Ваут Пулс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ваут Пулс
Пулс на Тур де л’Ен 2013
Лични податоци
Цело име Ваутер Пулс
Роден 1 октомври 1987 (1987-10-01) (27 г.)
Венреј, Холандија
Висина 1,86 м
Маса 66 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2006–2008
2009–2013
2014
2015-
Фондас-П3Трансфер Тим
Вакансолел
Омега Парма-Квик Степ
Тим Скај
Последна промена
28 март 2015

Ваутер Пулс (холандски: Wouter Poels; р. 1 октомври 1987) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.

Откако настапувал со екипата Вакансолел-ДКМ од 2009,[1] Пулс се преместил во екипата Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2014.[2]

Скоро и да го загубил својот бубрег по страшниот пад на шестата етапа на Тур де Франс 2012.[3]

Во септември 2014 година, Тим Скај објавил дека Пулс ќе им се приклучи од 1 јануари 2015 година.[4]

Негова прва победа за екипата се случила на Тирено-Адријатико 2015, каде ја предводел екипата по повлекувањето на Крис Фрум. Пулс ја освоил четвртата етапа со напад на последното искачување и соло спуст до целта. Го преземал водството на трката, но не успеал да го задржи и на крајот завршил на седмото место.[5][6]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. Краен пласман Вуелта Сиклиста а Леон
2010
2. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа 4
1. Етапа 4 Трка околу Британија
2011
3. Краен пласман Трка околу Медитеранот
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Вуелта а Мурсија
4. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 3 Тур де л’Ен
2. Етапа 5 Вуелта а Еспања
2. Етапа 15 Вуелта а Еспања
2012
2. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 3
3. Краен пласман Вуелта а Мурсија
8. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2013
8. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа 4
9. Краен пласман Трка околу Баскија
10. Краен пласман Тирено-Адријатико
2014
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
9. Страде Бјанке
10. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
2015
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 4

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 21
Jersey yellow.svg Тур СО СО 28
Jersey red.svg Вуелта 17 СО 38

СО = се откажал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Аткинс, Бен. „Вакансолел-ДКМ ги презентираше дванаесетте нови возачи за 2012“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 3 јануари 2012 (конс. 7 јануари 2012).
  2. ОПКС потпиша со Ваут Пулс и Ханиер Асеведо“, „Омега Парма-Квик Степ“, Decolef, 1 септември 2013 (конс. 7 септември 2013).
  3. Пулс оптимистичен за враќање на трките во 2013 година“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 ноември 2012 (конс. 12 април 2014).
  4. „Тим Скај потпиша со Леополд Кениг, Николас Роуш, Ваут Пулс, Енди Фен, Ларс Петер Нордхауг“. 30 септември 2014. http://www1.skysports.com/cycling/news/21684/9495470/team-sky-sign-leopold-k246nig-nicolas-roche-wout-poels-andy-fenn-lars-petter-nordhaug. конс. 30 септември 2014. 
  5. О’Ши, Садб. „Тирено-Адријатико: Пулс победи во Кастелраимондо“, „Cyclingnews.com“, 15 март 2015 (конс. 18 март 2015).
  6. Тирено-Адријатико: Кинтана победи“, „Cyclingnews.com“, 17 март 2015 (конс. 18 март 2015).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]