Поради напорната патека, за медалот се очекувало да се борат оние велосипедисти со вештини при искачувањата и спуштањата. Иако, општиот список на фаворити за трката бил Крис Фрум, Алехандро Валверде, Винченцо Нибали, Михал Квјатковски, Руј Кошта и Ромен Барде,[1] многу очекувале дека Крис Фрум може да има помош од некои од неговите колеги во Тим Скај и предноста од тоа да стори нешто историски: ако го освоил златото ќе биде првиот човек кој некогаш го освоил Тур де Франс и олимписката друмска трка во иста година.[2]
Патеката за друмската трка за мажи била долга 241,6 километри. Започнала од тврдината Копакбана,[3] главната група подоцна се движела на запад низ Ипанема, Бара да Тижука и Резерва де Марапенди покрај крајбрежјето, стигнувајќи до кругот од 24,8 километри на Понтал.[4] По четири круга на Понтал, патеката се враќала на исток на истиот крајбрежен пат до кругот кај Виста Кинеза, каде имало три круга, пред да се врати пак на тврдината Копакабана.[5]
Карти од патеката на олимписката друмска трка
Патеката на олимписката друмска трка за мажи: 241,5 километри
Кругот кај Понтал во должина од 24,8 километри
Кругот кај Виста Кинеза во должина од 25,7 километри
Следниве национални олимписки комитети (НОК) имале квалификувано велосипедисти за настап на друмската трка. Следниве возачи биле потврдени од нивните соодветни НОК.
Според правилата на UCI за еднодневни трки, „секој велосипедист кој ќе заврши со време поголемо од она на победникот за повеќе од 5%, не треба да биде пласиран“.[8]