Тур де Франс 2012 - пролог до етапа 10
Тур де Франс 2012 започнал на 30 јуни, а етапата 10 ќе се случи на 11 јули. Изданието 2012 започнала со поединечен хронометар - каде секој член на почетната група од 198 возачи се натпреварувал против часовникот – во Лиеж, Белгија со уште две етапи, кои ќе се одржат исто така во земјата, пред трката да се врати во Франција, каде трката ќе продолжи во Орши како почеток на третата етапа. Во текот на првата половина од трка групата исто така ќе ја посети и Швајцарија на крајот на осмата етапа во Порентру и ќе се одржи вториот поединечен хронометар - повторно во Франција - следниот ден.
Фабијан Канчелара го држел водството на трката на воведните белгиски етапи; претходно освојувајќи го воведниот пролог, Канчелара го одбранил водството на следните две етапи пред да се вратат во Франција. Канчелара го одржал неговото водство во генералниот пласман до крајот на првата седмица на трката, пред на крајот да загуби време на првата вистинска планинска етапа на трката - етапата седум - кога тој отпаднал на последното искачување на Ла Планш де Бел Фил. Како последица на тоа, Бредли Вигинс ја освоил maillot jaune, станувајќи првиот британски возач, кој ја облекол жолтата маичка од Тур 2000. Вигинс го одржал водството на следните три етапи, вклучувајќи ја и неговата прва победа на Тур, во текот на деветтата етапа на поединечниот хронометар во Безансон. Вигинс влегол со предност од скоро две минути во генералниот пласман во попланинската втората половина на трката. Двајца возачи освоиле повеќе етапи во првиот дел на трката; Петер Саган, на неговиот прв Тур де Франс, освоил три етапи и го држел водството во бодовниот пласман, додека Андре Грајпел однел две последователни етапни победи на четвртата и петтата етапа. Светскиот првак Марк Кевендиш постигнал една етапна победа, додека обајцата француски возачи Тибо Пино и Тома Веклер освоиле победи од бегство.
Исто така, трката била обележана со неколку големи несреќи, најмногу на шестата етапа, кога мнозинството од групата учествувало во падот на околу 25 километри пред крајот на етапата. Вкупно, дванаесет возачи ја напуштило трката, поради повреди добиени во падот.[1] Во текот на првиот ден за одмор на трката - одржан по деветтата етапа и поединечниот хронометар - хотелот на екипата Кофидис, во Бург-ан-Брес, бил пребаран од француската полиција и жандармерија.[2] Еден од возачите на екипата на Тур, Реми ди Грегорио, бил уапсен во врска со отворениот случај за антидопинг и веднаш бил суспендиран од француската екипа; иако случајот бил отворен од 2011, кога Ди Грегорио бил член на екипата Астана.[3]
Легенда[N 1] | |||
---|---|---|---|
Го означува предводникот во генералниот пласман | Го означува предводникот во бодовниот пласман | ||
Го означува предводникот во планинскиот пласман | Го означува предводникот во пласманот за млад возач | ||
Го означува предводникот во екипниот пласман[N 2] | Го означува возачот означен како најборбен во текот на денот | ||
и.в. означува дека возачот ја поминал целната линија во иста група, како оној што го добил времето над него и затоа му било доделено истото завршно време. |
Пролог
[уреди | уреди извор]- 30 јуни 2012 — Лиеж (Белгија), 6,4 км, поединечен хронометар (ITT)[4]
Прологот била кратка и доста рамна патека околу Лиеж, на која се очекувало време од околу осум минути. Почетокот се наоѓал на авенијата Рожи веднаш до Парк д’Авроа; возачите потоа оделе кон север по булеварот д’Авроа и булеварот Де ла Совениер. Потоа го следеле кејот Рузвелт, долж реката Меза до средишната точка, кога започнувале да се враќаат назад, пред да свртат десно кон плоштадот Свети Ламберт, пред палата во Лиеж. Оттука, возачите продолжувале по првичната патека на спротивната страна од булеварот Де ла Совениер пред целната линија на булеварот д’Авроа на спротивната страна од паркот д’Авроа на почетокот.
Со неколку остри кривини, прологот се очекувал да биде во полза на возачите со добри вештини при ракување на велосипедот.[5] Првиот возач, кој заминал од почетната рампа во Лиеж бил возачот на Аргос-Шимано Том Велерс,[6] додека повеќето кандидати за генералниот пласман го имале својот настап кон крајот на прологот, додека воопшто не се очекувало да врне.[7] Велерс поставил време од 7' 47" на петаката – кое било скоро идентично со прологот во 2004 одржан во градот, кој бил освоен од возачот на тогашната екипа Фаса Бортоло Фабијан Канчелара,[8] на патека од 6,1 километар - но ова време веднаш било надминато од возачот на Орика-ГринЕЏ Сајмон Геранс, кој бил пет секунди побрз околу патеката.[6] Водството на Геранс исто така не било долготрајно, бидејќи украинскиот национален првак Андриј Гривко (Астана) го подобрил неговото време за 14 секунди; време кое на крајот било доволно добро за десеттото место на етапните резултати. Гривко го држел водството скоро еден час, бидејќи ниеден возач не можел да му се доближи на неговото време.[6]
Време не било соборено сè до излегувањето на колегата на Геранс Брет Ланкастер, поранешен победник на пролог на Џиро д’Италиа; Ланкастер забележал време четири секунди побрзо од она на Гривко, поминувајќи ја линијата на 7' 24".[9] Возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген занемарливо го подобрил времето на Ланкастер со што го повратил на кратко водството, но францускиот првак Силвен Шаванел (Омега Парма-Квик Степ) поставил време од 7' 20" на патеката.[9] Неговото време се одржало до последните десет возачи, кои излегле на патеката; Бредли Вигинс (Тим Скај) заостанал зад Шаванел за шест секунди на средното мерење на времето[10] – доаѓајќи на половина од патеката - но со подобро возење во вториот дел го победил времето на Шаванел за околу половина секунда.[6] Канчелара, фаворитот пред етапата, го забележал најбрзото време од 3' 35" на средната точка и ја зголемил разликата на крајот до седум секунди; со оваа победа, Канчелара го освоил својот петти пролог на Тур де Франс со што поставил рекорд.[11]
Од другите кандидати за генерален пласман, Денис Мењшов (Катјуша) бил најдобро пласиран на осмото место,[12] додека бранител на титулата Кедел Еванс (Аксент.џобс-Вилемс Веранда), возачот на Ликвигас-Канондејл Винченцо Нибали и возачот на Гармин-Шарп Рајдер Хесједал, победник на мајскиот Џиро д’Италиа, сите се пласирале во рамките на првите дваесет возачи.[9] Колегата на Нибали Петер Саган и светскиот хронометарски првак Тони Мартин (Омега Парма-Квик Степ), кои обата биле одбрани како фаворити пред етапата,[6] обајцата имале потешкотии на патеката во текот на нивните возења. Саган изгубил време откако промашил една од кривините со 180 степени и морал да пресече со педалите,[9] додека Мартин - кој поставил слично време како колегата Шаванел на средното мерење - доживеал дупната гума,[13] и на крајот завршил 23 секунди за времето на Канчелара.[9]
Резултати од прологот и генералниот пласман по прологот
Возач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Фабијан Канчелара (ШВА) | РадиоШек-Нисан | 7′ 13″ |
