Јукија Араширо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јукија Араширо
Араширо на Тур де Франс 2017
Лични податоци
Цело имеЈукија Араширо
Роден22 септември 1984 (1984-09-22) (35 г.)
Ишигаки, Flag of Japan.svg Јапонија
Висина1,70 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБахреин-Мекларен
ДисциплинаДрумски и велодромски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Професионални клубови
2006
2007
2008
2009–2015
2016
2017-
Сајкл Рејсинг Тим Ванг
Нипо Корпорација
Меитан Хомпо-ГДР
Ббокс Буиг Телеком
Лампре-Мерида
Бахреин-Мерида
Значајни победи
MaillotJapón.PNG Национален друмски првак (2007, 2013)
Азиско велосипедско првенство (2011)
Тур ду Лимузен (2012)
Последна промена
30 ноември 2019

Јукија Араширо (新城幸也 (Arashiro Yukiya); р. 22 септември 1984 во Ишигаки, Окинава) — јапонски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бахреин-Мекларен.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2005 година станал национален хронометарски и друмски првак под 23 години. Исто така станал националн друмски првак во 2007 и 2013.

Во 2009 година бил избран од неговата екипа да вози на Тур де Франс.[2] Заедно со Фумијуки Бепу, тој бил првиот Јапонец, кој ја завршил трката. (Кисо Кавамуро и Даисуке Иманака започнале, но не ја завршиле трката претходно.[3]) Со завршувањето на Џиро д’Италиа 2010, тој станал првиот Јапонец, кој завршил две големи трки.[4] Го завршил неговиот трет Тур де Франс во 2012 на 84. место - највисок пласман за Јапонец дотогаш[5] — и ја освоил наградата за најборбен возач на етапата 4.[6]

Учествувал на друмската трка за мажи на Летните олимписки игри 2012 и завршил на 48. место.[7] Неколку недели по Олимпијадата, станал првиот Јапонец кој освоил трка категоризирана како HC од UCI, Тур ду Лимузен.[8] Настапувајќи на Вуелта а Еспања 2015,[9] станал првиот Јапонец кој ги завршил трите големи трки.[10]

Завршил на 27. место на олимписката друмска трка.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2005
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Национално друмско првенство под 23 години
2006
2. Етапа 1 Трка околу Јапонија
3. Краен пласман Тур ду Лимузен
3. Краен пласман Тур де Окинава
2007
2. Етапа 4 Тур де Бретањ
1. MaillotJapón.PNG Национално друмско првенство
2. Тур ду Јура
2. Краен пласман Вуелта Сиклиста а Леон
3. Краен пласман и етапна победа Тур де Хокаидо
3. Краен пласман Тур де Окинава
2008
3. Азиско велосипедско хронометарско првенство
1. Етапа 2 и 3. краен пласман Тур де Кумано
1. Етапа 2 и 3. краен пласман Тур ду Лимусен
1. Краен пласман и две етапни победи Тур де Окинава
2009
5. Етапа 2 Тур де Франс (129. краен пласман)
2010
3. Етапа 5 Џиро д’Италија (93. краен пласман)
1. Критериум Килан
9. Светско друмско првенство UCI
5. Париз-Тур
2011
1. Азиско велосипедско друмско првенство
2. Национално друмско првенство
2012
1. Краен пласман Тур ду Лимузен
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 4 Тур де Франс
2013
1. MaillotJapón.PNG Национално друмско првенство
2. Краен пласман Тур ду Лимузен
2014
10. Амстел Голд Рејс
2015
3. Јапонски куп
5. Париз-Камемберт
2016
1. Етапа 7 Трка околу Јапонија
2. Азиско друмско првенство
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 6 на Тур де Франс
9. Јапонски куп
2017
3. Хонгконг Циклотон
2018
Азиско друмско првенство
1. Gold medal blank.svg Екипен хронометар
5. Друмска трка
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Тајван
2019
Национални првенства
2. Друмска трка
7. Хронометар

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 93 127
Jersey yellow.svg Тур 129 112 84 99 65 116 109
Jersey red.svg Вуелта 65 106 110

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Bahrain Merida Pro Cycling Team". Merida Bikes. Merida Industry Co., Ltd. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2019. Посетено на 1 јануари 2019.
  2. Arashiro Flies Flag For Japan in Tour de France
  3. Кене, Жан-Франсоа. "Tour de France likely for two Japanese riders". Cyclingnews. Посетено на 16 мај 2012.
  4. Ајано, Макото (31 мај 2010). "Arashiro Yukiya ga Jiro de Itaria sōgō 93-i kansō". Cyclowired (јапонски). Посетено на 31 мај 2010.
  5. "Arashiro Yukiya rēsu-go intabyū". Cyclowired. Посетено на 28 јули 2012.
  6. Бенсон, Даниел. "Грајпел победи на етапата во Руен на Тур де Франс". CyclingNews.com. Посетено на 28 јули 2012.
  7. "Друмска трка за мажи". Лондон 2012. Посетено на 9 август 2012.
  8. Tsuji, Kei. "Nihonjin hatsu no chōkyū kategorī rēsu seiha". Cyclowired. Посетено на 18 август 2012.
  9. "Вуелта а Еспања 2015". Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
  10. Iijima, Miwa. "新城幸也が日本人初のグランツール3大会完走". Cyclist Sanspo (јапонски). Посетено на 14 септември 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]