Волта а Каталуња 2011
| Светска турнеја на UCI 2011, трка 5 од 27 | |||
| Детали за трката | |||
|---|---|---|---|
| Датум(и) | 21–27 март | ||
| Етапи | 7[1] | ||
| Растојание | 1.242,6 км | ||
| Време | 29ч 24' 42" (26,252 км/ч) | ||
| Добитници на наградите | |||
| Победник | (Лампре-ИСД) | ||
| Втор | (Гармин-Сервело) | ||
| Трет | (Тим РадиоШек) | ||
| Планински | (Колумбија ес Пасион-Кафе де Колумбија) | ||
| Спринтерски | (Еускалтел-Еускади) | ||
| Екипен | Тим РадиоШек | ||
Волта а Каталуња 2011 — 91. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња. Започнала на 21 март во приморското одморалиште Љорет де Мар, а завршила на 27 март во Барселона, одржувајќи седум етапи. Била петта трка во сезоната на Светската турнеја.
Трката првично била освоена од возачот на Саксо Банк-СанГард Алберто Контадор, кој ја освоил водечката бело-зелена маичка со етапна победа на третата етапа, одржувајќи ја неговата предност до крајот на трката.[2] Победата на трката подоцна му била одземена на Контадор поради обвинувањата за допинг, па поради тоа победата припаднала на второпласираниот Микеле Скарпони (Лампре-ИСД) кој првично доцнел 23 секунди зад Контадор, а возачот на Гармин-Сервело Даниел Мартин напреднал за две места откако најпрвин возачот на Тим РадиоШек Леви Лајпхајмер бил исфрлен од трката пред завршната етапа, а подоцна се поместил уште еднаш нагоре поради поништувањето на резултатите на Контадор.[3] На третото место сега дошол возачот на Тим РадиоШек Крис Хорнер.
Во другите пласмани на трката, возачот на Еускалтел-Еускади Рубен Перес ја освоил белата маичка, освојувајќи најмногу бодови на етапите на средните спринтови, додека возачот на Колумбија ес Пасион-Кафе де Колумбија Наиро Кинтана го освоил планинскиот пласман, а Тим РадиоШек завршиле на чело на екипниот пласман.
Екипи
[уреди | уреди извор]На трката настапиле 24 екипи:
- Аг2р-Ла Мондијал
- Андалусија-Каха Гранада
- Астана
- Верандас Вилемс-Аксент
- Каха Рурал-Сегурос РГА
- ЦЦЦ-Полсат-Полковице
- Кофидис
- Колумбија ес Пасион-Кафе де Колумбија
- Еускалтел-Еускади
- Гармин-Сервело
- Геокс-ТМЦ
- ХТЦ-Хајроад
- Лампре-ИСД
- Леопард Трек
- Ликвигас-Канондејл
- Омега Парма-Лото
- Квик Степ
- Рабобанк
- Мовистар Тим
- Катјуша
- Тим РадиоШек
- Саксо Банк-СанГард
- Тим Скај
- Вакансолел-ДКМ
Етапи
[уреди | уреди извор]Етапа 1
[уреди | уреди извор]- 21 март 2011 – Љорет де Мар до Љорет де Мар, 166,9 км
Резултат од етапа 1
|
Генерален пласман по етапа 1
|
Етапа 2
[уреди | уреди извор]- 22 март 2011 – Санта Кулома да Фарнерс до Бањолес, 169,3 км
Резултат од етапа 2
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Етапа 3
[уреди | уреди извор]- 23 март 2011 – Ла Вал д’ен Бас до Валнорд, 183,9 км
Резултат од етапа 3
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Етапа 4
[уреди | уреди извор]- 24 март 2011 – Ла Сеу д’Ургел до Ел Вендрел, 195 км
Резултат од етапа 4
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Етапа 5
[уреди | уреди извор]- 25 март 2011 – Ел Вендрел до Тарагона, 213,5 км
Резултат од етапа 5
|
Генерален пласман по етапа 5
|
Етапа 6
[уреди | уреди извор]- 26 март 2011 – Тарагона до Молет дел Валес, 189,5 км
Резултат од етапа 6
|
Генерален пласман по етапа 6
|
Етапа 7
[уреди | уреди извор]- 27 март 2011 – Паретс дел Валес до Барселона, 124,5 км
Резултат од етапа 7
|
Краен генерален пласман
|
Поредок
[уреди | уреди извор]На Волта а Каталуња 2011 се доделувале три различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временските бонуси на средните спринтови и на крајот на етапите, предводникот ја добил бело-зелената маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Волта а Каталуња 2011 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.
Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со бела маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите 3 места на средните спринтови во текот на секоја етапа, каде три бода се доделувале за првиот велосипедист, два за вториот и еден за третиот.
Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделува црвена маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања.
Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време.
| Етапа | Победник | Генерален пласман | Планински пласман |
Спринтерски пласман |
Екипен пласман |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | Гатис Смукулис | Гатис Смукулис | Гатис Смукулис | Бен Гаштауер | ХТЦ-Хајроад |
| 2 | Алесандро Петаки | Хулијан Санчес | Рубен Перес | ||
| 3 | Микеле Скарпони | Леви Лајпхајмер | Микеле Скарпони | Хосе Висенте Торибио | Тим РадиоШек |
| 4 | Мануел Антонио Кардозо | Рубен Перес | |||
| 5 | Самуел Димулен | Наиро Кинтана | |||
| 6 | Хосе Хоакин Рохас | ||||
| 7 | Самуел Димулен | Микеле Скарпони | |||
| На крај | Микеле Скарпони | Наиро Кинтана | Рубен Перес | Тим РадиоШек | |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „GENERAL INDIVIDUAL DESPUES DE LA ETAPA 7ª“ (PDF). Edosof. AS&A. 27 март 2011. стр. 7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-13. Посетено на 27 март 2011.
- ↑ „Контадор победи на Волта а Каталуња“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Reuters. 27 март 2011. Посетено на 27 март 2011.
- ↑ „Лајпхајмер ја напушта Каталуња“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Reuters. 27 март 2011. Посетено на 27 март 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||