Трката по третпат била освоена[1] од шпанскиот велосипедист Алберто Контадор од Тинкоф-Саксо,[2] кој ја освоил воведната етапа на трката по нападот кон крајот на етапата и го држел водството на трката до крајот. Контадор го освоил генералниот пласман со 49 секунди[3] пред второпласираниот Михал Квјатковски (Омега Парма-Квик Степ) додека возачот на Аг2р-Ла МондијалЖан Кристоф Перо го заокружил подиумот,[4] 15 секунди зад Квјатковски и 64 секунди зад Контадор. Обајцата, Квјатковски и Перо, последната етапа ја започнале на места надвор од првите тројца, но се искачиле во пласманот благодарение на нивните солидни резултати на хронометарот.
Со пет трети места од шест етапи, Квјатковски исто така бил победник на белата маичка за бодовниот пласман,[5] преземајќи го водството на последната етапа од возачот на Мовистар ТимАлехандро Валверде; Валверде исто така паднал од второто на петтото место во генералниот пласман.[6] Возачот на Канондејл Давиде Вилела бил освојувач на планинскиот пласман,[7] одржувајќи го тоа водство од почетокот до крајот, додека спринтерскиот пласман втора година по ред бил освоен од возач на екипата Каха Рурал-Сегурос РГА; Омар Фраиле го освоил пласманот,[7] откако Аметс Чурука го направил истото во 2013. Екипниот пласман бил освоен од БМЦ Рејсинг Тим,[8] со тројца од нивните возачи во првите 15 во генералниот пласман.
Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Специјална покана им била доделена само на Каха Рурал-Сегурос РГА, со што се создала група од 19 екипи.
На Трка околу Баскија 2014 се доделувале четири различни маички. На генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Трка околу Баскија 2014 и победникот на пласманот бил победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала белата маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел, исто така, и планински пласман, каде водството во пласманот било обележано со црвена маичка со бели точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите велосипедисти и повеќе бодови биле достапни на повисоките категоризирани искачувања.
Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, со исклучок на завршниот поединечен хронометар. Постоел и екипен пласман, во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.