2 | Бредли Вигинс (ВБР) | Тим Скај | + 0′ 07″ |
3 | Силвен Шаванел (ФРА) | Омега Парма-Квик Степ | + 0′ 07″ |
4 | Тиџеј ван Гардерен (САД) | Аксент.џобс-Вилемс Веранда | + 0′ 10″ |
5 | Едвалд Боасон Хаген (НОР) | Тим Скај | + 0′ 11″ |
6 | Брет Ланкастер (АВС) | Орика-ГринЕЏ | + 0′ 11″ |
7 | Патрик Греч (ГЕР) | Аргос-Шимано | + 0′ 12″ |
8 | Денис Мењшов (РУС) | Катјуша | + 0′ 13″ |
9 | Филип Жилбер (БЕЛ) | Аксент.џобс-Вилемс Веранда | + 0′ 13″ |
10 | Андриј Гривко (УКР) | Астана | + 0′ 15″ |
Етапа 1
[уреди | уреди извор]Трката останува во Белгија за првата етапа со целодневно возење низ променливиот пејзаж на Ардените. По искачувањето од четврта категорија на патеката, етапата завршува во Серен, во близина на Лиеж. Целта е на врв по долго и прилично стрмно искачување од 2,4 километри со просечен наклон од 4,7%, што треба да им одговара на возачи, како што е Филип Жилбер,[15] кој победил на слична завршница на воведната етапа на Тур 2011 на Мон де Алует.[16]
Шест возачи – Јохан Жен (Тим Јуропкар), возачот на Еускалтел-Еускади Пабло Уртасун, возачот на Аг2р-Ла Мондијал Максим Буе, Никола Еде од Кофидис, Антони Делаплас (Сор-Сожасен) и возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Михаел Морков[17] – се одвоиле од главата група уште на почетокот на етапата; секстетот успеал да ја зголеми нивноста предност на максимални пет минути на околу четвртина од етапата.[18] До оваа точка, Морков и Уртасун обајцата забележале по еден бод за планинскиот пласман, имајќи водство преку Кот де Кокефањ и Кот де Франкоршан соодветно.[18] Водачот во генералниот пласман Фабијан Канчелара бил предводен од своите колеги РадиоШек-Нисан и му помогнале да ја стабилизира разликата на водачите на околу три минути.[17] Потоа, Морков успеал да ги освои преостанатите две искачувања во денот, со што земал првата точкеста маичка на трката, станувајќи само трет дански возач, кој го имал водството во овој пласман.[19]
Членовите на бегството исто така ги собрале најголемиот број на бодови на средниот спринт на етапата во Ерезе, каде жен ги зел почестите пред Уртасун и Еде,[17] додека во главната група, возачот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос ги отспринтал неговите поранешни колеги Марк Кевендиш (Тим Скај) и Андре Грајпел (Лото-Белисол) за седмото место.[18] На РадиоШек-Нисан им се придружила екипата на Жилбер Аксент.џобс-Вилемс Веранда со цел да ја намалат предноста на водечката група; била намалена на околу една минута на 30 километри пред крајот и бегството на крајот било достигнато во последните 10 километри.[18] Групата останала заедно до Кот де Серен, но на половина на искачувањето, Канчелара нападнал и само Петер Саган (Ликвигас-Канондејл) можел да го држи темпото со него.[17] Возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген подоцна успеал да стигне до нив и останало на нив тројцата да се борат за етапна победа, додека нецелосната главна група била зад нив. Канчелара нападнал прв, но Саган дошол од надворешната страна и забрзал за неговата четиринаесетта победа во 2012,[20] пред Канчелара - кој го задржал неговото водство – и Боасон Хаген. Жилбер бил прв во главната група за четврто место,[21] додека Саган станал најмладиот возач, кој победил на некоја етапа на Тур, од Ленс Армстронг во 1993.[22][23]
Резултат од етапа 1
|
Генерален пласман по етапа 1
|
Етапа 2
[уреди | уреди извор]Трката останала во Белгија уште еден ден на рамна патека насочена кон запад, со само едно искачување од 4. категорија на Кот де ла Ситадел де Намур пред очекуваниот масовен спринт на целта во Турне.[25] Тројца возачи - француското дуо Антони Ру од ФДЖ-БигМет и возачот на Тим Јуропкар Кристоф Керн, заедно со Михаел Морков (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк), кој ја носел точкестата маичка како водач во планинскиот пласман по освоените бода во бегството од првата етапа - се одвоиле на околу 25 километри од почетокот на етапата, правејќи рано бегство од групата и триото успеало да ја зголеми нивната предност на околу осум минути, по изминати 20 километри.[26]
РадиоШек-Нисан ја презела својата должност на чело на групата со цел да се намали разликата на членовите на бегството; иако на времето кога Морков го добил бодот при преминувањето на врвот Кот де ла Ситадел де Намур,[27] околу 40 километри подоцна, водството било намалена само на шест и пол минути. Повторно бегството ги зело врвните бодови на средниот спринт во Соањи, каде Керн ги зел максималните бодови за Тим Јуропкар втор ден по ред. Ниеден член во триото не бил заинтересиран за спринт,[26] додека назад во главната група, Метју Гос (Орика-ГринЕЏ) повторно го спринтот за четвртото место пред возачот на Рабобанк Марк Реншо, Марк Кевендиш од Тим Скај и претходниот етапен победник, Петер Саган од Ликвигас-Канондејл.[27] На околу 30 километри пред крајот на етапата, Ру ги нападнал другите членови на бегството, оставајќи ги Морков и Керн да ги достигне главната група.
Ру успеал да добие предност од околу една минута, но тој исто така бил достигнат од главната група во последните 15 километри на етапата. Орика-ГринЕЏ, Омега Парма-Квик Степ и Лото-Белисол се држеле напред додека спринтерот од Аргос-Шимано Марсел Кител отпаднал од групата, како последица на стомачни проблеми; па така нивниот фокус се насочил кон нивниот водечки човек Том Велерс.[28] Групата останала заедно до спринтерската завршница во Турне; Лото-Белисол водел напред за Грајпел,[26] а Саган бил веднаш зад него. Кевендиш бил напред, зад двајца други возачи – возачот на Орика-ГринЕЏ Дарил Импи и возачот на Катјуша Оскар Фреир[29] – и се поместил зад Грајпел на околу 300 метри. Кевендиш го започнал неговиот спринт зад тркалото на Грајпел на 200 метри пред крајот[30] и бил подобар од него за половина тркало[31] со што ја освоил неговата 21. етапна победа на Тур, изедначувајќи се со Луксембуржанецот Николас Франц за шестото место на вечниот список на етапна победа на Тур.[32] Грајпел, Гос, Велерс и возачот на Лампре-ИСД Алесандро Петаки завршиле во првите пет на етапата, додека Саган го преземал водството во бодовниот пласман и зелената маичка,[33] од возачот на РадиоШек-Нисан Фабијан Канчелара. Канчелара го одржал неговото водство од седум секунди пред колегата на Кевендиш, Бредли Вигинс.[27]
Резултат од етапа 2
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Етапа 3
[уреди | уреди извор]- 3 јули 2012 — Орши до Булуњ-сур-Мер, 197 км[34]
По трите воведни етапи во Белгија, трката се преселила во Франција, започнувајќи во Орши - каде екипниот хронометар петтата етапа на трката во 1982 бил откажен поради индустриски судир[35] – пред да се упатат кон Булоњ-сур-Мер. Имало шест искачување во текот на последните 65 километри на патеката - сите по 1,7 километри долги или пократки – вклучувајќи го последното искачување од 700 метри на самиот крај, со просечен наклон од 7.4%. Како на првата етапа, патеката била идеална за панчерите.[36] Имало брз почетокот на етапата со неколку кратки и силни напади, но биле неутрализирани веднаш.
