Тур де Романди 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тур де Романди 2015
Светска турнеја на UCI 2015, трка 14 од 28
Детали за трката
Датум(и) 28 април 2015 — 3 мај 2015
Етапи 6
Растојание 711,7 км
Време 18ч 36' 30" (38,2 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Илнур Закарин (РУС) (Катјуша)
Втор  Симон Шпилак (СЛО) (Катјуша)
Трет  Крис Фрум (ВБР) (Тим Скај)

Планински  Максим Белков (РУС) (Катјуша)
Младински  Тибо Пино (ФРА) (ФДЖ)
Спринтерски  Максим Белков (РУС) (Катјуша)
Екипен Катјуша
2014
2016

Тур де Романди 2015 — 69. издание на велосипедската етапна трка Тур де Романди. Се одржала од 28 април до 3 мај и била четинаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Трката се одржала во областа Романди во Швајцарија, започнувајќи на езерото Жу и завршувајќи во Лозана. Трката вклучувала шест етапи, со екипен хронометар на почетокот и поединечен хронометар на крајот и четири ридести или планински етапи помеѓу нив. За кралска етапа се сметала петтата етапа, која завршувала на искачување над езерото Шампе.

Бранител на титулата на трката бил Крис Фрум (Тим Скај), кој ги освоил претходните две изданија, во 2014 и во 2013.

Трката била освоена од Илнур Закарин од екипата Катјуша.

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Тур де Романди е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Организаторите на трката на една професионална континентална екипа ѝ доделиле специјална покана и така била заокружена групата од 18 екипи.[3][4]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Рута на трката[уреди | уреди извор]

Трката вклучувала шест етапи во шест дена. Првата етапа била екипен хронометар, долг 19,2 километри; ова било промена од минатогодишните изданија на Тур де Романди, која вообичаено започнувала со пролог. Екипниот хронометар е важен при генералниот пласман, како и за самите екипи кои го користат како подготовка за сличната етапа на Тур де Франс 2015. Втората, третата и четвртата етапа биле ридести, но се очекувало да завршат во спринт. Крајните две етапи се очекувало да бидат одлучувачки за генералниот пласман: петтата вклучувала неколку искачувања и завршница на нагорнина, на езерото Шампе, а шестата етапа била поединечен хронометар околу Лозана, долг 17,3 километри.[5]

Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
1 28 април Жу до Јурапарк де Валорб 19,2 км екипен хронометар Тим Скај
2 29 април Апл до Сент Име 166,1 км среднопланинска етапа  Михаел Албасини (ШВА)
3 30 април Мутје до Порентру 173,2 км ридеста етапа  Михаел Албасини (ШВА)
4 1 мај Ла Невил до Фрибур 169,8 км ридеста етапа  Штефан Кинг (ШВА)
5 2 мај Фрибур до Шампе 166,1 км планинска етапа  Тибо Пино (ФРА)
6 3 мај Лозана 17,3 км поединечен хронометар  Тони Мартин (ГЕР)

Етапи[уреди | уреди извор]

Етапа 1[уреди | уреди извор]

28 април — Жу до Јурапарк, 19,2 км (TTT)

Резултат од етапа 1
Екипа Време
1 Тим Скај 21' 19"
2 Орика-ГринЕЏ и.в.
3 Катјуша + 5"
4 Етикс-Квик Степ + 14"
5 Астана + 17"
6 Ванти-Груп Гобер + 19"
7 ФДЖ + 22"
8 ИАМ Сајклинг + 24"
9 Канондејл-Гармин + 40"
10 Мовистар Тим + 40"
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај 21' 19"
2  Елија Вивијани (ИТА) Тим Скај и.в.
3  Ијан Станард (ВБР) Тим Скај и.в.
4  Лук Роу (ВБР) Тим Скај и.в.
5  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај и.в.
6  Питер Кенох (ВБР) Тим Скај и.в.
7  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ и.в.
8  Сајмон Геранс (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
9  Свен Тафт (КАН) Орика-ГринЕЏ и.в.
10  Иван Сантаромита (ИТА) Орика-ГринЕЏ и.в.

