Окинава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Окинава (На јапонски јазик, 沖縄本島 - Окинава хонто или 沖縄島 - Окинаваџима; на окинавски јазик, ウチナー - Учина или フチナー - Фучина), е остров на југозападна Јапонија кој лежи помеѓу Источнокинеското море на запад и Тихиот океан на исток. Со површина од 2.255 km² Окинава е најголемиот од островите на Рјукју.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот на јапонската власт од 2009 година, вкупниот број жители на Окинава изнесува 1,384,762. (вклучувајќи ги и семејствата со америчко државјанство). Окинавскиот јазик на Окинавски се вика Учинагучи или Хоген и го зборува поголемиот дел од тамошната популација (иако поголемиот дел го знаат и јапонскиот јазик).

Географија[уреди | уреди извор]

Планините под шумите заземаат две третини од островот (на север), додека на јужната третина е ридско подрачје и таму живеат најголемиот број на жители.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главни економски активности се земјоделие, риболов, дрвенопреработувачка индустрија, преработка на храна, текстилна индустрија и грнчарство. Американската воена база и туризмот исто така се значајни за економијата. Наха е административен центар, најголем град и најголемо пристаниште.

Историја[уреди | уреди извор]

Се до 14 век островот бил независно кралство. Од 14 до 19 век островот плаќал данок на Кина, а конечно во 1879 год. Окинава е споена со Јапонија. Во текот на втората светска војна (1. април 1945), американската војска се населила на западната обала на островот и тоа била последната поморска-нападна операција во војната и една од најтешките битки на Пацифик. По 82 дена жестока борба, престанал организираниот отпорна Јапонците. Окинава била под контрола на САД од 1945 год. до 1972 год., кога повторно е вратена на Јапонија. Под услов на по воениот договор, земјопоседници на Окинава морало да изнајмат територија за американските војници. Меѓутоа, во септември 1995 година американските војници силувале дванаесетгодишно девојче и предизвикале голем отпор на американското присуство на острвот, што донело до тоа голем бој од земјопоседниците да одбијат да им дадат земја на Американците. Во априла 1996 год. американската влада се согласила да врати 20 проценти од окопираните територии (4.900 хектари) во рок од седум години.