Оливер Цауг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оливер Цауг
Лични податоци
Цело име Оливер Цауг
Роден 9 мај 1981 (1981-05-09) (воз. 35 г.)
Лахен, Швајцарија
Висина 1,70 м
Маса 56 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб ИАМ Сајклинг
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2004–2006
2007–2008
2009–2010
2011–2012
2013–2015
2016-
Соние Дувал-Продир
Геролштајнер
Ликвигас
Леопард Трек
Тим Саксо-Тинкоф
ИАМ Сајклинг
Значајни победи
Џиро ди Ломбардија (2011)
Последна промена
13 јануари 2016

Оливер Цауг (германски: Oliver Zaugg; р. 9 мај 1981) — швајцарски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ИАМ Сајклинг.

Цауг ја освоил првата поголема трка во 2011, Џиро ди Ломбардија.[1] Нападнал на искачувањето Вила Вергано на 10 километри пред целта, упатувајќи се сам кон победа. Бил следен неумоливо од водечката група, но не го достигнале. Ја поминал целта со предност од 15 секунди пред најблискиот ривал, Даниел Мартин од Гармин-Сервело.[2] Во 2012 се обидел да ја обрани титулата на Џиро ди Ломбардија и покажал добар резултат, завршувајќи во групата зад победникот на осмото место, откако Хоаким Родригез (Катјуша) ја освоил трката.[3]

Цауг го напуштил РадиоШек-Нисан на крајот на сезоната 2012 и потпишал со Тим Саксо-Тинкоф за сезоната 2013.[4] По три сезони, во октомври 2015 година се согласил да се приклучи во ИАМ Сајклинг за 2016 година.[5]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
7. Краен пласман Рута дел Сол
8. Тур д’Емилија
2008
8. ГП Кантон Аргау
2010
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
2011
1. Џиро ди Ломбардија
8. ГП Бруно Бегели
9. Тур д’Емилија
2012
8. Џиро ди Ломбардија
2014
7. Трка околу Австрија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро 46 СО СО СО 56
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 15 11 70 50 WD 37 23

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Оливер Цауг ја заработи својата прва голема победа во Џиро ди Ломбардија“, „Universal Sports“, Associated Press, 15 октомври 2011 (конс. 15 октомври 2011).
  2. Даниел Фрибе. „Цауг сам до победа во Ломбардија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 октомври 2011 (конс. 17 август 2012).
  3. Даниел Бенсон. „Родригез победи на Џиро ди Ломбардија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 септември 2012 (конс. 1 октомври 2012).
  4. Победникот на Џиро ди Ломбардија 2011 во Саксо Банк-Тинкоф Банк“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 20 септември 2012 (конс. 20 септември 2012).
  5. „Transfer news: Rowney signs for Orica-AIS“. 6 октомври 2015. http://www.cyclingnews.com/news/transfer-news-rowney-signs-for-orica-ais/. конс. 8 октомври 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]