Меѓутоа, група од пет возачи се одвоиле по поминатите 8 километри, со возачот на Аг2р-Ла Мондијал Себастјен Минар, Рубен Перес од Еускалтел-Еускади, Андриј Гривко претставувајќи ја екипата Астана, возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Михаел Морков – продолжувајќи со одење во бегство на секоја од друмските етапи досега – и Џовани Бернодо од Тим Јуропкар,[37] брзо добивајќи водство од околу две минути.[38] На крајот, нивното водство достигнало максимално пет и пол минути пред да се појават РадиоШек-Нисан и Ликвигас-Канондејл на чело на групата, за нивните водачи во различните пласмани Фабијан Канчелара (краен пласман) и Петер Саган (бодовен). Бегството повторно ги освоиле најголемиот број од бодовите на средниот спринт во Сенлекес; возачот на Тим Скај Марк Кевендиш го освоил групниот спринт за шестото место, и покрај што бил заграден од возачот на Вакансолел-ДКМ Кени ван Хумел, за што подоцна обајцата поразговарале.[37]
Морков го зголемил неговото водство во планинскиот пласман преку поминување прв на секое од двете искачување пред неговите соперници, додека позади во групата се случиле неколку големи падови во кои учествувале многу возачи. Двајца возачи – возачот во Тим Скај Канстанцин Сивцов (потколеница) и возачот Мовистар Тим Хосе Хоакин Рохас (клучна коска) – добиле фрактури и морале да ја напуштат трката.[39][40] Морков и Гривко се одвоиле од другите членови на бегството и успеале да се одржат пред групата на 10 километри пред крајот, кога Морков отпаднал на Кот ду Мон Ламберт.[38] Гривко се одржал до врвот на искачувањето, каде бил достигнат од главната група. Возачот на Омега Парма-Квик Степ Силвен Шаванел нападнал на околу 5,5 километри,[37] и едно време направил разлика од 15 секунди пред групата, но бил достигнат на 450 метри пред целта од линијата на Аксент.џобс-Вилемс Веранда.[41] Саган комотно дошол со спринт до целната линија, одржувајќи доволно водство за слабо возење пред крајот и изведувајќи танц на линијата.[38][42] Саган постигнал и разлика од една секунда пред групата - предводена од возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген, Петер Велитс (Омега Парма-Квик Степ) и Канчелара[43] – додека за возачите, кои учествувале во падот во последните метри, организаторите им доделиле исто време како тоа на Боасон Хаген.
Етапа 4
[уреди | уреди извор]Првата половина на етапата го следела брегот на Пикардија и Нормандија долж Ламанш, пред да се упатат кон копното во Руан, со четири искачувања од четврта категорија во текот на патеката од 214,5 километри.[45]. Ветерот на брегот се очекува да има големо влијание на трката, додека двете остри кривини преку мостот Гијом ле Конкеран во последниот километар може да ги вознемират водечките спринтери за крајот.[46]
Тричленото бегство било создадено во почетните километри на етапата, со возачи од сите француски континентални екипи. Домашните возачи Давид Монкутје (Кофидис) и Антони Делаплас (Сор-Сожасен) биле придружувани од Јапонецот Јукија Араширо претставувајќи го Тим Јуропкар, кои создале предност од над осум и пол минути од главната група.[47] Во текот на етапата, Монкутје и Делаплас ги поделиле бодовите на искачувањата помеѓу себе, секој забележувајќи по два бода во планинскиот пласман; додека Араширо, најдобриот спринтер помеѓу нив, ги зел максималните бодови на Фекамп.[48] Групниот спринт за останатите бодови на средниот спринт повторно бил победен од возачот на Тим Скај Марк Кевендиш, откако го започнал неговиот спринт зад тркалото на возачот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос.[48] Возачот на Рабобанк Марк Реншо го поминал бодовниот водач Петер Саган од Ликвигас-Канондејл за шестото место.[47] Краток пороен дожд ја зафатил трката на околу 50 километри пред крајот, пред првиот пад во денот, каде паднале и возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Џонатан Кантвел и колегата на Саган Винченцо Нибали, но обајцата подоцна се вратиле во главната група.[47]
Разликата помеѓу двете групи продолжила да се намали како се приближувале кон крајот, додека Делаплас се одвоил од другите членови на бегството на околу 10 километри пред крајот. Шест други возачи му се приклучиле на водечкото трио, но сите возачи на крајот биле достигнати од групата на околу 3,5 километри пред крајот.[48] Во последните 3 километри се случила уште еден сериозен пад, во кој учествувале многу возачи, вклучувајќи го Кевендиш и неговиот помошник Бернхард Ајзел,[49] како и дуото на Гармин-Шарп Роберт Хантер и Тајлер Фарар. Завршниот спринт бил помеѓу спринтерските „возови“ на Лото-Белисол, Аргос-Шимано и Орика-ГринЕЏ; Јирген Релантс, Марсел Зиберг и Грег Хендерсон го поставиле темпото за Андре Грајпел и го довеле до целта,[50] и Грајпел постигнал етапна победа на Тур втора година по ред, прво такво постигнување за германски возач по Ерик Забел.[51] Алесандро Петаки (Лампре-ИСД) го победил возачот на Аргос-Шимано Том Велерс на целната линија за второто место,[47][52] со Гос и Саган - кој бил задржан при падот на етапата[53] – запишувајќи се во првите пет.[48]
Резултат од етапа 4
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Етапа 5
[уреди | уреди извор]- 5 јули 2012 — Руан до Сен Кантен, 196,5 км[54]
Етапата е на многу рамен терен насочена кон североисток, со ниедно категоризирано искачување, со широка права завршница во паркот Шанзелизе, па така етапата се очекува да биде во корист на спринтерите.[55] Скоро веднаш откако групата го започнала стартот во Руан, возачот на ФДЖ-БигМет Матје Ладању, бил првиот возач кој се одвоил од главната група и му било дозволено да се оддалечи без отпор. Нему му се придружиле уште тројца возачи во следните неколку километри, Пабло Уртасун од Еускалтел-Еускади, возачот на Сор-Сожасен Жилјен Симон и возачот на Кофидис Јан Гизелинк и наскоро квартетот ја одржувал предноста од 5' 30" по изминати 40 километри од етапата.[56]
За време на етапата Марсел Кител, главниот спринтер на Аргос-Шимано, ја напуштил трката поради неговите стомачни проблеми.[57] Водачите ја одржувале предноста на околу три минути до поминувањето на средниот спринт во Бретел, доаѓајќи по поминати 107,5 километри на патеката. Ладану ги зел максималните бодови, додека другите четворица возачи ја поминале линијата без борба.[56] Како и претходниот ден, Марк Кевендиш (Тим Скај) ја предводел главната група низ линијата, пред возачот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос и возачот на Рабобанк Марк Реншо.[57] Разликата останала околу три минути до 40 километри пред крајот, кога почнала постепено да се намалува во корист на групата. На 3 километри пред крајот, водечкиот квартет имал предност од 20 секунди, додека во групата се случила уште една голема несреќа; помеѓу оние кои паднале бил и бодовниот водач Петер Саган (Ликвигас-Канондејл) и возачот на Гармин-Шарп Тајлер Фарар.[58]
Фарар, доживувајќи ја неговата четврта несреќа на трката,[59] паднал по судирот со колената на возачот на Аргос-Шимано Том Велерс; по етапата, лутиот Фарар се обидел да пристапи до екипниот автобус на Аргос-Шимано да ги изнесе своите чувства, но бил спречен од членовите на {{{име на тимот-2012}}}, вклучувајќи го генералниот менаџер Џонатан Вотерс.[60] Гизелинк нападнал на само 1,1 километар пред крајот,[61] остварувајќи некоја разлика од другите тројца членови на бегството. Тој не успеал во својот напад, па затоа Уртасун и Ладану го поминале; Уртасун на крајот бил поминат од спринтерите на само 200 метри пред целта. Гос го започнал неговиот спринт прв,[56] со колегата на Гизелинк Самуел Димулен на негово тркало; но втора етапа по ред, Андре Грајпел (Лото-Белисол) ја однел етапната победа пред Гос, возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Хуан Хосе Аедо, Димулен и Кевендиш.[57][62] Возачот на РадиоШек-Нисан Фабијан Канчелара ја задржал жолтата маичка - негова 27. во кариерата – со што поставил рекорд за возач, кој не победил на Тур, а ја носел маичката, надминувајќи го Французинот Рене Вито.[63]
