Џиро ди Ломбардија 2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џиро ди Ломбардија
Светска турнеја UCI 2011, трка 26 од 26
Детали за трката
Date 15 октомври
Растојание 241 км
Време 6ч 20' 02" (23.643 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Оливер Цауг (Швајцарија) (Леопард Трек)
Втор  Даниел Мартин (Ирска) (Гармин-Сервело)
Трет  Хоаким Родригез (Шпанија) (Катјуша)
2010
2012

Џиро ди Ломбардија 2011 — 105. издание на еднодневната велосипедска трка Џиро ди Ломбардија, често наречена како Трка на паѓачките лисја. Била одржана на 15 октомври 2011 година на растојание од 241 километар, започнувајќи во Милано и завршувајќи во Леко по прв пат.[1] Претставувала 26. и последна трка во сезоната на Светската турнеја.[1]

Возачот на Леопард Трек Оливер Цауг ја освоил трката, напаѓајќи на последното искачување Салита ди Ело и се одржал до крајот, освојувајќи ја трката по прв пат во неговата професионална кариера.[2] Преостанатите места на подиумот биле одредени — осум секунди зад Цауг — во спринт помеѓу петорица, кога возачот на Гармин-Сервело Даниел Мартин го победил Хоаким Родригез од Катјуша за второто место. Двократниот победник и бранителот на титулата и предводник во Светската турнеја Филип Жилбер завршил на осмото место, 16 секунди зад Цауг.[3]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи трката е дел од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Биле доделени седум специјални покани — Аква & Сапоне, Андрони Џокатоли, Колнаго-ЦСФ Инокс, Фарнезе Вини-Нери Сотоли, ФДЖ, Геокс-ТМЦ и Тим Јуропкар — со што се создала група од 25 екипи.[4]

Резултати[уреди | уреди извор]

Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светската турнеја
1  Оливер Цауг (ШВА) Леопард Трек 6ч 20' 02" 100
2  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Сервело + 8" 80
3  Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша + 8" 70
4  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 8" 60
5  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-ИСД + 8" 50
6  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Инокс + 8"
7  Џовани Висконти (ИТА) Фарнезе Вини-Нери Сотоли + 16"
8  Филип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото + 16" 20
9  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аква & Сапоне + 16"
10  Рикардо Кјарини (ИТА) Андрони Џокатоли + 16"

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Рајан, Бери. „Gilbert the man to beat as chapter closes for Tour of Lombardy“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 октомври 2011 (посет. 15 октомври 2011 г).
  2. Цауг победи во Ломбардија“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 15 октомври 2011 (посет. 15 октомври 2011 г).
  3. „Il Lombardia 2011: Ordine d'arrivo / Ordre d'arrivee / Order of arrival“ (PDF). Џиро ди Ломбардија. RCS MediaGroup. 15 октомври 2011. http://www.gazzetta.it/Speciali/GiroLombardia/2010/it/download/Ordine_di_arrivo_lombardia2011.pdf. посет. 15 октомври 2011 г. 
  4. Објавени екипите за Џиро ди Ломбардија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 август 2011 (посет. 15 октомври 2011 г).