PDF

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Portable Document Format (PDF)
Наставка.pdf
MIME-типapplication/pdf

application/x-pdf application/x-bzpdf

application/x-gzpdf
Типски код'PDF ' (заедно со празното место)
UTIcom.adobe.pdf
Волшебен број%PDF
ТворецAdobe Systems
Прва верзија1993 (1993)
Најнова верзија1.7
Стандард(и)ISO/IEC 32000-1:2008[1]
Мреж. местоAdobe PDF Reference Archives

Portable Document Format (PDF) (прев. Преносен формат за документи) — податотечен формат создаден од страна на Adobe Systems во 1993 за размена на документи. Adobe PDF се користи за претставување на дводимензионални документи на начин независен од софтверот, хардверот и оперативниот систем.[2] Секоја Adobe PDF податотека содржи целосен опис на неменливиот 2Д документ што подразбира текст, фонтови, слики и 2Д векторска графика. Во последно време може да се додаваат и 3Д слики во PDF документи со U3D или PRC и разни други формати.[3][4]

Соосновачот на Adobe Systems, Џон Ворнок направил систем наречен „Camelot“ (Камелот),[5] кој се развил во форматот Portable Document Format (PDF).

Порано бил неслободен формат, но на 1 јули, 2008, PDF беше официјално пуштен како отворен стандард и издаден од Меѓународната организација за стандардизација како ISO/IEC 32000-1:2008.[6][1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „ISO 32000-1:2008 - Document management - Portable document format - Part 1: PDF 1.7“. Iso.org. 2008-07-01. конс. 2010-02-21. 
  2. Adobe Systems Incorporated, PDF Reference, Sixth edition, version 1.23 (30 MB), p. 33.
  3. „3D supported formats“. Adobe. 2009-07-14. конс. 2010-02-21. 
  4. „Acrobat 3D Developer Center“. Adobe. конс. 2010-02-21. 
  5. Ворнок, Џон (1991). „The Camelot Project“ (PDF). PlanetPDF. This document describes the base technology and ideas behind the project named "Camelot." This project's goal is to solve a fundamental problem [...] there is no universal way to communicate and view ... printed information electronically. 
  6. Орајон, Иган (2007-12-05). „PDF 1.7 is approved as ISO 32000“. The Inquirer. The Inquirer. конс. 2007-12-05. ; „Adobe wins backing for PDF 1.7“. vnunet.com. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]