Резултат од етапа 5
|
Генерален пласман по етапа 5
|
Етапа 6
[уреди | уреди извор]Ова било последната рамна етапа пред трката да се упати кон планините; во текот на патеката од 207,5 километри имало едно искачување од четврта категорија на Кот де Буксиер, околу 10 километри по средниот спринт, доаѓајќи на 135,5 километри во општината Сен Мишел. Трката завршила близу Центарот Помпиду, каде се очекувал уште еден масовен спринт.[65] Уште еднаш имало бегство од четворица возачи, кои се одвоиле во почетните километри. Дејвид Забриски (Гармин-Шарп) бил првиот возач, кој се одвоил од групата и подоцна му се придружиле возачот на Тим Јуропкар Давиде Малакарне, возачот на Кофидис Ромен Зингле и возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Карстен Крон по околу 10 километри поминати од етапата.[66] Тие подоцна постигнале максимално водство од околу шест и пол минути во првиот дел од етапата.[67]
По 35 километри на етапата се случил помал пад, во кој помеѓу другите биле вклучени и победникот на претходните две етапи, Андре Грајпел (Лото-Белисол), и кандидатите за генерален пласман Роберт Гесинк (Рабобанк) и Алехандро Валверде (Мовистар Тим).[66] Грајпел се здобил со изместено рамо во падот,[68] иако сите возачи подоцна ѝ се придружиле на главната група; Грајпел не учествувал во средниот спринт за бодови, каде Крон бил прв на линијата кај бегството, додека позади, возачот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос бил тој кој ги зел најголемиот број на бодови во главната група - 11 за петто - пред возачот на Тим Скај Марк Кевендиш и бодовниот водач Петер Саган од Ликвигас-Канондејл.[67] Забриски прв го поминал врвот Кот де Буксиер со што ги зел максималните бодови за планинскиот пласман, додека во групата, повторно имало помала несреќа; Грајпел повторно бил вклучен, како и неговиот колега Јеле Ванендерт и возачот на Рабобанк Бауке Молема. Повторно, групата се поделила поради падовите, но набрзо групата се соединила.[67]
На 25 километри пред крајот на етапата се случила многу поголема несреќа, во која учествувала мнозинството на групата.[66] Според возачот на Лампре-ИСД Данило Хондо,[69] несреќата била предизвикана од неговиот колега Давиде Вигано додека го местел неговиот дрес и паднал во канал, предизвикувајќи другите возачи да застанат позади. Помеѓу возачите кои биле задржани во несреќата биле Френк Шлек (РадиоШек-Нисан), Стевен Крујсвајк (Рабобанк), Гесинк, Молема, Валверде, Ванендерт, возачот на Лампре-ИСД Микеле Скарпони, возачот на Тим Јуропкар Пјер Ролан и целата екипа Гармин-Шарп со исклучок на Забриски.[70][71] Кевендиш бил исто така задржан, но иако успеал да ја избегне несреќата, му се дупнала гумата во текот на несреќата.[72] Четири возачи ја напуштиле трката на патеката поради добиените повреди; возачот на Гармин-Шарп Том Даниелсон[73] – кој веќе се натпреварувал со изместено рамо - доживеал повреда на другото негово рамо,[74] колкот и раката и бил испратен во болница; му се придружил и Вигано (скршено рамо), возачот на Еускалтел-Еускади Микел Астарлоса (скршено колено) и возачот на Вакансолел-ДКМ Ваут Пулс,[73] кој се обидел да вози уште 10 километри, но на крајот морал да ја напушти трката; подоцна му била дијагностицирана пукната слезина и бубрези, како и фрактури на три ребра и повреда на белите дробови. По завршувањето на етапата, возачот на Катјуша Оскар Фреир (скршено ребро и повредено белодробно крило),[73] Иманол Ервити од Мовистар Тим („загуба на мускулна маса“),[75] и Мартен Винант од Рабобанк (скршени ребра и пробиени бели дробови) морале да се откажат исто така.[76]
По несреќата, трката се поделила на неколку различни групи; бегството сè уште одржувало предност од околу една минута пред намалената главна група од околу шеесет возачи, додека со оние задржаните во неколкуте други групи и повеќе од неколку минути. Со скоро сите нивни возачи, повеќето успеале да го одминат хаосот, Орика-ГринЕЏ се појавиле на чело на групата, со што им се зголемиле надежите за етапна победа на Гос. Бегството имало предност од 15 секунди на околу 10 километри пред крајот,[66] но овие секунди им траеле до последните 2,5 километри, кога ги достигнале, додека Забриски се задржал до последните 1,3 километри.[77] Потоа започнал спринтот, најпрвин излегол Гос, додека Саган бил скоро затворен од возачот Вакансолел-ДКМ Крис Бекман, но му се откачил ланецот на 400 метри пред целта; тој го заобиколил и наскоро го поминал Грајпел, кој успеал во последните етапи,[67] и ја освоил својата трета етапна победа на неговиот прв Тур, станувајќи 15. возач, кој успеал во тоа.[78] Бидејќи Едвалд Боасон Хаген (Тим Скај) и Рајдер Хесједал (Гармин-Шарп) биле вмешани во падот, Саган се поместил во првите десет во генералниот пласман, заедно со Максим Монфор (РадиоШек-Нисан), додека колегата на Монфор Фабијан Канчелара го одржал водството во генералниот пласман уште еднаш.[66][67]
Резултат од етапа 6
|
Генерален пласман по етапа 6
|
Етапа 7
[уреди | уреди извор]- 7 јули 2012 — Томблен до Ла Планш де Бел Фил, 199 км[79]
Трката оди на повисоки планини, со прва завршница во малиот скијачки центар Ла Планш де Бел Фил на Вогезите на 1.035 метри. По две искачувања од категоријата 3, последното искачување е 5,9 километри долго и со просечен наклон од 8,5%, но на некои места има наклон од 14-20%.[80] По несреќата од претходниот ден, уште пет други возачи ја напуштиле трката пред етапата; победникот на Џиро д’Италиа Рајдер Хесједал од Гармин-Шарп (колкот и ногата),[81] придружен од неговиот колега Роберт Хантер (пршлен), возачот на Аг2р-Ла Мондијал Ибер Дипон (изместен глужд, фрактури на пршлените и подлактицата), возачот на Мовистар Тим Иван Гутиерез (колено) и возачот на Еускалтел-Еускади Аметс Чурука, кој добил фрактура на неговата клучна коска.[82][83]
Првичното бегство од деветнаесет возачи кои се одвоиле на 11. километар,[84] но на крајот се намалиле на седум возачи, претствувајќи седум различни екипи, на ознаката за 20 километри.[85] Тие оствариле водство од скоро шест минути на една третина од етапата; до средниот спринт во Жерардмер, тоа се намалило на минута, додека Сирил Готје (Тим Јуропкар) ги зел дваесетте бодови за првото место на линијата, а Петер Саган (Ликвигас-Канондејл) ја зголемил бодовната разлика за еден бод, бидејќи го победил Метју Гос (Орика-ГринЕЏ) во спринтот во главната група,[85] за осмото место. Возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Крис Анкер Соренсен поминал прв на обете искачувања од трета категорија, пред возачот на Рабобанк Луис Леон Санчес,[84] но групата започнала да го намалува нивното водство со секој одминат километар. Возачот на Астана Дмитри Фофонов започнал напад напред, при кој Готје отпаднал од водечката група; групата заостанувала една минута, додека Тим Скај бил на чело на групата и поставувал темпо, заштитувајќи го Бредли Вигинс од секоја опасност.
