 43
Критериум ди Дофине
Тур де Свис 17

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ликвигас-Канондале потврди дека Бетанкур доаѓа во 2012“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/liquigas-cannondale-confirms-betancur-for-2012-roster. посет. 23 ноември 2011 г. 
  2. Гарцели разгледува повлекување по исклучувањето од Џиро д’Италија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 10 јануари 2012 (посет. 13 јануари 2012 г).
  3. Аполонио и Бетанкур потпишаа за Аг2р-Ла Мондијал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 август 2012 (посет. 2 август 2012 г).
  4. „Енао тесно го победи Бетанкур за етапна победа на Трката околу Баскија“. Velonation.com. 3 април 2013. http://www.velonation.com/News/ID/14289/Henao-narrowly-edges-out-Betancur-for-Vuelta-al-Pais-Vasco-stage-win.aspx. посет. 9 октомври 2013 г. 
  5. Cycling. „Флеш Валон 2013: Даниел Морено триумфираше на Мур де Хуј, додека Маријане Вос ја освои женската трка“. Telegraph. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/10001290/La-Fleche-Wallonne-2013-Daniel-Moreno-triumphs-on-Mur-de-Huy-while-Marianne-Vos-wins-womens-edition.html. посет. 9 октомври 2013 г. 
  6. Аласдер Фотерингем (21 април 2013). „Dan Martin Takes Breakthrough Classics Win In Liege-Bastogne-Liege“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/dan-martin-takes-breakthrough-classics-win-in-liege-bastogne-liege. посет. 9 октомври 2013 г. 
  7. ProCyclingStats. „Хронометар на Џиро д’Италија 2013: Габиче Маре - Салтара“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/race/Giro_dItalia_2013_Stage_8_General_Classification. посет. 9 октомври 2013 г. 
  8. „Максим Белков освои соло победа на деветатата етапа на Џиро д’Италија“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/538337/maxim-belkov-takes-solo-win-in-giro-d-italia-stage-nine.html. посет. 9 октомври 2013 г. 
  9. „Ригоберто Уран ја освои десеттата етапа на Џиро додека Вигинс и Хесједал изгубија време“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/538388/rigoberto-uran-wins-giro-stage-10-as-wiggins-and-hesjedal-lose-time.html. посет. 9 октомври 2013 г. 
  10. „Џовани Висконти победи на етапата до Кол ду Галибје на Џиро д’Италија“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/538482/giovanni-visconti-wins-giro-d-italia-s-col-du-galibier-stage.html. посет. 9 октомври 2013 г. 
  11. Стивен Фаранд (25 мај 2013). „Betancur Takes Back The White Jersey At The Giro D'Italia“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/betancur-takes-back-the-white-jersey-at-the-giro-ditalia. посет. 9 октомври 2013 г. 
  12. Стивен Фаранд (12 јуни 2014). „Извештај: Бетанкур ќе го пропушти Тур де Франс поради вирус“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/report-betancur-to-miss-the-tour-de-france-due-to-virus. посет. 26 јули 2014 г. 
  13. „Бетанкур потпиша двегодишен договор со Мувистар“. 18 октомври 2015. http://www.cyclingnews.com/news/betancur-signs-two-year-deal-with-movistar/. посет. 19 октомври 2015 г. 
  14. Carlos Betancur vuelve a sonreir“, „Vanguardia.com“, 15 април 2016 (посет. 15 април 2016 г). (на (шпански))
  15. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. http://www.procyclingstats.com/race/Tour_de_France_2017_Startlist. посет. 28 јуни 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]