Етапа 2[уреди | уреди извор]

29 април — Апл до Сент Име, 166,1 км

Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ 4ч 21' 43"
2  Харлинсон Пантано (КОЛ) ИАМ Сајклинг и.в.
3  Жилијан Алафилип (ФРА) Етикс-Квик Степ и.в.
4  Нејтан Хас (АВС) Канондејл-Гармин и.в.
5  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида и.в.
6  Дамијано Карузо (ИТА) Ванти-Груп Гобер и.в.
7  Илнур Закарин (РУС) Катјуша и.в.
8  Иван Сантаромита (ИТА) Орика-ГринЕЏ и.в.
9  Јан Бакелантс (БЕЛ) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
10  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Канондејл-Гармин и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ 4ч 42' 52"
2  Иван Сантаромита (ИТА) Орика-ГринЕЏ + 10"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 10"
4  Сајмон Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 10"
5  Илнур Закарин (РУС) Катјуша + 15"
6  Павел Кочетков (РУС) Катјуша + 15"
7  Егор Силин (РУС) Катјуша + 15"
8  Јуриј Трофимов (РУС) Катјуша + 15"
9  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 15"
10  Жилијан Алафилип (ФРА) Етикс-Квик Степ + 20"

Етапа 3[уреди | уреди извор]

30 април – Мутје до Порентру, 173,2 км

Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ 4ч 14' 56"
2  Жилијан Алафилип (ФРА) Етикс-Квик Степ и.в.
3  Дамијано Карузо (ИТА) Ванти-Груп Гобер и.в.
4  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида и.в.
5  Сајмон Геранс (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
6  Нејтан Хас (АВС) Канондејл-Гармин и.в.
7  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ и.в.
8  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Канондејл-Гармин и.в.
9  Лука Мезгец (СЛО) Џајант-Алпецин и.в.
10  Сергеј Чернецки (РУС) Катјуша и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ 8ч 57' 38"
2  Иван Сантаромита (ИТА) Орика-ГринЕЏ + 20"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 20"
4  Сајмон Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 20"
5  Жилијан Алафилип (ФРА) Етикс-Квик Степ + 24"
6  Илнур Закарин (РУС) Катјуша + 25"
7  Павел Кочетков (РУС) Катјуша + 25"
8  Јуриј Трофимов (РУС) Катјуша + 25"
9  Егор Силин (РУС) Катјуша + 25"
10  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 25"

Етапа 4[уреди | уреди извор]

1 мај – Ла Невил до Фрибур, 169,8 км

Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Штефан Кинг (ШВА) Ванти-Груп Гобер 4ч 35' 10"
2  Јан Бакелантс (БЕЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 38"
3  Берт-Јан Линдеман (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 39"
4  Тони Мартин (ГЕР) Етикс-Квик Степ + 45"
5  Џани Мерсман (БЕЛ) Етикс-Квик Степ + 52"
6  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Лото-Судал + 52"
7  Јоханес Фрелингер (ГЕР) Џајант-Алпецин + 52"
8  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ + 52"
9  Сајмон Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 52"
10  Иван Сантаромита (ИТА) Орика-ГринЕЏ + 52"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ 13ч 33' 40"
2  Иван Сантаромита (ИТА) Орика-ГринЕЏ + 20"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 20"
4  Сајмон Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 20"
5  Илнур Закарин (РУС) Катјуша + 25"
6  Егор Силин (РУС) Катјуша + 25"
7  Јуриј Трофимов (РУС) Катјуша + 25"
8  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 25"
9  Тони Мартин (ГЕР) Етикс-Квик Степ + 27"
10  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 34"

Етапа 5[уреди | уреди извор]

2 мај – Фрибур до Шампе, 166,1 км

Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ 4ч 38' 54"
2  Илнур Закарин (РУС) Катјуша + 7"
3  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 20"
4  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 20"
5  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 20"
6  Рафал Мајка (ПОЛ) Тинкоф-Саксо + 20"
7  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 20"
8  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 53"
9  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 53"
10  Микеле Скарпони (ИТА) Астана + 53"
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Илнур Закарин (РУС) Катјуша 18ч 13' 00"
2  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 6"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 14"
4  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 19"
5  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 54"
6  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 1' 01"
7  Сајмон Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 1' 01"
8  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 1' 01"
9  Микеле Скарпони (ИТА) Астана + 1' 01"
10  Јуриј Трофимов (РУС) Катјуша + 1' 01"