Јурген ван ден Брук од Лото-Белисол, возачот на Мовистар Тим Алехандро Валверде и возачот на Рабобанк Роберт Гесинк доживеале потешкотии на оваа точка и изгубиле една минута до крајот на етапата.[84] Соренсен и возачот на Орика-ГринЕЏ Михаел Албасини биле последни од водечките, кои биле достигнати, на само 5 километри пред крајот.[84] Тим Скај продолжил да ја дели групата и едно време водачите достигнале flamme rouge, кога само пет возачи останале напред - Вигинс и неговиот колега Крис Фрум, возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Кедел Еванс, возачот на Ликвигас-Канондејл Винченцо Нибали и Реин Тарамае од Кофидис – во последните километри.[85] Еванс влегол прв во последната кривина, но Фрум изгледал најсилен на најстрмниот дел од искачувањето и на крајот го одминал него и Вигинс, забрзувајќи и постигнувајќи разлика од две секунди пред соперниците.[85] Бидејќи возачот на РадиоШек-Нисан Фабијан Канчелара изгубил скоро две минути, тој ја загубил жолтата маичка од Вигинс, кој станал петти британски возач, кој ја облекол маичката и прв по Дејвид Милар во 2000.[86] Фрум ја зел точкестата маичка благодарение на етапната победа,[87] додека Тарамае ја зел белата маичка од колегата на Еванс Тиџеј ван Гардерен.[88]
Резултат од етапа 7
|
Генерален пласман по етапа 7
|
Етапа 8
[уреди | уреди извор]- 8 јули 2012 — Белфор до Порентру (Швајцарија), 157,5 км[89]
Трката отишла во Швајцарија по изминати 65 километри, поминувајќи низ Јура Планините со вкупно седум категоризирани искачувања, вклучувајќи едно од категорија 1 Кол де ла Кроа – врвот се наоѓа на 789 метри надморска височина – 16 километри пред целта во Порентру.[90] Десет возачи го направиле првичното бегство од групата,[91] но разликата која ја имале била достигната од екипата Астана пред првото искачување на етапата, Кот де Бондевал. Јенс Фогт од РадиоШек-Нисан нападнал напред во водечката група и ги зел бодовите за планинскиот пласман, додека подоцна на спустот бил придружен од повеќе возачи; меѓутоа, групата само ја одржувале предноста од дваесет секунди до ознаката за 50 километри.[92]
Жереми Роа нападнал од групата за ФДЖ-БигМет, но набрзо бил достигнат и поминат од Фојгт; додека во групата, Самуел Санчес (Еускалтел-Еускади) ја напуштил трката, откако врз него паднал неговиот колега Хорхе Азанза и возачот на Мовистар Тим Алехандро Валверде,[91] и се здобил со фрактура на левата рака.[93] На Роа му се придружил возачот на Астана Фредрик Кесијакоф на четвртото искачување на етапата, Кот де Сењелегје, додека позади се создала група од 22 членови.[92] Стевен Крујсвајк (Рабобанк) и возачот на Омега Парма-Квик Степ Кевин де Верт ја напуштиле таа група и набрзо им се придружиле на водачите на Кот де Солси, пред да ги напушти Кесијакоф нив, откако нападнал уште еднаш. Држел предност од 1' 45" на групата на претпоследното искачување,[91] Кот де ла Какерел и на крајот групата останала без францускиот пар Тони Галопен (РадиоШек-Нисан) и колегата на Роа Тибо Пино, најмладиот возач на Тур.[94]
Галопен го изгубил темпото на Тибо на последното искачување и набрзо Пино започнал да оди кон Кесијакоф на самото искачување; на крајот го достигнал на самиот врв на искачувањето.[91] Кесијакоф не можел да се држи со Пино на искачувањето и Пино го поминал врвот со 12 секунди предност пред Кесијакоф.[92] Групата на главните кандидатите за генералниот пласман исто така се намалила, бидејќи возачот на Лото-Белисол Јеле Ванендерт го поставил темпото за колегата Јурген ван ден Брук, околу една минута и пол зад Пино. Со бурната поддршка од неговиот екипен менаџер Марк Мадио,[95] Пино ја одржал предноста од една минута во последните 5 километри, додека Кесијакоф бил достигнат од помалата група зад нив. Ван ден Брук и Кедел Еванс (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) се одвоиле на кратко во последните метри,[92] но набрзо биле достигнати; додека напред, Пино стигнал до соло-победа со разлика од 26 секунди, пред Еванс, Галопен и остатокот од групата.[96] Кесијакоф ја зел точкестата маичка од Крис Фрум (Тим Скај), додека колегата на Фрум Бредли Вигинс го одржал водството во генералниот пласман.