Етапа 6[уреди | уреди извор]

3 мај – Лозана, 17,3 км (ITT)

Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Тони Мартин (ГЕР) Етикс-Квик Степ 23' 17"
2  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 11"
3  Илнур Закарин (РУС) Катјуша + 13"
4  Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Судал + 19"
5  Роан Денис (АВС) Ванти-Груп Гобер + 22"
6  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 24"
7  Џонатан Кастровјехо (ШПА) Мовистар Тим + 25"
8  Стеф Клемент (ХОЛ) ИАМ Сајклинг + 26"
9  Рафал Мајка (ПОЛ) Тинкоф-Саксо + 28"
10  Стив Морабито (ШВА) ФДЖ + 31"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Илнур Закарин (РУС) Катјуша 18ч 36' 30"
2  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 17"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 35"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 49"
5  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 1' 20"
6  Сајмон Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 1' 21"
7  Рафал Мајка (ПОЛ) Тинкоф-Саксо + 1' 24"
8  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 1' 42"
9  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 43"
10  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 1' 54"

Поредок[уреди | уреди извор]

На Тур де Романди 2015 биле доделувани четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси на етапите — десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири секунди за третопласираниот. Немало временски бонуси на средните спринтови. Предводникот на пласманот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Тур де Романди 2014 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.[6]

Дополнително, постоел и пласман за млад возач, кој се наградувал со бела маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите родени на и по 1 јануари 1990 можеле да учествуваат во пласманот.[7]

Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала розовата маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања; постоеле четиринаесет категоризирани искачувања, поделени во три различни категории. На искачувањата од прва категорија, првите петорица возачи добивале бодови; првиот освојувал 12 бода. Бодови добивале исто така првите пет возачи на искачувањата од втора категорија, иако победникот освојувал само 8 бода. На искачувањата од третата категорија, само првите четворица возачи добивале бодови, а првиот меѓу нив добивал 5 бода.

Постои и бодовен пласман. На секоја од етапите постоеле два средни спринта. Првиот возач на овие спринта освојувал шест бода, вториот возач три бода и третопласираниот еден бод. Немало бодови на завршниците на етапите. Победникот во пласманот ја добивал зелената маичка.[8]

Последен поединечен пласман била наградата за борбеност. По секоја друмска трка, жирито избирало еден возач на основа на покажаното и напорот на етапата. Возачот го добивал црвениот број на следната етапа. По последната етапа, жирито го бирало најборбениот возач на целата трка.[9]

Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа освен на екипниот хронометар се додаваат заедно. На оваа етапа, завршното време на екипата било она на петтиот возач низ целта. Водечката екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време и секој член на победничката екипа добива маичка со жолт број на завршниот подиум.[7]

Етапа Победник Генерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Пласман за млад возач
Награда за борбеност
Екипен пласман
1 Тим Скај Герајнт Томас недоделена недоделена Лук Роу недоделена Тим Скај
2 Михаел Албасини Михаел Албасини Жонатан Фимо Максим Белков Сајмон Јејтс Жонатан Фимо Орика-ГринЕЏ
3 Михаел Албасини Кристоф Вандевале
4 Штефан Кинг Штефан Кинг Ванти-Груп Гобер
5 Тибо Пино Илнур Закарин Максим Белков Тибо Пино Максим Белков Катјуша
6 Тони Мартин недоделена
На крај Илнур Закарин Максим Белков Максим Белков Тибо Пино Штефан Кинг Катјуша

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI го потврди календарот на Светската турнеја 2015“. Cycling News. Посетено на 4 јануари 2015.
  2. „Календар на UCI за 2015“. UCI. Посетено на 4 јануари 2015.
  3. Вин, Најџел (27 април 2015). „Почетна список на Тур де Романди 2015“. Cycling Weekly. Посетено на 27 април 2015.
  4. TdR 2015, стр. 1.
  5. Падикомб, Стивен (27 април 2015). „Преглед на Тур де Романди 2015“. Cycling Weekly. Посетено на 28 април 2015.
  6. TdR 2015, стр. 3.
  7. 7,0 7,1 TdR 2015, стр. 4.
  8. TdR 2015, стр. 3–4.
  9. TdR 2015, стр. 4–5.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]