Резултат од етапа 8
|
Генерален пласман по етапа 8
|
Етапа 9
[уреди | уреди извор]- 9 јули 2012 — Арк-ет-Сенан до Безансон, 41,5 км, поединечен хронометар (ITT)[97]
Првата од двете долги етапи со поединечен хронометар била прилична рамна, но со одредени ридови во првите километри, пред да се навлезе во долината на реката Дуа. Се очекувало дека главните кандидати за генералниот пласман ќе се борат на оваа етапа.[98] Како што е вообичаено на хронометарските етапи, возачите настапувале во обратен редослед од оној како што биле пласирани во генералниот пласман на крајот на претходната етапа. Така, Брис Фаили од Сор-Сожасен, кој, на 178. место,[91] доцнел зад водачот Бредли Вигинс (Тим Скај) еден час, единаесет минути и триесет и девет секунди, бил првиот возач, кој настапил на етапата.[99] Фаили на крајот забележал време од 57' 33" на патеката,[100] кое не било подобрено до 30. возач, кој ја завршил патеката, возачот на Вакансолел-ДКМ Густав Ларсон, кој постигнал време три минути побрзо отколку на Фаили.
Тој ја завршил патеката за 54' 19" и неговото време траело скоро еден час, пред неговиот колега Ливе Вестра да го симне од престолот; и покрај тоа што бил десет секунди зад времето на Ларсон на втората мерна точка, Вестра го завршил последниот дел на патеката за дваесет секунди побрзо и забележал време од 54' 09".[100] Возачот на Омега Парма-Квик Степ Тони Мартин, светскиот првак, бил следниот возач, кој бил подобар, поставувајќи првпат време под 54 минути; забележувајќи време од 53' 40", и покрај тоа што возел со фрактура на коската на неговата лева дланка и проблеми со гумата во првите 5 километри од етапа.[100] Фабијан Канчелара од РадиоШек-Нисан го подобрил најбрзото време на првата мерна точка; поставил најбрзо време на секоја од двете мерни точки на етапата и го поминал возачот, кој стартувал три минути пред него на патеката, возачот на Рабобанк Бауке Молема, Канчелара постигнал време на патеката од 52' 21", надминувајќи го времето на Мартин за 1' 19".[101]
Неговото време било загрозено од возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тиџеј ван Гардерен, бидејќи тој бил подобар од времето на Канчелара на секоја од мерните точки, но не успеал кон крајот на етапата и задоцнил девет секунди зад Канчелара.[101] На крајот, само двајца возачи го надминале времето на Канчелара, обајцата од Тим Скај. Крис Фрум го подобрил времето на Ван Гардерен на мерната точка, но го одржал неговото темпо до крајот, поставувајќи време под 52 минути, победувајќи го времето на Канчелара за 22 секунди.[101] Вигинс возел уште побрзо и на крајот кога завршил, тој бил 35 секунди побрз од неговиот колега со време од 51' 24",[101] освојувајќи ја првата етапа на Тур.[102] Вигинс исто така добил и дополнително време во однос на неговите главни соперници во генералниот пласман,[103] бидејќи разликата на крајот на денот била помеѓу 1' 43" за Кедел Еванс (Аксент.џобс-Вилемс Веранда), кој завршил шести на етапата,[100] и 3' 29" за возачот на Кофидис Реин Тарамае, кој бил 28. и го загубил водството во пласманот за млад возач и белата маичка, во однос на Ван Гардерен.[104]
Резултат од етапа 9
|
Генерален пласман по етапа 9
|
Етапа 10
[уреди | уреди извор]- 11 јули 2012 — Макон до Белгард-сур-Валзерин, 194,5 км[105]
По денот за одмор, Тур останал во планините Јура, додека рутата на денот била иста како на етапата 5 на Критериум ду Дофине 2012, вклучувајќи го првиот премин на Тур преку искачување од екстра категорија на Кол ду Гран Коломбје; 17,4 километри долго искачување, достигнувајќи висина од 1.501 метар со просечен наклон од 7,1%, но со делови и до 12%.[106] Потоа Тур преминал преку Кол де Ришемон на 1.051 метар, 20,5 километри пред крајот; трката се спуштила кон Билијат пред да се искачува кон завршницата на нагорнина во Белград-сур-Валзерин.[107]
Неколку мали напади се случиле во првите километри на етапата и групата им дозволила на возачите да создадат предност напред пред главната група. На крајот имало околу дваесет и пет возачи во бегство,[108] вклучувајќи го возачот на Лампре-ИСД Микеле Скарпони – највисоко пласиран возач во групата, околу десет минути заостанувал зад водачот на трката Бредли Вигинс (Тим Скај)[109] – и првите двајца возачи во бодовниот пласман, возачот на Ликвигас-Канондејл Петер Саган и Метју Гос од Орика-ГринЕЏ. Откако возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Михаил Морков ги зел максималните бодови на првото искачување на денот, Кот де Корлие, следниот фокус бил спринтот на средина на етапата во Беон; Саган прв го започнал неговиот спринт, но бил победен на линијата од Гос и возачот на ФДЖ-БигМет Јаухени Хутарович, притоа Гос ја намалил разликата помеѓу обајцата во пласманот на само 27 бода.[110] Групата на бегството се поделила на Кол ду Гран Коломбје; само Скарпони, возачот на Тим Јуропкар Тома Веклер, возачот на Рабобанк Луис Леон Санчес и Дрис Девенин од Омега Парма-Квик Степ останале напред.[108]
Веклер го поминал врвот на искачувањето прв, земајќи 25 бода за искачување од екстра категорија. Групата поминала пет и пол минути подоцна, иако не им било целта да ги достигнат четворицата водачи. Веклер ги зел максималните бодови на Кол де Ришемон и тоа ја зел точкестата маичка за водство во планинскиот пласман[110] од возачот на Астана Фредрик Кесијакоф. Саган отпаднал од групата и му помогнал на неговиот колега Винченцо Нибали, кој нападнал на спустот на Кол ду Гран Коломбје, но обајцата возачи не останале долго напред пред групата предводена од Тим Скај.[110] Возачот на РадиоШек-Нисан Јенс Фогт го достигнал водечкиот квартет и им се придружил,[111] на околу 10 километри пред крајот; Девенин заминал сам во последните метри,[108] но Веклер го стигнал и ја однел третата негова етапна победа на Тур,[112] три секунди пред Скарпони и седум пред Фојгт.[108] Вигинс останал на тркалото на неговиот најблизок соперник, Кедел Еванс од Аксент.џобс-Вилемс Веранда, одржувајќи го неговото водство од 1' 53" во генералниот пласман пред Алпите.[110]
Резултати од етапа 10
|
Генерален пласман по етапа 10
|
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Обновен список на откажани по етапата 6 на Тур де Франс 2012“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 7 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-11. Посетено на 11 јули 2012.
- ↑ „Пребаран хотелот на Кофидис, Ди Грегорио уапсен на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 11 јули 2012. Посетено на 11 јули 2012.
- ↑ Стоукс, Шејн (10 јули 2012). „Кофидис го суспендира Ди Грегорио и ќе го отпушти доколку се докаже допингот“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 11 јули 2012.
- ↑ „Пролог: Лиеж-Лиеж“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ „30 јуни, Пролог: Лиеж (ITT) 6.4 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-02. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Аткинс, Бен (30 јуни 2012). „Историјата се повтори во Лиеж со победата на прологот на Фабијан Канчелара“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 1 јули 2012.
- ↑ „Почетните времиња на прологот на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 30 јуни 2012. Посетено на 1 јули 2012.
- ↑ „Прологот на Тур де Франс 2012 во Лиеж продолжен за 300 метри“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 април 2012. Посетено на 1 јули 2012.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Бенсон, Даниел (30 јуни 2012). „Канчелара победи на прологот на Тур де Франс 2012 во Лиеж“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2012-07-02. Посетено на 1 јули 2012.
- ↑ Вин, Најџел (30 јуни 2012). „Канчелара победи на прологот на Тур де Франс, Вигинс втор“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 1 јули 2012.
- ↑ „Канчелара победил на прологот на Тур, Вигинс втор“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 30 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-02. Посетено на 1 јули 2012.
- ↑ „Мењшов постигнал големо подобрување на своите хронометарски вештини“. VeloNation. VeloNation LLC. 30 јуни 2012. Посетено на 1 јули 2012.
- ↑ Аткинс, Бен (30 јуни 2012). „Тежок ден за Тони Мартин по дупнувањето на гумата, кое можеби го спречи во победа на прологот“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 1 јули 2012.
- ↑ „Етапа 1: Лиеж-Серен“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ „1 јули, Етапа 1: Лиеж-Серен 198 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 13 јуни 2012. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ Клири, Мајк (2 јули 2011). „Филип Жилбер победил на Мон де Алует, додека Контадот доживеал големи загуби“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 2 јули 2012.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 Вестемајер, Сузан (1 јули 2012). „Саган триумфирал во Серен“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 2 јули 2012.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 Аткинс, Бен (1 јули 2012). „Петер Саган направи победата на етапата еден да изгледа лесно на Кот де Серен“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 2 јули 2012.
- ↑ Мур, Кајл (1 јули 2012). „Морков ја достигнал својата цел со појавувањето на подиум на Тур де Франс“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 2 јули 2012.
- ↑ Боден, Метју (1 јули 2012). „Прва етапа на Тур де Франс, прва победа - може ли нешто Саган да не направи?“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-07-04. Посетено на 2 јули 2012.
- ↑ „Саган победил на етапата 1 на Тур де франс 2012; Канчелара води“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 1 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-04. Посетено на 2 јули 2012.
- ↑ Ле Рох, Жил (1 јули 2012). „Саган победил на првата етапа на првиот Тур“. Reuters. Thomson Reuters. Архивирано од изворникот на 2013-02-01. Посетено на 2 јули 2012.
- ↑ „Дебитантот Петер Саган ја освоил етапата еден“. BBC Sport. BBC. 1 јули 2012. Посетено на 2 јули 2012.
- ↑ „Етапа 2: Визе-Турне“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ „2 јули, Етапа 2: Визе-Турне 207,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 13 јуни 2012. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ 26,0 26,1 26,2 Аткинс, Бен (2 јули 2012). „Марк Кевендиш победил на етапата два со спринт во Турне“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ 27,0 27,1 27,2 Вестемајер, Сузан (2 јули 2012). „Кевендиш до првата етапна победа на Тур де Франс 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ Аткинс, Бен (2 јули 2012). „Промена на планот за Аргос-Шимано, бидејќи Марсел Кител страда од стомачен вирус“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ Brown, Gregor (2 јули 2012). „Tour de France analysis: How the sprinters measure up“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ „Кевендиш до победа на втората етапа на Тур де Франс пред Грајпел“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 2 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-04. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ Beaudin, Matthew (2 јули 2012). „Cavendish exposes his one-stage bluff in Tournai“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-07-04. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ „Марк Кевендиш со 21. етапна победа на Тур“. BBC Sport. BBC. 2 јули 2012. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ Бул, Ник (2 јули 2012). „Кевендиш ја однел 21. етапна победа на Тур де Франс во Турне“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ „Етапа 3: Орши-Булоњ-сур-Мер“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ McGann, Bill; McGann, Carol (2008). The Story of the Tour de France: 1965–2007. Dog Ear Publishing. стр. 134. ISBN 1-59858-608-4. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ „3 јули, Етапа 3: Орши-Булоњ-сур-Мер 197 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 13 јуни 2012. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ 37,0 37,1 37,2 Вестемајер, Сузан (3 јули 2012). „Саган танцуваше по втората етапна победа на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ 38,0 38,1 38,2 Мур, Кајл (3 јули 2012). „Саган доминираше на хаотичното искачување во Булоњ-сур-Мер“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ „Едвалд втор на тешка етапа“. Тим Скај. BSkyB. 3 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-06. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ „Кобен ден во Булоњ-сур-Мер“. Мовистар Тим. Movistar. 3 јули 2012. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ Мекграт, Енди (3 јули 2012). „Саган оди пред сите до втората етапна победа на Тур во Булоњ“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ Браун, Грегор (3 јули 2012). „Саган ги однесе работите на повисоко ниво на Тур“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ „Саган победи на етапата 3 на Тур де Франс; Канчелара го одржа водството“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 3 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-08-09. Посетено на 3 јули 2012.
- ↑ „Етапа 4: Абевил-Руан“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеParc4
. - ↑ „4 јули, Етапа 4: Абевил-Руан 214,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 13 јуни 2012. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ 47,0 47,1 47,2 47,3 Мур, Кајл (4 јули 2012). „Андреј Грајпел ја освои етапата четири на Тур де Франс по падот во завршницата“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 5 јули 2012.
- ↑ 48,0 48,1 48,2 48,3 Бенсон, Даниел (4 јули 2012). „Грајпел победи на етапата на Тур де Франс во Руан“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 5 јули 2012.
- ↑ Худ, Ендру (4 јули 2012). „Кев и Берни долу, но не се надвор“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-07-05. Посетено на 5 јули 2012.
- ↑ „Грајпел победи на етапата 4 на Тур де Франс 2012; Канчелара остана во жолто“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 4 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-05. Посетено на 5 јули 2012.
- ↑ Lowe, Felix (4 јули 2012). „Greipel dodges crash to win stage four“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 5 јули 2012.
- ↑ Вин, Најџел (4 јули 2012). „Грајпел победи на етапата четири на Тур де Франс, откако Кевендиш бил зафатен во падот“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 5 јули 2012.
- ↑ Стоукс, Шејн (4 јули 2012). „Канчелара и Саган имале близок контакт со падот на етапата четири“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 5 јули 2012.
- ↑ „Етапа 5: Абевил-Руен“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ „5 јули, Етапа 5: Руан-Сен Кантен 196,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 јуни 2012. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ 56,0 56,1 56,2 Мур, Кајл (5 јули 2012). „Грајпел оди на две од две на уште една рамна етапа“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 6 јули 2012.
- ↑ 57,0 57,1 57,2 „Грајпел до повторна етапна победа на етапата 5 на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 јули 2012. Посетено на 6 јули 2012.
- ↑ Рајан, Бери (5 јули 2012). „Падот ги уништи шансите на Саган во Сен Кантен“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 6 јули 2012.
- ↑ Смит, Софи (5 јули 2012). „Четврта несреќа на Тур за Фарар“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 6 јули 2012.
- ↑ Кејс, Крис (5 јули 2012). „Bus stop: Tyler Farrar escorted to Garmin camp after seeking a word with Argos sprinter Tom Veelers“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-07-08. Посетено на 6 јули 2012.
- ↑ „Грајпел победил на етапата 5 на Тур де Франс; Канчелара останал во жолтот“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 5 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-08. Посетено на 6 јули 2012.
- ↑ Абрахам, Ричард (5 јули 2012). „Грајпел ја освоил втората последователна етапа на Тур, откако Кевендиш не успеал“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 6 јули 2012.
- ↑ Косинс, Питер (5 јули 2012). „Канчелара: победата на Тур е сон, не цел“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 6 јули 2012.
- ↑ „Етапа 6: Абевил-Руан“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ „6 јули, Етапа 6: Еперне-Мец 196,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 јуни 2012. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ 66,0 66,1 66,2 66,3 66,4 Кларк, Лес (6 јули 2012). „Саган победил на шестата етапа на Тур де Франс во Мец“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ 67,0 67,1 67,2 67,3 67,4 Мур, Кајл (6 јули 2012). „Sagan blasts to stage six win as crash tears GC to shreds“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ Абрахам, Ричард (6 јули 2012). „Изместено рамо го спречи Грајпел во спринтот“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ „Тур де Франс, Петаки 7. на шестата етапа“. Лампре-ИСД. New Master SRL. 6 јули 2012. Посетено на 7 јули 2012.[мртва врска]
- ↑ Худ, Ендру (6 јули 2012). „Црн ден за црно-сината екипа на шестата етапа“. VeloNews. VeloNation LLC. Архивирано од изворникот на 2012-07-08. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ Худ, Ендру (6 јули 2012). „'Metz Massacre' rips through the Tour's GC ranks“. VeloNews. VeloNation LLC. Архивирано од изворникот на 2012-07-08. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ „Вигинс го избегна падот на Тур“. Тим Скај. BSkyB. 6 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-08. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ 73,0 73,1 73,2 Stokes, Shane (6 јули 2012). „Freire, Viganò and others out of Tour de France as crash toll continues in race“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ Стоукс, Шејн (6 јули 2012). „Хесједал се надева дека ќе продолжи на Тур де Франс утре“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ „Ервити си оди; Гутиерез во сериозни проблеми“. Мовистар Тим. Movistar. 6 јули 2012. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ Moore, Kyle (6 јули 2012). „Rabobank trying to salvage their Tour de France after stage six catastrophe“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ „Саган победил на етапата 6 на Тур де Франс, додека падовите го измениле пласманот за ГП“. VeloNews. VeloNation LLC. Agence France-Presse. 6 јули 2012. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ Смит, Софи (6 јули 2012). „Саган ја освои својата трета етапа на Тур“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ „Етапа 7: Томблен-Ла Плаш де Бел Фил“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ „7 јули, Етапа 7: Томблен-Ла Планш де Бел Фил 199 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 јуни 2012. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ „Хесједал се откажува од Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 јули 2012. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ „Болката продолжува: Ново за повредите од шестата етапа на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 јули 2012. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ „Обновен списокот на откажани по етапата 6 на Тур де Франс 2012“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 7 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-11. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ 84,0 84,1 84,2 84,3 Аткинс, Бен (7 јули 2012). „Фрум се искачи на Ла Планш де Бел Фил до победа, го доведе Вигинс во жолто“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ 85,0 85,1 85,2 85,3 Вестемајер, Сузан (7 јули 2012). „Фрум доведе до двоен успех на Скај на Ла Плаш де Бел Фил“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ Фотерингем, Вилијам (7 јули 2012). „Крис Фрум победи, Бредли Вигинс во жолто“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ Браун, Грегор (7 јули 2012). „Фрум до етапна победа на Тур: 'Имав нозе и отидов по тоа'“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ Фонтекио, Крис (7 јули 2012). „Етапа 7 на Тур де Франс: Фрум донесе победа за себе, жолто за Вигинс“. Podium Cafe. Vox Media. Посетено на 7 јули 2012.
- ↑ „Етапа 8: Белфор-Порентру“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ „8 јули, Етапа 8: Белфор-Порентру 157,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 јуни 2012. Посетено на 28 јуни 2012.
- ↑ 91,0 91,1 91,2 91,3 91,4 Робинсон, Марк (8 јули 2012). „Пино вози за слава во Порентру“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 8 јули 2012.
- ↑ 92,0 92,1 92,2 92,3 Аткинс, Бен (8 јули 2012). „Тибо Пино избегал од бегството и ја зел етапата осум во Порентру“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 8 јули 2012.
- ↑ Аткинс, Бен (8 јули 2012). „Скршена рака за Самуел Санчес, но клучната коска изгледа нескршена“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 8 јули 2012.
- ↑ „Пино победил на етапата 8 на Тур де Франс; Вигинс ја одбранил жолтата маичка“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 8 јули 2012. Посетено на 8 јули 2012.
- ↑ Рајан, Бери (8 јули 2012). „Pinot takes stylish win in Porrentruy“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 8 јули 2012.
- ↑ Вин, Најџел (8 јули 2012). „Пино соло до победа на етапата осум на Тур де Франс, додека Вигинс се борел против нападите“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 8 јули 2012.
- ↑ „Етапа 9: Арк-ет-Сенан-Безансон“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ „9 јули, Етапа 9: Арк-ет-Сенан-Безансон (ITT) 41,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 јуни 2012. Посетено на 28 јуни 2012.
- ↑ „Редослед на хронометарот на етапата 9 на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 9 јули 2012. Посетено на 9 јули 2012.
- ↑ 100,0 100,1 100,2 100,3 Аткинс, Бен (9 јули 2012). „Bradley Wiggins crushes the field in stage nine time trial“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 9 јули 2012.
- ↑ 101,0 101,1 101,2 101,3 Бенсон, Даниел (9 јули 2012). „Wiggins crushes time trial in Besançon“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 9 јули 2012.
- ↑ „Бредли Вигинс по етапата изјавил дека победата на етапа е „како Божиќ" по победата еден-два на Тим Скај“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. 9 јули 2012. Посетено на 9 јули 2012.
- ↑ „Вигинс го зголеми водството по етапната победа на Тур де Франс“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 9 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-12. Посетено на 9 јули 2012.
- ↑ „Ван Гардерен се изненади самиот себе со резултатот на хронометарот во Безансон“. Cycling News. Future Publishing Limited. 9 јули 2012. Посетено на 9 јули 2012.
- ↑ „Етапа 10: Макон-Белгард-сур-Валзерин“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 27 јуни 2012.
- ↑ „Планински премини & ридови: Етапа 10“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
- ↑ „11 јули, Етапа 10: Макон-Белгард-сур-Валзерин 194,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 јуни 2012. Посетено на 28 јуни 2012.
- ↑ 108,0 108,1 108,2 108,3 Аткинс, Бен (11 јули 2012). „Тома Веклер му избегал на бегството и ја зел етапата 10“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 11 јули 2012.
- ↑ Мур, Кајл (11 јули 2012). „Runner up finish will give Scarponi a boost in morale“. VeloNation. VeloNation LLC. Архивирано од изворникот на 2012-07-14. Посетено на 11 јули 2012.
- ↑ 110,0 110,1 110,2 110,3 Косинс, Питер (11 јули 2012). „Веклер победил од бегството во Белгард-сур-Валзерин“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 11 јули 2012.
- ↑ Мур, Кајл (11 јули 2012). „Јенс Фогт со уште една борба на Тур де Франс“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 11 јули 2012.
- ↑ Кејс, Крис (11 јули 2012). „Веклер оставил свој белег на Ле Тур — повторно“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2015-11-19. Посетено на 11 јули 2012.